|
Каква улога има кај православните светата водичка? |
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Автор | |||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Колку се само интересни православните кога, немајќи библиска подршка за нивните новотарии во верата, се обидуваат со некое парче од некое стихче (кое воопшто нема врска со новотаријата) да си ја оправдаат целата новотарија, целиот ритуал. Дали ова ви изгледа на разумно издржано: Ние ја осветуваме водата, затоа што Божјиот дух при создавањето на земјата лебдеше над водата. Каква врска има едното со другото? Па доколку целта на Божјиот дух Кој лебдел над водите била да ги осветува, тоа значи дека целата вода на планетава денес е осветена. Тогаш зошто потребата од дополнително осветување од православците?
Тоа значи дека и дождот што врне е осветена вода бидејќи и тој е дел од водата над која лебдел Божјиот дух при создавањето на земјата? Тоа значи дека сите оние што носат чадори се лишуваат од "благословот" да бидат осветени?
Ако водата се осветила и добила магични својства само затоа што Божјиот дух лебдел над неа при создавањето на земјата, тогаш колку повеќе треба да се осветени магарињата затоа што Исус Христос седнал над магаре при Неговото влегување во Ерусалим? Тогаш зошто не осветувате и магариња? Зошто и врз магарињата не ги правите сите оние метании што ги правите врз водата и крстовите?
Вие исто така "осветувате" и крстови (правите фетиши од нив, им давате супер моќи, ги бацувате, се клањате врз нив) под изговорот дека Исус бил распнат на крстот, но тогаш зошто истото не го правите и врз магарињата затоа што Исус исто така јавал и над магаре, магаре кое било специјално порачано од Исус, магаре кое било пророкувано уште во Стариот Завет (Захарија 9:9)... замислете Господ Исус Христос седел над тоа магаре и свечени влегол во Ерусалим со него. Ова свето магаре одело и над палмовите гранчиња кои биле фрлани од народот во чест на Исусовото влегување во Ерусалим.
Зошто не осветувате и магариња?
Зошто не бакнувате магариња?
Зошто не се клањате пред тие животни над кои седел лично Господ?
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас не реков дека на сон сум добила откровение. Ти или не знаеш да читаш или имаш некои други проблеми. А твојот стих има везе? Крштевањето е со вода, од страна на водачите на црквата, а Господ крштева со Светиот Дух. И баш оф топик си. Ич да не те занима дали јас сум крстена или не. Исто како што мене не ме интересира какво е вашето бањање на бебиња кое го нарекувате крштение. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Рита, веза ти немаат стиховите. Гледаш ли што си пишала? Дека не се крштева со вода, туку само со Свети Дух. Ама очигледно или криеш како си се крстила ти, или чедо, уште не си се крстила
Инаку, Православното крштение е со вода и со Свети Дух. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Немој, ќе помислам навистина си загрижена... Само, малку не соодветствува твојата загриженост со твоето однесување за што неколкумина ти посочија. Но нејсе... Зарем ќе ме банираш ако ја кажувам вистината дека некој добива откровенија на сон (кажано од Рита, не од мене)? Демек закана или? |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секогаш успеваш да ме насмееш. Срцка таа, сака да живеам подолго. Тоа што се случувало пред создавањето на животот на земјата нема никаква врска со тоа што вие го практикувате. Никаде не пишува дека таа вода била осветена од Светиот Дух или слично. Едноставно...wow... Запишано е во Новиот Завет: Матеј: 3:11 Јас ве крштавам во вода за покајание; но Оној, Кој доаѓа по мене е посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги понесам обувките. Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган. Марко: 1:8 Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.” Лука: 3:16 Јован им одговори на сите: „Јас ве крштавам во вода; но иде посилен од мене, Кому јас не сум достоен да го одврзам ременот на Неговите обувки; Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган. Јован: 1:33 Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.” Дела Ап.: 1:5 Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!” 11:16 Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух. Според овие цитати има разлика во тоа да бидеш крстен во Светиот Дух и во вода. Никаде не пишува дека Светиот Дух слегол врз водата и ја осветил. Напротив, тие тука се јасно одделени. Е ај сега. Ти имаш еден стих, а јас шест. А за тоа во сон... па толку и ти знаеш. Мариа Магдалена уживај, се навикнав. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Постот на Рита беше едитиран.
Со многу мала измена. И ја опоменав. Иако ни приближно обраќањето не и беше така арогантно како твоето кон неа. Толку од мене. Ако можете да се толерирате, да разговарате без лични видувања за тоа колку некој знае или прочитал, што да ви кажам...продолжете си така, ама после без плачки. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Марија, а знаеш дека Исус рекол и да го положиш својот живот за ближниот? Во случајов, Рита малку дрско се обраќа кон Опитен.
И темата не е тоа. Да се вратиме дали всушност Светиот Дух слегол над водата или не. Нели, демек такво нешто немало во Библијата, но кој ја прочитал, ќе знае дека тоа е меѓу ПРВИТЕ работи кои се кажани во Библијата! |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Маран Ата, а кој тоа добил откровение за Библиско толкување-во сон?Не видов такво нешто. Зошто толкава иронија? Зошто таква жолч? Зар смеете така да си се обраќате едни на други, од висина, правејќи се кој е попаметен, кој прочитал или знае повеќе? “Последните ќе бидат први-а првите последни“ -што мислел Исус кога го рекол ова? |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Битие 1:2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата. Аххх, кога ќе почнеш веќе да ја читаш Библијата??? Почетокот т.е. основата не ја знаеш, а ни кажуваш дека откровенијата што ти дошле на сон се точниот начин на толкување на Светото Писмо. Изменето од Maran Ata - 02.Октомври.2009 во 14:54 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Опитен, убав одговор, се разбира дека човек не треба да живее за сонот туку во реалноста, и со Бога. Погоре Евангелос постави прашање за Блажена Теодора и нејзиниот сон за митарствата, околу кој и до денес во Православието имаме поделени мислења, едни го прифаќаат со резерва (о. Калпаковски) а други сметаат дека тоа верување е составен дел од Православното верување. Слично нешто само малку различно сонила и монахињата Татјана... Во Русија. Патем, дали некој ја читал книгата “Теодора“ и дали е запознат со нејзиното потекло, историја... Зошто сонот на блажена Теодора се зема за еден да речам, императив, или бар составен дел од верата, а доколку некој селанец, добие Откровение/Јавување и го препознае Бог во истото, би се сметал за демонски сон? Кој е критериумот? Затоа верувам дека овие работи се прифаќаат со резерва, но доказ дека едно Откровение е Божествено а не демонско е токму неговото детално исполнување (сонот-видение на Даниел, Јосиф...и ред други). Поздрав |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Штооо?!! Светиот Дух слегува врз водата! Аууу... Каде го Библијата го има тоа? Ова е мнооогу Библиски неподдржана изјава. Внимавајте во обраќањата!! Изменето од maria_magdalena - 02.Октомври.2009 во 14:32 |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од каде знаеш? Ова е ТВОЕ лично толкување! Дали ти мислиш дека АПСОЛУТНО СЕКОЈ ЕДЕН човек кој го има прочитано од книгата на Откровението на Свети Јован Богослов ова со недодавањето и неодземањето од неа, го толкува на ист начин како и ти? Дали исто како тебе размислувал секој еден кој ја прочитал оваа реченица ПРЕД да биде составен списокот на книги од Светото Писмо (до кога книгата на Откровението била САМА за себе) и секој еден кој ја прочитал оваа реченица ОТКАКО бил составен списокот на книги од Светото Писмо? На кој авторитет се повикуваш кога го кажуваш ова? |
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Marija, vodata ba bide sveta, ja pravi pravata veroispovest i molitvite za sleguvanje na Svetiot Duh vrz nea.
Preku blagodatnoto dejstvo i moitvite na sveshtenikot vodata dobiva novo svojstvo, taa se osvetuva. Vistina e toa deka lugeto od sueverni prichini, ja zamenuvaat nejsinata vistinaska namena i od nea pravat fetish. Toa e zalno i osudeno od Crkvata. Prirodni Sveti vodi isto taka postojat no i kon niv treba da pristapuvame so pretpaliuvost i chista vera. kako shto kazuva i Ahmar, nemoze na sekogo kako ke mu tekne i da si proglasuva vodi za sveti. Neli i zdraviot razum toa ti go kazuva. No i toa ne najvazno. najvazno e preku toa chudotvorno dejstvo na vodta nie da mu oddeme slava na Tvorecot, zatoa shto ne vodata, tuku blagodatta na Svetiot Duh, koja Gospod sakal da ja izlie vrz nea, go pravi chudoto. A za sonovite... ova tema e vistinski kamen na sopnuvanje, no sekomu spored razumot i verata. Iskreno eve i jas ke se ispovedam, mnogu i veruvav na tie sonishta i kako ideshe vremeto jas se poveke zabeguvav vo nerealnost, prelest se dodeka eden moj prijatel pokraj negovite mnogu obidi, mi dade edna kniga os eden svet Otec vo koja pishuvashe otprilika: Vistinski mudar e onoj koj ne im veruva na sonovite. a onoj koj im veruva na sonovite licni na chovek koj odi po svojata senka i saka da ja fati. ovie negovi zborovi mnogu me otreznaa i fala mu na Boga, se vrativ vo realnosta:) |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вие знаете и посмирено да дискутирате, лично сум се уверила во тоа...
|
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |