|
Цркви или амбасади? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па убаво кажа девојката, не во секоја црква е така. Но во некои е НАВИСТИНА така.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не во секоја црква која има мисионери американци е вака. Немој да клеветиш наоколу. Ако ти имаш таков впечаток, не значи дека е тоа така.
Штом некој дошол од Америка, сигурно не е тоа за пропаганда, туку навистина да го шири Евангелието. Пропаганда има доволно, вистина-малку. |
|
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има голема вистина во твојот текст. За жал...Се согласувам по однос на точките кои си ги навела како карактеристики. Секако, не можеме да кажеме дека сите се такви, а сите и не сум имала прилика да ги запознаам, но од она што го имам видено можам да кажам, да така е. Имам по темиве пишувано порано за тоа. Изменето од maria_magdalena - 18.Ноември.2009 во 22:59 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читам и не ми се верува - после секоја реченица се повеќе радосно се смеам, бидејќи Вашите коментари радосно ја “растревожија“ мојата душа...
И јас би сакал да прашам како некој пастор од странските земји има смелост тука кај нас да проповеда што е христијанството и тоа не обично а “изворното“. Таквите “амбасадори на љубовта“ треба да се сетат од каде доаѓаат - од кое место и од која земја, традиција и култура и со која смелост се осмелуваат нас да не учат што е христијанство Луѓето кој секојдневно живеат во мракот на идолопоклонствот, страста и блудот, (слободно можам да кажам Новиот Вавилон) се осмелуваат нас да ни проповеда и да не подучуваат што било христијанството, кој бил Христос и како треба да живееле христијаните... Треба да разберат дека ова парче земја се вика Македонија - тука од 1 век има христијанство... има Црква и христијанска традиција... Затоа на Вашите коментари така многу се израдував а особено ова: “Најчесто се тоа некои американци кои не можат таму да си фатат девојка, па доаѓаат тука на истокот знаејќи дека тука лесно можат да ја ќарат било која од верничките кои се палат по амери.“ п.с. 100% реална вистина... и не само тоа - но многу повеќе од тоа... |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Nya
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 17 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Познавам неколку протестантски "цркви" за кои често се двоумам дали се она што претендираат дека се "цркви" или пак како што на дело се покажуваат (барем во мои очи) дека се амбасади.
Сега ќе објаснам што мислам под називот "амбасади" за овие "цркви" и ме интересира да слушнам ваш коментар што мислите вие за тоа. Сум имала прилика неколкупати да посетам ваква црква-амбасада, а познавам и доста верници кои одат таму, а некои од нив веќе се во земјата која оваа "црква-амбасада" ја претставува. Од моето набљудување на овие цркви и верниците во нив ги донесов следниве заклучоци: (нагласувам дека ова се мои субјективни заклучоци!) Во овие цркви:
* Свештениците им се македонци, но марионети во рацете на светите мисионери.
Свештениците им се официјално поставени македонски пастори, но зад нив конците ги држат мисионерите и ниедна одлука или промена не може да се случи без нивниот "свет благослов". * Спасението не им е Христос, туку визата, пасошот.
* Ветената земја не е Небото, туку Америка.
* Не мечтаат по божјото царство, туку по животот прикажан на холивудските филмови.
* Не сонуваат за спасение на својот народ меѓу кои Бог ги поставил, туку мечтаат по Лос Анџелес, Њу Јорк, Холивуд, Калифорниа, Воундерленд.
* Јазикот им е полн со американизми, што суптилно ја издава "ветената земја" која им е во срцето - Америка. Многумина од нив зборуваат амерички подобро и од американците. Тоа им е мајчинот јазик.
* Спасителот не им е Христос, туку светиот американец/ка на белиот коњ, кој ќе ги спаси од скромната Македонија и ќе ги однесе во светата земја каде владее раскошот и луксузот - Холивудската Америка каде што непрестано тече мед и млеко (Кој бил во Америка ќе рече: Мало морген на ова). Најчесто се тоа некои американци кои не можат таму да си фатат девојка, па доаѓаат тука на истокот знаејќи дека тука лесно можат да ја ќарат било која од верничките кои се палат по амери.
* Многумина од нив сакаат да бидат "мисионери" и да му служат на Бог, ама по можност не тука, туку во Америка. Велат: Мојот повик е во Америка, таму Бог ме повикува да му служам. Замислете Бог повикува протестанти од Македонија (каде што тие се под 0.1%) во протестантската Америка каде што тие се мнозинство. Тоа е слично како некој кој живее во пустината да рече: "Бог ме повикува да им однесам вода на жителите на Филипинските острови кои од сите страни се заобиколени со вода.
* Мисионерите ја купуваат лојалноста на верниците суптилно фрлајќи им по некое доларче за превод, час по македонски јазик или пак бејбиситинг (да им ги чуваат децата додека овие ги трошат покрупните долари на "службени" состаноци по рестораните) со што автоматски ја добиваат контролата и над нивните приватни животи правејќи ги зависни од нив.
Не тврдам дека сите протестантски цркви се "амбасади". Некои се повеќе, некои помалку, некои можеби воопшто не се. Јас познавам и такви и такви. А вие? Кое е вашето мислење за ваквите цркви? Дали и вие во нив препознавате еден вид амбасади?
Дали верниците (од сите деноминации) на форумов препознаваат нешто од ова погоре во своите цркви или верски организации? Ви пожелувам пријатна дискусија.
Nya И јас ви посакувам пријатна дискусија, само да напоменам дека нема потреба од повикување на одредени личности дали се препознаваат или не, за тоа служат ЛП-јата. Овде нека земат учество сите кои се чувствуваат повикани да одговорат Изменето од maria_magdalena - 18.Ноември.2009 во 22:33 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |