|
Јехова е Божјото име |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
NikBT90
Нов член Регистриран: 21.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ќе ми беше мило ако некој имаше нешто да каже против, а не вака со пароли да изразуваат револт. :) :) Изгледа нема никој да каже некој контра аргумент.
,,Кој има уши да слуша, нека слуша! Среќни се очите што го гледаат ова што вие го гледате. Многу пророци и цареви сакаа да го видат ова што вие го гледате но не го видоа, и да го чујат ова што вие го слушате, но не го чуја.`` ``Зошто ова поколение бара знак? Навистина, ви велам, нема да му се даде знак на ова поколение.`` |
||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
|
||||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||||
NikBT90
Нов член Регистриран: 21.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Хух, само што преживеавме напад од кракери мислам хакери :)
Прво, сакам да ви го доставам извадокот за темата: Што е тоа светиот дух? И бидејќи реков дека не сум доволно спремен и компетентен да говорам на таа тема, решив да го напишам она што го пишуваше во стражарска кула, се надевам дека нема да замерите. --------------------------------------------------------- Светиот дух Зошто владее збрка? Што е тоа светиот дух? Иако ова прашање е многу едноставно, изгледа дека не е баш лесно да се даде и едноставен одговор. Папата Бенедикт XVI му се обратил на едно мноштво народ во Австралија со следниве зборови: ,,Речиси е невозможно јасно да го разбереме светиот дух``. Факт е дека постојат најразлични мислења и голема несигурност во врска со прашањето: ,,Што е тоа светиот дух?``. Еве неколку типични одговори: - Светиот дух е вистинска личност која живее во Христовите ученици. - Светиот дух е Божја наука, Божји закон што дејствува. - Светиот дух е Божјата активна присутност во светот. - Светиот дух е третата личност во тројството или Света Троица. Зошто владее ваква збрка? Таа датира од 4 век од н.е., кога некои теолози тврделе дека светиот дух е личност која на некој начин е еднаква со Бог. Меѓутоа, ова учење го нема во Библијата ниту, пак, го ширеле првите следбеници на Христос. Во една католичка енциклопедија се објаснува: ,, Во Стариот завет, Божјиот дух воопшто не е прикажан како личност...Божјиот дух едноставно е Божјата сила``. Понатаму во истата енциклопедиа се вели: ,,Повеќето стихови од Новиот завет откриваат дека Божјиот дух е нешто, а не некој; ова особено се гледа од совпаѓањето помеѓу духот и Божјата сила``. Разбирливо е што на луѓето им е тешко да сфатат како е можно една сила да биде личност. Така, една неодамнешна анкета во САД откри дека повеќето луѓе не се согласуваат со идеата дека светиот дух е личност или ,,живо битие``. Дали се во право? Или треба да им веруваме на теолозите кои упорно тврдат дека ,,светиот дух Личност која е одвоена од Таткото и од Синот``? За да добиеме точен одговор, треба да видиме што вели во врска со ова Божјата реч, Библијата, во која детално е опишан светиот дух. Апостол Павле на напишал: ,,Целото писмо е вдаховено од Бог и корисно за да се поучиме за вистината и за да се исправат грешките``. (2 Тимотеј 3:16) Зошто треба да се потрудиш да ја дознаеш вистината за светиот дух? Затоа што таа вистина може да ти помогне да добиеш помош од Бог. Дали некогаш чувствуваш дека немаш повеќе сила да продолжиш? Исус им ветил на своите ученици: ,,Молете, и ке ви се даде... Ако вие.... знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа`` (Лука 11:9,13) Што е светиот дух? Во една прилика, Исус ги прашал своите ученици: ,,Има ли татко меѓу вас, кој , ако неговиот син го замоли за риба, ќе му даде змија наместо риба? Или, ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија?`` (Лука 11:11,12) Исус рекол дека упорно треба да бараме свет дух, исто како што едно гладно дете бара да јаде (Лука 11:9,13). Ако разбереме што, всушност, е светиот дух, полесно ќе сфатиме колку важна улога може да игра и во нашиот живот. Затоа, да видиме најнапред што учи Библијата за светиот дух. ,,Силата на Севишниот`` Библијата јасно покажува дека светиот дух е сила што Бог ја користи за да ја изврши својата волја. Кога ангелот Гавриел и кажал на Марија дека ќе роди син иако била девица, тој и рекол: ,,Светиот дух ќе дојде врз тебе и силата на Севишниот ќе те засени. Затоа детето што ќе го родиш ќе биде свето, Син Божји`` (Лука 1:35). Зборовите на Гавриел ни покажуваат дека постои поврзаност меѓу светиот дух и ,, силата на севишниот``. Слична мисла се појавува и на други места во Библијата. Пророкот Михеј рекол: ,, Јас сум полн со силата од Јеховиниот дух`` (Михеј 3:8). Исус им ветил на своите ученици: ,,Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас`` (Дела 1:8) Апостол Павле исто така зборвал за ,,силата на светиот дух``. (Римјаните 15:13,19) Што можеме да заклучиме од овие примери? Учиме дека постои тесна врска помеѓу светиот дух и Божјата сила. Всушност, светиот дух е силата со која се служи Јехова. И колку е голема таа сила! Ние не можеме да разбериме колку голема сила, или енергија, била потребна да се создаде целата вселена. Преку пророкот Исаија, Јехова ни вели да размислуваме за следново: ,,Подигнете ги очите угоре и гледајте! Кој го создал тоа? Оној што ја изведува нивната војска според нивниот број и ги вика сите по име. Поради неговата голема моќ и неговата огромна сила не изостанува ниту едни`` (Исаија 40:26) Со овие зборови, Библијата покажува дека вселената и сиот ред и хармонија што владеат во неа, постојат благодарение на моќта и силата на Севишниот Бог. Се разбира, Божјата сила е неизмерна, а од неа зависи и самото наше постоење. Јехова може да го употреби својот свет дух за големи работи, како тогаш кога ја создавал вселената. Но, може да го употреби и за доброто на луѓето што ги создал. Во Библијата многу пати се споменува дека со својата сила Бог ги зајакнувал своите слуги на Земјата. Јеховиниот дух е врз мене Службата на Исус ни дава извонреден увид во оа како Божјиот свет дух може да им даде сила на неговите слуги. ,,Јеховиниот дух е врз мене``, им рекол Исус на луѓето во Назарет (Лука 4:18). Што направил тој со силата на духот? Лекувал секакви болести, ги стивнал брановите на разбеснатото море, нахранил илјадници луѓе со неколу леба и риби, па дури и воскреснувал мртви. Апостол Петар рекол дека Исус е човекот кого Бог...го потврди со моќни дела, со предзнаци и со чудесни знаци, кои преку него ги направи`` (Дела 2:22)....... Од каде знаеме дека светиот дух не е личност Библијата го споредува светиот дух со вода. Кога му ветил на својот народ дека ќе му излее благослови, Бог рекол: ,,Ќе излеам вода врз жедниот и потоци врз сувото место. Ќе го излеам својт дух врз твоето семе, и мојот благослов врз твоите потомци`` (Исаија 44:3). Кога Бог го излева својот дух врз оние што му служат, тие се ,,полни со свет дух``, или ,,исполнети со свет дух``. За Исус, Јован Крстител, Петар, Павле, Варнава и учениците што се собрале на педесетница 33 год. од н.е. се вели дека биле полни, или исполнети со свет дух (Лука 1:15; 4:1; Дела 4:8; 9:17;11:22,24;13:9). Размисли за ова: Можно ли е една личност да биде ,, излеана`` врз многу луѓе? Дали би рекол дека една личност може да исполни цела група луѓе? Тоа нема никаква смисла! Библијата спомнува дека некои луѓе биле исполнети со мудрост, со добрина, со радост или со добро познавање на Божјата волја, но никогаш не вели дека некој бил исполнет со некоја друга личност ( 5Мојсеева34:9, Дела6:8; Колошаните 1:9). Грчкиот збор преведен со ДУХ е пневма, што има значење и на невидлива сила. Зборот ПНЕВМА првенствено означува ветар...како и здив; а особено го означува духот, кој, како ветерот, е невидлив, нематеријален и моќен. Според тоа, јасно е дека светиот дух не е личност. Како дејствува светиот дух -Бог го употребил светиот дух за да ја создаде Земјата и целата вселена. -Светиот дух вдахнал некои побожни луѓе да ја напишат Библијата. -Светиот дух им дал способност на Божјите слуги точно да ја проречет иднината. -Светиот дух им помогнал на Исус и на други верни луѓе да ја проповедаат добрата вест за Божјето царство и да прават чуда. Како може да ти помогне светиот дух -Светиот дух може да ти помогне да те зајакне да се бориш со искушенијата и да ги победиш лошите навики. (1Коринќаните 10;13) -Светиот дух може да ти помогне да стекнеш особини кои му се допаѓаат на Бог.(Галатите 5Ч22;23) -Светиот дух може да те зајакне да се бориш со неволјите и да ги поднесеш. (Филипјаните 4;13) Библијата не уверува: ,,Јехова...му ја враќа силата на уморниот, му дава моќ на нејакиот... Оние што се надеваат на Јехова добиваат нова сила. Како орли се подигаат на крилја. Трчаат и не папсуваат , одат и не се уморуваат`` (Исаија 40:28-31) --------------------------------------------------------- Некои делови ги прескокнав, бидејќи сметав дека не се од голема важност!!! |
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Со задоволство. Горе десно над секој коментар има две копчиња: „Цитирај“ и „Одговори“. Кликни на копчето цитирај и ќе го добиеш целиот коментар во едит-форма и под текстот можеш да пишуваш. Доколку сакаш да реплицираш како мене, за тоа треба малку повеќе мака и искуство За да ставиш одреден текст во рамки на цитат за потоа да коментираш под него, потребно е текстот да го напишеш во овој облик: (ќе претпоставам дека го цитираш KINGDAVID. [quоte=KINGDAVID] Овде стои дел од текстот на KINGDAVID кој што сакаш да го цитираш. [/quоte] И така ќе го добиеш текстот на KINGDAVID во вид на цитат затворен во рамки и под него можеш да коментираш и тоа потоа ќе изгледа прегледно. Ајде пробај, ако имаш дополнителни прашања, ќе видиме потоа.
Се сложувам со тебе NIKBT90 дека тоа се титули кои само Бог може да ги има. Ајде сега отвори во последната библиска книга - Откровението, во првото поглавје и прочитај го целото. Обрни внимание на Кого се однесуваат таму овие титули. Обрни посебно внимание на следниов стих таму: „Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин!“ (Откровение 1:17,18) Доколку немаш Библија при рака, еве ти он-лајн Библија: www.mkbible.net Дали е можно овој стих да се однесува на Небесниот Татко - ЈЕХОВА?
Мене, а и на многу други библиски христијани тоа не ни изгледа исто. Исус не е исто што и ЈЕХОВА, но тие се едно. Мажот не е исто што и жената, но сепак тие во брак се ЕДНО. Значи тие не се две, туку едно како што и Исус во една прилика рече: „Така што не се веќе двајца, туку едно тело.“ (Исус во ев. Матеј 19:6) Епа ако човечката љубов може од две да направи едно, тогаш зошто да не веруваме дека Божјата љубов може да направи од три едно единство? Ти NIKBT90 имаш дух, душа и тело. Но сепак ти не си три личности, туку една. Ти си слика Божја, создаден по Божјиот лик и подобие, затоа и ти си еден вид тројство. Дури и Ѓаволот го имитира Божјото тројство објавувајќи се како: ѓаволот, антихристот и лажниот пророк. ѓаволот е пандан на Таткото. антихристот е пандан на Синот. лажниот пророк е пандан на Светиот Дух. Ѓаволот ќе се отелотвори во антихристот исто како што и Божјиот син се отелотвори во личноста на Исус Христос. Антихристот ќе се обиде да ги имитира и Христовата смрт и воскресение (Откровение 13:3). Лажниот пророк исто така си работи паралелно со Светиот Дух залажувајќи ги луѓето низ целиот свет и како што Светиот Дух ги насочува луѓето кон Бог, лажниот пророк ги насочува кон ѓаволот. Како што Светиот Дух говореше преку светите пророци, така и лажниот пророк говори преку оние кои свесни или несвесно му служат на ѓаволот (политичари, луѓе на власт, гледачи, бајачи, гатачи, разно-разно самопрогласени пророци итн.)
Во почетокот на евангелието на Јован јасно пишува дека во почетокот беше Словото (Логосот, Причината) и дека Словото беше Бог. Во 14-от стих јасно се открива дека тоа Слово е всушност Исус Христос. Но тука во преводот на сведоците „Нов Свет“ тоа Бог е напишано со мали букви и тие толкуваат дека тоа не се однесува на вистинската титула „Бог“, туку повеќе алудира на Божествената природа. Сепак, таму стои „на почетокот“. Но можеш да го прочиташ и следново пророштво за Исус Христос каде се вели: „А ти, Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.“ (Михеј 5:2) Исто така и за Светиот Дух е кажано дека е вечен Дух: „колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бога“ (Евреите 9:14)
Јас колку што знам Јеховините сведоци веруваат дека стражарската кула е Божјиот збор за денешните луѓе. Стражарската кула ја сочинуваат луѓе (доста стари луѓе) за кои сведоците веруваат дека тоа се небесно помазани верници кои ја пренесуваат Божјата порака до луѓето. Можеби, заради грешките во минатото сега сведоците не велат дека овие луѓе пишуваат непогрешливо, но сепак тогаш тие велеа дека тоа е Божјиот збор за луѓето. Имам дома една книгичка каде што има наведено цитати од Стражарска Кула од тоа време каде што јасно вели дека Стражарската Кула е Божји пророк и дека го пренесува Божјиот збор. Ако си заинтересиран за ова можам да ти цитирам, преведам, а ако си од Скопје, можам и да ти ја покажам книгата или да ти ги ископирам тие делови од неа.
Точно така, слава на Бог тоа се пророштва што се исполнуваат пред нашите очи, но како што и самиот го цитираше Исус „не е ваше да ги знаете времињата.. што Таткото ги има под своја власт“. Стражарската кула неколку пати ја игнорираше оваа изјава на Исус и бараташе со години навстувајќи го враќањето на Исус, започувањето на милениумот, крајот на светот и сл. Секако во сите пророштва погреши. Потоа почна да вели (слично како и адвентистите) дека Исус дојде, ама невидливо, заборавајќи дека Библијата јасно вели дека Исус ќе се врати исто така како што и замина - видливо. „ И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.“ (Дела 1:10,11) „Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!“ (Откровение 1:7)
Знам NIKBT20 знам, јас не сум православен верник и воопшто не користам икони, но тој текст (канон) го ставив во мојот потпис за да го гледаат православните што се на форумов за да видат дека не само Библијата, туку и еден од раните црковни собори исто така ги забранил иконите од истата причина заради која треба и денес да се забранат - затоа што станаа предмет на обожавање. Инаку секако дека мене, како библиски христијанин, не ми треба канон да ми каже дека не треба да користам икони затоа што тие се забранети во Библијата. Поздрав брате |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
NikBT90
Нов член Регистриран: 21.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Благодарам и јас се сложувам со тебе. Мило ми е што имам поткрепа.
|
||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Pozdrav i do tebe NikBT90 i kamo srekja site lugje da se kako Jehovinite svedoci, na ovoj svet ke nema ni vojni, ni omraza, ni kriminal, ni predrasudi. RESPEKT |
||||||||||
NikBT90
Нов член Регистриран: 21.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ви благодарам на срдечните поздрави и се надевам и јас дека ке можиме да разговараме за некои работи и притоа да ги разбистриме.
Прво да Ви напоменам дека јас сум нов во оваа работа затоа што пред неколку месеци се заинтересирав посериозно да се зафатам со оваа работа поради тоа што и самите Вие сте свесни дека ништо во светов не е како што треба т.е се е наопаку и тоа нема да оди уште многу долго. Дргуго, претпоставувам дека сте далеку поупатени во религијата и сметам дека нема да бидам премногу компетентен но сепак и она мало знаење кое што го поседувам со задоволство ке го изнесам и ќе се потрудам да Ви го образложам. (Ќе ве замолам ако можи да ми кажите како ги поставувате овие погоре Originally posted by ... заради поголема прегледност) **Прво, сакам да кажам зошто јас лично ги поддржувам Јеховините сведоци? Јас не знам колку од Вас дошле со нив до контакт да поразговараат, не за религијата туку онака за општи работи од животот. Најискрено како луѓе, како личности премногу ми се допаѓаат. Зошто? Прв пат кога ги посетив јас, во нивните сали каде што имаат состаноци на тема се разбира религијата, јас бев изненаден од нивниот начин на однесување, од нивниот пречек, бев примен како човек и никогаш до ден денешен не сум бил исмејуван, понижуван или на некој начин искористен со цел тие да си остварат некои нивни интереси. Сето ова што го споменав не е случај и кај останатите луѓе. Има и други добри личности (не само Јеховини сведоци) но, од лично искуство јас немам повеќе поверение во нив. Зошто? Затоа што јас не сум како нив (како што е напишано во 2Тимотеј 3:1-5) себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, неблагодарни, клеветници, предавници, горди, своеглави и тн. Знам дека со ова и вие ќе се сложите. Друга работа почитувани дали некогаш црквата ви кажала нешто повеќе за религијата, зошто е ова вака или не е така, дали некогаш сте виделе ,,поп`` кој нема мерцедес, БМВ или некој голф, кај се чуло видело за проституција како што имаше пред некој ден на вестите, кај се чуло видело црквите посебно грчките да повикуваат на војни и омраза помеѓу народот. Зарем постои и кај нас некој чесен поп или ај да кажам човек кој ја шири вистината за христијанството. И од сето ова, најлогично е да не верувам дури и во нивната библија. Да не заборавам, таму некаде во погорните коментари имаше некој напишано дека членовите од таа црква како и да беше, ЗАПОЧНАЛЕ да им заминуваат и затоа решиле тие да го сменат името Јехова во некоја скратена верзија (ако разбрав добро). Ме интересира, црквата да не собира публика случајно за некој фудбаски натпревар во некое село, па ај сега бидејќи немаше интересе за натпреварот па почнаа и да им плаќаат на публиката за да дојди кај нив.Од ова јас заклучувам дека полека, но сигурно луѓето почнуваат да ја губат верата во црквата и во сето она нејзино учење. И само да споменам дека, пред неколку векови, поради читање на библија, луѓето биле мачени(палени, бесени, растргнувани и тн) благодарение на тие луѓе кои сега ја прават таа Ваша библија според која вие сега ми поставувате прашања. Но, тоа е во ред и логично е да се поставуваат прашања од таков тип бидејќи секој човек истото го мисли во својата глава. ****А што ќе кажеш за титулите „Алфа и Омега“, „Почетокот и Свршетокот“, „Првиот и Последниот“? Дали се тоа титули на Бог или може и друг да ги има? Тој „некој“ што тврди дека Исус е Бог е Библијата т.е. Божјиот свет Збор.***** -- „Алфа и Омега“, „Почетокот и Свршетокот“, „Првиот и Последниот“ Овие титули мислам дека се разбира на кој му припаѓаат а тоа се само за Бог, затоа што Тој е оној кој постоел пред се друго да биде создадено и Тој ќе постои и кога се друго ќе го нема, но тоа не е намерата негова. Друга работа да ја напоменам е тоа што јас не можам да речам дека јас и мојот татко сме едно исто суштество. Е тоа така неможи. Тој е постар од мене и далеку попаметен за ра разлика од мене. Исто е и случајот со Исус Христос и Бог. Можеби вас ви изгледа дека тие се едно исто но не се затоа што Исус е олицетворение на неговиот татко. Не во физичка смисла туку по неговите особини. Тој го следел неговиот татко и го почитувал и се правел како што правел и Бог. Исто тука значи се и чувствата како што е љубовта. Исус бил заедно со Бог кога го создале сето друго, како што се ангелите и ова што е видливо т.е материјално. Сепак Исус е подоцна создаден и тој има свој почеток а исто така би имал и свој крај доколку Бог така реши, но тоа нема да се случи. Инаку јас не сум воопшто запознат ниту со грчки јазик а да не правиме муабет за хебрејски. ***Не е воопшто логично. Ако тоа бил Исус апостолот Јован јасно ќе кажел дека тоа е Исус или пак би искористил некоја од познатите титули на Осус . Три стиха потоа (Откровение 12.10) Јован го спомнува Исус како „Помазаникот“, следниот стих вели „Јагнето“. Вторава титула, на пример, Јован ја спомнува 22 пати во Откровението. Не гледам логика во тоа Јован да го енкриптира името на Исус во Михаел, особено ако нема дадено објаснување за тоа било во неговите посланија (или евнагелие), било во другите свети списи. Многу пологично е да веруваме дека Михаел е друга личност на Небото, архангел со висок ранг, некој што управува со ангелите, а сепак е под власта (под рангот) на Христос во небесната хиерархија. Во Библијата има многу оскудни податоци за небесната хиерархија и за небесните суштества и затоа не можеме да измислуваме теологија од она што не е спомнато во Библијата.*** -- Логично е и твоето размислување и незнам како стои во Вашата библија, но Исус е тој кој сега владее на небесното царство и дали еден цар би ја пуштил својата војска сама да оди во војна и притоа да не учествува лично во неа, земајќи предвид дека се работи за иднината на небесното царство. И самиот Бог му дал власт на Исус да управува со сите ангели со цел да му докаже на Сатана дека Исус е тој кој ќе владее со небото и со Земјата. Тој е оној кој после ќе го предаде светот во рацете на Бог, онака исчистен од сето зло кое денес е многу добро видливо. ***А со која година има врска? Со 1914? Со 1915 1918, 1925, 1975 или 1989 година? Зарем не ви се доволни овие погрешни пророштва за да сфатите дека Стражарската кула не е Божји пророк на земјава?*** -- Стражарска кула не е напишана од совршени луѓе и затоа можеби има и грешки. Во врска со ова сакав да го додадам следново: Во светот постојат луѓе кои се занимаваат со следење на сите случувања во светот(војни, насилства, тероризам, напредок во технологијата па дури ја следат психологијата на луѓето) и нивните извештаи покажале дека од 1914г. во светот се случило огромна промена со човештвото. Тоа значи дека се случија три светски војни, уште се случуваат ,,помали``, забележавте дека до тогаш луѓето незнаеле за авион, за тенк, компјутер, мобилен телефон и тн. Во рок од 100 години технологијата нагло скокна и дојде до овој степен. Се што се произведува е само уште една играчка за убивање на луѓе, само овие денешниве се помодерни. Во овој период има загинато повеќе луѓе отколку во сите војни дотогаш. И не само тоа гледате има земјотреси насекаде и тоа се случуваат секојдневно, има болести и тоа со милиони, глад, сиромаштија, криминал и што ли уште не. Во (Лука 21:10,11) ,, Ќе се крене народ против народ и царство против царство. И ќе има земјотреси, а на различни места ќе има смртоносни зарази и глад. Ќе има стравотии и големи знаци од небото``. Види и (2Тимотеј 3:1-5). Зарем сето ова не е исполнување на пророштвата, не се случуваат истите работи денес. Но, на своите ученици, Исус им рекол: ,,Не е ваше да ги знаете времињата или раздобјата што Таткото ги има под своја власт``(Дела1;7). Ние треба да сме среќни што ова ни е кажано и да побрзаме да се промениме, да бидеме подобри луѓе и да поверуваме во Бог и во Исус Христос, затоа што само оној кој ќе ги запознае нив добро, тој ќе има шанси да се спаси и да добие вечен живот. Во врска со Светиот Дух, во нареден пат ќе извадам некои делови од стражарска кула бидејќи се чувствувам недоволно способен да ги објаснам онака добро како таму. Знам дека ќе имате примедби во она што јас го напишав, не ми е целта некого да навредувам или омаловажувам и се надевам дека нема да ми замерите во врска со стиховите затоа што немав време да ги прочитам за да ги потврдам дали се навистина тие, ако има некои грешки Ве молам кажете и ќе направам некои исправки. Се надевам дека има луѓе кои го разбираат ова што го напишав. ПС ***Да не се ставаат икони во црквите, за тие да не станат објекти за славење и обожавање. (36-от канон од Елвирскиот црковен собор во 305г.)*** -- Колку што сум запознат, овој закон не датира од 305г туку тој бил директно даден на израелците кога излегле од египед. (2Мојсеева 20:4-5) ,,Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или под водите на земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш, зошто јас сум Јехова, твојот Бог.`` Срдечен Поздрав на сите!!! |
||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
хаха
е ова веќе станува интересно.. суботар,јеховин сведок, "библијаш" и православен христијанин на едно место. Ќе биде интересно за читање дефинитивно.. Инаку евангелосе незнам зашто му цитираш библија на новиот ни член зашто они користат ПОДОБРЕНА верзија која само они ја имаат.Зашто у библијата што и ти и ја ја користиме за нив во нејзе се е испогрешено, и тоа намерно за инат на јеховините сведоци! Изменето од ahmar1 - 22.Март.2010 во 13:54 |
||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
NikBT90, добредојде и од мене на форумот. Јас сум голем симпатизер на Јеховините сведоци, иако не сум убеден во нивното учење. Сепак мило ми е што се приклучи на форумов и се надевам дека ќе можеме да размениме некои мислења и ставови околу верата.
А што ќе кажеш за титулите „Алфа и Омега“, „Почетокот и Свршетокот“, „Првиот и Последниот“? Дали се тоа титули на Бог или може и друг да ги има? Тој „некој“ што тврди дека Исус е Бог е Библијата т.е. Божјиот свет Збор.
Како е „Господ“ на грчки и еврејски? Како е „Господар“ на грчки и еврејски? Не велам дека нема разлика, но кој сме ние да кажуваме дека Кириос на едно место значи Господ, а на оние места ккаде што е во релација со Исус значи Господар. Тоа е класично прилагодување на Божјиот збор согласно човековата теологшка догма.
Тоа не го вели Библијата.
Не е воопшто логично. Ако тоа бил Исус апостолот Јован јасно ќе кажел дека тоа е Исус или пак би искористил некоја од познатите титули на Осус . Три стиха потоа (Откровение 12.10) Јован го спомнува Исус како „Помазаникот“, следниот стих вели „Јагнето“. Вторава титула, на пример, Јован ја спомнува 22 пати во Откровението. Не гледам логика во тоа Јован да го енкриптира името на Исус во Михаел, особено ако нема дадено објаснување за тоа било во неговите посланија (или евнагелие), било во другите свети списи. Многу пологично е да веруваме дека Михаел е друга личност на Небото, архангел со висок ранг, некој што управува со ангелите, а сепак е под власта (под рангот) на Христос во небесната хиерархија. Во Библијата има многу оскудни податоци за небесната хиерархија и за небесните суштества и затоа не можеме да измислуваме теологија од она што не е спомнато во Библијата.
Познато ми е дека сведоците не Го признаваат Светиот Дух како личност, туку само како Божјата активна СИЛА и најчесто го споредуваат со струја (илустрацијата со струјата и вентилаторот ) Но, во оваа насока, сакам да ти поставам неколку прашања Ник: Дали една струја може да се ожалости? "И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!" (Ефесјани: 4:30) Дали една струја може да воздивнува? "но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки." (Римјаните 8:26) Дали една струја може да одлучува? "Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи" (Дела 15:28) Дали една струја може да сведочи? "Освен што Светиот Дух ми сведочи, во секој град, велејќи дека ме чекаат окови и маки." (Дела 20:23) Дали една струја може да испитува? "А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини." (1 Коринтјани 2:10) Дали една струја може да поседува знаење? "Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Светиот Дух" (1 Коринтјани 2:13) Дали една стрја може да комуницира, да зборува преку пророците, преку христијаните, да ни зборува во молитва, да забранува, да дозволува итн. Дали една струја, енергија, сила и сл. може да поседува знаење, разум, емоции? Се надевам дека на овие реторички прашања секој здраворазумен човек ќе одговори со катгегорично НЕ. Тоа се атрубити на личност. Робот или компјутерот можат да поседуваат знаење и информации, но не можат да поседуваат разум и чувства. Светиот Дух ги поседува овие атрибути, затоа тој не е ниту робот, ниту машина, ниту струја, туку Тој е личност - Бог.
А со која година има врска? Со 1914? Со 1915 1918, 1925, 1975 или 1989 година? Зарем не ви се доволни овие погрешни пророштва за да сфатите дека Стражарската кула не е Божји пророк на земјава? |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Eve eden Jehovin svedok, shukjur...dobredojde na forumot NikBT90 Se nadevam deka ke imame konstruktivni diskusii. Pozdrav! Изменето од KINGDAVID - 21.Март.2010 во 18:33 |
||||||||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |