IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЛАСТА НЕМА СЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 17:47


Орлов толку време пишуваше човекот за синдромов, за овој проблем на кој никој во државата не му обраќа внимание.тага
Треба ли по правило секогаш трагедии да не освестуваат? Смее ли државата да продолжи со игнорирање на овој проблем? Треба ли овие луѓе, темпирани бомби да се остават и понатаму да се шетаат со оружје и со тупаници да сеат смрт? Ќе се погрижи ли некој конечно во државата на овие луѓе да им ја обезбеди неопходната помош и соодветно да ги згрижи???


ПОСТРАУМАТСКИ СИНДРОМ РАЃА АГРЕСИЈА КАЈ ПОЛИЦИЈАТА

Полициски специјалци како темпирани бомби

Многу од припадниците на специјалната единица „Тигар“ кои учествувале во конфликтот од 2001 година боледуваат од пострауматско растројство, вели Стојанче Ангелов, поранешен заменик-командант на единицата

Убиства, тепачки по кафеани, насилничко однесување, разбојништва и серија други кривични дела им се припишуваат на дел од припадниците на специјалните полициски единици во Македонија. Без разлика дали се припадници на единицата „Тигар“, на специјалната единица за уличен криминал „Алфа“ или, пак, на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), дел од нив се сторители на сериозни инциденти, кои не ретко во сенка ги ставаат сите нивни успеси при борбата со криминалците, спасувањето давеници или, пак, исчезнати на планина.

Не ретко полициските специјалци имаат криминално досие дебело колку што е дебела листата со успешните акции во кои учествувале. Стојанче Ангелов, поранешен заменик-командант на единицата „Тигар“, вели дека голем дел од припадниците на оваа единица кои учествувале во конфликтот од 2001 година боледуваат од пострауматско растројство. Според него, тие се темпирани бомби што може да експлодираат во секое време и токму затоа треба сериозно да се работи на нивна рехабилитација.

И полицискиот специјалец Игор Спасов (33), кој е осомничен дека го убил младиот Мартин Нешковски (22), е долгогодишен припадник на единицата „Тигар“ кој учествувал во конфликтот. Ангелов тврди дека Спасов учествувал во стресни ситуации пред и по војната и тоа оставило сериозни последици кај него.

- Го осудувам овој грозоморен чин за кој нема оправдување. Но одговорност нема само кај осомничениот, туку и кај државните органи. Што барал припадник на оваа елитна единица како обезбедување на партиска прослава. Државните институции се виновни бидејќи, иако четири години алармираме за постоење на пострауматско растројство, никој не не сфаќа сериозно - вели Ангелов.

Тој смета дека овој инцидент, да не бил поврзан со изборите, ќе поминел незабележано.


Трајно нарушување

Анонимната анкета од пред две години што ја направиле Факултетот за безбедност и „Достоинство“, покажува поразителни резултати со психичката состојба на учесниците во воениот конфликт од 2001 година. Анкетата била спроведена на 700 испитаници што биле на првата борбена линија за време на конфликтот. Агресивноста како карактерна црта била присутна кај 82 отсто испитаници, а агресивноста како состојба кај дури 77 отсто од испитаниците. Најдрастично е што дури кај 33 отсто, т.е. кај секој трети испитаник, биле присутни агресивни реакции, односно тоа се луѓе кои лесно можат да преземат агресивни мерки.

- Случајот со момчето не е прв, а имало и други форми на насилство од страна на полициски припадници. Тврдам дека ова и во иднина ќе се повторува ако не се преземе нешто конкретно, бидејќи пострауматскиот синдром е трајно растројство - вели Ангелов.


Спасов немал психички проблеми

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, специјалните единици во МВР, покрај проверката на физичката подготвеност и познавањето на прописите, имаат и задолжителна специјална проверка од психолог.

Таа објаснува дека во специјалните единици има вработено лекари и стручни лица, а за другите вработени прегледите се вршат во јавните установи.

- Во конкретниот случај, кај специјалецот Спасов на последниот психофизички тест не биле забележани никакви нарушувања на психофизичката способност, а ако биле утврдени тој ќе бил прераспределен на друго работно место. Ова не е прв случај на насилство од специјалци, но е прв што е расветлен. Некои слични случаи останаа нерасветлени во минатото - вели Јанкулоска.

Од друга страна, поранешниот заменик-командант на единицата „Тигар“, Ангелов, вели дека во единицата нема никакви задолжителни тестирања.

Со прегледите за вработување во службите чии вработени носат оружје може да се откријат покрупни психолошки и психијатриски проблеми, но на поситните мора да се укаже, велат експертите. Психијатарот Сашо Стојчев од Градската болница „8 Септември“ професор на Медицинскиот факултет, вели дека на редовните приемни прегледи се вршат рутински тестови. За случаи на агресивност од љубомора и на нетрпение мора да се реагира.

- Испитувањата вообичаено се состојат од психолошки тестови, индивидуални прегледи, невропсихијатриски прегледи и психолошко интервју. Се оценуваат интелектуалната ефикасност и емотивната зрелост, но тие тестови не се 100 отсто сигурни. Денес границата на агресија е многу ниска, луѓето се напнати и револтирани. За измени во однесувањето, зголемување на агресивноста и за други проблеми мора да се укаже од матичната единица, полициска станица или лицето само да оди на разговор - вели Стојчев.

Според него, во Армијата се прават поригорозни психолошки тестови за разлика од МВР.

- Во полицијата пребрзо се вработуваат кадри без тестирање, а мора да се исклучат и партиските влијанија при вработувањата. Ние како Градска болница од годинава мупонудивме на МВР да имаат психофизички прегледи кај нас. До сега беше тестиран нуркачкиот тим од специјалната едницата „Тигар“ - изјави Стојчев.

Народниот правобранител Иџет Мемети вчера го осуди убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски и побара случајот целосно да се расветли, а постапката да се води транспарентно.

- Загрижува фактот што сторителот е припадник на орган кој е должен да ја заштитува сигурноста и безбедноста на граѓаните и да го чува јавниот ред и мир. Постапките да се водат на најтранспарентен начин - велат од канцеларијата на народниот правобранител.

Инаку, истрагата утврдила дека во понеделникот 40 минути по полноќ на плоштадот Македонија, додека се одржувала манифестација „Баскер фест“ и прослава по завршувањето на парламентарните избори, дошло до расправија меѓу „тигарот“ и младиот Мартин. Момчето почнало да бега кон оградениот дел на плоштадот, а специјалецот го бркал. Мартин паднал, осомничениот се доближил до него и почнал да го тепа со тупаници и со клоци. Од ударите Мартин паднал во несвест. Осомничениот го кренал од плочникот и го седнал на една од клупите и од продавачката на штандот побарал вода за да го разбуди. Потоа од двајца полицајци што патролирале во близина побарал да се јават во Итната медицинска помош. Тројцата го фатиле Мартин под рацете и го пренеле на тревниот дел од паркингот пред МЕПСО и се обиеле да го реанимираат. По ова, осомничениот заминал од местото и ги оставил полицајците да го чуваат и да ја чекаат екипата на брзата помош. Кога пристигнале лекарите, констатирале смрт кај момчето.

Неофицијално, специјалецот Спасов учествувал во убиството на Диме Ицковски-Поштарот, поранешен припадник на „Лавовите“, кој беше ликвидиран во март 2006 година. Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста.



Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2009 во 19:01
На 18.12.2009 година во Скопје во Домот на АРМ, ТРИБИНА на тема:
           Пострауматско Стресно Растројство
- Последици од ПТСР. Што направи власта за да ги рехабилитира борците од 2001 од него,
- Распознавање на ПТСР, кај борците од војната 2001 година
- Спречување
-Ширење на ПТСР


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2009 во 20:25
Orlov i Polar Bear, ве опоменувам и двајцата - ова да ви бидат последни постови на темата со меѓусебни префрлања и навредливи препукувања!
За се што имате да си кажете лично префрлете се на ПП.

Тука дискутирајте на темата:

ВЛАСТА НЕМАШЕ ДОСЛУХ ЗА ВИЕТНАМСКИОТ СИНДРОМ
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2009 во 18:20
Originally posted by orlov orlov напиша:

Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Друже Заставниче, нели гледаш дека си сам на темава? Од 23 постови 13 се твои! Не знам што пробуваш да докажеш, ама што и да е, форумов нема извршна сила, треба да одиш и да лелекаш пред некои други врати. Со среќа. голема%20насмевка



Ispod chest mi e da ti se obratam so g_ne, a najmalku so drugar poradi tvoiot laicizam. A, uz pat bi ti rekol daj otsluzjisi go voeniot rok ne radi drugo tuku kolku da gi nauchish chinovite. A, kolku za tebe sega ama bash nishto i ne mi znachi dali nekoj lje mi se obrasti so majore ili................
Moeto moto i mototo na nevladinoto dvizjenje preku koe (site koi sme vo negoviot vrv sme togashi pripadnici na sistemot na RiK-ot) go vodime e: ,,SEKOGASH VO SLUZJBA NA TATKOVINATA,,
A, ti chedo bozje si daleku seto ova. Zatoa nauchi bar da gi pochituvash neshtata .................

 
Друже Мајоре, ако смеам да се обратам. Ако веќе зборуваме за почитување на луѓе и нешта, најпрвин, очекувам да не бидам нарекуван нечиј платеник, издајник или уфрлен за да ги мати работите. Второ, очекувам да не зборуваш во ИМЕТО НА НАРОДОТ, затоа што јас како дел од тој народ не сум ти го дозволил тоа, а очигледно е дека не се слагаме. Си бил војник по СОПСТВЕН ИЗБОР и за СОПСТВЕН ИНТЕРЕС, а не за да ме заштитиш МЕНЕ и другите (од кого?). Како војник, си ги штител интересите на власта. Значи може да зборуваш само во СОПСТВЕНО име. И трето, мотото „секогаш во служба на татковината“ е претенциозно и имплицира политички мотиви и нема врска со „невладиност“. Татковината ни е заедничка, а јас имам право да мислам дека „служба за татковината“ е нешто многу различно (можеби и спротивно) од тоа што ти го правиш. А ти пак, немаш право да мислиш дека ти си ТОЈ, ИЗБРАНИОТ и Богом-дан да биде во служба на татковината. Татковината подобро се служи и брани со глава отколку со чизма.
 
Ако луѓето во твоето „невладино“ движење се со позадина и искуство какви што велиш, тогаш можам да ти кажам дека сте осудени на неуспех. Напротив, ако сакате навистина да им помогнете на војниците погодени од последиците на војната, ви треба поддршка во Владата. Ви требаат министри за одбрана и внатрешни работи кои ќе се залагаат за вас и ќе ги протуркаат вашите барања. Ако не, лобито во парламентот треба да ви е доволно јако за да ги смените.
 
А сад, ако дозволите да се удаљим ...
 
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 17:02
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Друже Заставниче, нели гледаш дека си сам на темава? Од 23 постови 13 се твои! Не знам што пробуваш да докажеш, ама што и да е, форумов нема извршна сила, треба да одиш и да лелекаш пред некои други врати. Со среќа. голема%20насмевка



Ispod chest mi e da ti se obratam so g_ne, a najmalku so drugar poradi tvoiot laicizam. A, uz pat bi ti rekol daj otsluzjisi go voeniot rok ne radi drugo tuku kolku da gi nauchish chinovite. A, kolku za tebe sega ama bash nishto i ne mi znachi dali nekoj lje mi se obrasti so majore ili................
Moeto moto i mototo na nevladinoto dvizjenje preku koe (site koi sme vo negoviot vrv sme togashi pripadnici na sistemot na RiK-ot) go vodime e: ,,SEKOGASH VO SLUZJBA NA TATKOVINATA,,
A, ti chedo bozje si daleku seto ova. Zatoa nauchi bar da gi pochituvash neshtata .................



Изменето од orlov - 07.Септември.2009 во 21:02
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 16:50
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

TO  SE  RESAVA  SO  RAMKOVNIOT   DOGOVOR  TAMU  E  ZACRTANO  NO  SEUSTE  NEMA  KOJ  DA  PLAJCA  ZA  SITE  TIE  LICA  PORADI  KRIZATA



Kakov RAMKOVEN DOGOVOR?
Ni ,,S- to ,, od sindrimot ne e spomnato vp nego..........borcite mora da sam da si baraat ili koga kje se omasovi ili kuluminira stepenot na Sindromot togash kje ima krkljanac i vlasta togash mozjebi kje se osvesti...........
лутина
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 16:46
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
.........
 
Нејсе, да се вратам ан темата: Ако некој е повреден на работното место и е неспособен да работи (дали паднал од скеле или е ранет во војна, или пак има виетнамски синдром) државата треба да има механизми да го згрижи. Апсолутно сум против доделување (доживотни) привилегии заради тоа што некој излегол во планина, за “доброто на народот“. Доста ни е од таквите борци.
 
 
  ti be ..siguren si deka si ...ove gore list..?!.изненадувањезбунетост..nekako se nekoi bistrini kazuvash...za razlika od tukashnive...намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 12:28
TO  SE  RESAVA  SO  RAMKOVNIOT   DOGOVOR  TAMU  E  ZACRTANO  NO  SEUSTE  NEMA  KOJ  DA  PLAJCA  ZA  SITE  TIE  LICA  PORADI  KRIZATA
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2009 во 07:16
Друже Заставниче, нели гледаш дека си сам на темава? Од 23 постови 13 се твои! Не знам што пробуваш да докажеш, ама што и да е, форумов нема извршна сила, треба да одиш и да лелекаш пред некои други врати. Со среќа. голема%20насмевка
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 22:39
Od 16. Septemvri 2009 godina zapochnuvame so TRIBINI za PTSR. Izlagachi eminentni provesori od oblasta na neuro psihijatrijata od zemjata i stranstvo.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 20:52
лутиналутинаDenes vo Prilep (flashbacks) kojznae po koj pat proraboti. NA grozomoren nacin, policaec go ubiva svojot kolega. Za kraktko vreme vo drzjavata se sluchuvaat nemili nasani kao posledica na PTSR. a vlastite seushte molchat. Ne razmisluvaat ni da im go dadat  na BORCITE od 2001  vekje postoechkiot Zakon za Borci od NOV. лутиналутиналутиналутиналутиналутиналутина


Изменето од orlov - 05.Септември.2009 во 22:36
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 19:59
Originally posted by rabani rabani напиша:

na ulicata kade shto ziveam , samo 20 m pred mojata kuka ziveeshe kapetanot nanche koj zagina na karpalak
na 100 metra podolu pred nekolku meseci na istata ulica zagina na 32 godini poraneshen pripadnik na lavovite
na 32 godini od srcev udar
imal problemi so spiejneto i poradi nedovolno son mu otkaza srceto
ostavi nevrabotena zena i dve maloletni deca



Не се само тие во твојот град. Ги има повеќе. Така е и во другите градови, во целата држава.
прочитај подолу инсерт од долгогодишниот наушен труд на двајца еминентни професори..........

  .............Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, …  ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20  години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром  е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со,

1.     епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови ( flashbacks) .

2.     лоши соништа и ноќни мори.

3.     избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост.

Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, …

...........но сега засега власта ни е глува.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
rabani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 02.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rabani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 12:53
na ulicata kade shto ziveam , samo 20 m pred mojata kuka ziveeshe kapetanot nanche koj zagina na karpalak
na 100 metra podolu pred nekolku meseci na istata ulica zagina na 32 godini poraneshen pripadnik na lavovite
na 32 godini od srcev udar
imal problemi so spiejneto i poradi nedovolno son mu otkaza srceto
ostavi nevrabotena zena i dve maloletni deca
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 17:19
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.