Испечати | Затвори го прозорот

Дали сте среќни?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21709
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 23:38
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Дали сте среќни?
Постирано од: spiros
Наслов: Дали сте среќни?
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 23:04
Петоков што измина, кога мислев дека ги свршив сите работи за неделава и се спремив да си одам дома, дојде еден мој предпоставен и ме замоли да останам уште околу половина час како би му свршил една работа.
Бидејќи веќе бев спремен да си одам, малку ме онерасположи ова изненадно барање, но го прифатив.
Кога си возев накај дома - на истото место кадешто досега двапати сум имал “несреќен случај“ - видов една невообичаена глетка. Пастир со неколку стотини овци!

Веднаш се исклучив од сообраќајот кој тече од 80 - 120 км/н и му се приближив. Го прашав дали смеам да му “сметам“ малку. Тој ми дозволи да му пријдам, уверувајќиме и ослободувајќиме дека неговите две овчарски кучиња нема да ми сторат ништо.

Температурата беше нешто над нулата, а врнеше дожд. Неговите раце беа многу потопли од моите. Две кучиња, две магариња (натоварени со шатор и други “ситници“ за живот) и над пестотини овци, стоеше на дожд еден пастир со топли раце и нежен поглед од кого зрачеше нешто прекрасно.
Ми кажа дека вечерта ќе спие во блиската шума и дека така тој живее во шатор од ноември до март, селејќисе од шумичка до шумичка, од пасиште до пасиште .

Човекот зрачеше еден таков мир, среќа и задоволство, што воопшто и не беше потребно да се праша дали е среќен, но на прашањето (со за него типичната насмевка) тој одговори: Да, да!

Некаде на 5 километри од куќата кај што јас живеам, таа ноќ спиеше во шатор еден видно среќен човек, а јас морав постојано да мислам на него.

Утредента (саботата) - “наоружан“ со фотоапарат и велосипед - го барав да го најдам на една патека од 10тина километри, но без успех. Кога резигниран дојдов дома, што ќе видам ?! Среќниот пастир беше буквално пред мојата врата и ми кажа дека оваа вечер ќе спие во ближната шумичка (500 метри од мене). Се понудив да дојде кај нас, да се згрее, одмори, ... но тој беше потполно задоволен и му беше поважно да биде со своите овци.
Денес наутро пак го сретнав на пасиште и му се понудив ако сака да се изтушира, а тој со прекрасна насмевка, задоволство и видна среќа ми кажа дека за него е се во најдобар ред и дека март не е толку далеку.

Пред да се стемни - на 2 километри од мојата куќа - пак го сретнав СРЕЌНИОТ човек. Тој се спремаше за спиење. Сега најверојатно мирно спие мојот среќен 55 годишен пријател, со две куќиња, две магариња и над 500тини (туѓи) овци!

Браќа, сестри, пријатели ... ве прашувам најљубезно нешто што мие многу важно: Дали сте среќни?

Поздрав до сите и БОЖЈИ Благослов до сите

п.с. Мојата единсвена среќа е Милоста БОЖЈА, а без неа сум (можеби) најнесреќниот и очајниот човек на овој свет!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Коментари:
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 17:20

Vcera me zatekna prasanjeto koe go postavi brat spiros vo ovaa anketa. Se smetam sebesi za srekjen covek,imam dobro zdravje,dobri prijateli, a toa e najvazno. Imam profesija koja me ispolnuva, verbata vo BOG mu dava smisla na mojot zivot i me pripremi za teskite godini koi dojdoa podocna.

Poslednite nekolku godini vo mojot zivot bea najteski dosega. Toa ni na najgolemiot dusman ne bi mu go posakal da mu se sluci od seto toa sto go doziveav. Gi izgubiv dvajcata roditeli vo relativno kratko vreme, eden po drug i toa e seuste sok za mene.Bolnici, brza pomos, doktori, infuzii,operacii, i na krajot dojde neumoliviot, neprijatelot smrt. Pogrebi,zalost i neizmerna taga vo relativen kratok period. Se custvuvav kako Bibliskiot Jov. Site nevolji se srusija vrz mojata familija, iako , fala mu na Boga mene licno nisto ne mi se sluci.

Nekolku godini se grizev za moite roditeli nemajki vreme za sopstveniot zivot, ja zapostaviv karierata i licniot zivot, obiduvajki se da im gi olesnam kolku sto mozam povekje makite.

Ja citav Biblijata sinokja i dolgo razmisluvav pod molitva tokmu na ovaa tema.

Imeno, site imame i ubavi i neubavi momenti vo zivotot i ponekogas sme nesrekni, pa duri i deprimirani. Nam ni treba nekoj vo tie momenti da ni pomogne ispravno da gledame na nasata situacija i na problemite koi gi imame.

Koj moze da ni pomogne? Preku Svoeto Slovo, Biblijata, BOG mi stana grizliv Sovetnik i Pomosnik. Taa Sveta Kniga ni otkriva zosto ima tolku mnogu stradanja i kako mozeme da gi podneseme. Isto kako sto eden tatko so ljubov mu pomaga na svoeto malo detence sto padnalo i se povredilo,taka i BOG mene mi pomaga vo ovie teski momenti. Navistina, Bozjata raka ne e prekratka kon onie sto pokazuvaat vera vo Nego. (Isaija 59:1).

BOG ja pokazuva svojata ljubov kon nas i so toa sto ni gi slusa molitvite( Psalm 65:2). Zosto go velam ova?

Vo Filipjanite 4:6,7 pisuva: " Za nisto ne grizete se,tuku vo SE preku molitva i molba so blagodarnost izjavuvajte gi pred Boga svoite baranja,

i mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um, ke gi zapazi vasite srca i vasite misli vo Isusa Hrista."

Ako iskreno mu se molime na BOG i ako go sledime vodstvoto sto ni go dava preku svojata Rec, Biblijata, togas mozeme da go imame "mirot Bozji, sto nadvisuva sekoj um,ke bide zacuvano naseto srce i nasite misli vo Isusa Hrista" . AMIN!

Jas sum sreken covek zatoa sto imav verba vo BOG dolgo vreme pred da se slucat tie raboti vo mojot zivot,sreken covek sum zatoa sto se uste imam verba vo BOG i taa me odrzuva da odam napred.

P.S.Izvinete na predolgiot post , no bev razbranuvan sinokja emotivno i se preispituvav sebesi.

Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Февруари.2010 во 17:28
Нормално ,несекогаш сум среќен.тага

-------------

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Февруари.2010 во 18:09
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Сочуствувам со тебе, брате Давиде!

Милоста БОЖЈА - Христос - со тебе, со сите твои блиски и далечни, без разлика каде да се наоѓаат сега!

АМИН      

Originally posted by емил емил напиша:

Нормално ,несекогаш сум среќен.тага

Емил, што мислиш: може ли нашата “несреќа“ всушност да е наша среќа?

Денес (15ти март 2010) повторно ми стана јасно дека воопшто не сум свестен колку сум среќен.

Синоќа мојата жена му правеше роденденски колачиња на мојот син. Ги затекнав во кујната кога ги изброаја 22 колачиња. 21 ученик + 1 учител.

Утрово касневме за на работа и школо (ќерками на воз). Брзајќи сакав да претекнам еден “спор“ камион кој испадна дека воопшто не бил спор. Влегов во макази и - БОГУ Фала - среќно излеговме.

Околу 10 часот и 20 минути утрината, морав на акупунктура. На првата раскрсница до фирмата патот ми го “прекрсти“ еден камион од истата фирма - која не баш толку често се гледа - поради кој(а) пред 4 години морав да кочам баш на местото кадешто го сретнав среќниот пастир од уводниот пост.

Мојот син вечерва - додека игравме шахче - ми кажа дека утредента учителката ќе ги части колачи бидејќи таа има роденден. Ако не е родена после зајдисонце на 16ти март, тогаш (библиски гледано) тие се родени на истиот ден.

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 00:08

Blagodaram brate spirose, moli se za mene

Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2010 во 00:19
Originally posted by spiros spiros напиша:

Емил, што мислиш: може ли нашата “несреќа“ всушност да е наша среќа?

Неможе.Нема како, кога ти се случуваат лоши работи ти да си мислиш ќе тоа е почетокот на нешто ново и убаво..........

-------------

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Февруари.2010 во 22:33
Според тебе: неможат ли трње да родат мирисни рози?

Неможе ли Крвта Христова да ја победи смртта?

Шалом

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Постирано од: deshad
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 23:16
Мојата среќа е нецелосна. Елхамдулиллах ( Фала му на Бога), со семејството речиси ги поседувам сите благодети кои ни се неопходни, но, од друга страна сочувствувам и се трудам колку што можам да им помогнам на оние несреќните кои што ги немаат основните права за егзистенција.

-------------
"Ако питаш који сам странац, поносно кажем:ЈА САМ БОСАНАЦ!"

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Февруари.2010 во 23:35
Така е, драг дешаде! Секој кој Ја следи ЉУБОВТА БОЖЈА (Христос), нему сопствената среќа, сопствениот стомак (или подстомак) не му е најважното во животот!

Ти посакувам тебе и на сите луѓе: БОГ да ја умножи среќата!

АМИН

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 15:28
Што е среќа? Да чувствуваш или да бидеш среќен.

Во принцип гревот никогаш не може да ти го даде она што ти го нуди- да ја задоволи жедта на човековата душа. Во гревот човекот може да чувствува среќа но не и да биде среќен. Не е исто да чувствуваш среќа и да бидеш среќен. Чувството на среќа колку и да биде силно и возвишено никогаш не може да ја задоволи туку само да ја загуши жедта на човековата душа. Таа може само да ја потисне свеста за внатрешното незадоволство, но не и да го отстрани.

       Ние секогаш сакаме да ја задоволиме желбата на своето срце со пријатни доживувања. Обидот на човекот да ја задоволи желбата на своето срце со пријатните доживувања е исто толку бесмислено колку обидот на жедниот човек да ја задоволи својата жед така што би се поливал со кофа со ладна вода. Чувството на влажен и мокар ниту има функција да ја задоволи човековата жед, ниту тоа може да го постигне.

       Како што дарот зборува за дародавецот, така и чувството на влажен и мокар само кажува дека станува збор за вода. Но водата треба да ја пиеш, а не само да ја чувствуваш дека е мокра. Чувствата на среќа можат да зборуваат за Бога но не и да Го заменат.Со ова не сакам никој да убедувам дека неговите чувства на среќа не би можеле да бидат длабоки и возвишени.Да претпоставиме дека човекот преку телесните уживања или преку религиозниот систем остварил блажено чувство на среќа. Но и покрај тоа што го има тоа блажено чувство тој и понатаму во својата суштина е несреќен. Тоа ги поокажува неговите побуди. Тој и понатаму е себичен. Тој и понатаму ја бара среќата. Да е среќен среќата не би ја барал туку би ја давал.Би ја изразувал во својот живот. Тоа што во неговиот живот го работи би го работел затоа што е среќен а не за да биде среќен. Наместо со себичност би бил покренат со права несебична љубов. Растеретен од внатрешните незадоволства тој веќе не би бил оптеретен со прашањето како се чувствува. Туку би бил слободен да одговори на животните потреби на другите луѓе.

      Човекот кој во својата суштина е незадоволен не само што го бара она што го нема- а тоа е среќата, туку го дава тоа што го има-а тоа е несреќата.

      Таблетите против болка не го отстрануваат причинителот на болеста туку само симптомот. Тие некогаш имаат мобни последици затоа што го задржуваат човекот во состојба на самозадоволство и привидна сигурност. Пациентот може да биде премногу задоволен од услугата на својот лекар. Тој може искрено да изјави дека веќе не чувствува болки, а воопшто да не биде свесен за својот внатрешен процес на распаѓање. Исто така човек може да биде задоволен со својата духовна состојба, а да е во потполност несвесен за својата духовна изгубеност. Критериуми за телесната и за духовната благосостојба не се чувствата. Потребно е да уклучиш разумни критериуми.

      На духовен план Законот е оној со кој ја проверуваме состојбата во која се наоѓаме. Без Законот човекот не е свесен за своите духовни потреби, Туку само за своите оптеретувања и чувства. На човекот тогаш му пречат само последиците од направениот грег а не гревот сам по себе.Тој човек е жеден за опојно вино наместо за водата на живото.

-------------
www.myspace.com/sblagoj

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2010 во 17:12
Originally posted by deshad deshad напиша:

Мојата среќа е нецелосна. Елхамдулиллах ( Фала му на Бога), со семејството речиси ги поседувам сите благодети кои ни се неопходни, но, од друга страна сочувствувам и се трудам колку што можам да им помогнам на оние несреќните кои што ги немаат основните права за егзистенција.

Togash nema nikogash da bidesh celosno srekjen.

Sochuvstvoto i milosrdieto se za pochit, no tie ne treba da se pravat za da se pochuvstvuvame NIE posrekjni. Togash tie se praveni od nekakva korist (religijska, ekonomska, nacionalna, politichka...) ili prelest (tapkanje po sopstvenoto Ego). Sochuvstvoto i milosrdieto izviraat samo od Ljubovta i tie ne se upatuvaat edinstveno kon onie koi go spodeluvaat nasheto veruvanje, koi se od nashata nacionalnost i rasa, nitu pak se pravi za nashe lichno zadovolstvo.

Tie mozhat da koincidirat so toa, no TOA ne e sushtinata i celta.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 25.Февруари.2012 во 12:30
Се трудам да бидам , ама се некои пречки ми стојат на патот.

-------------

Постирано од: FosterThePeople
Датум на внесување: 25.Февруари.2012 во 12:39
Среќен сум.

-------------
I just wanna feel real love.

Постирано од: zoranjanev1
Датум на внесување: 18.Март.2012 во 20:43

Јас сум среќен кога сите души се среќни.

Ако макар една душа не е среќна, ни јас не можам да бидам среќен.

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 18.Март.2012 во 23:26
.

Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

Јас сум среќен кога сите души се среќни.

Ако макар една душа не е среќна, ни јас не можам да бидам среќен.

.

Одсрце ти посакувам твојата среќа БОГ да ја направи Совршена!

Originally posted by Mindy Mindy напиша:

Се трудам да бидам, ама се некои пречки ми стојат на патот.

.

Ах, кога розите со сопствениот мирис го опиваат срцето, тоа ги заборава и трњето и раните.

Ти посакувам срцето секогаш со надприродниот мир и среќа да ти биде опиено!

.

.

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Постирано од: spiros
Датум на внесување: 22.Декември.2012 во 13:35

Повеќе од секоја - врз човечки мисли и чувства градена - радост и среќа, е Блаженството Кое што го дарува Милоста БОЖЈА (Христос)!

Безкрајно повеќе!

http://www.youtube.com/watch?v=r1nNdTyDZEs" rel="nofollow - Oh Happy Days

Одсрце на сите луѓе им посакувам да бидат среќни и дури повеќе од тоа!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk