|
Сексуално преносливи болести! |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене пак коментаров твој ми е смешен Ти само седи си на твојот став дека треба да имаш само еден сексуален партнер за да не добиеш некоја полова болест Штом ти е смешно... |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б. Бактериските сексуално преносливи болести успешно се лечат со антибиотици.
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nesto poglupavo od ova nemam slusnato... dali si slusnal ti deka za nekoi polovi bolesti nema lek???? |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e da de, gotovo zavrsena rabota...samo eden seksualen partner |
|
monitor
Сениор Регистриран: 19.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 97 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
немојте воопшто да се замарате со вакви работи, мене ова ми е смешно, решението е едноставно:имајте си само еден сексуален партнер и не му ја мислете многу
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГОНОРЕА ( ТРИПЕР )
Тоа е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија што лесно се размножува во слузницата на влажни, топли места во гениталните органи, како што е грлото на матката, матката и јајцеводите кај жени т.е мочниот канал кај мажи и жени. Исто така може да опстане во уста, грло или анус. Манифестација кај жени: знаците може да се неспецифични и да се помисли на вагинална или инфекција на мочен меур. Првите знаци најчесто се печење или болка при мокрење и вагинален жолт, густ исцедок. Манифестација кај мажи: често мокрење со печење, болка и јадеж со темножолто исцедок................. Како се лекува гонореа?
Антибиотици ( од група на Пеницилини ) се основа во третманот на гонореа и треба да се пијат додека се препишани, а не само додека да се повлечат симптомите. Личност која еднаш имала гонореа, може повторно да заболи ако има сексуален контакт со инфицирано лице.
Како да се спречи гонореа?
-Користи кондом секогаш кога имаш секс! -Ограничи го бројот на сексуални партнери! -Ако се сомневаш дека си инфициран, избегнувај сексуален однос и веднаш јави се на лекар! -Ако знаеш дека имаш гонореа, информирај го моменталниот сексуален партнер за да се провери и евентуално лекува! .........
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Причинители: Полови вошки - широки, сплеснати, светло сиви, во дожина од 1мм
Пренесување: Половите вошки можат да се пренесат од личност на личност на многу начини: преку директен контакт преку кожата, преку сексуален контакт, преку постелнина, облека која се дели со заразената личност Заштита:
Набљудување:
Изменето од Goldi - 10.Април.2009 во 00:33 |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Posebno polovi bolesti zdobieni od gabicni , virusi, mikroorganizmi, bakteriski predizvikuvaci veke se poznati i sekade se pisuva megjutoa mnogu interesno e sto edna od najrasprostraneto polovo zaboluvanje "Sramni voski" nekako nigde ne e spomnato....
Pediculosis Pubis e medicinski naziv za prenositelnata bolest narodski narecena "PICAJZLI". Se dobiva so naseluvanje na sramnite voski "Phithirius pubis". Simptom e silno cesanje imnogu lesno se prenesuva megju seksualnite partneri.... Sirenjeto na ova polovo zaboluvanje osven so direkten kontakt moze da se prenese preku carsav, peskir ..duri i preku obleka........ Picajzli se smestuvaat na sramnite vlakneca so tendencija za sirenje kon anusot i dolniot abdomen...tie ja grizat kozata od kade izbivaat sramnite vlakneca hranejki se so krv osekjajki se silen svrab i toa posle edna nedela po zdobiena zaraza........samiot jadez prestavuva alergiska reakcija na organizmot na ujedot na picajzlite.... So pregled na sramnite vlakneca se zabelezuvaat temno crveni tocki sto prestavuva parcence od izmetot na sramnata voska.......samata voska so golo oko nema da se zabelezi osven jajcata koi se labavo zakaceni za sramnite vlaknenca......slicno na perut.... Picajzlite kako polova bolest se prenesuvaat najlesno od edniot partner kaj drugiot i vnimavajte KONDOMOT NE E NIKAKVA ZASTITA.......CESTO SRAMNITE VOSKI SE ZADRZUVAAT NA PESKIRI , CARSAVI CEKAJKI NEKOJ KOJ KE SE IZBRISE ILI ISTRIE.......i ete zarazata e prenesena .......i toa bez seksualen kontakt...... Zatoa dragi moi....... vnimavajte po hoteli i somnitelni mesta ...kako i po teretani , sauni i kupatila......... zemite si svoj licen peskir od doma... Eve slikovito kako bi izgledalo crvenata tocka sto vsusnost prestavuva izmetot od voskata kaj korenot na sramnite vlaknenca .....jadezot e mnogu silen ..........pa zarem ne ste ja cule nastanata izreka ..... DOSADEN SI KO PICAJZLA???.....ete toa e toa Изменето од bijonse1 - 09.Април.2009 во 23:24 |
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сифилис
Порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста. .......................... |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции
Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство..................................голди Изменето од Goldi - 07.Април.2009 во 21:06 |
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кламидија
Кламидијата е мошне вообичаена инфекција која ја предизвикуваат бактерии. Податоците говорат дека речиси половина сексуално активни жени прележале кламидија до својата 30 година. Симптоми кај жената: - гној од вагината - крвавења од вагината помеѓу циклусите - пецкање или болка за време на уринирање - болка во стомакот - понекогаш повисока температура - мачнина Симптоми кај мажите: - воденикав бел исцедок - болно пецкање при уринирањето Дијагноза: Се зема брис од грлото на матката а жената ( Папа Николау - Папа тест) и од мочниот канал кај машките. Потоа се носат во лабораторија на преглед. Терапија: Антибиотици кои се земаат орално Ако не се лечи кламидијата може: - да се пренесе на партнерот - да води кон потешка инфекција, на пример воспаление на матката, па жената може да остане стерилна, мајката може да ја пренесе инфекција на бебето при породувањето. |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Честото менување на сексуалните партнери, незнаењето за заштитата и за последиците, како и други појави го условија постепениот и непрекинат пораст на сексуално преносливите болести во последните десет години.
Најчести знаци на болеста кои се појавуваат кај машки и кај женски се: - испуштање невообичаено количество на генитална течност која може да биде леплива, воденикава, со бела или жолта боја и непријатен мирис - болка или пецкање при мокрење - уринирање почесто од вообичаеното - јадеж, нафрлување со црвенило и мозолчиња околу половите органи или на нив - болка во гениталиите - болка при сексуален однос - кај женските крварења меѓу циклусите По колку време се манифестираат симптомите? Симптомите се јавуваат најчесто во рок од 2 до 14 дена, меѓутоа тој период може да трае и до 2 недели. Понекогаш може да трае и подоло. Кога е во прашање на пример ХИВ, постои можност симптомите воопшто да не се појават, или да се јават по многу години Како доаѓа до заразување? Најчест начин е по пат на сексуален однос, спермата, вагиналниот секрет и крвта се носители на зарази. Некои сескуално преносливи болести можат да бидат пренесливи со непосреден контакт на полните органи, но и со практикување на оралниот секс ( на пример херпес). Кога се во прашање гениталните вошки доволен е само и контакт со кожата. |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Goldi
Сениор ЗЛАТНО МОМЧЕ Регистриран: 10.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7729 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сексуално преносливите болести се заразни болести кои се пренесуваат од заразена на здрава личност и тоа најчесто преку: сексуален однос (вагинален, орален или анален), заедничко користење на игли и шприцови кај лицата кои земаат дрога и од заразена трудница на детето во текот на трудноста и пораѓајот. Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние млади лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.
|
|
Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |