Опасни детски игри
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19122
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 03:09 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Опасни детски игри
Постирано од: mamamd
Наслов: Опасни детски игри
Датум на внесување: 20.Мај.2009 во 12:21
Денешен број на Нова Македонија пренесува искуства од една појава по средните училишта, која за жал ја има и во основните.
|
|
|
Ученици играат игри опасни по живот
| | Брзите реакции на вработените кога ова се случува во училиште не дозволуваат да дојде до најлоштото. Но што кога овие игри се случуват и навор од училиште и надвор од дома.
Ученици играат игри опасни по живот |
|
|
|
Автор: Антонија Поповска |
|
Во
клекната положба, длабоко вдишував и издишував воздух околу 10 пати.
Последниот пат кога зедов воздух, нагло станав. Другарот ме удри силно
по градите, точно на местото каде што ми е срцето. Од тој момент, не се
сеќавам што се случило потоа. Другарите ми кажаа дека сум бил во
несвест неколку минути. Само се сеќавам дека кога ги отворив очите бев
збунет, не знаев што ми се случило.
Вакво искуство ни пренесе
ученик во скопското училиште „Марија Кири Склодовска“, кој ја играл
оваа „игра“, која е хит меѓу средношколците во речиси сите скопски
училишта. „Онесвестување“ или „Издишување“ се игра во училниците,
училишните дворови, во парковите. Поентата е тој што ја игра играта да
се онесвести, а ако не му успее, тоа значи дека „не е фраер“ во
друштвото, коментираат учениците. Тие велат дека на Интернет виделе
како на ваков начин се забавуваат нивни врсници на американските
колеџи, па оттаму им дошла идеја и тие да се „испробаат“.
Минатата
недела во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, ученик во прва година завршил
на шиење на брадата откако треснал онесвестен на подот во училиштето.
Вчера
екипата на „Нова Македонија“ го посети ова училиште. Речиси и немаше
ученик кој не знаеше за оваа игра, а многумина од нив раскажуваа лични
искуства.
- Сакав да видам како е и решив мене да ме
онесвестат. Бевме во градскиот парк по часовите. Јас почнав да
вдишувам, издишувам, а другар ми ме удри по градите. Очекував да паднам
во несвест, ама не се случи тоа. Потоа, неколку минути непрестано ми
течеше крв од носот - раскажува ученик во втора година во оваа
гимназија. Кога ги прашавме што гледаат забавно во оваа игра, учениците рекоа:
- Па, се смееме кога гледаме како наш другар е онесвестен. Најсмешно е кога ќе се свести, шета како мува без глава.
Марица Миладиновиќ, педагог во ова училиште, вели дека родителите се тие што мора да внимаваат што прават нивните деца.
- Не може 20-30 професори да контролираат 750 ученици што се во една смена и да знаат кој од нив што прави - рече Миладиновиќ.
Таквите игри можат да предизвикаат и смрт, предупредуваат лекарите.
-
Кога организмот ќе остане без кислород детето ќе се онесвести, и
автоматски од вишокот јаглероддиоксид ќе се забрза дишењето. Но тоа не
мора секогаш да биде така. Овие игри не се безопасни. Во крајни случаи
може да предизвикаат и смрт, особено ако се повторуваат - објаснува
проф. д-р Спасе Јовковски од Клиниката за неврохирургија.
Тој
додава дека кислородот и гликозата се основната храна на мозокот и дека
најмалку што може да се случи при ваквите „игри“ е детето да добие
грчеви слични на епилептичните.
Педагозите и психолозите се
едногласни, ваквите игри се опасни, а децата ги прават бидејќи им
недостигаат идеи за правилно трошење на енергијата.
- Тоа се
прави за да привлечат внимание во друштвото, затоа што веројатно тоа
внимание не го добиваат таму каде што треба. Младите се идентификуваат
со децата од развиените земји. Големо влијание има и нагонот за смрт,
кој кај луѓето се покажува преку несвесен мазохизам и автодеструкција,
како што е примерот со оваа игра. Луѓето едноставно несвесно имаат
потреба од болка - објаснува психологот Мирослав Пендароски.
Според педагогот Убавка Бутлеска, пак, децата експериментираат и не се свесни дека некои работи што ги прават се опасни.
-
Обично сакаат да скокаат од високо, да се удираат. Ова експериментирање
го имало отсекогаш. Ваквото поведение се сведува на недостиг од идеи, а
и на тоа што немаат можност да се изразат себеси - вели Бутлеска.
Директорите не можат да најдат решение
Засега
немам намера да поканам лекар што би им ги објаснил последиците на
учениците, зашто се плашам дека ќе им дадеме идеја да ја играат таа
игра, вели Ѓорѓи Китански, директор на гимназијата „Орце Николов“.
-
Поарно е да не ги инспирираме учениците на такво нешто. Ја држиме
ситуацијата под контрола, иако кај нас досега не се случило такво нешто
- вели Китански.
Како што дознаваме, во гимназијата „Никола
Карев“ двајца ученици завршиле в болница откако ја играле оваа игра. Но
директорката Горица Илиоска вчера ниту ги демантира, ниту ги потврди
овие информации. |
|
Коментари:
Постирано од: defma
Датум на внесување: 20.Мај.2009 во 13:15
Да ја знам оваа игра, кога јас бев основно пред 11 години оваа иста игра беше актуелна се додека една другарка од моето оделение при онесвестувањето падна и си направи длабока исекотина на раката,веднаш беше однесена во болница на шиење и оттогаш играта не се повтори. Страшно е што младите не знаат како да го искористат слободното време, не знаат да разговараат на разни теми, нивното комуницирање се сведува на муабети кој што лошо направил, кој е поголем фраер, кој има повеќе пари, наместо да разговараат за спорт, филмови, разни интереси.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 21:42
Господ да ги чува децава од вакви глупости, се сложувам дека тоа е недостатот на инспирација и креативност во игрите, вишок акумулирана енергија која се канализира на опасен начин, што под влијание на америчките другарчиња, потсвесна желба за самоказнување поради некое чувство на вина..
Како и да е, просто родителите да немаат мир!
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 23:14
И во мое време една колешка на факултет се фалеше дека има моќ некого да онесвести, имаше колеги кои пробуваа.......им беше интересно да видат дали ќе и успее „финтата“ и кај нив....
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 00:18
е во времето кога се саделе бавчи,овоштарници,тутун, децата оделе на работа во нива па во училиште и немале време за вакви глупави идеи денес нашите деца имаат премногу слободно време иако се жалат дека од учење немаат време за ништо до некаде вината е и наша,на родителите тргнувам од себеси-ти учи,ништо друго не треба.... учи два саати и после не знае што со себеси а баш би можела да има насадам 2-3 декари тутун... чисто за разонода
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 00:59
Andjelina напиша:
е во времето кога се саделе бавчи,овоштарници,тутун, децата оделе на работа во нива па во училиште и немале време за вакви глупави идеиденес нашите деца имаат премногу слободно време иако се жалат дека од учење немаат време за ништодо некаде вината е и наша,на родителитетргнувам од себеси-ти учи,ништо друго не треба....учи два саати и после не знае што со себесиа баш би можела да има насадам 2-3 декари тутун...чисто за разонода
|
mi go zema zborot! da gi pratish malku da kopaat bavcha pa da vidish dali ke im tekne da praat gluposti ili ke spiajt posle...premnogu im se dozvoluva na decaa, nikakva kontrola od nikogo. galeni-pregaleni.
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 13:44
ee,..kaj se zlatnite vreminja,..koga edinstveno opasna igra beshe,...dolga magarica!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 13:51
ccc lele decavaaa
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Постирано од: IzGubEnA
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 13:56
ja imam probano igrava...i ne e nesto posebno onaka se gubis i koga ke se razbudis po 5,6 minuti imas cuvstvo kako da si bil vo nesvest saat, dva i vo tie nekolku minuti sonuvas nesto neobicno (primer jas sonuvav deka me brka kuce i koga se osvestiv samo viknav trgni go). golem broj od decata sto gi znam ja imaat probano igrava i dosega nikoj nemal zdravstveni problemi...nekolku minuti otkako ke se razbudis...kako nisto da ne bilo
-------------
|
Постирано од: G1RL
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 14:02
Јас во нашето училиште играва досега не сум видела некој да ја игра. Се надевам и дека нема бидејки од една игра може да произлезе нешто мн.посериозно со трајни последици. Зарем децава неможат да најдат некоја понормална игра која нема да биде толку опасна???
------------- TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
Постирано од: ultra
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 14:16
IzGubEnA напиша:
ja imam probano igrava...i ne e nesto posebno onaka se gubis i koga ke se razbudis po 5,6 minuti imas cuvstvo kako da si bil vo nesvest saat, dva i vo tie nekolku minuti sonuvas nesto neobicno (primer jas sonuvav deka me brka kuce i koga se osvestiv samo viknav trgni go). golem broj od decata sto gi znam ja imaat probano igrava i dosega nikoj nemal zdravstveni problemi...nekolku minuti otkako ke se razbudis...kako nisto da ne bilo |
Откако ќе се јават здравствените проблеми, веќе ќе биде касно и за тоа дете што било заморче и за тие деца што го терале да ја проба играта.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 14:21
Ako vnimatelno go citame napisot, ne e sosema bez posledici,ako ne s eposledici, rascepeni glavi, skrseni zabi, race, shienje na bradi i drugi raskuvanja.
-------------
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 15:19
IzGubEnA напиша:
ja imam probano igrava...i ne e nesto posebno onaka se gubis i koga ke se razbudis po 5,6 minuti imas cuvstvo kako da si bil vo nesvest saat, dva i vo tie nekolku minuti sonuvas nesto neobicno (primer jas sonuvav deka me brka kuce i koga se osvestiv samo viknav trgni go). golem broj od decata sto gi znam ja imaat probano igrava i dosega nikoj nemal zdravstveni problemi...nekolku minuti otkako ke se razbudis...kako nisto da ne bilo |
значи според тебе... и не е баш нешто посебно ?? не е ништо посебно што,... не дај боже, некој што не знае дека има астма, дијабет, алергии... ја проба играта и заврши кобно ?? кој ќе биде крив... учениците што ја играле, самиот тој што ја пробал ,,не-посебната-игра,, или професорите кои се задолжени да ги пазат учениците ??
треба ли на некој нешто да му се случи па играта да стане нешто ПОСЕБНО ?? како ќе ти биде тебе твоја другарка или другар да останат со здравствени проблеми заради играта ??
затоа, те молам да размислиш по втор пат за ова што го напиша... овде чита и некој што ќе поверува во твојот ,,непосебен,, пост !!!
-------------
|
Постирано од: IzGubEnA
Датум на внесување: 23.Мај.2009 во 15:43
koga rekov ne e nisto posebno mislev na...NEZNAM ZOSTO PRAVAT TAKVI GLUPOSTI KOGA NE E NESTO INTERESNO I POSEBNO ZA DA SE NAPRAVI...znaci ne ja podrzuvam igrata i mislam deka treba da se prestane...no toa go sfativ duri otkako probav...prvo bev ljubopitna i mislev deka e kul..no otkako probav sfativ deka e cista glupost. zatoa rekov ne e nisto posebno odnosno igrata e cista glupost...a ne deka nekoj treba da umre i slicno za da bide interesno.. pozdrav
-------------
|
Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 11.Јуни.2009 во 03:04
mamamd напиша:
Засега
немам намера да поканам лекар што би им ги објаснил последиците на
учениците, зашто се плашам дека ќе им дадеме идеја да ја играат таа
игра, вели Ѓорѓи Китански, директор на гимназијата „Орце Николов“.
|
интересно гледиште на еден педагог. ај да ја укинеме и телевизијата и сите лоши работи со една забрана!? како може вака да размислува современ човек!? транспарентноста и едукацијата никогаш не биле штетни. освен во комунизмот. значи, земете ги децата за раце, однесете ги во болница, покажете им што може да им се случи, немојте да слушате вакви кукавички изјави.
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
|