Денешен број на Нова Македонија пренесува искуства од една појава по средните училишта, која за жал ја има и во основните. |
|
|
Ученици играат игри опасни по живот
| |
Брзите реакции на вработените кога ова се случува во училиште не дозволуваат да дојде до најлоштото. Но што кога овие игри се случуват и навор од училиште и надвор од дома. Ученици играат игри опасни по живот |
|
|
|
Автор: Антонија Поповска |
|
Во
клекната положба, длабоко вдишував и издишував воздух околу 10 пати.
Последниот пат кога зедов воздух, нагло станав. Другарот ме удри силно
по градите, точно на местото каде што ми е срцето. Од тој момент, не се
сеќавам што се случило потоа. Другарите ми кажаа дека сум бил во
несвест неколку минути. Само се сеќавам дека кога ги отворив очите бев
збунет, не знаев што ми се случило.
Вакво искуство ни пренесе
ученик во скопското училиште „Марија Кири Склодовска“, кој ја играл
оваа „игра“, која е хит меѓу средношколците во речиси сите скопски
училишта. „Онесвестување“ или „Издишување“ се игра во училниците,
училишните дворови, во парковите. Поентата е тој што ја игра играта да
се онесвести, а ако не му успее, тоа значи дека „не е фраер“ во
друштвото, коментираат учениците. Тие велат дека на Интернет виделе
како на ваков начин се забавуваат нивни врсници на американските
колеџи, па оттаму им дошла идеја и тие да се „испробаат“.
Минатата
недела во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, ученик во прва година завршил
на шиење на брадата откако треснал онесвестен на подот во училиштето.
Вчера
екипата на „Нова Македонија“ го посети ова училиште. Речиси и немаше
ученик кој не знаеше за оваа игра, а многумина од нив раскажуваа лични
искуства.
- Сакав да видам како е и решив мене да ме
онесвестат. Бевме во градскиот парк по часовите. Јас почнав да
вдишувам, издишувам, а другар ми ме удри по градите. Очекував да паднам
во несвест, ама не се случи тоа. Потоа, неколку минути непрестано ми
течеше крв од носот - раскажува ученик во втора година во оваа
гимназија. Кога ги прашавме што гледаат забавно во оваа игра, учениците рекоа:
- Па, се смееме кога гледаме како наш другар е онесвестен. Најсмешно е кога ќе се свести, шета како мува без глава.
Марица Миладиновиќ, педагог во ова училиште, вели дека родителите се тие што мора да внимаваат што прават нивните деца.
- Не може 20-30 професори да контролираат 750 ученици што се во една смена и да знаат кој од нив што прави - рече Миладиновиќ.
Таквите игри можат да предизвикаат и смрт, предупредуваат лекарите.
-
Кога организмот ќе остане без кислород детето ќе се онесвести, и
автоматски од вишокот јаглероддиоксид ќе се забрза дишењето. Но тоа не
мора секогаш да биде така. Овие игри не се безопасни. Во крајни случаи
може да предизвикаат и смрт, особено ако се повторуваат - објаснува
проф. д-р Спасе Јовковски од Клиниката за неврохирургија.
Тој
додава дека кислородот и гликозата се основната храна на мозокот и дека
најмалку што може да се случи при ваквите „игри“ е детето да добие
грчеви слични на епилептичните.
Педагозите и психолозите се
едногласни, ваквите игри се опасни, а децата ги прават бидејќи им
недостигаат идеи за правилно трошење на енергијата.
- Тоа се
прави за да привлечат внимание во друштвото, затоа што веројатно тоа
внимание не го добиваат таму каде што треба. Младите се идентификуваат
со децата од развиените земји. Големо влијание има и нагонот за смрт,
кој кај луѓето се покажува преку несвесен мазохизам и автодеструкција,
како што е примерот со оваа игра. Луѓето едноставно несвесно имаат
потреба од болка - објаснува психологот Мирослав Пендароски.
Според педагогот Убавка Бутлеска, пак, децата експериментираат и не се свесни дека некои работи што ги прават се опасни.
-
Обично сакаат да скокаат од високо, да се удираат. Ова експериментирање
го имало отсекогаш. Ваквото поведение се сведува на недостиг од идеи, а
и на тоа што немаат можност да се изразат себеси - вели Бутлеска.
Директорите не можат да најдат решение
Засега
немам намера да поканам лекар што би им ги објаснил последиците на
учениците, зашто се плашам дека ќе им дадеме идеја да ја играат таа
игра, вели Ѓорѓи Китански, директор на гимназијата „Орце Николов“.
-
Поарно е да не ги инспирираме учениците на такво нешто. Ја држиме
ситуацијата под контрола, иако кај нас досега не се случило такво нешто
- вели Китански.
Како што дознаваме, во гимназијата „Никола
Карев“ двајца ученици завршиле в болница откако ја играле оваа игра. Но
директорката Горица Илиоска вчера ниту ги демантира, ниту ги потврди
овие информации. |
Изменето од mamamd - 20.Мај.2009 во 12:24
|