IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Археолошки музеј крај Вардар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Археолошки музеј крај Вардар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 15:17
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

НЕКА биде , дури мислам дека треба да биде и ПОИМПОЗАНТЕН зошт како тргнавме со АРХЕОЛОШКИТЕ истражувања се плашам дека за многу кратко време ќе биде ПРЕМАЛ...
 
Штета што сега не сме побогати..како држава мислам...па да (конечно нели) започнеме и со континуирано уредување на Скопје , како (се)македонска метропола..наместо сегашните (чест на исклучоците..ако ги има) градежно-архитектонски експерименти правени со децении од нашата градежничка фела..а кои велат дека само неуспешен студент по градежништво..се определува да (по)стане архитект..а Скопје ни е (велат жив) пример за тоа..
Како за пример посочен е...„чирот„ пред палатата на ЕВН, викан и ЛУМИКС..
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 15:00
НЕКА биде , дури мислам дека треба да биде и ПОИМПОЗАНТЕН зошт како тргнавме со АРХЕОЛОШКИТЕ истражувања се плашам дека за многу кратко време ќе биде ПРЕМАЛ...
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 14:57
Aj da smenime malku tema. голема%20насмевка
 
Музеј на Акропол, музеј крај Вардар
 
 
Автор:  Ј.Ф.
Култура
 
Археолошкиот музеј кој сега функционира во рамки на Музејот на Македонија, заедно со Историскиот и Етнолошкиот музеј, целосно ќе биде преселен во новиот објект крај Вардар, кој треба да биде завршен за 28 месеци.

Со оваа храбра најава за рекордно брзиот рок на изградба на новиот Археолошки музеј, Македонија, чие богато културно-историско наследство постојано се апострофира како една од нејзините основни препознатливи димензии, ќе добие простор за соодветна постановка што репрезентативно ќе ја претставува земјата.

- Се сеќавам дека во 1984 година кога Археолошкиот музеј, тогаш посебна институција, се претопи во Музејот на Македонија, немаше коментари и реакции. Тогаш тоа беше сторено во интерес на окрупнување на куќата, но всушност доведе до обезличување на Археолошкиот музеј. Со овој зафат сега музејот и археологијата како дејност се враќаат на своите позиции. Затоа на изградбата на новата куќа гледам како на исклучително позитивен момент - вели Драгиша Здравковски, археолог и професор на Катедрата за историја на уметност.

Таквото окрупнување од пред четврт век Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, го коментира како социјалистички експеримент.

- Целта на новиот Археолошки музеј е да обезбеди простор за презентирање на најдоброто од нашата културно - историска оставнина на најдоброто место во градот, во центарот кој е редовно најпосетен и најатрактивен урбан простор и каде што ги имаат своите музеи сите големи градови на светот - вели Кузман.

Проектот за новиот Музеј е на архитектот Слободан Живковски, кој предвиде неокласицистичко здание со дворно место крај Вардар, до кое ќе се приоѓа преку мост. Музејот ќе има приземје и три ката, кои ќе обезбедат површина од 6000 метри квадратни изложбен простор.

Проектот за ентериерното уредување се подготвува, најавува Кузман.

- Долниот кат и дворот секогаш се предвидени за лапидариум, а катовите се уредуваат за античкиот период и средновековието. Идејата е во рамки на Музејот да биде адаптиран и галериски простор за средновековни икони, во кој ќе бидат сместени иконите од Музејот на Македонија. Но, тој простор сè уште не е концепциски осмислен. Како што знаете, во оваа збирка е и Богородица Пелагонитица - објаснува Кузман.

Идејата за изградба на нов археолошки музеј беше објавена конечно и дефинитивно на почетокот на оваа година, без никакви претходни најави. Изградбата почнува во време кога завршуваат работите на изградбата на новиот Археолошки музеј на Акропол во Атина. Имаат ли двата објекта некаква, макар и далечна контекстуализација во актуелниот политички момент на меѓусебен тивок ривалитет меѓу двете земји?

- Не ја посматрам изградбата на новиот Археолошки музеј кај нас како контраодговор на новиот музеј под Акропол во Атина, туку како проширување на можноста за изложување на археолошкото богатство на Македонија и како база за нејзино натамошно истражување - вели Драгиша Здравковски.

Можност за споредби речиси и нема, вели тој, особено ако се знае дека Археолошкиот музеј во Грција е стар околу 200 години.

Новиот Музеј во подножјето на Акропол во Атина ќе биде промовиран на 20 јуни. Агенциите постојано известуваат за новиот објект, поттикнат од постојаните ископувања и многубројните наоди на Акропол, кои го надминале капацитетот на постојниот музеј. Дополнителна мотивација за изградба на новиот музеј, како што пишуваат грчките весници, беа минатите заложби на Грција за враќање на Елгиновиот мермер, артефакт одземен во 18 век од британскиот конзул во Грција, кој сега е дел од постановката на Британскиот музеј во Лондон. Создавањето галерија за изложување на Елгиновиот мермер по неговото можно враќање била замаец за подоцнежната иницијатива за изградба на нов музеј.

- Нас нè не интересира нивната мотивација. Сметавме дека Македонија треба да има Археолошки музеј во центарот на главниот град - категоричен е Кузман.

Светлина и движење

По неколку меѓународни конк*рси за новиот музеј во Атина, прифатен беше проектот на архитектот од Њујорк Бернард Тцуми, направен во соработка со Гркот Михаел Фотијадис, кои го поставија новиот објект во подножјето на Акропол на столбови над археолошките остатоци на локацијата за градба, без да ги оштети при тоа. Изградбата започна во септември 2007 година. Дизајнот на Тцуми се потпира на три аспекти: светлина, движење и тектонски и програмски елементи, кои заеднички го претвораат проектот во, како што оценуваат посматрачите, „архитектонски опортунитет, кој нуди едноставен и прецизен музеј со математичка и концептуална чистина на античка грчка зграда“.
 
 
A za ovoj muzej shto velite, da  bide ili ne? збунетост
 
Tuku koj ne prashuva nas? голема%20насмевка тага
 
 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.