|
Дали сте среќни? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Vcera me zatekna prasanjeto koe go postavi brat spiros vo ovaa anketa. Se smetam sebesi za srekjen covek,imam dobro zdravje,dobri prijateli, a toa e najvazno. Imam profesija koja me ispolnuva, verbata vo BOG mu dava smisla na mojot zivot i me pripremi za teskite godini koi dojdoa podocna. Poslednite nekolku godini vo mojot zivot bea najteski dosega. Toa ni na najgolemiot dusman ne bi mu go posakal da mu se sluci od seto toa sto go doziveav. Gi izgubiv dvajcata roditeli vo relativno kratko vreme, eden po drug i toa e seuste sok za mene.Bolnici, brza pomos, doktori, infuzii,operacii, i na krajot dojde neumoliviot, neprijatelot smrt. Pogrebi,zalost i neizmerna taga vo relativen kratok period. Se custvuvav kako Bibliskiot Jov. Site nevolji se srusija vrz mojata familija, iako , fala mu na Boga mene licno nisto ne mi se sluci. Nekolku godini se grizev za moite roditeli nemajki vreme za sopstveniot zivot, ja zapostaviv karierata i licniot zivot, obiduvajki se da im gi olesnam kolku sto mozam povekje makite. Ja citav Biblijata sinokja i dolgo razmisluvav pod molitva tokmu na ovaa tema. Imeno, site imame i ubavi i neubavi momenti vo zivotot i ponekogas sme nesrekni, pa duri i deprimirani. Nam ni treba nekoj vo tie momenti da ni pomogne ispravno da gledame na nasata situacija i na problemite koi gi imame. Koj moze da ni pomogne? Preku Svoeto Slovo, Biblijata, BOG mi stana grizliv Sovetnik i Pomosnik. Taa Sveta Kniga ni otkriva zosto ima tolku mnogu stradanja i kako mozeme da gi podneseme. Isto kako sto eden tatko so ljubov mu pomaga na svoeto malo detence sto padnalo i se povredilo,taka i BOG mene mi pomaga vo ovie teski momenti. Navistina, Bozjata raka ne e prekratka kon onie sto pokazuvaat vera vo Nego. (Isaija 59:1). BOG ja pokazuva svojata ljubov kon nas i so toa sto ni gi slusa molitvite( Psalm 65:2). Zosto go velam ova? Vo Filipjanite 4:6,7 pisuva: " Za nisto ne grizete se,tuku vo SE preku molitva i molba so blagodarnost izjavuvajte gi pred Boga svoite baranja, i mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um, ke gi zapazi vasite srca i vasite misli vo Isusa Hrista." Ako iskreno mu se molime na BOG i ako go sledime vodstvoto sto ni go dava preku svojata Rec, Biblijata, togas mozeme da go imame "mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um,ke bide zacuvano naseto srce i nasite misli vo Isusa Hrista" . AMIN! Jas sum sreken covek zatoa sto imav verba vo BOG dolgo vreme pred da se slucat tie raboti vo mojot zivot,sreken covek sum zatoa sto se uste imam verba vo BOG i taa me odrzuva da odam napred. P.S.Izvinete na predolgiot post , no bev razbranuvan sinokja emotivno i se preispituvav sebesi. |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петоков што измина, кога мислев дека ги свршив сите работи за неделава и се спремив да си одам дома, дојде еден мој предпоставен и ме замоли да останам уште околу половина час како би му свршил една работа.
Бидејќи веќе бев спремен да си одам, малку ме онерасположи ова изненадно барање, но го прифатив. Кога си возев накај дома - на истото место кадешто досега двапати сум имал “несреќен случај“ - видов една невообичаена глетка. Пастир со неколку стотини овци! Веднаш се исклучив од сообраќајот кој тече од 80 - 120 км/н и му се приближив. Го прашав дали смеам да му “сметам“ малку. Тој ми дозволи да му пријдам, уверувајќиме и ослободувајќиме дека неговите две овчарски кучиња нема да ми сторат ништо. Температурата беше нешто над нулата, а врнеше дожд. Неговите раце беа многу потопли од моите. Две кучиња, две магариња (натоварени со шатор и други “ситници“ за живот) и над пестотини овци, стоеше на дожд еден пастир со топли раце и нежен поглед од кого зрачеше нешто прекрасно. Ми кажа дека вечерта ќе спие во блиската шума и дека така тој живее во шатор од ноември до март, селејќисе од шумичка до шумичка, од пасиште до пасиште . Човекот зрачеше еден таков мир, среќа и задоволство, што воопшто и не беше потребно да се праша дали е среќен, но на прашањето (со за него типичната насмевка) тој одговори: Да, да! Некаде на 5 километри од куќата кај што јас живеам, таа ноќ спиеше во шатор еден видно среќен човек, а јас морав постојано да мислам на него. Утредента (саботата) - “наоружан“ со фотоапарат и велосипед - го барав да го најдам на една патека од 10тина километри, но без успех. Кога резигниран дојдов дома, што ќе видам ?! Среќниот пастир беше буквално пред мојата врата и ми кажа дека оваа вечер ќе спие во ближната шумичка (500 метри од мене). Се понудив да дојде кај нас, да се згрее, одмори, ... но тој беше потполно задоволен и му беше поважно да биде со своите овци. Денес наутро пак го сретнав на пасиште и му се понудив ако сака да се изтушира, а тој со прекрасна насмевка, задоволство и видна среќа ми кажа дека за него е се во најдобар ред и дека март не е толку далеку. Пред да се стемни - на 2 километри од мојата куќа - пак го сретнав СРЕЌНИОТ човек. Тој се спремаше за спиење. Сега најверојатно мирно спие мојот среќен 55 годишен пријател, со две куќиња, две магариња и над 500тини (туѓи) овци! Браќа, сестри, пријатели ... ве прашувам најљубезно нешто што мие многу важно: Дали сте среќни? Поздрав до сите и БОЖЈИ Благослов до сите п.с. Мојата единсвена среќа е Милоста БОЖЈА, а без неа сум (можеби) најнесреќниот и очајниот човек на овој свет! Изменето од spiros - 07.Февруари.2010 во 23:57 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |