|
„Плоштад Слобода“ за зачувување на слободите |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne treba da se dozvoli nitu edna crkva ili dzamija da se gradi na plostadot. |
|||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се градеа цркви, се градеа џамии и никој од нас не забележуваше или случајно ќе забележеше ако залуташе во крајот кај што се изградила.
Реално ова паѓа во очи само затоа што ќе се гради на плоштадот во Скопје, е идеја на владата, треба да се гради со буџетски пари и ќе носи име Св. Никола. И сега, поучени од досегашното искуство кога некои студентски акции завршуваа со добивање високи политички позиции на поединци, стануваме скептици за се поврзано со ЗА и со ПРОТИВ организирано од студентите. Сите сакаме да веруваме дека имаме студентска младина која може да ги промени работите, ама тешко ни оди со ваква поделена младина, со младина која излезот го гледа или надвор од земјата или во партиската книшка. Зато ане прават скептици изјавите од овој тип Архибригадата нема да ја покорат |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Грешиш (за болдираното). Студентите се многу, многу моќни, ако знаат како да се наметнат како мислечки фактор во едно општество... Проблемот е што нашите студенти сеуште како да не се свесни за моќта со која располагаат, или немаат храброст да ја искористат. Она што ти го болдирав во твојот пост, произлегува едно од друго. Дозволувате (ти се обраќам како на студент, така те сфатив по твоите постови) студентските лидери да ви ги бираат партиите?! Дозволувате протести да ви организираат (и во нив да се мешаат) политички партии?! Дозволувате паролите на протестите да ви ги смислуваат политичари (негде прочитав дека Фрчкова идеја било она “генијалното“: “Солун е ваш, Скопје е наше.“)?! Како да нема меѓу студентите доволно креативни поединци кои ќе смислат нешто ефектно, оригинално и провокативно (како што беше “Не го силувајте Скопје!) Дозволувате партиите да ве третираат како аморфна маса која се обликува како пластелин, за полесно да ве индоктринираат и регрутираат во свои редови? Дозволувате на протест за слобода на говор да ве водат довчерашни комунисти, кои долги години живееле и политички делувале во систем со ограничена слобода на говор, без да зуцнат макар и еден збор против таквиот систем?! (Извини вака, ништо лично, ова е мое мислење за состојбите меѓу студентите, и тоа не сите, барем оној дел кој дозволува да биде манипулиран) Јас знам и разбирам дека отсекогаш кај нас имало (и ќе има) политички обиди за влијание врз студентските организации. Се додека дозволувате (студентите) да ви се случува “виткање кичма“ и одење по линија на помал отпор, ќе ви лепат етикети од сите страни, кој како стигне... ВИЕ сте тие кои ова не смеете да го дозволите! И дали вашата СЛОБОДА ќе биде утопија, зависи само од ВАС. |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
инаку да не испадне дека само ти се противам без врска, се согласувам со тебе, знам што се се прави за една партија (односно за себе), и какви се работи добиваат особено млади луѓе поради нивната експлоатација само таканаречената Архи-бригада беше започната од чисти студенти, за подоцна целата работа да се закашка од сите страни, како што кажа анастеа, премногу беше дозволено инаку не ти го тврдам ова без врска, знам неколку од луѓето кои меѓу првите беа согласни со протестот, и верувај ми, освен издрѓаноста на нивните коментари без ниеден искажан збор за било која од партиите, а за жал во очај летна по некој коментар „Еееееј абе кај во ова време, сигурно ќе излезат да се препуцаваат меѓу себе членовите на партииве“ Изменето од zabegan - 12.Април.2009 во 20:10 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Toa ne e iskustvo toa e fakt... |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Studentite se partizirani do eden , osobeno onie koi se na funkcii...
Vsusnost funkciite vo studentskite organbizacii se dobivat po partiska direktiva... Ete toa e problemot i se dodeka e taka nemozat da se ocekuvan NEPARTISKI inicijativi od studentite... Koj bil student ZNAE... |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
но мислам дека овој проблем потекнува од тоа што студентите сами по себе не се моќни и кога има некој помоќен позади нив да ги турка тие имаат поголема храброст да излезат, ама истовремено дозволуваат нивното движење да биде изманипулирано и погазено од двата политички блока ова ти што го напомена како решение е нешто најидеално, ама тоа е на некој начин утопија, нереално за македонија поготово со менталитето на нејзиниот народ уште на првите протести се виде во каква дебилна ситуација се ставија студентите, излегоа сами за да бидат згазени, а потоа беа уште толку докрајчени од препуцавањата меѓу ВМРО и СДСМ |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Студентите се прогресивна и авангардна сила во едно општество, барем тоа би требало да бидат.
Организирање протести за секое поважно прашање во државата за кое има поделени или спротивставени мислења е едно од најдемократските орудија со кое студентите (како и останатите граѓани) би требало почесто да се служат. Но вакви протести, на кои студентите стојат зад извикани политичари, ги користат нивните “авторитети“ и притоа не се оградуваат од политичката конотација на протестите, јас не поддржувам. Ако протестот се декларира како граѓански концепт, нека си остане таков. Ако сакаат студентите да бидат сериозно сфатени, треба да престанат да дозволуваат да бидат манипулирани од политичките партии за нивни цели. Или да се оградат од присуството на политичарите, или без затскривање зад нив јасно да кажат дека поддржуваат или се блиски до политичка опција, било која. Па имаат право и тие да се ангажираат во политика... Треба само да се зачленат во Унија на млади сили (или како им се викаат подмладоците...), тогаш барем ќе се знае кои се и што поддржуваат. Вака е многу лицемерно: ем инсистираат на необоеност на протестите, ем им дозволуваат на политичари да им се пикаат како крлежи во нивните редови, кои нели требаше да бидат чисто студентски... |
|||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се случи и тоа протест без контра протест...!!!
|
|||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
е*ати политиката, зошто мора да е умешана во секој дел од нашиот живот!!!? Е ОВИЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВИСТИНСКИТЕ БЉУВОТИНИ НА ОВОЈ СВЕТ извинете на јазикот, ама стварно ме фрустрираат веќе овие СДСМ-ВМРО-вски препуцавања |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Околу 200 луѓе денеска точно на пладне го започнаа својот протест на плоштадот Македонија во Скопје, кој е дел од најавуваниот целодневен настан „Плоштад Слобода“.
Репортерот на Макфакс, јавува дека демонстрантите со свирчиња и тропање мирно протестираат за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, како и против изградбата на било каков објект на плоштадот. Меѓу присутните може да се забележат лица активни во политичкиот живот на земјава, како Љубомир Фрчкоски, Ѓунер Исмаил, Владе Милчин, Слаѓана Тасева4 и други. Izvor A1 Kako sto rekov protestot e depolitiziran......SKROZ... |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
не треба толку ова да се објавува, да не ни се собере пак некоја багра, а овој пат да носат и оружје
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |