|
Празници (имендени, слави) и празнувања |
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Честит Национален ден на Власите-на сите: 100%, половинка, четвртинка, осминка, шеснајтинка Власи (па дури и на оние кои се пишаа Власи за рамковно полесно да се вработат.)
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Честит празник на сите кои слават Ѓурѓовден. |
|
revoltirana
Нов член Регистриран: 12.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
HRISTOS VOSKRESE - VISTINA VOSKRESE
Neka ni e za mnogu godini ovoj ubav den! Da go slavime dolgo godini srekni i veseli, vo blagosostojba! |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Распет Петок ...најтежок празник!
Велики Петок, уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден бил распнат Исус Христос…поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија… Велики Петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји…
според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”… оттогаш, на Велики Петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение… одлука за погубувањето на Христос на Велика среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот), а тој бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Велики петок, по импровизираното судење, Христос бил изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја, кој го предал на народот, кој пак го осудил на смрт… откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”… разбеснетиот еврејски народ кој го барал христовото распнување и смрт извикувал: “Крвта негова на нас и на нашите деца”… потоа, со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”… времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос…потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала… црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се бакнува до денот на неговото воскресение…обичај е на тој ден да се вапсаат велигденски јајца во црвена боја, која со симболичка смисла ја претставува невино пролеаната крв на Христос…
така да според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение… Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце… денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле… Изменето од bijonse1 - 22.Април.2011 во 17:20 |
|
dobrilcho
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 209 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DOBRI DAN... sekoj den e moj imendan oti mojto ime e DOBRI!!!
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Погледнете колку биле креативни 75 годишните пензионери Волкер и Криста Карфт од Германија,тие си го украсиле дрвото во сопствениот двор со 9.800 бојадисани јајца.
Секоја чест за нивната креативност,а вам драги форумџии во посакувам среќни велигденски празници исполнети со радост ,среќа и внимание од најблиските! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велигден низ светот - обичаи и традицијаВелигден е еден од празниците што се слават ширум светот. Оваа
година дури католиците и православните ќе го прослават во ист ден. Па,
да видиме какви обичаи има во неколку земји низ светот и што се прави за
Велигден.
1. Ако живеете во Романија или некогаш одите за
Велигден, тој ден ќе треба да си купите нова облека, за да го обележите
денот како нов почеток и да го заборавите минатото. Односно, како да
почнувате одново со животот во однос со Христовото Воскресение.
2. Во САД овој е еден од празниците што, како и Божиќ, се трошат многу пари. Американците за Велигден ќе ги украсат своите домови со велигденски зајачиња и кошнички со шарени јајца. Еден обичај е интересен за децата, а тоа е криење јајца низ дворот или дома, со што се оди во „лов“ на јајца. Децата ги бараат и треба да ги соберат сите, секако потоа добиваат подарок. 3. Ако сте во Полска, очекувајте да бидете мокри, затоа што на овој ден Полјаците се полеваат со вода. Тоа е еден вид прочистување од гревовите и продолжување со чиста совест. 4. Шведска за Велигден ќе биде обоена во жолто. Поточно, таа боја се смета за традиционална, а јајцата, покрај бојата и за разлика од Американците кај кои заштитно животно е зајакот, во Шведска главна декорација ќе бидат пилињата. 5. Илјадници верници ширум светот ќе заминат за Израел, поточно во Ерусалим, за да го прослават воскреснувањето на Исус. Се пали оган насекаде или, пак, светилки пред секој дом со цел да се означи овој ден. 6. Германците ќе запалат голем оган во недела и ќе јадат јагнешко месо, а ќе се пие исклучиво црвено вино. 7. Во Македонија православните во сабота вечер ќе се соберат пред православните храмови и по светата литургија по полноќ ќе се скршат и првите јајца. Кој ќе победи ќе го земе јајцето на оној што загубил во „битката“ за најсилното јајце. Истата вечер завршува и големиот пост, па сите што постеле ќе седнат да каснат нешто масно, но внимавајте, по толку долг пост, внесување на големо количество масти одеднаш може да ви направи проблем во организмот. Јадете умерено. Уживајте во празникот заедно со
семејството, тоа е најважно! Убав помин на сите за велигденските празници. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денска православните семејства се посветени на
Велики Поклади - ПрочкаЈас такаречи си завршив синоќа сеВечер останува да си речеме- Простими-да ти простам |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислењето е поделено … едни етнолози велат дека обичајот со мартинки потекнува од Римско , а други од Дако Тракиско потекло…во антички Рим новогодишната ноќ била одбележана на 1-ви март ,, Martius,, инаку како месец наречен во чест на богот Марс … богот Марс не бил само бог на војната , туку и земјоделски старател кој се грижел за повторно раѓање на природата…од таму може да се објасни да црвената и белата боја на мртинките иде од боите на војна и мир… Тракијците истотака ја прославувале новогодишната ноќ на 1-ви март во чест на богот Marsyas Silen како пронаоѓач на музичкиот инструмент fluier , а бил исто господар на земиштето и вегетацијата…во поголемиот дел од своето постоење, Тракија била сојуз од неколку племиња, а само кратко време била обединета држава…Во раната антика “Тракија” била земjата во која живееле Тракијците на север до реката Дунав , на исток до Црно Море , на југ до до Егејско Море и на запад до реките Морава и Вардар … денеска називот ,,Тракија ,, ги опфаќа јужниот и југоисточниот дел од Бугарија ( Северна Тракија )…североисточниот дел на Грција ( Западна Тракија ) …. и европскиот дел на Турција ( Источна Тракија ) наречена понекогаш Румелија… бреговите на Тракија ги мијат водите на три мориња…Мраморско Море, Егејското Море , Црното Море …
значи , територијата претежно се простирала на граничните области на денешните Грција, Турција и Бугарија, но нејзината независност или проширување постојано биле предмет на војна со соседите… била дел од Персиската, па и од Римската империја за кратко време, а подоцна била асимилирана од Османската империја раѓање на природата и плодноста на пролет во негова чест… Извадок од нет… цитат /…Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот…како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината… но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет… првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. .. многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и к*ртиј Руф… во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци…од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури… празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители… македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови…современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви…. тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила … и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник – Ксантика… Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува “измивање на душите”, простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души… симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец… од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа “мартинка”, онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот…белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот” Беломорска Македонија”… Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце – симболот на животот… / затворен цитат!!!........ во некои Дако Романи на пролет се прославувала аграрна Нова Година и секогаш пред 1ви март се одбирало еден ден од 1- 09 март и каков ќе биде денот што го одбрал секој таква ќе му биде годината…во некои Дако Романи на пролет се прославувала аграрна Нова Година и секогаш пред 1ви март се одбирало еден ден од 1- 09 март и каков ќе биде денот што го одбрал секој таква ќе му биде годината…на почетокот мартинката била црна бела и се викала ,,јаже на годината,, каде белата боја асоцирала светли денови , лето и раѓање , Господово небо и чистотата … додека црната боја асоцирала на ладни зимски денови , на смртта , на боја на плодна почва , мајка на сите … Земјата…според античка римска традиција црвениот конец т.е. боја означува боја на оган , крв , симбол на животот поврзано со страста со жените , додека белата боја , како боја на победа , боја на снегот , облаците и мудроста на мажите…од таму овие две бои се многу присутни во фолклорот на Дако Романците…кај бугарската мартеница се мисли дека имало корени уште во 7 век , кога бугарскиот хан Asparuhk сакал да испрати порака преку Дунав и писмото го врзал со бел конец за ногата на еден гулаб писмоносец , Византијците го раниле гулабот писмоносец со стрела , но успевајќи да долета ранет и белиот конец размачкан со крв т.е. црвена боја… од 1-ви до 9-ти е ден се деновите на мартинките … недела на жената… и да не заборавите денот на жената 8-ми март… ние сите сме под едно небо… и ќе бидеме секогаш посреќни , подолговечни кога не ќе кажеме МОЕ Е… туку ќе кажеме НАШЕ Е … НА СИТЕ Е… ПРИРОДАТА ПОВТОРНО СЕ РАЃА … ПРОЛЕТТА ЌЕ ДОЈДЕ … НЕКА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА ВО СЕКОЈ ЧОВЕК… САКАЈТЕ СЕ ЛУЃЕ ТОА Е НАЈУБАВО НА СВЕТ !! Изменето од bijonse1 - 03.Март.2011 во 20:31 |
|
Anarhist
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Локација: Vinica Статус: Офлајн Поени: 471 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prekrasno ...
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бадник...06.01.2011 год Изменето од bijonse1 - 06.Јануари.2011 во 22:57 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес е ... Бадник ......
.... А ова е ......Стара коледарска византиска песна.... Изменето од zamislena - 06.Јануари.2011 во 09:45 |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala fala...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |