УДБАШКА РЕПУБЛИКА
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23115
Датум на принтање: 02.Август.2025 во 11:19 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: УДБАШКА РЕПУБЛИКА
Постирано од: mungos80
Наслов: УДБАШКА РЕПУБЛИКА
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 16:27
Ќе ви раскажам за еден недефиниран феномен кој не е повеќе меѓу живите. Информациите за него, се разбира оргинал, ги најдов (ќе погодите!) под черџето .Во 1957 год. во Брисел, Белгија, е формирано едно дружество по име „Тодор Александров“. На чело на истото застанува Алексо Стојменов од с. Вељуса, Струмичко. Да нема бунење и дилеми, тој е прв братучед на Борис Стојменов, оној де, поранешниот министер за финансии во владата на бугарскиот Македонец Љ. Георгиевски, подоцна коалиционен партнер на Бранкота, сега лидер на некое си таму едно од многуте ВМРО, сојузник на Грујо и сопственик на ТВ Канал 5. Во таа бриселска збирштина, според пристигнативе информации, влегувале: Методи Димов - Мечката од Битола (овој пак прв братучед на Томе Димов - Ачано, сопственикот на синџирот маркети во Битола, Шик), Васил Ролев од Берово, Бранко Смичков од Прилеп, Ристо Паргов од Битолско (кој сега се преставува како задграничен секретар на ДПМНЕ и сее магла меѓу младите лавови во Битола), Ѓорѓи Данев, Борис Михајлов, Марко Марков и Ристо Челебиев. Ова лепо друштво било испостава на агентурата на г-дин Ванчо Михајлов кој сé контрилираше од Рим.Кога во 1968 год. умира личниот секретар на Ванчо, преличниот Асен Аврамов, на сожаление од Брисел ќе му дојде Алексо Стојменов. Инаку, Алексо не е суден за ВМРО, туку за ванчомихајловизам во траење од 12 плус 8 години затвор во Идризово и Забела. До крајот на животот ќе му остане верен на Ванчота во ропагирањето на бугарштината те. дека историското ВМРО се формирало за обединување на сите Бугари. До смртта живеел во славното Ватерло и го водел ресторанот „Кошарата“.Е сега, по осамостојувањето на државава, Алексо ми ти дошол во стари крај и ми ти останал некој месец да скивни што се има во Републикава. Видел што видел, се вратил кај неговите сомисленици во Белгија и уште неодморен пратил писма за МПО во САД и Канада.Во нив, чудесии невидени! - напишал за состојбиве во нашава татковина. Господинов како душмански и натаму ги смета соседите на Република Македонија но за најзлокобен од всички врагови го смета МАКЕДОНИЗМОТ предводен од ВМРО-ДПМНЕ која била формирана од српската тајна служба за да бидат според него и волкот сит и овците на број. Натаму во Република Македонија народот живеел во страв и недоверба, УДБА била во функција на србокомунистите, насекаде виселе портрети од Тито, сите имиња на фирми колку што ги имало започнувале со префиксот југо: југонафта, југошпед, југотабак, југобанка, сите улици носат имиња на комунисти и Срби, сите киосци се полни со српски весници, а бугарски весници и литература се најстрого забранети.Алексо пишува дека низ македонските градови шетале кодошите на УДБА со пиштоли и го заплашувале мирното население. Натаму, за да не бидат сите Македонци заедно, се формирале фракции на ДПМНЕ, а една од нив била Движењето на ветераните во која членувале лица на кои мозоците им биле пореметени од тортурите на УДБА и тие преставувале најголемата опасност за бугарштината ширејќи некаква идеја за македонска нација (овој не да бега од ѓонија?)Фрла отровни стрели Стојменов врз се и сешто во Република Македонија, ништо не го бендисува, грака дека без Бугари нема Македонија, дека заменици за Чкартов и Ѓузелов не нашол освен един млад и свесен Бугарин по име Димитар Црномаров (е, ова не може да биде... Стојменов е неинформиран и забеган).Зборува Алексо дека ДБ (Драган Богдановски де) му прави опозиција на Љ. Георгиевски и формира задграничен комитет на ДПМНЕ во Берлин каде се делеле шефовски места и тоа: Мане Јаковлевски - претседател, возобновениот Ристо Паргов - секретар, Љубо Јовановски - началник на тајната полиција на ДПМНЕ и се со цел да се докаже србоманството на Љ. Георгиевски и Б. Змејковски кои според Алексо играле мрсна ролја во самата ДПМНЕ. За излез од ситуацијава Стојменов му предлага на раководството на МПО во САД и Канада исто како што Милан Паниќ за премиер бил поставен од српската емиграција и тие да го стореле истото, без никакви посредници. Демек, со платформата на изветреаниот А. Стојменов да се влезе во Република Македонија и да се работи со народот непосредно( кутри народ македонски, на што дереџе мислеле да го донесат непрокопсаниве). За таа цел планирале да одржат конгрес во веќе оформената држава Република Македонија и јасно да ја изнесат позицијата на нивната борба како национално определување на народот во земјата, политичката платформа, државното уредување и границите на земјата, социјалната стуктура, решението на етничките проблеми и односите со соседните држави. Тие требало да ја одредат физиономијата на РМ оти тоа им било должност, за тоа биле заколнати и тоа требало да го направат „веднага“.Блазе си им на умовите сперливи. Ништо не ме чуди што и денес постојат вакви недоквакани гилиптери.Можеби во право беше дедо ми кога велеше дека и народот крвта си ја менал. Изгледа бил во право... како се викаше она... македонско национално единство ли?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 16:46
mungos80 напиша:
Инаку, Алексо не е суден за ВМРО, туку за ванчомихајловизам во траење од 12 плус 8 години затвор во Идризово и Забела. |
Доколку се споредат казните на соработниците на бугарскиот окупатор (бугарофилите) и оние на идејата за слободна и независна Македонија на Македонците, може да се види дека бугарофилите беа осудени и пуштани по одлежување на дел од казната, освен оние што убиваа и малтретираа Македонци, додека борците за независна Македонија умираа.
