![]() |
|
Кои се тајни служби работат во Македонија?? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Автор | |
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имено, првиот “плурален“ политички амбиент во Република (тогаш сеуште “социјалистичка“) Македонија е креиран од УДБОМАФИЈАТА. Значи да нема забуна и тогашниот СКМ-ПДП, МААК, СРСМ (она чудо на Андов коџомити инспирирано од Анте Марковиќ) ПДП, ВМРО-ДПМНЕ – сите беа креирани и со целосно инфилтрирани структури од УДБОМАФИЈАТА. Беше дизајниран привид на “плурален“ политички амбиент и граѓаните коџомити бираат – идентично како што се бираа разно разни делгати, депутати, членови на претседателство и слични тракатанци во “социјализмот“. Причини за ваков привид има илјадници и Дарко успеа да ги посочи (во есенцијлана форма), а суштинско беше фактот дека СФРЈ беше пред неминовен распад. Секако привидот имаше за цел и да сокрие дека заедничката држава е во распад (процес отпочнат и пред “рефромите“ на Анте Марковиќ). И како што тоа по правило секогаш бива, граѓаните на Македонија “ја лапнаа оршата“ и поверуваа дека имаат избор и право на избор. Но граѓаните – народот не се луди како што милуваат да заклучуваат СДС-овците и нивните пајташи (подваријанти - рецидиви на УДБО МАФИЈАТА) туку си го “врзаа в крпче“ правото да одлучуваат за својата судбина, па уште кога и им “подвалија“ фалично референдумско прашање, некако ја почуствуваа судбината “во свои раце“ и подвалата која ја креираше удбомафијата (зачинета со сите оние агит-проп активности кои Дарко убаво ги посочува) ја тресна истатат таа мафија по нос. Две години и’ требаше на удбомафијата да се соземе и “под итно“ да ја “реинсталира“ инсталацијата во форма на “конкретна политичка одговорнст“ со правење на влада “со конкретна одговорност“. Работите беа “излезени од колосек“, па како и сега на “конгресите на СДС-от“ се појави потреба од “враќање во колосек“ (слоганите и паролите на СДС-от воопшто не се случајни!). Некои од луѓето на структурите кои умееа да го осетат моментот решија да прават држава која ќе биде самостојна – барем во форма која тоа ќе го покаже. УДБОМАФИЈАТА која од “практични и традиционални“ причини беше и сеуште е (нејзините рецидиви) лоцирана во Белград крајно вознемирена од извесниот исход отпочна и со ликвидации – само како пример ликвидацијата на Јордан Мијалков која требаше (типично мафијашки) да биде и порака до останатите да не се “занесуваат“ со некаква си Република Македонија како независна држава. Под итно се ставија во функција сите механизми и се постигне нешто, колку-толку: фиромизација. Актери – извршители: Денко Малески и Љубомир Д. Фрчкоски како “извршни функционери – со инетелктуален капацитет“. Ете таа фиромизација која требаше недвојбено да упатува на “дел од Југославија (осакатена!)“ остана единствениот бедем или подобро кажано чир (рана) која ја сопнува Македонија во сите обиди за опстојување како независна и самостојна држава. Тоа е оној фил-руж кој е последнта нишка која може да ја сврти Македонија во Вардарска Бановина. Толку е слаба таа нишка па беа потребни милијарди долари, евра да се потрошат, да се активираат служби на други држави, агит-проп медиуми, да се исценира и воен судир за да се одржи. И сеуште се одржува но дефинитивно и неповртно се кине и наскоро сосема ќе пукне носејќи ги во бездна сите “помагатели и одржувачи“. Господинот Киро Глигоров (може ова и лично да го посведочи – ако сака и ако е во можност) кој отсекогаш имал усет на време да ги сфаќа работите и да се адаптира, уште во 1993/94 сфати дека “илузијата и заебанција“ нема да минат кај народот, кој веќе почна да да се себеидентификува, па на тогашниот шеф на удбомафијата , Слободан Милошевиќ ,отворено му кажа дега “ѓаолот ја однел заебанцијата“ и дека мора да се прифати постоење на независна Република Македонија, а Слобо и удбомафијата ќе мора своите интереси да ги решава со почитување на реланоста и одржување добри односи со државата Македонија. За својата искреност па и реалност, Киро Глигоров беше “адекватно награден“ еден октомври 1995 година. Но Глигоров преживеа. Можеби заплашен, но преживеа и со тоа стана проблем на удбомафијашите.. Носењето на ЉуБчо Георгиевски на власт е вториот фингерај (очајнички, но доволно подмолен) на удбомафијата. Како владееше тој фингерај денес е сосема јасно. Како и секоја backup варијната – план Б, ЉуБчо се покажа дека е алатка за еднократна употреба, со тоа што “селскиот итрец“ се нафатира дебело а со цел да си ја чува главата која одамана му е “в торба“, а со паричките и со б`лгарскио пашапорт успева да преживее. Секако и со по некој напис кај Николче во ФОКУС да биде “држан“ во актуелност, оти кога ќе го снема од јавната сцена, лесно може (и најверојатно) ќе го снема и од лицето на земјата. Не од оние кои ги оштетил и опљачкал, ами од оние кои го создадоа и на кои “не им сврши работа“. Натамошниот след на настаните сите го знаете, а ќе биде коментиран тогаш кога ќе му “дојде времето“.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сензационално сведоштво на еден Хрват, Раденко Радојчиќ на времето соработник на тајните служби на СФРЈ. И покрај тоа што неговата матична земја водеше војна за осамостојување, типов сеуште продолжил да работи за интересите на Белград. Интересно е тоа што во еден дел од своето сведоштво и самиот изнесува факт дека југословенските служби на крајот биле ставени под целосна контрола на режимот на Слободан Милошевиќ, а луѓето на над 95% од раководните места биле Срби.
Еден дел од операцијата „Опера“ каде учесник бил и самиот Радојчиќ има еден дел кој се однесува за Македонија. Се однесува на извлекувањето на ЈНА од Македонија, а познат е како Ориентационен план за психичко-пропагандна активност (запомнете го последново добро). За извлекувањето на ЈНА од Македонија, Радојчиќ спремил кроки план на потребни и можни психолошко-пропагандни акции. Овој план најпрво содржел генерирање процес најпрво на меѓунационални, а потоа и на меѓурелигиски судири на граѓаните на Македонија, а се со цел да се посее несигурност, неединство, тензии помеѓу различните ентитети, а од создадениот хаос ЈНА би се извлекла едноставно и без поголеми загуби. Тој хаос би бил искористен покасно да доведе до таква ситуација завојуваните страни да ја молат ЈНА да остане како мировник и изолатор. Овој табеларен план предвидел и можност од македонско-албански судир, македонско-српски судир, како и македонско-грчки и македонско-бугарски судир. На религиска основа судирот би бил помеѓу православното и муслиманското население, како и помеѓу муслиманското и католичкото. За овие потреби и предизвикување судири, планирано е пласирање на најразлични дезинформации, пишување и растурање на летоци со големомакедонски пораки кои 'случајно', како забуна би требало да паднат на грчка територија, или на пример во името на некаков српски одбор, здружение или слично, да се прогласи САО (Српска Автономна Област) Македонија, со офанзивно планирани пропагандни клишеа, или проалбански кои би звучеле како отцепување на северните и западните делови на Македонија, каде албанското население е мнозинство, или повреда на воздушниот простор со влез од бугарска на македонска територија во правец на Скопје и фрлање на бугарски знаменца од авион после тоа, или запирање на грчки камиони од луѓе кои би носеле униформи на македонската полиција и притоа грубо би постапувале со возачите... Има уште. Во главно планот е отфрлен. Но еден дел е задржан. Претпоставувате-'бугарското сценарио'. Истото она кои и ден денес македонските удбаши го користат. Нормално не еднострано туку со поддршка и од тамошните сестрински служби. Се сеќавате добро на 'бугарските летоци' кои тие години требаше да ја оцрнат младата ВМРО-ДПМНЕ и да ја претстават како бугарофилска структура. Со помали или поголеми прилагодувања така е и денес. Ете од каде е 'бугарштината' во ВМРО. После ова сценарио Македонија требало да се фрли во прегратките на новокомпонираниот монструм од држава и којзнае каде ќе ни беше крајот и колку се Македонци ќе изгинеа по југословенските боишта или во евентуалниот конфликт на домашна почва. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лично Јас у старт би ти навел најмалку оа 120 во парламентот 27 народни избраника кои сеуште работат за странски служби....но поради конспиративноста и правилата на форумот не би си дозволил. А и сета конспиративност има своја цел во делот на оваа област......
Изменето од Анастеа - 26.Ноември.2009 во 23:08 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
![]() |
|
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
бивши шпиуни нема бе
ни во БГ ни во МК (така да сум онтопик) Изменето од да бе - 26.Ноември.2009 во 18:25 |
|
![]() |
|
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бивши шпиони во владата на Борисов
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112691040437&id=11&setIzdanie=21847 Така е во соседна Бугарија. А како стојат работите кај нас со нашите политичари во влада и парламент? Имаме ли шпиони.........или поточно дали некој од нив воопшто не се занимавал со таа дејност, како и дали сеуште некој од нив се на платен список на некоја надворешна разузнавачка служба. Што мислите? Изменето од Анастеа - 26.Ноември.2009 во 23:02 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изгледа дека повеќе заедно работат отколку еден со друг да се шпиунират
![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве го и оригиналниот текст од Нова Македонија, јас од приложениот на бугарски не разбрав кој кого шпионирал: бугарите - грците, грците - бугарите или...
![]() ДАНС: Македонија бара бугарски капитал за да му парира на грчкиот |
|
![]() |
|
tanas_1902 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВЕЛЕС - Во дворот од семејната куќа на велешанецот Драги Каров вчера напладне беше откриена спомен-биста на Тодор Александров. Повод за овој настан беше 127-годишнината од раѓањето на Александров и бугарскиот национален празник 3 Март. Настанот беше одбележан со развиорени бугарски знамиња и со знамиња на ВМРО, но и со песни посветени на Тодор Александров. На откривањето на бистата присуствуваа граѓани од Велес, Скопје и Охрид кои се чувствувале како Бугари, бугарски државјани кои организирано дојдоа со автобус, како и подмладокот на бугарската ВМРО. Откривањето на споменикот го следеа бугарската национална телевизија и други бугарски медиуми. Настанот не го проследија Љупчо Георгиевски и амбасадорот Ерван Фуере, како што беше претходно најавено, но затоа беше Красимир Каракачанов, претседателот на софиската ВМРО. „Јас сум Бугарин, тоа биле моите предци и така ќе бидат и моите деца. Но, зошто нас ни бранат да се чувствуваме така? Што сум крив јас оти моите прадедовци биле Бугари“, вели Драги Каров на течен бугарски јазик. од прославата во Велес ![]() |
|
![]() |
|
ibobac ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 60 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само не ми е јасно каква држава сме кога на бивш премиер му простивме за тоа што се предаде на бугарите! Тој човек ги знаеше сите тајни во Македонија ,продаваше патриотизам се наполни пари од ОКТА и ТЕЛЕКОМ а денес безгрижно си живее во Бугарија,нашиве служби,доколку воопшто постојат требаше оддамна да го скинат. И после да не се чудиме што Шешељовци и Каракачановци, кој како ќе стигне ни ја погани земјава |
|
Се молам за денот коа со мојот Т-72 ќе прошетам низ Солун
|
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А дали некој овде знае..кој се е ( а и бил) „присатен„ на пресовите кои ги организираат ..оние т.н. „невладини„ организации кај нас?
Пожелно е ...прилог со слики..за кои велат дека искажувале (најмалку) илјада (неискажани) зборови!!!
Секако..во „туѓи„ дворови...
![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
да само мислам дека треба да се кажат со име сите “патриоти„ на Македонија.
еве еден пример: Љубомир Фрчковски - познати се неговите преговори со грците за смена на името во замена на пари. Љубчо Ѓорѓиевски - откако ги издрибла сите вмро-ци (се секавате на народот кој седеше позади него) зеде бугарски пасош и слободно сега ни тврди дека она што јадел л...а до 2001 дека сме Македонци не е вистина туку дека сме македонски Бугари. Бранко Ѓеровски -кога и да има потреба од плукање по власта тука е гггггггггрррррррууууууу Владимир Милчин - сорос никогаш не умира додека не не поделат итн,итн.......... |
|
![]() |
|
Popi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Rabotat i vo drugi zemji NE samo vo Makedonija.
![]() Израел уапси грчки дипломат во Ерусалим
Вработена во грчкиот Конзулат во источен Ерусалим беше приведена од израелските сили за безбедност, јавуваат денеска грчките медиуми.
Таа во моментот на приведувањето се наоѓала во нејзиното возило во источен Ерусалим и е приведена откако е утврдено дека присуствувала на митинг организиран од странски невладини организации.
E toa ti se vika "diplomatija" duri i "antichka".
![]() |
|
![]() |
|
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чинам..дека не е....ова споменување... како да „некому„ да не му одговара...па со недоветни текстови на темата..си го одвлекува вниманието од неа??.
![]() |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |