Археолошки музеј крај Вардар
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Aрхитектура и дизајн
Опис на форумот: Хармоничен спој на наука и уметност...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18935
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 16:12 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Археолошки музеј крај Вардар
Постирано од: Popi
Наслов: Археолошки музеј крај Вардар
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 14:57
Aj da smenime malku tema.
Музеј на Акропол, музеј крај Вардар
Автор: Ј.Ф. |
|
Археолошкиот музеј кој сега функционира во рамки на Музејот на Македонија, заедно со Историскиот и Етнолошкиот музеј, целосно ќе биде преселен во новиот објект крај Вардар, кој треба да биде завршен за 28 месеци.
Со оваа храбра најава за рекордно брзиот рок на изградба на новиот Археолошки музеј, Македонија, чие богато културно-историско наследство постојано се апострофира како една од нејзините основни препознатливи димензии, ќе добие простор за соодветна постановка што репрезентативно ќе ја претставува земјата.
- Се сеќавам дека во 1984 година кога Археолошкиот музеј, тогаш посебна институција, се претопи во Музејот на Македонија, немаше коментари и реакции. Тогаш тоа беше сторено во интерес на окрупнување на куќата, но всушност доведе до обезличување на Археолошкиот музеј. Со овој зафат сега музејот и археологијата како дејност се враќаат на своите позиции. Затоа на изградбата на новата куќа гледам како на исклучително позитивен момент - вели Драгиша Здравковски, археолог и професор на Катедрата за историја на уметност.
Таквото окрупнување од пред четврт век Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, го коментира како социјалистички експеримент.
- Целта на новиот Археолошки музеј е да обезбеди простор за презентирање на најдоброто од нашата културно - историска оставнина на најдоброто место во градот, во центарот кој е редовно најпосетен и најатрактивен урбан простор и каде што ги имаат своите музеи сите големи градови на светот - вели Кузман.
Проектот за новиот Музеј е на архитектот Слободан Живковски, кој предвиде неокласицистичко здание со дворно место крај Вардар, до кое ќе се приоѓа преку мост. Музејот ќе има приземје и три ката, кои ќе обезбедат површина од 6000 метри квадратни изложбен простор.
Проектот за ентериерното уредување се подготвува, најавува Кузман.
- Долниот кат и дворот секогаш се предвидени за лапидариум, а катовите се уредуваат за античкиот период и средновековието. Идејата е во рамки на Музејот да биде адаптиран и галериски простор за средновековни икони, во кој ќе бидат сместени иконите од Музејот на Македонија. Но, тој простор сè уште не е концепциски осмислен. Како што знаете, во оваа збирка е и Богородица Пелагонитица - објаснува Кузман.
Идејата за изградба на нов археолошки музеј беше објавена конечно и дефинитивно на почетокот на оваа година, без никакви претходни најави. Изградбата почнува во време кога завршуваат работите на изградбата на новиот Археолошки музеј на Акропол во Атина. Имаат ли двата објекта некаква, макар и далечна контекстуализација во актуелниот политички момент на меѓусебен тивок ривалитет меѓу двете земји?
- Не ја посматрам изградбата на новиот Археолошки музеј кај нас како контраодговор на новиот музеј под Акропол во Атина, туку како проширување на можноста за изложување на археолошкото богатство на Македонија и како база за нејзино натамошно истражување - вели Драгиша Здравковски.
Можност за споредби речиси и нема, вели тој, особено ако се знае дека Археолошкиот музеј во Грција е стар околу 200 години.
Новиот Музеј во подножјето на Акропол во Атина ќе биде промовиран на 20 јуни. Агенциите постојано известуваат за новиот објект, поттикнат од постојаните ископувања и многубројните наоди на Акропол, кои го надминале капацитетот на постојниот музеј. Дополнителна мотивација за изградба на новиот музеј, како што пишуваат грчките весници, беа минатите заложби на Грција за враќање на Елгиновиот мермер, артефакт одземен во 18 век од британскиот конзул во Грција, кој сега е дел од постановката на Британскиот музеј во Лондон. Создавањето галерија за изложување на Елгиновиот мермер по неговото можно враќање била замаец за подоцнежната иницијатива за изградба на нов музеј.
- Нас нè не интересира нивната мотивација. Сметавме дека Македонија треба да има Археолошки музеј во центарот на главниот град - категоричен е Кузман.
Светлина и движење
По неколку меѓународни конк*рси за новиот музеј во Атина, прифатен беше проектот на архитектот од Њујорк Бернард Тцуми, направен во соработка со Гркот Михаел Фотијадис, кои го поставија новиот објект во подножјето на Акропол на столбови над археолошките остатоци на локацијата за градба, без да ги оштети при тоа. Изградбата започна во септември 2007 година. Дизајнот на Тцуми се потпира на три аспекти: светлина, движење и тектонски и програмски елементи, кои заеднички го претвораат проектот во, како што оценуваат посматрачите, „архитектонски опортунитет, кој нуди едноставен и прецизен музеј со математичка и концептуална чистина на античка грчка зграда“. |
A za ovoj muzej shto velite, da bide ili ne?
Tuku koj ne prashuva nas?
|
Коментари:
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:00
НЕКА биде , дури мислам дека треба да биде и ПОИМПОЗАНТЕН зошт како тргнавме со АРХЕОЛОШКИТЕ истражувања се плашам дека за многу кратко време ќе биде ПРЕМАЛ...
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:17
kultuzin напиша:
НЕКА биде , дури мислам дека треба да биде и ПОИМПОЗАНТЕН зошт како тргнавме со АРХЕОЛОШКИТЕ истражувања се плашам дека за многу кратко време ќе биде ПРЕМАЛ... |
Штета што сега не сме побогати..како држава мислам...па да (конечно нели) започнеме и со континуирано уредување на Скопје , како (се)македонска метропола..наместо сегашните (чест на исклучоците..ако ги има) градежно-архитектонски експерименти правени со децении од нашата градежничка фела..а кои велат дека само неуспешен студент по градежништво..се определува да (по)стане архитект..а Скопје ни е (велат жив) пример за тоа..
Како за пример посочен е...„чирот„ пред палатата на ЕВН, викан и ЛУМИКС..
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:17
Секој оној кој не бил во посета на овој комплекс не знае што е проблем. Зградата на музејот е така заобиколена со куќи кои надвиснале над сокаците (тоа не е улица туку сокак) на кој има толку многу паркирани автомобили и поставени тезгичиња од околните продавници и столици и маси од кафанчињата што искрено и Худини како шофер би се откажал да вози по тие сокаци. Целта на музеите во принцип е да се организираат екск*рзии (школски и туристички) од кои средства собрани од влезници музеите ке се прошируваат односно ќе можат да финансираат понатамошни истражувања. Многу училишта иако имаат огромна потреба од посета и теренска настава с еоткажуваат токму заради неможноста автобусите (па ни децата пешки) да стасаат до музејот. Жалосно е што трудот на вработените- кои се ретко добро организирани и на секој начин се обидуваат да привлечат посетители паќа во вода. Јас сум за преместување на целиот комплекс во некој дел од градот каде ке може да има огромен паркинг простор, комплекс со ресторани и продавници со сувенири.
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:19
Попи, може да го смениме насловот на темата? Нека бидена пример: Археолошки музеј крај Вардар (или по твој избор)... Мене не ми е јасно и воопшто не ми се допаѓа зошто идејата за археолошки музеј во Македонија е ставена во корелација со привршувањето на археолошки музеј во Атина?! Што, да не требаше грците да ги прашаме дали и кога да го започнеме музејот?! Зошто мора да се бара врска меѓу двата настани? Дајте да си дискутираме за објектот на нашиот музеј, да ги оставиме грците со нивниот на страна.
На Македонија и треба ваков единствен објект кој на едно место ќе го презентира богатото културно-историско наследство на земјата, а тоа за нас треба да биде поважно од она со што се занимаваат нашите соседи.
П.С. Може линк од каде е текстот?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:28
Naslovot beshe takov vo originalot Anastea, jas samo go pastirav, zatoa.
Eve go linkot;
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=385&ArticleID=23876 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=385&ArticleID=23876
Inache nema problem smeni go kako sakash.
|
Постирано од: novace
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:35
mamamd напиша:
Секој оној кој не бил во посета на овој комплекс не знае што е проблем. Зградата на музејот е така заобиколена со куќи кои надвиснале над сокаците (тоа не е улица туку сокак) на кој има толку многу паркирани автомобили и поставени тезгичиња од околните продавници и столици и маси од кафанчињата што искрено и Худини како шофер би се откажал да вози по тие сокаци. Целта на музеите во принцип е да се организираат екск*рзии (школски и туристички) од кои средства собрани од влезници музеите ке се прошируваат односно ќе можат да финансираат понатамошни истражувања. Многу училишта иако имаат огромна потреба од посета и теренска настава с еоткажуваат токму заради неможноста автобусите (па ни децата пешки) да стасаат до музејот. Жалосно е што трудот на вработените- кои се ретко добро организирани и на секој начин се обидуваат да привлечат посетители паќа во вода. Јас сум за преместување на целиот комплекс во некој дел од градот каде ке може да има огромен паркинг простор, комплекс со ресторани и продавници со сувенири.
|
Зачуден сум до крајни граници..како оние.. „студентите„ од сега скоро секому познатата АРХИбригада..од Архитектонскиот Факултет..збор не рекле досега и никому....но и не го забележиле она кое што постои со децении , а за кое овде е напишано..како свој скромен прилог???
Дали тоа ВИЗУРИТЕ нивни...на идните архитекти (велат неуспешни градежници) некој им ги „насочил„..посебно кон плоштадот (само) и конечно ЗАШТО (само натаму) ??
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:40
Да Попи, претпоставував дека така гласи насловот на новинарскиот напис, затоа предложив да го промениме. Во насловот акцентот е ставен на грчкиот музеј, јас викам ние да си дискутираме за нашиот објект
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:47
Како се одвиват работите мислам дека сите оние МАКЕДОНЦИ со име Александар и Филип ќе треба да си ги сменат ИМИЊАТА бидејќи НЕЛИ тоа е директна провокација и нарушување на позициите во преговорите...
Всушност се прашувам зошто воопшто имаме влада кога за се треба да се консултираме со нашите ЧУВСТВИТЕЛНИ СОСЕДИ...
А да викнеме некој ГЕЈ да ни направи ПЛАН како да изгледа плоштадот МАКЕДОНИЈА...
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:49
Da, so naslovot gi sporeduva...kako istovremeni sluchuvanja.
Za nashiot sigurno, koj gi shisha Grcite.
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:52
Popi напиша:
Da, so naslovot gi sporeduva...kako istovremeni sluchuvanja.
Za nashiot sigurno, koj gi shisha Grcite.
|
Како кој ги ШИША , па нели гледаш дека ОПОЗИЦИЈАТА , како и дел од нашите почитувани колеги на форумот , повеќе се СЕКИРАТ што ќе кажат ГЕЈОВИТЕ...отколку за интересите на овој народ и борбата за зачувување на нашите КОРЕНИ..
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 15:57
Грците си копаат на Акропол, и тоа интензивно и постојано. Ги реконструираат столбовите на Партенон, кранови постојано штрчат од рушевините... Се чекаше враќање на едната од Каријатидите од Лондонскиот музеј за да биде изложена во новата зграда на археолошки. Тие не прашуваат никого (што и не треба) дали треба да копаат по нивната земја и што и каде треба да изложуваат од нивните артефакти, што патем им носат огромни суми на пари.
Зошто ние некого би прашувале или би чекале одобрение за нешто вакво?! До кога сами ќе се минираме и ќе си даваме автоголови?
Дали објектот со архитектонското решение и локација е добро изведен, дали му требаат корекции, дали можеби друга локација, колку ќе чини... тоа се прашања од наш интерес, другото е ирелевантно.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 16:08
Seriozno da, i jas sum za sekoj vid na proekti koi se vo vrska so arheoloshkite pronajdoci...i normalno solidni muzei kade istite bi se izlozhile. Cel svet ZARABOTUVA bash od takvi atrakcii a kaj nas, kaj da kopnesh ke se najde po neshto...za nekoj sluchaen patnik da si go sobere i prodade za ic bez pari na itrite stranci.
Vo Grcija nikoj ne odi da gi vidi Grcite...pa ne tolku ni za moreto (koe poveke od pola e nashe btw) tuku odat da ja vidat "antichka i klasichna Grcija" shto tolku ja prodavaat.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 18:43
Локацијата каде е сместено сето заедно е можеби една убава замисла за некое време во кое од музејот туристите можеле да се носат и на Кале каде секогаш имало некои ископување. Но во меѓувреме урбанистичкиот план на тој дел на градот комплетно се изменил па така како што спомнав и претходно стана не пристапно место. Планот за убава прошетка или туристичка тура низ Скопје во која ќе се види сето ова е неможно. Изградбата на таков убав комплекс нема никаква врска со Грците и не знам зошто во секоја тема поврзана со археологијата ние самите однапред се повикуваме на мислењето на Грција. Дали Грците ни се криви и за изградбата на новата траса на автопатот подалеку од Стоби (за да остане на странпат на кој никој веке не оди и не го посетува), за покривање на мозаиците во Хераклеа (за да се заштитат од забот на времето). Не ни се криви другите што работите не се организираат онака како што треба па нашите посетители немаат што да посетат или посетуваат во своја режија.
-------------
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Мај.2009 во 19:14
самиот музеј е погрешен во многу правци, но не би дискутирал за тоа бидејќи темава е во политика, а нормално нели, мора да се гради, а каде и што, не е воопшто битно
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Мај.2009 во 17:27
Onie koi sakame da go posetime muzejot gi znaeme problemite na koi naiduvame nie kako domashni posetiteli, no imalo i pogolemi problemi. Problemot koj go otvorivme nie veke go elaborira i Nova Makedonija http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=399&ArticleID=25119 - Странците не можат да стигнат до Музејот Македонија ни со сателитско наведување
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 11:33
Веројатно ќе почекаме за археолошкиот музеј. засега не е лошо и ова, иако има критики http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=889&ArticleID=34821 - - Нов воен музеј на Кале
-------------
|
|