Пример за тоа е бугарофилот Васил Хаџи-Кимов, кој дури и работеше во државна установа, додека Методија Андонов-Ченто почина како последица на казната.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 16:49
Не е толку трагично како што е објаснето погоре но има вистини - затоа и се сомнева дека Драган Богдански е убиен по наредба на Љубчо а нормално извршители се некои агенти на УДБА кои денес презадолжени уште живеат на терет на оваа држава
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 18:03
Мунгос80 има доста логични објаснувања, а ова другово е рекла казала...Ченто умрел од затворот...Не знам дека од затвор се добива рак?Како овие другиве не умреа???Инаку да се разбереме...ова диктатуриве од кој и да е маштраф......ми се гадат...и како млад секако би бил во движењето на отпорот или револуцијата...Но немојте да се создаваат конструкции...Јас прашувам само за Кузман Јосифовски - Питу...за кој имам директни сознанија, зошто не се спомнува...?...Е сега дури и на Ченто му ја извадија титовката со петокраката и српот и чеканот...Е тоа ме нервира...Тоа е МЕНУВАЊЕ на историјата....и историските ВИСТИНИ....Некој повторно со време ќе требе да ја исправува вистината ( историјата?)...Не е добро...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 18:16
marsovec напиша:
Мунгос80 има доста логични објаснувања, а ова другово е рекла казала...Ченто умрел од затворот...Не знам дека од затвор се добива рак?Како овие другиве не умреа??? |
Од затвор не се добива рак, но во затвор, колку што знам и не се добива третман за истиот. Ченто имал рак, а тешките услови и нетретирањето наистиот, иако власта имала сознанија за неговата болест, го забрзале развојот на истиот и го докрајчиле.
-------------
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 18:47
A go zabrzale...prifateno...Na Kuzman ne mu trebalo zabrzuvawe pa nekoj go ispusta...kako i Koco Racin, i plejada drugi...Toa e problemot...Nekoj da pravi selekcija na podobnite ...od komunistite i partizanite...
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 20:09
Според една информација,која нормално нашите квази новинари не ја објавуваат,пред се затоа што не знаат да читаат книги,партијата Радко која нели е партија на македонските бугари е формирана од страна на УДБА.
Е сега ако некогаш имам проблеми заради овие информации,ќе ве замолам да ми носите цигари во затворот
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 20:31
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 20:51
Не знам не сум дел од власта,ама како што знам да заглавам во библиотека,па така случајно ми падна една книга со сосема друга тематика,ама тука авторот го посочува овој детал.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 22:02
Сите што биле и се на власт во МК, како и сите „бизнисмени“, бивши представници на големи ЈУ фирми во странство се соработници на обавештајните служби, и длабоко поврзани со подземјето.
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 22:07
Polar Bear напиша:
Сите што биле и се на власт во МК, како и сите „бизнисмени“, бивши представници на големи ЈУ фирми во странство се соработници на обавештајните служби, и длабоко поврзани со подземјето.
|
ma neeeeeeeeeeeeeeeeee............. 
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН 
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 22:37
Polar Bear напиша:
Сите што биле и се на власт во МК, како и сите „бизнисмени“, бивши представници на големи ЈУ фирми во странство се соработници на обавештајните служби, и длабоко поврзани со подземјето.
|
Vo zabluda si, i toa mnogu golema zabluda.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 17:48
И јас сметам дека се поврзани и тоа во последните.....100 години???
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 00:43
До кога удбашиве ќе бидат на власт.... ма кој може да се замара и со ова...
МК е удбашка и таква ќе остане ако не се подели за некоја година
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 05.Јули.2011 во 12:36
Народот,најдобро е раководен од удбашките структури.
Зошто,затоа што се уште нема капацитет за свое размислување,обединување во сила-движечка,која ќе манифестира побарувања за вистински човечки менталитет.
Сега овие што се на власт (мал дел се постари),поголемиот дел се потомци на сите УДБАШИ и КОНТРАОБАВЕШТАЈНИ служби и како оди работата,тоа многу малку веројатно дека ќе се искорени.
Тука се пари во прашање и таа нова мафија се поврзува пошироко.Исто така тие се прилагодуваат на новото време,сега контактираат со други служби и сето се врти околу парите.
Но до кога некој ќе им дозволи ќе видиме,прво сакаат да си ги средат работите со нивните галеничиња-творби(Грците,Албанците,сето тоа им е во криза,поврзано со парата),ние и сами се јадеме,кој ќе остане,а кој ќе цркне,не им е битно,ова е минлива роба,сурово но реално.
Овде никој и никогаш не се интересирал за вистинско државништво,ако некој се појавел со такви идеи,веднаш му се нафрлале ХИЕНИТЕ и го десеткувале,затоа и сега тие УДБАШИ,кои се криеа,по логиките,а богами и доказите,дури сега се инфилтрираа во сите нивоа на власта,а и делувањето им е диктаторско,тие така знаат,поинаку и немаат капацитет,а реков голем дел од народот и ги поткрепува.Масата е толкава,сега се поголем дел повразни и користат од колачот,потоа ќе дојде друга структура,но со исти намери.
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
|
|