IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Великиот Пост - синаксар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Великиот Пост - синаксар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 03:15
Tetratka, spored toa kako gi postavuvash uslovite za objasnuvanje... deka treba da se otfrlat opshtoprifatenite kategorizacii, normi, terminologii, logiki i t,.n., a namesto niv da se usvojat novi, koi se specijalno kreirani i podatni za dokazhuvanje na teoloshkata doktrina, izlaga deka za opravduvanje i objasnuvanje na teologiata mora chovek da se zboguva od opshtousvoenite chovechki normi.

Pa, na toj nachin bilo koe veruvanje i teologija mozhat samite sebe potpolno da se dokazhat. I ne samo tie, tuku jas i ti mozheme da si napravime kolku sakame doktrini koi so posebno razrabotena logika i terminologija kje bidat 100% potpolni i samoizdrzhani, iako mozhebi megjusebno kje bidat 100% kontradiktorni.

Ne znam zoshto togash se kritikuva Islamot, Hinduizmot, Budizmot i site drugi religii i veruvanja? Ako barash nekakov eksluziven kriterijum za sebe, togash treba da go dozvolish istoto i za site drugi.

A togash se postavuva prashanjeto - kakva logika pravi seto toa ako ne mozheme da vrshime sporedba so eden reperen opshtoprifaten sistem? Po kakva osnova kje se kvantificira, valorizira i verificira bilo koja doktrina? Na osnova na shto tvrdish deka tokmu tvojata vera e podobra od drugite koga ne dozvoluvash da bide sporedena spored zaednichki kriterijum so ostanatite?



Изменето од Messenger - 21.Февруари.2010 во 03:54
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:33
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Како што постојат личности кои веруваат дека по Божјо внушение (сугестија) напишани се доста работа, односно дека се боговдахновени - истото може да се каже и за ова... значи тоа не претстаува “буквализам“ а реална духовна мистичка состојба...

Значи Божјото откровение или Божјата енергија не застанува само на Библијата - односно Бог не се ограничува само на Библијата
 

Dali po ovaa analogija mozheme da kazheme deka Don Kihot, ubedlivo najvrvnoto knizhevno delo dosega, ne mu bilo `vdahoveno` od Boga na Servantes ( temata i analizata e univerzalna - site se `borime so nashiot zamislen nepriajtel`...), ili Moonlight Sonata na Bethoven ?

Изменето од Marko sk - 21.Февруари.2010 во 02:01
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:25
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

E pa, otvori i ako napravish dobar voved kje soberesh povekje zainteresirani diskutanti.

Vaka otvori povekje prashanja otkolku shto dade odgovori... ne mi pochnuva so prashanjata oti se plasham deka kje izgubish volja da otvarash nova tema.
Во прашањата се состои одговорот, бидејќи во овој случај не може да се одговори просто со Да за ДА или не за Не,
 
Ако станува збор за мене тогаш да е Да - но тоа кај тебе може да предизвика сомнеж или тоа “Да“ да биде “НЕ“...
 
ете тука се наметнува проблемот за “верата“ ... која како и во што и зашто верува...
 
затоа викам дека не може да има Схоластика - схоли “рацио“ граница, систематизација, “правила“, форма и ред други работи за некои “лични проблеми“; зашто во времето во кое живееме она што за еден е црно - за друг е бело; и обратно...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:16
E pa, otvori i ako napravish dobar voved kje soberesh povekje zainteresirani diskutanti.

Vaka otvori povekje prashanja otkolku shto dade odgovori... ne mi pochnuva so prashanjata oti se plasham deka kje izgubish volja da otvarash nova tema.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 23:53
Месс за овој проблем треба де се отвори една сериозна тема за “боговдахновеноста“ онака со задлабочена аргументирана дискусија...
 
За тоа како и каде и кога дејствува Бог и сл. ...
 
Ветувам дека кога ќе имам повеќе време во иднина ќе отворам и таква тема со убав вовед и добар повод за дискусија... но сепак за тоа треба да има повеќе сериозни членови. Тие дискусии заслужуваат повеќе внимание...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 23:50
Како што постојат личности кои веруваат дека по Божјо внушение (сугестија) напишани се доста работа, односно дека се боговдахновени - истото може да се каже и за ова... значи тоа не претстаува “буквализам“ а реална духовна мистичка состојба...
 
Интересно е на пример тоа што ете конкретно св. Јован Златоуст може да го видиме на многу икони како до него стои св Јован Богослов и му дошепнува на уво...
 
