|
Охрид |
Внеси реплика | страница <1234 30> |
Автор | |
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе цепки се Охриѓаниве
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Охрид преплавен од странци, охриѓани се жалат оти малку трошеле (ФОТОГАЛЕРИЈА)Во Охрид врие од туристи, особено странски. Италијанци, Полјаци, Швеѓани, Холанѓани, Словаци. Србите и да не ги споменуваме оти веќе неколку години Охрид е најпривлечна летна дестинација за граѓаните на нашиот северен сосед. Се чини дека годинава како никогаш порано Охрид не бил толку посакувана и посетувана дестинација од странски туристи, кои ги има буквално од сите држави на Европа. Преку ден сите се на плажа, а навечер – по сокаците на преубавата охридска чаршија. Но и покрај тоа охриѓани не се задоволни. Велат, туристи имало, ама пари немало! „Бадијала што врие од туристи кога никој не троши пари. Посебно странците. Сите се по хотели преку аранжмани од туристички агенции. Таму сѐ им е платено, а надвор од хотелите не купуваат ниту вода кога ќе ожеднат“, се жалат охриѓаните, кои со душа го чекаат летото за да можат да заработат. Тие велат дека странците не трошат поради светската економска криза, а дека Охрид го преплавиле бидејќи им е поевтино отколку во сопствените држави. „Поевтино им е тука да живеат по хотелите отколку во сопствените домови. Во хотелите и апартманите добиваат луксузни услуги за малку пари. Пред два дена буквално бркав еден Грк за да му продадам шишенце со вода. Жеден влезе во продавничката и побара вода, извади монета од едно евро за да плати, па се пишмани, ја врати монетата во џеб и излезе од продавницата“, вели сопственик на една колонијална продавница во градот. Цените за сместување во Охрид се различни. Во хотелите тие се од 30, па сѐ до 80 евра за пансион. Сместувањето во приватните апартмани и станови е поевтино, па така за соба во крајбрежниот појас ќе треба да одвоите најмалку 10 евра или 600 денари за еден ден, додека во втората линија цените се пониски и се прашање на договор. Инаку, она што може да се забележи, за разлика од Скопје и другите градови во земјава, каде што температурите достигнуваат до пеколните над 40 Целзиусови степени, во Охрид се дише, и преку ден и навечер. Туристите секојдневно пристигнуваат во Охрид, а дополнителна навалица се очекува деновиве во пресрет на 52– то издание на спектакуларното Охридско лето. Тоа е една од најзначајните културни манифестации во Македонија, која почнува утре и ќе трае до 20 август.
Изменето од емил - 12.Јули.2012 во 18:05 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Охрид очекува плодно лето Освен гостите од Холандија, кои Ќе бидат најмалку 14.000, се очекуваат и голем број туристи од соседството, а има најави за туристи од Италија, Германија, Финска, Јапонија, Австрија и од Америка Охрид летово очекува успешна туристичка сезона, а со оглед на најавите и на резервациите по сместувачките капацитети, нашиот најголем туристички центар буквално ќе врие од странски туристи. Освен гостите од Холандија, кои ќе бидат најмалку 14.000, се очекуваат и голем број туристи од Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Турција и од Kосово, а има најави за балкански кружни тури со туристи од Италија, Германија, Финска, Јапонија, Австрија и од Америка, кои во својата маршрута го имаат и Охрид. Од охридските туристички агенции велат дека цените и годинава ќе бидат исти како и во изминатите сезони. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посетата на најбогатиот човек во светот, Карлос Слим кој во Охрид ќе учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој – се чува во најголема тајност. Управата на хотелот “Инекс“ добила инструкции од министерството за информатичко општество да не кажуваат ништо, дозволиле само да се снима апартманот “Јуниор“ кој има посебен влез. Човекот чие богатство е проценето на 69 милијарди долари ќе престојува во помалку изолираниот, стар, но луксузен хотелски блок, со најубавиот поглед кон Охрид и езерото.
Од министерството за информатичко општество велат дека на инсистирање на Меѓународната Унија за Телекомуникации не се откриваат детали за престојот на Слим во Охрид. Не се знае нити кога најбогатиот човек ќе пристигне во нашиот град. Наводно тој ти откажал сите интервјуа, сакајќи да ужива во својата приватност на брегот на Охридското езеро. За оваа конференција која за прв пат се одржува во Македонија,на охридскиот брег- целиот хотел е резервиран пред речиси 2 месеца. Неофицијално, Карлос Слим немал посебни барања. Десетина врвни готвачи подготвувале мени претежно од телешко, а на богата трпеза во сабота навечер ќе имало и македонски специјалитети, вина и прочуената охридска торта. Се очекува Карлос Слим во Македонија да допатува деновиве со приватен авион. Ќе има специјален безбедносен третман во движењето на поворката до хотелот каде ќе биде сместен. Неговата претходница веќе една недела е во Охрид. Градот ќе биде под посебен режим на сообраќај за што се ангажитрани 100-тина полицајци. Покрај Слим, во Охрид доаѓаат и претседателот на Руанда, а за првпат ќе дојде и член од австралиската влада. Собирот во Охрид, според реномето на учесниците, е еден од досега највисоко рангираните. Тука ќе бидат извршните директори на најголемите светски компании кои се двигатели на информатичкото општество. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....................... |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...boga ti , strashno !
...svashta ragja ....zemjata makedonska! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
strasno, boga mi
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa i ne mora da se site!
...samo ...polovinata ! ...inache tuka,...koj se ''kachil'' nekade ,..ni gospod ne go simnuva,...a ne nekoj si apatichen narod. Изменето од brza - 27.Ноември.2011 во 00:39 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovoj kradonachelnik navistiona ne znae za granici...
... prvo si ja pokazha inteligencijata, potoa pochna da gi vregja domashnite i stranskte turisti, a sega prodolzhi so vregjanje i na nevinata stoka: Не шетам ко некои, ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалник. Ajde da vidime do kade kje doterame... iako smetam deka najdobro kje bide namesto toa navreme da go oterame. Mislam, da go oteraat ohrigjanite... sepak, ne e mozhno site da se kako nego. Изменето од Messenger - 27.Ноември.2011 во 00:09 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе brza , до мене е извини. А јас сум се разгракал против луѓето, срам да ми е. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...e tuka, prvo rampite gi pravat ,..pa posle patot,...za da ne im kidne nekoj ,..ako e obratno !
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чудно, за да се направат автопати јас мислев дека треба да се направи асфалт
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петрески: Не шетам ко некои, ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалникДел од охридските новинари се јаничари, изјави синоќа градоначалникот на Охрид, Александар Петрески за една локална телевизија. - Оваа власт делува како машина, како Германците во војната но тие погрешија што удрија на Русија, а така и власта ќе помине со мене... Не шетам ко некои ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалник - рече Петрески. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во истото интервју истакна дека тврди дека ревизорскиот извештај за општина Охрид, кој деновиве крена голема прашина во охридската, но и во македонската јавност е многу подобар од оној на Владата и на сите министерства. - Извештајот е подобар од оној на Општина Битола и сите каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Петрески според кого тоа никогаш нема да го каже „Латас и компанијата јаничари новинари од Охрид“ - изјави Петрески. Тој напомена дека ова е чисто политичка борба за да се тргне градоначалникот на Охрид од функцијата, за што на провладините медиуми им се сервираат податоци за да го оцрнуваат него. Околу неговата отворена „војна“ со Свр Охрид, претставувана од портпаролот Стефан Димовски, Петрески со став дој напад на портпаролот на МВР бил синхронизиран. - Сепак портпаролот заборава дека прави кривично дело. Тој зборува за дело кое е во истрага и кое не се коментира. Јас сега нема да го коментирам, а тој ќе треба пред судските органи да одговара или јавно да ми се извини - истакна Петрески кој Димовски го нарече „пулен“ на охридскиот новинар Веле Митаноски. За најавените рампи градоначалникот на Охрид вели де ги поставува државата. - Ако одите во Скопје од било кој правец секаде има рампи. Автопати треба кон Охрид да водат од сите правци. За да се направат автопатишта треба да се направат рампи - изјави Петрески. |
|
Внеси реплика | страница <1234 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |