Како опозицијата сака да се врати на власт?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22440
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 00:08 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Како опозицијата сака да се врати на власт?
Постирано од: kultuzin
Наслов: Како опозицијата сака да се врати на власт?
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 11:19
Како опозицијата сака да се врати на власт?
Дали во Македонија повторно се повампируваат идеите за дестабилизација, или пак се работи за обид за креирање перцепција дека има нарушени меѓуетнички односи за опозицијата да се врати на власт?
Вечер истражуваше повеќе на оваа тема и консултираше повеќе експерти, според кои креирање на сценарио во кое опозицијата ќе сака да ја набеди власта дека е фактор на нестабилност е сосема можно. Познавајќи ги старите алатки на лидерите на опозиционите партии и потсетувајќи се на 2001 година кога СДСМ случајно, или не, беше исто така во опозиција такво нешто е на повидок.
Познавачите на македонските политички прилики, особено на оние кои имаат врски со разузнавачките структури, велат дека таквите сценарија не се нереални.
ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а Бранко Црвенковски повторно е лидер на опозицијата. Повторно имаме тензии на Косово и во Босна, имаме партија на етничките Албанци која е во опозиција и е силно радикализирана, а светската економска криза ги забави економските текови во цела Европа, па и во Македонија. Според нив, таквата позиционираност во општеството дава силна аргументација на оние кои сакаат да го искористат ова и да тргнат во обид на креирање на лажна перцепција за нарушени меѓуетнички односи.
Според непотврдени информации до кои дојде Вечер неодамна дошло до средба на Рамуш Харадинај, Мендух Тачи и Љубе Бошкоски. Тројцата се сретнале пред околу еден месец во ресторанот на бензинската пумпа Петрол Компани, каде што се задржале повеќе часа, во доцните ноќни часови. Очевидци тврдат дека средбата и првичните моменти поминале во весела, срдечна и пријателска атмосфера. Бошкоски и Харадинај се прегрнале и бакнале. Потоа долго во ноќта сериозно, тројцата посветено разговарале.
Се шпекулира дека Бошкоски ги изненадил присутните со понуда на план за креирање на сценарио за политичко-подземно делување, односно со понудата во координирани акции да се изврши политичко-безбедносна дестабилизација на Македонија преку предизвикување на перцепција за нарушени меѓуетнички односи во јавноста. Изненадувањето наводно доживеало кулминација кога Бошкоски истакнал дека за ова сценарио има добиено поддршка од лидерот на опозицијата Црвенковски, и во суштина тој бил негов емисар на средбата.
Ваквото тврдење има основа во фактот, што неодамна извори од левицата брифираа дека проценката на СДСМ е дека Сценариото 1, според кое опозицијата требало да наметне перцепција за криминал и корупција на Владата на Груевски не вродила со плод, па сега требало да се примени Сценариото 2 - перцепција за влошени меѓуетнички односи.
По обзнаната на лидерот на ДУИ Ахмети дека тие остануваат во Владата на подолг рок, најверојатно не успеал притисокот Харадинај, преку косовските команданти да изврши притисок врз Ахмети за тој да се повлече од Владата на Груевски.
Најновиот план, бил да се искористат протестите на албанските невладини организации во Скопје планирани за 10 мај, но и протестот за Бурмали џамија за 7 мај за подгревање на меѓуетнички тензии. Преку тоа би се вметнала перцепција во јавноста дека Македонија е дестабилизирана, а истовремено со силна медиумска пропаганда би се прикажало дека Груевски ги уништува етничките односи.
Медиумската кампања за поддршка и создавањето на ваквата перцепција се шпекулира дека веќе била договорена од Црвенковски на неговите се почести средби со еден од сопствениците на национална телевизија во Македонија, која веќе значително ги третира настапите на СДСМ и има веќе воспоставен обичај да прави секакви симулации. На тие средби се зборува дека било договорено и друг тип на ПР поддршка на СДСМ, преку телевизијата, откако СДСМ успешно се рекламираше само во тој медиум во изминатиов период, веројатно за голема сума пари, кои според некои била исплатена во готово.
Се ова за враќање на власт на СДСМ и обезбедување на бизниси на разни структури во Македонија, на кои не им одговара оваа власт.
За возврат Црвенковски ветил и дека една од омилените новинарки на сопственикот на телевизијата е сигурен кандидат за министер за земјоделие во евентуалната нова влада. Ова е информација која ги разбранувала редовите на Бихаќка, особено потпретседателот Заев кој се сметал за сигурен прв човек на македонскиот аграр, се разбира доколку Црвенковски успее да го собори Груевски, нешто што со оглед на поддршката на премиерот во јавноста изгледа неверојатно.
Во проекциите и договорите за идната евентуална влада, Црвенковски за одработените сценарија на Бошкоски и Тачи им ветил распределба на безбедносните сектори, внатрешни работи и одбрана. За себе ги резервирал МНР, финансии и евроинтеграции, кои би ги раководеле неговите партиски потпретседатели и секретар, констатација што внела немир во старото (по стаж) крило на социјалдемократите предводено од Шеќеринска, Митрева и Бучковски. ЛДП во сценариото би го добиле министерството за екологија кое би го предводел некој од помладите кадри.
Дали, овие информации, анализи и претпоставки се веродостојни, останува да проследиме со развојот на настаните во следниот период. Судејќи по тоа како засега изгледаат работите овие сценарија не може да се отфрлат веднаш. Ако земеме предвид дека на последниот Конгрес на партијата на Бошкоски, СДСМ и ДПА беа претставени од високи партиски делегации предводени од потпретседателите, ништо не би требало да се потцени.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9C70B5BBDF2E841A39719BC837C1EAF
Iako "analizata" i ne e nekoja analiza , bidejki e mnogu netemelno i plitko napravena (rezultat na nesposobnosta na nasite novinari) sepak mislam deka navedenoto vo tekstot i te kako ima logika. Meguetnickite tenzii mislam deka se tokmu rezultat na zagovor. Ako se znae deka nekoj od pogore navedenite politicari i vo minatoto ne birale sredstva kako da se vratat ili odrzat na vlast poveke od jasno e deka navedenite scenarija ne treba da se zapostavat.
|
Коментари:
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 11:48
Ок ... да кажеме дека е така... Секоја работа има две можни вистини.. Ај да ја проанализираме втората...
Вечер е дневен весник, близок до владеачка гарнитура... Своевидно а мислам дека и сеуште главен уредник е Латас, а сите знаеме Латас на која страна се врти.. Секогаш на владеачката, без разлика која и да е.
Има друго прашање... дали предвидената дестабилизација на државата не е плод на надворешен фактор.. Зошто секогаш треба да се плука по едната или другата страна, ако нешто не им чини на едните или другите. Дали ова сценарио не е притисок да биде нешто друго како плод на сето тоа, или конкретно предлогот за името, кое нашите дипломати категорично го одбиваат, а сите ја чувме отворената закана на Американскиот амбасадор, а само ден два после тоа се деси Скоп.црна гора и комуникеата на ОНА...
Дали оваа ситуација која ни претстои не е долго посакуваниот сон на албанците, конечно обединување на албанија, косово и западна македонија? Многу варијанти се во игра и заради тоа јас не би се ослонил баш на ова таканаречено истражување поготово што е спроведено од дневен весник близок кон власта..
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 14:14
kultuzin напиша:
Како опозицијата сака да се врати на власт?
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A9C70B5BBDF2E841A39719BC837C1EAF
Iako "analizata" i ne e nekoja analiza , bidejki e mnogu netemelno i plitko napravena (rezultat na nesposobnosta na nasite novinari) sepak mislam deka navedenoto vo tekstot i te kako ima logika. Meguetnickite tenzii mislam deka se tokmu rezultat na zagovor. Ako se znae deka nekoj od pogore navedenite politicari i vo minatoto ne birale sredstva kako da se vratat ili odrzat na vlast poveke od jasno e deka navedenite scenarija ne treba da se zapostavat.
|
Искрено...Вечер одамна не го верувам, како ни Сител, а Вечер ми беше омилен весник. Канал 5, да бидејки иако Стојменов е во коалицијата сепак умеат новинарите да направат емисии во кои барем се трудат да не се пристрасни. Оставаат народот да процени. Овие не третираат ко да сем дебилни, Бранко, та Бранко. Ако си имаат нерасчистени работи со Бранкота нека излезат онаму на мегдан, нека измерат машки силите (боксовите) а не овака.
-------------
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 15:53
Ne mi bese poentata da go komentirame vecer toa e poveke od jasno, tuku ete mislam deka vredi da se razmisli dali Makedonija se destabilizira zatoa sto Gruevski e na vlast ili pak toa se slucuva sekogas koga B.C. e vo opozicija.
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 16:03
Ако е и од Латас премногу е.Но и во форумов треба да се внимава на непроверени тврдења.Вака почнува да личува на предизборие.Нарочно е интересно плукањето по опозицијзтз - кое нешто бива само во Македонија.Ако нападите сењ точни каде се инструментите на државата, или и ова е уште фдно влечење за нос на граѓаните во овие кризни мигови - во секој сегмент на живеење ( да не се повторувам).....
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 16:08
Се сеќавате на она мото- ГО ОБРАВМЕ БИСТАНОТ.Тогаш на власт беша ВМРО-ДПМНЕ - но еднаш против едни дру пат против другите???
Власта одлучува за степенот на демократија во една држава.
И на Хитлер му пречеше опозицијата и ги сотре, во вистинска смисла на зборот - дури и четивата кои не му беа по ќеф ги спали.
Напред народе, но немојте сега топло е , назимо - кога ќе може баренм да не загреат....
СРАМНО-во најмала рака....
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 16:14
marsovec напиша:
Но и во форумов треба да се внимава на непроверени тврдења.Вака почнува да личува на предизборие. |
Содржината на вашите лични коментари се на ваша лична одговорност. Па така кога пишувате овој крадел, оној крадел (по имиња и презимиња) вие сте тие кои треба да се замислите што пишувате. http://forum.idividi.com.mk/pravila.asp - Форумот се оградува од одговорност кога се работи за повреда на некој од законите на Република Македонија (се разбира доколку дојде до такво нешто). Затоа и често ве опоменувам да внимавате.
Погорниот текст е пренесен од дневен весник, така да нема проблем да се дискутира по него.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: The_Boss
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 17:17
Hahaha opozicijata nema nikogas da se vrati na vlast! Dosta mu e na Brane opozicija ma i toa mu e mnogu
------------- Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 06.Мај.2010 во 23:32
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=10F242F419610B4ABCB0C912D4D2AC59 - - - ЛИДЕРОТ НА СДСМ НЕ БИРА НАЧИНИ ЗА ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 07.Мај.2010 во 19:07
i?....kako saka da se vrati?!....pa, isti k*rac kako i ovie koga saka,...da se vratat!....shto tuku mi pisuvate,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 15:21
Како што казва брза - СЛАГАМ СЕ!
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 20:00
marsovec напиша:
Како што казва брза - СЛАГАМ СЕ! | e pa,...ne kazav bash kako shto sega pishuva , ama ...sepak........i jas se sl*gam!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: dras
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 23:57
novace напиша:
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=10F242F419610B4ABCB0C912D4D2AC59 - - |
... во некои други дневни Весници имаше некакви коментари по темава, гледано од друг агол,....хм,...кој агол е исправен!?...
-------------
|
Постирано од: dras
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 23:58
...на пример Време проблемот го гледа на подруг начин!?....
дали ОПОЗИЦИЈАТА!?....
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 21:49
Овде ...има само дел од коментарите на граѓаните во МК...а кои не се/биле издвоено покажани на јавноста :
marija (07.05.2010 11:01:35) | |
gradgani makedonci pripadnici na sds kolku ve ima...preispitajte se so kogo imate rabota?koj ve vodi?kade ke ve odnese?sto vi vetuva,koga nema veke nisto ni da prodade ni da ponudi.VE LAZE.svestete se,trgnete se od negoviot bolen um.toj samo za nego si misli ne za clenstvoto,a kamo li za MAKEDONSKIOT NAROD.eve i boskovski go zafrkna do toj stepen sto od heroj makedonski stana nepozelna licnost so toa sto trgna po bolnoumniot crvenko.pomognete,ne pravete detski gluposti. makedonija da si go najde spokojstvoto,sega koga se trgna na dobro,a ne so ovie usviteni bolni glavi za vlast da se vrati nazad na kolena,vo kal i krv.ostavete ja makedonija na mira.ne e se vo foteljite i parite. | |
|
|
|
Охрид (07.05.2010 10:44:24) | |
А бе кодошу еден мафни се некаде, што подалеку од Македонија!!! Земи ги со тебе и сите што те подржуваат, не се многу!!! | |
|
|
|
ПОРЕЧАНЕЦ (07.05.2010 10:40:28) | |
Za takvite kako Liceto B.C. i narodniot predavnik LJ.B. malku e Idrizovo nego proteruvanje od Makedonija i da im se izbrise sekakva traga. | |
|
|
|
petre (07.05.2010 10:34:32) | |
ovaa izjava zboruva za nesto strasno,narode makedonski osvesti se,pazi se od Branko i sl. na nego,Sram za site e vakvi luge da se vo politika | |
|
|
|
mihajlo (07.05.2010 09:55:03) | |
Za da se dojde na vlast ne se biraat sredstva.No sekoj toa ne moze da go napravi.Denes najunosna rabota od koja samo se profitira e politikata.Toa se gleda na sekoj cekor.Branko mozese komotno da si odi vo penzija i da bide pocituvan barem del od narodot,no pusta politika toa ne mu dozvoluva.Ova sto sega go pravi mi nalikuva na vece poznato vreme.Ostanuva da vidime dali Gruevski e navistina ist ili slicen na Bugarinot Georgievski.Se nadevam deka Gruevski de uspee da se odbrani od ovie kandji i ce ja izvlece zemjava na videlina.aAo vo toa ne uspee ,go obravme bostanot.Kako makedonec ne bi trebalo da se sitam na ova sto denes se slucuva.Pokusavam da sonuvam deka denesnive scenarija se odnesuvaat na nekoja druga zemja,no sonot kratko trae i se budam vo kosmar sto ce donese utresniot den.Ako Gruevski izvrsi nekoi korekcii vo svoite politiki,posebno vo zrastvoto,socijalata i obrazovanieto mislam deka ce docekame barem uste eden mandat na celo so nego. | |
|
|
|
АТАНАС-СКОПЈЕ (07.05.2010 09:50:50) | |
Ма немој! А како би сакал да го изведе тоа? Со 5% рејтинг? Или можеби со предизвикување на вештачка криза во Македонија? Веќе испробани методи кој не палат повеќе. Имаат добро уигран тим, од невладини организации, медиите блиски до нив, разни интелектуалци, а да го спомнам и стопанската комора кој вештачки предизвикуваат криза во македонското стопанство. Но и покрај овие мрачни работи џабе им е. Просекот во Македонија е сит од такви лажговци коишто со години рушат се што е македонско. Македонија сака да оди напред, а не да се враќа во нивното мрачно минато каде само одредена категорија на луѓе живееле добро. | |
|
|
|
filozof (07.05.2010 09:49:51) | |
bravo za Gruevski,a vie komunjarcinja se mislite jaki politicari,i da ne vlezeme vo eu i nato nisto nema da ni fali,Makedonija e prisutna vo nato i istata se naogja vo evropa ako ne ste znaele,zaradi vas se site ovie problemi sto gi imame denes,zatoa sto VIE go prodadovte naseto ime,korenot da vi se sotre!!! | |
|
|
|
Ангеле Зафироски-Бате Геле (07.05.2010 09:28:55) | |
Ја читам статијата и не можам да се начудам.Црвенковски,вели дека не бира средства да го урне премиерот Груевски.Е,мој г-дине Б.Ц,ти немаш никакви демократски средства ова да го сториш.Испеан,стар и заборавен шлагер и далеку на политичките маргини во Македонија си стациониран и е твојата локација.Со евидентно нанесено зло на сопствениот народ во текот на твоето владеење ,немаш никаков кредибилитет и шанси политички да се реинкарнираш. | |
|
| пс
Како што се гледа тука.....некои граѓани...имаат и различни пораки..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 09.Мај.2010 во 22:34
За ваква власт доволно е и со чекање да се самоуништат.
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|