Апостол Павле бил вознесен до третото небо... како што кажува: “со тело ли, не знам - Бог знае; без тело ли, не знам - Бог знае...“ и многу други подобни случаи...
 
Значи Божјото откровение или Божјата енергија не застанува само на Библијата - односно Бог не се ограничува само на Библијата (имаме убава тема за ова...) - но сепак Библијата е краен авторитет по основните принципи на Богооткровенските вистини и етосната структура на Црквата...
 
значи ништо што е таму не е надвор од Библијата (нормално - кој како го разбира - за некој нешто е идол, за другиот - не; за некој една заповед означува една работа, за друг истата заповед сосем друга - значи овој проблем е проблем на толкување и личен опит) или противоречно со неа... зборувам за доктрината во целост а не за морално етичките форми на определени членови...
 
 
Затоа месс судејќи според многу настани слободно може да кажеме дека овие композиции индирекно се глас на тоа што се претставува есхатолошки во времето...
 
Овие работи се многу подобри за разговор во живо бидејќи така подобро се чуствува дијалошката форма а и начинот на дискусија во живо за овие проблеми е многу попријатен... вака кога се обидуваш да пишуваш ти бегаат многу мисли и дуквите те дефокусираат... иако за некој друг тие значат многу...
 
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 23:30
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata.




Ако судиме така тоа е случај буквално со се` зашто Христос ништо не напишал со Своите раце...
 

Интересно е како човек живее за да има таква визија и така да е мотивиран па да пишува такви стихови...


Ostav go sega Isus na strana... govorime za avtorite na ovie himni koi vo zanesot na svojata inspiracija stavaat konkretni zborovi vo ustite na Bogorodica i angelite.

Se nadevam deka ne sakash sega da stavish ravenstvo megju Isus i ovie avtori, pa ako Isus neshto rekol i smetame deka toa e verodostojno, togash po nekakov avtomatizam i site onie koi veruvaat vo Hrisitjantvoto pishuvaat verodostojni dela.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 19:46
Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Постев оваа недела, денес бев да се причестам.
Чувството беше прекрасно, продолжувам со постот и понатаму... и со храна и духовно ...!!!   
     
Секој духовен обид е за поздравување и причинува радост бидејќи човекот преку обидот се стекнува со духовни добродетели и така започнува да се запознава себе си и да ги љуби ближните и сиот свет...  
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 19:44
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata.
Ако судиме така тоа е случај буквално со се` зашто Христос ништо не напишал со Своите раце...
 
Интересно е како човек живее за да има таква визија и така да е мотивиран па да пишува такви стихови...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 19:12

Постев оваа недела, денес бев да се причестам.
Чувството беше прекрасно, продолжувам со постот и понатаму... и со храна и духовно ...!!!   
     
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 18:00
Znachi, spored objasnuvanjeto, onie delovi kade shto govorat angelot i Bogorodica ne se navistina izrecheni zborovi, tuku se rezultat od nekakva duhovno-poetska inspiracija na avtorot koj ja napishal himnata.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:38
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

 
Синаксарот (во случајов) е поучително четиво што ја објаснува смислата и целта на празникот или самиот ден.
 
 
Значи од содржината во случајов Синаксарот дава една историска критика и кратка поука за празникот или некој настан... во поширок смисол Синаксар може да означува и “собрание“, односно причина за дискусија на некоја тема...
Кога во некој манастир игуменот одржува синаксар, ако тоа се преведе на современ јазик слободно може да се каже дека се работи за трибина, односно игуменот беседи. Тој или некој со некако повод одржува “лекција“ за одреден проблем...
 
Но најчесто Синаксар претставува она четиво што се чита во храмот за време на утрената богослужба после 6-та песна од канонот.
 
“Канон“ е најкратко и “најсветовно“ односно секуларно кажано “песна“ со девет главни строфи “ирмоси“ и уште неколку други...
 
Значи тука го имаме Покајниот канон на св. Андреј Критски. Од него може да се разбере што пртставува канон на “утрена богослужба“.
 
Во поширок смисло канон претставува нешто многу поразлично - како правилник или “мерка“ ако станува збор за основата на етосната структура на овој термин...
 
Постои “Библиски канон“; “Новозаветен Канон“; “Канони на Црквата, односно Црковни канони“; “Богослужбени канони“ и сл. ...
 
Во еден определен случај односно скоро во сите случаи “канон“ означува “МЕРКА“ -или најпросто кажано - НЕКАКОВ РЕД - односно тука се работи за некои правила а не безредие или “импровизација“...
 
 
 
 
Акатист е исто така химнографска творба која содржи строфи кој во себе имаат “радосна, благодарствена форма“ и е посветена на некој настан или светител... Најстар акатист е Богородичниот; ако не се лажам во моментов мислам дека беше напишан или во 4 или 6 век. (не е тешко да се провери)
 
Зборот “Акатист“ во груб превод би означувал “неседален“ односно кога ова се чита не се седи во храмот а се стои простум (исправен). Затоа самиот збор може да се преведе на неколку различни начини и затоа во слуќајот важна е суштината на формата а не буквализмот.
 
 
Би се радувал на овие теми да се отвори подлабока дискусија а не онака неаргументирано да се судиме кој како и колку постел или дали треба или не да се пости...
 
тоа се лучни работи и прашање на вера затоа не е убаво човек неаргументирано да се замара со дефинирање на една за него непозната личност (како што сите ние на форум пишуваме со некакви никови (маски - тајни имиња - лажна личност - односно форма)....) затоа и правилата на форумот укажуваат на тоа дека не треба да се замараме со членовите и да се навредуваме, а со темите и нивната “суштинска“ дискусија...
 
Е сега ја често пати го прекршувам тоа што тука сега го пишувам, но тоа е тоа... секој се бори со себе си на различни начини...
 
Постот е “причина“ повеќе или период кога човек треба да се стреми кон совршенство... (нормално кај секоја личност тоа е различно според неговата вера и неговиот личен и слободен начин и право на избор... тука он не е ограничен а избира сам)
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 17:00
Tetratka, bidejki imame chlenovi koi ne se femilijarni so crkovnata terminologija, dobro bi bilo da objasnish shto znachi sinaksar i akatist.

Isto taka, toa kje dade objasnuvanje i za onie postirani delovi kade shto se naveduvaat angeli i Bogorodica so nivni konverzacii. Sigurno ima chlenovi shto mislat deka toa se verodostojni citati koi nekogash bile navistina izgovoreni od posochenite likovi.

Изменето од Messenger - 20.Февруари.2010 во 17:56
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 15:52

АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Кондак I, Глас 8

 Тебе, Богородице, поборнице - војвотко, ние Твоите слуги, откако се избави-вме од зло, Ти пееме победна и благо-дарствена песна. Ти имаш непобедлива сила, ослободи нѐ од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна.

I Статија
Икос 1

 Ангелот претставител беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господе, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и ѝ велеше вака:
 Радувај се, од Тебе ќе изгрее радоста; радувај се, преку Тебе ќе исчезне клетвата!
 Радувај се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радувај се, преку Тебе Ева се избави од солзи!
 Радувај се, височино, тешко достижлива за човечката мисла; радувај се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува!
Радувај се, зашто си царски престол; радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сѐ!
 Радувај се ѕвездо што Го навестуваш сонцето; радувај се, утробо на божественото овоплотување!
 Радувај се, преку Тебе се обновува созданието; радувај се, преку Тебе се поклонуваме на Творецот!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак II

 Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!

Икос II

 Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака:
 Радувај се, тајнице на неискажливата светлина; радувај се, тивка веро на оние што се молат!
 Радувај се, Ти си почеток на Христовите чуда; радувај се, Ти си основа на Неговите вистини!
Радувај се, лествицо небеска, по која Бог слезе; радувај се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото!
 Радувај се, чудо преславно за ангелите, радувај се, Ти си најстрашен пораз на демоните!
 Радувај се, зашто неискажливо ја роди светлината; радувај се, зашто никому не кажа како стана тоа! Радувај се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радувај се, Ти го озаруваш умот на верните!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак III

 Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне и нејзината добро-плодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да пожнеат спасение и да пеат вака: Алилуја!

Икос 3

 Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица:
 Радувај се, вејче, од неувенлива гранка; радувај се, Ти си плод бесмртен!
 Радувај се, Ти го роди Човекољубецот; радувај се, Ти го роди Сејачот на нашиот живот!
 Радувај се, ниво изобилна и плодородна; радувај се, трпезо на изобилно очистување!
 Радувај се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радувај се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите!
 Радувај се, пријатно молитвено кандило; радувај се, чистителко на целиот свет!
 Радувај се, Божјо благоволение кон смртните; радувај се, смелост на смртните кон Бога!
 Радувај се, Невесто неневесна!

Кондак IV

 Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се намурти кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: Алилуја!

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,343 секунди.