|
Како опозицијата сака да се врати на власт? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок ... да кажеме дека е така... Секоја работа има две можни вистини.. Ај да ја проанализираме втората...
Вечер е дневен весник, близок до владеачка гарнитура... Своевидно а мислам дека и сеуште главен уредник е Латас, а сите знаеме Латас на која страна се врти.. Секогаш на владеачката, без разлика која и да е. Има друго прашање... дали предвидената дестабилизација на државата не е плод на надворешен фактор.. Зошто секогаш треба да се плука по едната или другата страна, ако нешто не им чини на едните или другите. Дали ова сценарио не е притисок да биде нешто друго како плод на сето тоа, или конкретно предлогот за името, кое нашите дипломати категорично го одбиваат, а сите ја чувме отворената закана на Американскиот амбасадор, а само ден два после тоа се деси Скоп.црна гора и комуникеата на ОНА... Дали оваа ситуација која ни претстои не е долго посакуваниот сон на албанците, конечно обединување на албанија, косово и западна македонија? Многу варијанти се во игра и заради тоа јас не би се ослонил баш на ова таканаречено истражување поготово што е спроведено од дневен весник близок кон власта.. |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како опозицијата сака да се врати на власт?
Дали во Македонија повторно се повампируваат идеите за дестабилизација, или пак се работи за обид за креирање перцепција дека има нарушени меѓуетнички односи за опозицијата да се врати на власт? Вечер истражуваше повеќе на оваа тема и консултираше повеќе експерти, според кои креирање на сценарио во кое опозицијата ќе сака да ја набеди власта дека е фактор на нестабилност е сосема можно. Познавајќи ги старите алатки на лидерите на опозиционите партии и потсетувајќи се на 2001 година кога СДСМ случајно, или не, беше исто така во опозиција такво нешто е на повидок. Познавачите на македонските политички прилики, особено на оние кои имаат врски со разузнавачките структури, велат дека таквите сценарија не се нереални. ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а Бранко Црвенковски повторно е лидер на опозицијата. Повторно имаме тензии на Косово и во Босна, имаме партија на етничките Албанци која е во опозиција и е силно радикализирана, а светската економска криза ги забави економските текови во цела Европа, па и во Македонија. Според нив, таквата позиционираност во општеството дава силна аргументација на оние кои сакаат да го искористат ова и да тргнат во обид на креирање на лажна перцепција за нарушени меѓуетнички односи. Според непотврдени информации до кои дојде Вечер неодамна дошло до средба на Рамуш Харадинај, Мендух Тачи и Љубе Бошкоски. Тројцата се сретнале пред околу еден месец во ресторанот на бензинската пумпа Петрол Компани, каде што се задржале повеќе часа, во доцните ноќни часови. Очевидци тврдат дека средбата и првичните моменти поминале во весела, срдечна и пријателска атмосфера. Бошкоски и Харадинај се прегрнале и бакнале. Потоа долго во ноќта сериозно, тројцата посветено разговарале. Се шпекулира дека Бошкоски ги изненадил присутните со понуда на план за креирање на сценарио за политичко-подземно делување, односно со понудата во координирани акции да се изврши политичко-безбедносна дестабилизација на Македонија преку предизвикување на перцепција за нарушени меѓуетнички односи во јавноста. Изненадувањето наводно доживеало кулминација кога Бошкоски истакнал дека за ова сценарио има добиено поддршка од лидерот на опозицијата Црвенковски, и во суштина тој бил негов емисар на средбата. Ваквото тврдење има основа во фактот, што неодамна извори од левицата брифираа дека проценката на СДСМ е дека Сценариото 1, според кое опозицијата требало да наметне перцепција за криминал и корупција на Владата на Груевски не вродила со плод, па сега требало да се примени Сценариото 2 - перцепција за влошени меѓуетнички односи. По обзнаната на лидерот на ДУИ Ахмети дека тие остануваат во Владата на подолг рок, најверојатно не успеал притисокот Харадинај, преку косовските команданти да изврши притисок врз Ахмети за тој да се повлече од Владата на Груевски. Најновиот план, бил да се искористат протестите на албанските невладини организации во Скопје планирани за 10 мај, но и протестот за Бурмали џамија за 7 мај за подгревање на меѓуетнички тензии. Преку тоа би се вметнала перцепција во јавноста дека Македонија е дестабилизирана, а истовремено со силна медиумска пропаганда би се прикажало дека Груевски ги уништува етничките односи. Медиумската кампања за поддршка и создавањето на ваквата перцепција се шпекулира дека веќе била договорена од Црвенковски на неговите се почести средби со еден од сопствениците на национална телевизија во Македонија, која веќе значително ги третира настапите на СДСМ и има веќе воспоставен обичај да прави секакви симулации. На тие средби се зборува дека било договорено и друг тип на ПР поддршка на СДСМ, преку телевизијата, откако СДСМ успешно се рекламираше само во тој медиум во изминатиов период, веројатно за голема сума пари, кои според некои била исплатена во готово. Се ова за враќање на власт на СДСМ и обезбедување на бизниси на разни структури во Македонија, на кои не им одговара оваа власт. За возврат Црвенковски ветил и дека една од омилените новинарки на сопственикот на телевизијата е сигурен кандидат за министер за земјоделие во евентуалната нова влада. Ова е информација која ги разбранувала редовите на Бихаќка, особено потпретседателот Заев кој се сметал за сигурен прв човек на македонскиот аграр, се разбира доколку Црвенковски успее да го собори Груевски, нешто што со оглед на поддршката на премиерот во јавноста изгледа неверојатно. Во проекциите и договорите за идната евентуална влада, Црвенковски за одработените сценарија на Бошкоски и Тачи им ветил распределба на безбедносните сектори, внатрешни работи и одбрана. За себе ги резервирал МНР, финансии и евроинтеграции, кои би ги раководеле неговите партиски потпретседатели и секретар, констатација што внела немир во старото (по стаж) крило на социјалдемократите предводено од Шеќеринска, Митрева и Бучковски. ЛДП во сценариото би го добиле министерството за екологија кое би го предводел некој од помладите кадри. Дали, овие информации, анализи и претпоставки се веродостојни, останува да проследиме со развојот на настаните во следниот период. Судејќи по тоа како засега изгледаат работите овие сценарија не може да се отфрлат веднаш. Ако земеме предвид дека на последниот Конгрес на партијата на Бошкоски, СДСМ и ДПА беа претставени од високи партиски делегации предводени од потпретседателите, ништо не би требало да се потцени. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9C70B5BBDF2E841A39719BC837C1EAF Iako "analizata" i ne e nekoja analiza , bidejki e mnogu netemelno i plitko napravena (rezultat na nesposobnosta na nasite novinari) sepak mislam deka navedenoto vo tekstot i te kako ima logika. Meguetnickite tenzii mislam deka se tokmu rezultat na zagovor. Ako se znae deka nekoj od pogore navedenite politicari i vo minatoto ne birale sredstva kako da se vratat ili odrzat na vlast poveke od jasno e deka navedenite scenarija ne treba da se zapostavat. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |