|
Еколошка свест |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еко - потенцијал кој чека да биде откриен... Во новиот век светот се бори со загадувањето за кое сам е виновен. Битката се води за да се внесе зелено во сивилото. И додека целиот свет тивко плаче за уништените зелени површини во својата земја, Македонија не знае што да им прави. Оваа наша државичка ги има најголемите потенцијали за развој на зелени самоодржливи технологии кои покрај тоа што ќе придонесат за спречување на еколошка катастрофа, ќе отворат и нови работни места за македонскиот народ. Протечни брзи реки, големи ливади со силен ветар, сонце во поголем дел од годината, и најубавата недопрена природа што може да ја замислите. А сепак, никој не се ни обидува да го искористи она што природата толку дарежливо ни го подарила. Еко-туризмот стана една од најпопуларните гранки на туризмот последниве години. Стресот на современиот живот ги тера луѓето да сакаат барем на неколку дена да побегнат од секојдневието во градот и да уживаат во тишината на некоја шума. А Македонија има шуми какви светот не видел. Високите ароматични борови шуми на Малешевијата, широките листопадни дрвја на истокот во чие срце се крие по некој водопад. Глетки од кои застанува здивот. Замислете слатки дрвени куќички наместо хотели расфрлани по овие шуми. Опојни мириси и ништо освен природа околу вас. Сигурно би сакале да поминете некој ден од вашиот живот токму тука. Туристите од светот кои живеат во големи сиви градови копнеат за ваков одмор. А сепак во Македонија еко-туризмот е во незначајна фаза на скромен зачеток. Македонскиот мед, без никакви додатоци. Миризлив, силен, природен и здрав. Лековитите тревки на планините и ливадите, секоја во себе крие посебна тајна. Токму поради овие дарови на природата на нашите предци никогаш не им биле потребни вештачки додатоци. Тие живееле повеќе од 100 години. Потенцијалот на македонските шуми и ливади е огромен. Зошто досега никој не се сетил да финансира здружение на билкари или пчелари? Сега кога светот повеќе не го сака вештачкото, и се врти кон природното, токму сега треба да им покажеме што крие нашата Македонија. Она што ни треба не се странски инвестиции на луѓе кои и онака никогаш не го разбирале македонскиот менталитет. Сега ни требаат скромни инвестиции на луѓе кои се Македонци, кои живеат некаде во светот и кои ја сакаат Македонија. Луѓе кои некогаш сакаат да се вратат во својата родна земја и да ја видат богата и зелена, и длабоко во себе да знаат дека и тие помогнале. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
nena_princess
Група Регистриран: 24.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Денеска тешко дека некој го разбира овој поим но сепак ние сме тие - сами ја уништуваме околината во која живееме. За жал, но тоа е вистината
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еколошка свест-што ли беше тоа?! Има ли еколошка свест некој кој го сторил ова?
Кој ја пресушил Брегалница? |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
izlezete na vidno mesto ke go sobirame smetot
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Љубовните двојки можеби немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања.
Оваа наша констатација ја поткрепуваме и со фотографија од полјаната која се наоѓа на патот кон Свети Пантелемон, која судејќи по бројот на искористените презервативи е дефинитивно едно од популарните места за сексање и жив доказ за тоа колку летово им се разбудени хормоните на скопјани. На оваа ширинка, многу парови наредени како сардини си го тераат својот љубовен ќеф, а потоа искористените кондоми, пикавците и празните кутии од цигари, ги фрлаат на земја правејќи се поголеми депонии. Ладовината која ја нуди планината во овие летни горештини, како и љубовните авантури кои во лето се најатрактивни ем им го наполнија џебот на производителите на кондоми, ем ја наполнија планината со ѓубре. Љубовните двојки можеби и немаат време да мислат на екологијата но затоа еве можност за градските власти да размислат за поставување на корпи за отпадоци и да поведат кампања. Вакви тајни места каде што навечер се замаглуваат шофершајбните од автомобилите има на неколку страни. Глетката во автомобилот секогаш иста - по некоја нога, рака, отпечатоци од прсти на замаглените стакла, жар од цигара во мракот. Но, на ниту едно место нема корпа за отпадоци. Ајде да направиме кампања која би се викала Безбеден секс за безбедна околина"! Имаме ли поддржувачи? Ивана ТРАЈКОВСКА |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еколошки градови - инспирација за иднината
Насекаде бесплатен безжичен интернет, забранети автомобили, улици со јавен транспорт без метеж и чист, незагаден воздух.
Транспортот, поточно сообраќајот, претставува еден од најголемите проблеми во современите градови. Кина со овој проблем се справува преку масовна велосипедска шема на споделување на 50000 велосипеди. Во некои градови на корисниците на велосипеди им се нуди првиот час бесплатен.
Потоа следуваат фасцинантните објекти, проектирани од страна на визионерски архитекти во чија замисла е свет исполнет со кули-дрва, куќи кои пловат на вода, како и лебдечки пирамиди исполнети со објекти.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
За човековата СРЕДИНА најмногу се грижат жените.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прашумите ќе исчезнат до 2100-та година?
Ако
се продолжи со илегалното сечење на дрва, во комбинација со климатските
промени со кои се соочува нашата планета, животот во дождовните прашуми
до 2100-та година ќе биде уништен. За овој проблем предупредија научниците од вашингтонскиот институт
Carnegie, кои спроведоа голема студија за ефектите од глобалното
затоплување и сечењето на шумите. Тие тврдат дека многу видови се
загрозени, а до 2100-та година, може да исчезнат 18 до 45 отсто од
растенијата и животните во тропските шуми. Доколку не успеат да се
адаптираат на новите услови, животните ќе мораат да се преселат или да
умрат, пренесува Telegraph. Даниел Непстед, еколог од истражувачкиот центар Woods Hole во
Масачусетс, изјави дека само решавањето на проблемот со стаклената
градина и гасовите може да ги спаси прашумите. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Koja bese zamislata na vladata za plasticnite kesi?...Ako se naplatuvaat 'ke bidat ekoloski pogodni?...Lele umovi nevideni....Go izbricija narodot...
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
..a, shto ima vrska ,..dali e pun vardar so...gjubre,..
...koga i onaka nikoj ne saka da se banja vo nego,.,..duri i na plazata negova,. .zamisli,...zabraneto e da se banjash na ,....nova plaza!! ..ainache se zabranuva ona ,..shto nekogash bilo ...dozvoleno..a na nea ushte neotvorena"...odma kazaa deka ,.. ..vench...kupanja ,..neche biti ! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Еколошка свест
НЕМА се додека нема КАЗНИ ама спроведени на дело и веднаш, без пардон Го удавивме Вардар во отпад Вардар е загаден речиси од самиот извор, а кај Велес е мртва река - забранет и за капење, и за наводнување и за риболов. Во водите на реката се откриени и фосфати забранети за употреба Загадување по целиот тек |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Што е здравствена екологија? Иако е постојано присутна, особено со совети за здрав живот и предупредувања на опасностите по здравјето од загадувањето на водата, воздухот, почвата, храната..., се чини дека кај нас е сеуште малку позната како посебна мултидисциплинарна, јавномедицинска дисциплина. Освен медицинари, за нејзиното функционирање од витално значење се хемичарите, хемиските техничари, биохемичарите, санитарните инженери и техничари, биолозите, прехранбените технозлоци и многу други. Напоредно со зголемувањето на потребите од енергија и суровини,
во развиените земји расте свеста за зачувување на околината, како и
колективното ниво на култура и хуманост. За жал, се уште не се вложуваат
доволно напори за да се заштитат природата и нејзините ресурси од
целосна девастација.
Иако
јавноста е многу посензибилна на микробиолошката контаминација, треба да
се знае дека хемиското загадување е од поголема важност. Имено,
причините за занемарување на штетните хемиски материи лежат во тоа што
нивните последици често се видливи дури по подолг временски период, а
при индивидуални случаи е тешко да се докаже дека одредена материја ја
предизвикала настанатата болест.
Постојат посебни служби за здравствена екологија, чија цел е
унапредување и заштита на здравјето на населението од штетното
дејствување на различни фактори на околината (хемиски, биолошпки,
микробиолошки, физички) , а кои дејствуваат низ различни медиуми на
околината (вода, намирници, воздух...). Тоа се постигнува со
лабораториски анализи и мерења, теренски извидувања, епидемиолошки
анкети, проценки на изложеност, а се со цел проценка на ризикот за
здравјето на опфатената популација. Се разбира, несомнено е нивното
учество во спроведувањето на стручни и научни истражувања, како и во
едукацијата.
За запознавање со основите на здравствената екологија го
презентираме (во наш превод од хрватски) текстот наdoc.dr.sc. Ксенија
Витале, објавен на сајтот http://www.mojdoktor.hr/
Ернест Хекел (Ernest Haechel) бил германски научник, голем
заговорник на теоријата на еволуцијата и сакал да смислува нови зборови.
Најголем дел од неговите истражувања со неговата смрт замина во заборав
пред повеќе од половина век, но помеѓу преживеаните денес ни се добро
познати зборовите како „онтогенија“, „филогенија“ и „екологија“. Ернест
би бил веројатно мошне задоволен од тоа каква популарност стекнала
неговата кованица, иако за тоа поголема заслуга има хипербрзиот развој
на индустријата и техниката со сите свои негативни ефекти, отколку
славниот развој на науката и за жал почесто негативното отколку
позитивното влијание на човекот.
Екологијата
била замислена како наука за економиката на природата, но денес
повеќето луѓе главно помалку ја поврзуваат со нејзинот дел logos (гр.)-
наука, а повеќе со oikos (гр.)- куќа, т.е. со состојбата на околината во
која живееме и потребата од нејзино зачувување. Во рамките на
екологијата постојат многу темелни прашања и проблеми, како на пример
зачувувањето и користењето на природата и нејзините потенцијали, потоа
прашањата и проблемите кои од нив произлегуваат, како на пример
социјалните и политичките стојалишта спрема производството и
загадувањето, социјалните промени, губењето на културното наследство и
сл.
Сето тоа екологијата денес ја прави наука која освен што набљудува и
дејствува, а во чии рамки постојат многу гранки од кои една е и
здравствената екологија.
Повеќето научници денес здравствената екологија ја дефинираат како
наука која ги проучува промените во човечкиот организам, т.е. единките
или популациската структура во однос на факторите на околината, со
посебен акцент врз односот кој е секогаш динамичен. Единките не живеат
изолирано, туку се меѓусебно зависни, како дел од комплексно организиран
систем. Резузлтатите од таквите проучувања создаваат научна база за
разбирање на биолошкиот и социолошкиот аспект на човечкиот вид.
Медицината не е само лечење на веќе заболени, туку нејзин составен
дел е и превенцијата на болеста со создавање на здрави животни услови и
средина која го јакне здравјето. Во својата историска, а со дел и
модерна смисла медицината се темели врз биомедицинските науки, иако
денес се препознава неизоставната улога и на психосоцијалните науки.
Здравствената екологија во својот пристап ги носи идеите на живеење во
хармонија со околината и здравите животни услови, еднакво биолошките,
физичките и психосоцијалните.
Објект на проучување на здравствената екологија се единките и/или
популациите. Во процесот на еволуцијата новите својства се јавуваат со
секое ново ниво на биолошка комплексност, а тие никогаш не би можеле да
се предвидат само од студиите на историјата (анамнезата) на единките.
Затоа, иако извори на податоци ни се живите единки, стварниот објект на
проучување на здравствената екологија е популацијата. Популацијата е
просторно или социо- културолошки дефинирана група на единки која се
репродуцира во себе си. Уште попрецизно биолошки дефинирано,
популацијата е група во чии рамки постои најголема веројатност дека
единката ќе пронајде партнер за репродукција.
Секоја човечка популација можеме да ја посматраме како континуиран
ентитет во одреден биотоп и статистички да ја опишеме со низа на
параметри кои се всушност релативни со оглед на поединецот. Тие
параметри се, на пример, наталитетот, морталитетот, густината на
популацијата на некој географски простор, но и различните фреквенции на
гените во рамките на групите или подгрупите. Во однос на единките што ја
сочинуваат, популацијата е перманентна. Поединецот со раѓањето или со
доаѓањето станува дел од популацијата која била тука и пред неговото
доаѓање, но останува по неговата смрт.
Здравствената екологија ги посматра интеракциите на популацијата и
околината кои во денешни услови се менуваат константно во неповолен
правец за здравјето на човекот. Главна задача на здравствената екологија
е да се пронајдат квантитативни податоци кои би послужиле во заштита на
човековото здравје од неповолните ефекти на околината, како и да го
унапредат здравјето со позитивно влијание врз околината.
Методологија
Здравствената екологија е полиметодична дисциплина која во своите
проучувања се користи со сите методи на класичните дисциплини што на
некој начин ги синтетизира во себе. Секогаш се воделе многу расправи
дали се корисни методите на анализа и синтеза, т.е. редукционизмот или
холизмот. Сепак, најзастапено мислење е дека во здравствената екологија
не можеме да се занимаваме исклучиво со анализа на индивидуалните
(објекти) случаи, ниту само со синтеза на проблемите. Здравствената
екологија ги користи двата начина и нејзината сила е во сеопфатниот
пристап на феноменот што го прочува.
Основни барања на здравата околина се чистиот воздух,
здравствено исправна вода за пиење и доволни количества на вода,
соодветна и сигурна исхрана, сигурни и мирни населби и стабилна глобална
околина. Интеракцијата помеѓу чоечкото дејствување и неговата физичка,
хемиска, биолошка околина ги дефинира Светската здравствена организација
во 1992. Врз здравјето влијаат три групи на фактори, но и човечкото
здравје влијае врз нив. Тоа се интензитетот и природата на човечкото
дејствување што ја чинат: земјоделското, индустриското и енергетското
производство, користењето и управувањето со водата и отпадот,
урбанизацијата, дистрибуцијата на заработувачката и економиите во
рамките и помеѓу земјите, квалитетот на здравствениот систем и нивото на
заштита на животната, работната и природната околина.
Физичката и хемиската околина се воздухот, водата, храната,
хемискиот состав на почвата вклучувајќи ја и радијацијата, климата
вклучувајќи ја и температурата, влажноста, врнежите и сезонските
промени. Биолошката околина се видот и раширеноста на патогените и
векторите, како и видовите и застапеноста на нивните живеалишта.
Сепак, можеби идејата за нераскинливата врска на луѓето, нивното
здравје и околината е најсилно изразена во говорот на индијанскиот
поглавица за време на ширењето на територијата на северна Америка:
„... Сите сме ние дел од мрежата на животот и што и да и правиме на
таа мрежа си правиме на самите себе...“.
Изменето од Sunny - 15.Јули.2010 во 22:27 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фосилни горива
Јагленот, нафтата и гасот се наречени „фосилни горива“ бидејќи се формирале со фосилизацијата на остатоците на преисториските растенија и животни. Тие создаваат околу 66 % од вкупната електрична енергија во светот, и 95 % од вкупната светска побарувачка за енергија (вклучувајќи греење, транспорт, создавање струја и други потреби). Јагленот се крши и ситни до фина прашина и се согорува. Нафтата и гасот се согоруваат директно. Јагленот создава околу 28 % од нашата енергија, а нафтата 40 %. Согорување гориво → топлината ја
загрева водата → пареата ги движи
турбините → турбините ги вртат генераторите → електрична
енергија се спроведува до домовите
Согорувањето на јагленот создава сулфур диоксид, кисел гас кој придонесува кон формирањето на киселите дождови. Ова може да се избегне со користење на гасна десулфуризација во оџаците со што се прочистуваат гасовите пред да се испуштат во атмосферата. Овој метод користи варовник, и создава гипс како меѓупродукт кој се користи во градежната индустрија. Сепак, се користат големи количества варовник. Суровата нафта полесно се вади од земјата отколку јагленот, и може да тече низ нафтоводи. Ова овозможува поефтин транспорт. Природниот гас создава околу 20 % од вкупната потрошувачка на енергија и освен ште се користи во термо-централите за создавање енергија, се употребува и во домовите за греење. Лесно се пренесува преку гасоводи, а термо-централите кои согоруваат гас не предизвикуваат големо загадување. Други фосилни горива сеуште се истражуваат, како битуминозни песоци и нафтени шкрилци. Проблемот е во тоа што пред нивната употреба е неопходна скапа преработка. Пареата која минува низ турбините на централата мора да се разлади и да се кондензира повторно во вода пред да се продолжи со нејзиното пумпање низ системот. Токму тоа се случува во огромните разладни кули на централите. Некои централи се градат близу до морскиот брег, и ја користат морската вода за разладување на пареата. Сепак, на овој начин се загрева морската вода и ова може да влијае врз животната средина. Предности: - Огромни количини на струја можат да се произведат на едно место користејќи јаглен, и тоа на доста ефтин начин - Транспортирањето на гасот и нафтата до термо-централите е лесно - Термо-централите на гас се многу ефикасни - Термо-централите можат да се градат скоро насекаде, се додека постои начин за нивни снабдување со големи количини на фосилни горива. Централата Дидкот во Оксфордшир, Англија, има сопствена железничка линија за снабдување со јаглен. Мани: - Главниот негативен аспект на фосилните горива е загадувањето. Со согорување на било кое фосилно гориво се ослободува јаглен диоксид, кој придонесува кон ефектот на стаклена градина и ја загрева земјината топка - Согорувањето на јагленот создава повеќе јаглен диоксид од согорувањето на гас или нафта. Исто така, создава и сулфур диоксид, гас кој предизвикува кисели дождови - Ископувањето на јаглен може да биде тешко и опасно. Површинското ископување може да оштети огромни пространства и пејсажи - Термо-централите на јаглен имаат потреба од големи количини гориво, што значи постојан дотур на вагони со јаглен. За да се справи со различните барања за енергија, централата мора да има резерви - Ова би значело постоење на огромни пространства натрупани со јаглен околу една централа. Фосилните горива не се обновлив енергетски извор. Штом ги согориме сите резерви на овие горива, од нив нема да остане ништо, а нашите потреби за нив се удвојуваат на секои 20 години почнувајќи од 1900 година. Ова е особен проблем и за нафтата бидејќи ја користиме за производство на пластики и други производи. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |