![]() |
|
Крстоносните војни |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | ||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Постирај ги најзначајните сегменти, ако е толку големо, ама на крајот постирај и линк до целото, некој ќе сака да го прочита и тоа. ![]() |
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За тоа дека не е така сведочат житијата на свеогорските маченици. За нас во случајов важно е житието на 26 Зографски маченици - убиени од латините. Не знам дали да го постирам целото тука... ![]() |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Конкретно, Четвртиот крстоносен поход во булата дадена од Папата Инокентиј III, има за цел да се бори против Исламот, па не случајно бил и насочен кон Каиро, центарот на Исламот тогаш, со забрана за напад на било кое христијанско место. Меѓутоа бидејки крстоносците немале можност да им се оддложат на венецијанските превозници, а и од друга страна самата Венеција сакал максимално да ги искористи за своите економски придобивки, попатно уништуваат некои католички градови, а подоцна и православниот Цариград ( Константинопол ). А во меѓувреме ваквите крстоносци биле екскомуницирани од Папата Инокентиј III, за што сведочат и неговите писма. Сепак, не смее и да се заборави дека во Цариград ги внел токму византиски император, кој склучил договор со нив, со цел враќање на тронот, а подоцна истиот не можел да го испочитува.
Сето ова е точно, познато е дека го правеле ова, за што подробно се говори и во писмото од Инокентиј III, каде дури се запишани и силувањата на жените, па и грабањето на монахињите од манастирите. Особено ги импресионирале златните работи во црквите, независно дали станувало збор за икона или некој друг предмет. Грабежот не поштедувал никого и ништо.
И овде станува збор за суровост пред се поради алчност, а и поради нетрпеливост меѓу Латините и Православните, кој постојано тлеел, па не случајно и пред пустошот на Цариград имало борби меѓу населението и крстоносците. Не само "Света Софија", сиот Цариград бил ограбен и опустошен, сето негово богатство исчезнало, а со самото тоа, тогаш и почнал процутот на Западот, што никако не е случајно.
Мислам дека сепак не можеме да говориме за рицари, сепак станувало збор за најлошите слоеви на општеството кои одеднаш станале крстоносци, секако, за своја сметка. Папите не го негирале злосторството, но сепак, лукавоста на генералите од овој поход, успеало да го оневозможи Инокентиј III да реагира. Подоцна, кога крстоносците ја нападнале Света Гора, сепак Папата бил оној кој ги ставил монасите таму под своја заштита. |
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Неколку зборови за злосторствата на Латините:
Крстоносните походи кои официјално имале за задача да ги ослободат светите места во Палестина од рацете на неверните, всушност биле искористени од римските папи за постигнување на нивните цели - потчинување на православниот Исток на Римската духовна власт. Папството ги искористило крстоносците за ширење на латинството во тие краишта. Својата злоба кон православниот Исток, римокатоличкото духовништво ја вдахнувало и во крстоносците. Православното население било изложено на такво варварство, какво што не направиле ниту Турците за 500 години. Тоа било ужаснато од дрскоста и навредите што крстоносците ги вршеле врз нивните светињи. При заземањето на Солун (1185 г.) и на самата престолнина - Цариград (1204), фанатизмот на Латините достигнал таква мера, што човек тешко би поверувал, доколку тоа не е потврдено со сигурни и непобитни докази, што силно ги изобличуваат истапувањата на крстоносците. Според кажувањата на грчкиот историчар Никита Хониат (XII-XII в.), Латините ги фрлале на земја иконите на Христа и Неговите угодници, ги газеле со нозете, ги земале од нив скапоцените украси, ги фрлале по раскрсниците или ги употребувале за горење место дрва. Некои од нив се качувале на Светиот Престол и на него играле оро, пеејќи притоа варварски песни... Еден од водачите влегол со коњ во храмот на свети великомаченик Димитриј. Мирото што истекувало од гробот на маченикот го собирале ви грнци и тенџериња, а потоа со него пржеле риби, си ги мачкале чизмите и. т. н. Во самиот храм тие гласно разговарале, безобразно врескале, ги фаќале богомолците за грлата со што го прекинувале црковното пеење, пееле цинични песни и лаеле како кучиња. И други црковни писатели од тоа време, како на пример митрополитот Евстатиј Солунски, ги дополнуваат сведоштвата за латинските насилства во Солун. Заземањето на Цариград исто така било проследено со страшни сцени на религиозен фанатизам. Според сведоштвото на веќе спомнатиот Никита Хониат, кој бил современик на тие настани, латините вршеле неверојатни сквернавења: На најнечисти места биле расфрлани делови од телата на светите маченици, Божественото Тело и Крвта Христова биле фрлани и разлевани по земјата. Светите садови биле земани за домашна употреба. Скапоцениот престол на храмот “Света Софија” крстоносците го искршиле на парчиња и си го делеле меѓу себе. Насекаде каде што влегувале, западните рицари вршеле невидени насилства. Ако понекогаш папите ги негирале крстоносните насилства на Исток, тогаш тоа било само едно просто дипломатско тактизирање од нивна страна. Тие на нивните походи гледале како на ефикасно средство за зацврстување на својата духовна власт на Исток, односно помош при римокатолизирањето на тамошното православно население. Според “История на християнската църква” от. П. И. Малицки, София, 1932 г. дел III, стр. 4-6. |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
tanas_1902 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Болдуин І Фландарски император на Латинската империа и Бонифации Монфератски Солунскиот владетел са последните от крстоносците на Балканите! Единиот умира во плен при бугарскиот цар Калоjан другиот е убит от бугарите во родопите!
Толкоз от мене по темава! |
||||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() детаљ од средновековна илустрација на битката кај Антиохија ![]() Изменето од mungos80 - 30.Ноември.2009 во 00:22 |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Една од најконтроверзната крстоносна војна е токму Четвртата крстоносна војна, која наместо кон Ерусалим, како што наредил Папата Инокентиј III, пред се поради финансиските потреби, лидерите на истата ја насочиле кон Хрватска, а потоа и кон Цариград, привлечена од богатството на овие градови, кое можело да биде искористено за подмирување на долгот кон Венеција, која ги превезувала крстоносците а и за збогатување на армијата. Независно од фактот што Задар и другите околни места биле насочени со Католички Христијани, тие биле нападнати. Во текот на нападот тие истакнале знамиња со крстови со цел да ја покажат својата лојалност кон Католичката Црква и Папата, меѓутоа по кратка опсада, градот паднал во рацете на крстоносците. Инаку пред тргнувањето Папата во официјализирањето на походот забранил било каков напад врз христијански држави, независно дали станува збор за Католички или Православни Христијани. По нападот на Зара ( Задар ), папскиот нунциј*му пишал на Папата за развојот на настаните, по што Папата напишал писмо заканувајќи се со екскомуникација, меѓутоа армиските генерали го сокриле писмото од крстоносците и нападот продолжил. По падот на градот, Папата Инокентиј III откако дознал за истото, ги екскомуницирал Крстоносците, но и ова писмо не им било покажано, пред се, од страв дека тоа ќе доведе до деморализација и распаѓање на армијата, а со тоа и пропаст на планот за економски придобивки.
Екскомуницираните крстоносци потоа продолжиле кон Цариград ( Константинопол ), попатно договорајќи се со протераниот Император Алексиј IV за заедничка акција со цел ногово враќање на тронот во замена за поддршка за крстоносците, а и враќање на Православната Црква под Папата. Откако Крстоносците го протерале Алексиј III, сепак договорот со Алексиј IV бил тежок за исполнување, поради отпорот на населението кон тешките услови наметнати со тод договор, па новиот император бил набрзо убиен, а неговиот убиец и наследник одбил да се придржи кон истиот, со што борбата меѓу Крстоносците и Византијците продолжила, се до конечно паѓање на Константинопол под власта на крстоносците. Тоа донело ограбување на градот, па дури и на најсветите делови на црквите во градот, за што сведочи и писмото на Папата Инокентиј III во кое ги осудува крстоносците и говори дека новонастанатата ситуација, независно што Православната Црква ја вратила под Папата, не претставува унија на љубов. Во истото, тој говори за сиот ужас што го направиле крстоносците над населението и сето нехристијанско однесување. На местото над Константинопол се издигнала Латинската Империја која сепак, пропаднала под притисокот на Никејската Империја и Бугарија. *нунциј ( латински: nuncius )- Папски претставник во католичките земји, со функции и имунитет како амбасадорите ![]() Падот на Константинопол во рацете на Крстоносците во 1204 година ![]() Влезот на венециската флота во Константинопол по кршењето на ланците кои го штителе градот ![]() Папата Инокентиј III, организаторот на Четвртата крстоносна војна Изменето од Македон - 29.Ноември.2009 во 23:31 |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
При споменувањето на крстоносните војни, никој не помислува дека всушност тие се одговор на нападите врз Византија. Крстоносните војни се случиле како одговор на апелот на византискиот Император за помош, упатен до Папата, а кој се однесувал на зачестените напади на Турците-Селџуци на источните граници на Ромејската Империја.
Точно е дека и Рим се обидувал да извлече корист од оваа случка
Токму ова е и проблемот и е тоа кое треба да се осуди. Крстоносците го извршиле масакрот, но никако тоа не било со одобрение од Црквата, туку крстоносците тоа го извршиле како своевиден личен акт на одмазда врз населението, како и желба за ограбување на богатството на истото. Токму ова и заслужува осуда, а не намерата на самиот крстоносен поход. |
||||
![]() |
||||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Втора крстоносна битка:
По освојувањето на Светата земја од страна на христијаните и создавање на крстоносни држави, конфликтот помеѓу муслиманите и христијаните не стивнувал. Така, овој пат походот го започниле турците кои тргнале во обид да ја освојат Едеса и сите други градови кои биле заземени од страна на крстоносците. Новиот крстоносен поход бил поткрепен од страна на многу проповедници, особено од Бернард Клаирвакс. Француските и германските војски со нивните кралеви Луј VII и Конрад III исто така марширале директно кон Ерусалим во 1147 година, но сепак не постигнале поголеми успеси. Крстоносците пробале да го освојат и Дамаск, но во тоа не успеале и целиот поход бил неуспешен. Оваа крстоносна војна започнала во 1147 година и траела се до 1149 година.[12] Овој поход завршил како резултат од потпаѓањето и преземањето на Едеса од страна на бегот Зенги. Како единствен успех кој им се препишува на крстоносците од овој поход е зазимањето на Лисабон и истерување на маврите од самиот град. Трета крстоносна битка:Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[13] Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Гргур VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим. |
||||
![]() |
||||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Состојбите на Блискиот исток
Муслиманското завладување на Светите Земји започнало со арапското завојување на Палестина во 7 век. Успесите на муслиманите довеле до пораст на притисокот во Византиската империја и до намалување на териториите што таа претходно ги имала освоено. Исто така, како друг фактор кој влијаел за започнување на таква војна било разрушувањето на Светиот Гроб од страна на Ал-Хаким Би-Амар Алах. Така, неговиот наследник во 1039 година по долготрајни преговори дозволил Византиската империја повторно да го изгради Светиот Гроб.[3] За таа сметка, муслиманските владетели добиле огромни финансиски средства од страна на Византија. Така, базиликата била повторно изградена, но за време на нејзиното градење и по нејзината изградба, многу поклоници биле духовно убивани. Сепак, за богатството на Ерусалим биле свесни и самите турци-селџуци. Кон половината на 11 век, турците селџуци по потекло од Централна Азија неуморно се движеле кон запад освојувајќи го Багдад, и во текот на тие освојувања локалното население го исламизирале. Во меѓувреме, Мала Азија, Сирија, Палестина и Египет биле контролирани од страна на муслиманите. Главна причина за поразот на муслиманскиот свет во Првата крстоносна војна се согледува во поделеноста и културното недоразбирање помеѓу муслиманите. Така, Анадолија и Сирија биле контролирани од страна на селџуците, што претходно имале веќе создадено една голема империја, но во тој момент биле разделени на многу мали држави. Алп Арслан ја поразилВизантија кај Манцикерт во 1071 и големи територии од Византија ги присоединил кон својата империја. Но, по смртта на Малик Шах I во 1092 година во империјата избувнала граѓанска војна која довела до пропаст на истата. Малик Шах I бил наследен од страна на Килиџ Арслан I, а во Сирија тој бил наследен од страна на неговиот брат Тутуш I, кој умира во 1095 година. Неговите синови, Редуан и Дукак го наследиле неговиот престол во Алепо и Дамаск. Така била предизвикана и граѓанската војна во империјата која довела до разделување на големата империја на повеќе држави. На секоја од овие држави основна цел ѝ била потчинување на своите соседи повеќе отколку наоѓање на решение за веќе најавената војна од страна на крстоносците. Во останатите делови на Селџукската империја раководиле Ортокидите во североисточна Сирија и Месопотамија. Тие со Ерусалим управувале сѐ до 1098 година кога крстоносците го зазеле градот. Египет и голем дел од Палестина биле под контрола на шиитите Фатимиди, чија империја била значително намалена по доаѓањето на селџуците. Алексеј I ги советувал крстоносците да дејствувал заедно со Фатимиди. Во почетокот, тие не сметале дека крстоносците би можеле да бидат закана за нив, бидејќи сметале дека нивна крајна цел е освојувањето на Сирија, но не и Палестина. Така, сѐ додека крстоносците не стигнале пред портите на Ерусалим, воопшто немало борба помеѓу овие две сили. Кризата која ја зафатила Франкиската империја во 9 век довела до моментална стабилизација на границите од западна Европа. Во меѓувреме, била извршена христијанизација на викинзите, словените и унгарците, што дополнително довело до меѓусебно поврзани војни и терори врз месното население. Од своја страна, црквата сѐ повеќе започнувала да навлегува во политичкиот живот во Европа, па така, се обидела и овде да стави крај на овие насилија, обидувајќи се да ја стави религијата пред политичките интереси помеѓу народите во Европа. Во глобала, црквата во тоа и успеала, со исклучок на Шпанија и Португалија, односно со избувнувањето на востанието Реконквиста, кога од страна на ибериските рицари и неколку воени платеници од Европа биле протерани муслиманските арапи од Иберискиот полуостров. Така, исламот продолжил да се пробива низ христијанска Европа, па во текот на 7 век и 8 век поголем дел од медитеранските земји и Иберискиот полуостров попаднале под власта на муслиманите. [4]Во меѓувреме, норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите. Во 1063 година, папата Александар II го дал својот благослов на ибериските христијани во нивните воени походи против муслиманите, давајќи им папски благослов (the vexillum sancti Petri) и награда за секој кој ќе појде и кој ќе убие муслиман. Во меѓувреме се повеќе биле зачестени нападите од страна на турските-селџуци врз Византија, која на некој начин била потисната. Затоа, императорот Михаил VII побарал помош од папата Григориј VII. Истото го сторил и императорот Алексеј I Комнен од папа Урбан II. Во меѓувреме, Михаил VII побарал помош и од страна на Кина во евентуална борба против турските-селџуци. Непосредна причина за започнување на првата крстоносна војна бил апелот на византискиот император Алексеј I Комнен до папа Урбан II за потпомагање на постојаните напади врз неговата империја од страна на муслиманите. На 26 август 1071 година во битката кај Манцикерт, византиската војска била катастрофално поразена, а царот Роман IV Диоген бил заробен. Со оваа бита често пати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз, кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото раководство. Во меѓувреме настанал и расколот помеѓу католичкиот западен свет и источниот православен свет, за кој долги години требало да поминат за да се ублажат односите помеѓу овие две цркви. Прва крстоносна војна На Соборот во Клермон кој се одржал во 1095 година била донесена одлука за започнување на нова војна која ќе го ослободи “Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин всушност претставувал и помош на Византија од страна на папата, кој сметал дека повторно ќе дојде до обединување на двете цркви под раководство на папата како "главен епископ и прелат на целиот свет", како што сам се нарекувал. Кралот Сигурд I Магнусон бил прв европски крал кој заминал со своите крстоносци кон Светите Земји. Здружените западноевропски крстоносци во нивниот прв крстоносен поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Годфрид Бујонски бил еден од водачите во Првиот крстоносен поход и по освојувањето на Ерусалим, станал крал на Ерусалим. Тој не сакал да биде крунисан како крал, туку како чувар на Светиот Гроб. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим. Опсадата на Ерусалим започнала од 7 јуни и траела се до 15 јули 1099 година. Крстоносците успеале да го заземат Ерусалим, каде бил “ослободен“ гробот на Исус Христос и била остварена и самата цел на првата војна. По повеќето неуспешни обиди за заземање на градот, конечно тоа успеало во јули кога во утрото на 15 јули кулата на Готфрид Бујонски се приближила многу блиску до ѕидините на градот. Така, првиот којшто влегол во градот бил фландрискиот витез Летолд, потоа Готфрид Бујонски, брат му Еустас Бујонски и Танкред Галилејски. При нивното влегување во градот, крстоносците ги пљачкале, убивале или мачеле скоро целото население на гртадот ( муслимани, евреи или христијани).[8] Многу од муслиманите се засолниле во џамијата Ал Акса, а колежот бил толку страшен, да според историските извори имало “крв до колена“. Единствени кои го преживеале колежот бил гувернерот на Фатимид кој се повлекол во култа на Давид и потоа се предал под услов слободно да излезе од Ерусалим. Готфрид Бујонски на 22 јули ја зел титулата- Чувар на Божјиот гроб, а по една година на неговиот престол седнал неговиот брат, Балдвин I Ерусалимски. Крстоносна војна од 1101 Во текот на 1101 година бил организиран нов поход од страна на Етиен Де Блоа и Југ Де Вермондоа, кои се упатиле кон своите земји пред да биде превземeн Ерусалим. Овој поход е познат како крстоносен поход од 1101 година и се смета како краен поход од првата крстоносна војна. Изменето од macedon_alex - 25.Август.2009 во 23:48 |
||||
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
||||
![]() |
||||
Vercingetorix ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Македон,избриши ја темата од Саладин незнам зашто ми текна да ја отворам.Оваа тема е подобра.Да се навратиме на најглавното:
Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.[1] Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, турците - селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“. Во текот на Крстоносните војни, самите крстоносци се соочиле со големи внатрешни политички, економски и социјални судири. Поради овие конфликти помеѓу христијанските кралства и политичките сили, некои од крстоносните походи завршиле со голем неуспех за крстоносците. Така на пример, целта на четвртата крстоносна војна била освојување на Константинопол, но дошло до противење кое довело до одложување на истото за неколку години (1204).[2] Во крстоносните војни учествувале множество претставници на витешки редови како што биле Витезите-Болничари, Витезите-Темплари, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред и.т.н. Точниот број на крстоносните походи сѐ уште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на Средниот век. |
||||
![]() |
||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Може само да му ја замислиме фацата на ромејскиот император кога во војската од запад видел превише кралеви за негов вкус
![]() Ромејците идело со стартегија бавно но славно. Полека еден емират по емират да ги превземаат од селџуците.А победените селџуци ги покрстувале и ги населувале во други делови од империјата.Така во Охрид во 11-12 век биле доселени преку 12.000 покрстени селџуци како колонисти.За нив дознваме потоа од норманите,кои нели имале неколку походи таму,па запишале со кои противници морале да се соочат(Бугари,Кумани,Печенези,Узи и Турци Селџуци). Додека крстоносците имале обратна тактика-славно но кратко. Крш ќе направат за кратко време но без долготрајни резултати. Ова е голем контраст со ромејскиот успех да спречи,апсорбира и на крај да асимилира цела низа на турски народи и упади речиси 500 години. Олеснителна околност за крстоносците е што немале демографска основа за да остават потрајни последици на освоените територии но изгледа не се ни потрудиле да го придобијат локалното христијанско население а па да не збориме за некава си организирана политика на покрстување на муслиманите. (Туркопилите кои биле во служба на кртсоносците се оставштина на Ромејците) п.с Терминот византија и византиски е измилен во 19 век. Самите тие "византијци" си се нарекувале Ромејци(Римјани) па зато и сметам дека посоодветно е да се користи терминот ромејски/ромејци. Изменето од ahmar1 - 25.Август.2009 во 14:56 |
||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Темата за Саладин ме поттикна да се отвори тема и за Крстоносните војни, мислам дека може да се развие интересна дискусија за причините, самите војни, политиката и битките, меѓутоа нема да дозволам да се претвори темава во бојно поле за меѓурелигиски препукувања и навредувања.
Добро би било да се почне да се дискутира од почеток, за да може и подробно да се анализира. Крстоносните војни The First Crusade was a military expedition by European Christians against Muslim territory in the Levant, which resulted in the capture of Jerusalem in 1099. It was launched in 1095 by Pope Urban II with the primary goal of responding to the appeal from Byzantine Emperor Alexius I. The Emperor requested that western volunteers come to their aid and repel the Seljuk Turks from Anatolia, modern day Turkey. An additional goal soon became the principal objective—the Christian reconquest of the sacred city of Jerusalem and the Holy Land and the freeing of the Eastern Christians from Islamic rule. Еден факт кој сите денес го забораваат или премолчуваат е дека Првата Крстоносна војна се случила по апелот на Византиската Империја до Папата за помош против Турците-Селџуци , чии територии биле нападнати и заземани, а тука влегувал и Ерусалим, Светиот Град. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |