IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Великиот пост
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Великиот пост

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака Обратен редослед
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 10:28

Грешка си belichka. Исус во евангелиот по Јован го кажа следново за ѓаволот:

"Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата."
(Исус Христос во Ев. Јован 8:44)
 
Од тука следи дека ѓаволот нема никогаш да ни "зашепоти" вистина за Бог, туку само лаги за Него. Ѓаволот нема никогаш да ни шепоти дека Бог е човекољубец, туку напротив, од петни жили ќе се обидува да не убеди дека Бог повеќе не не љуби, дека ние не сме повеќе во фокусот на Неговата љубов, дека заради нашите гревови Бог не напуштил и залудно е да се каеме затоа што Бог нема да ни прости и сл.
 
Кога христијанинот ќе направи некој поголем грев, тој е свесен дека го повредил Бог и се чувствува како да го разочарал Бог со својата постапка. Верникот во таа состојба се чувствува недостоен верник, недостојно Божјо чедо, недостоен за божјата љубов. Во тие моменти верникот заборава дека Божјата љубов кон него е вечна и дека со ништо не ја заслужил, ниту пак со нешто може да ја изгуби. Доколку Бог не сака под услов да не грешиме, под услов да сме верни итн. тогаш станува збор за УСЛОВНА љубов. Но сите знаеме дека Божјата (Агапе) љубов е БЕЗУСЛОВНА и не зависи од нас, туку од Бог.
 
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ. "
(Римајаните 8:38-39)
 
Но што кога сме му неверни на Бог? Дали Тој и понатаму останува верен на својот вечен Завет со нас?
 
"ако сме неверни, Тој останува верен! Зашто Сам Себе не може да се одрече"
(2 Тимотеј 2:13)
 
Затоа belichka биди убедена дека кога верникот е во очај, направил некаков грев, му бил неверен на Бог, го разочарал Бог и во моментите на духовна криза е несигурен дека Бог го љуби... СВЕТИОТ ДУХ (а не ѓаволот) е Тој што го потсетува на библиската аксиома дека Бог сеуште го љуби, дека Неговата љубов е вечна и дека Бог може и сака да му прости за неговите гревови за кои тој се кае.
Зарем има поголемо утешување за грешникот кој мисли дека Бог го сокрил лицето од него да му кажете дека Бог го љуби? Епа тоа е Утешителот, тоа е Светиот Дух, а не ѓаволот (кучето) кој во моменти на духовна криза сака да го дотолчи верникот, а не да му зборува Божји вистини и да го утешува.
 
Затоа покајте се сите вие што шепотот на вистината и утехата го нарекувате "куче", затоа што хулата на Светиот Дух е непростлив грев. Свесен сум дека тој што напишал "куче" сигурно не мислел на Св. Дух (туку на ѓаволот), но сепак сега откако знаете дека тој шепот не може да биде од ѓаволот, туку од Светиот Дух, не би требало повеќе тој шепот да го нарекувате "куче".


Изменето од EvAngelos - 01.Април.2009 во 10:30
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 09:27
Dovolno bea huli od tebe Evangelos!

Mozes da bides kriterium samo  vo tvojata zaednica!

A ako ne razbiras potrudi se da razberes prashaj!

Bog e Covekoljubiv!

Utesh*telno e koga se kazuva da Bog te ljubi, no i demonot te ljubi Evangelos i toa e utesh*telno!?

Bog te ljubi za spasenie, drugiot te ljubi za vo ad!

Kuceto/demonot te uteshuva prividno i te laze isto kako i prvata laga vo rajskata gradina toj nadvor od prirodnoto ne e vo sostojba da tvori vistina!
Toj te uteshuva so zborovi pred koj ni samiot ne padnal, samiot nepoveruval..uteshuva vo svoite zamki sedodeka ne ti spletka dushata vo  pajazinata na svoite crnila...
ti sovetuva, poucuva deka Bog e Covekoljubiv, i deka nemapotreba od pokajanie nema potreba od solzi, zasto setoa toa koga i beztoa Bog e aposolutna ljubov Bog e Milostiv, Covekoljubiv.
Ti nemorash voopshto da se trudis za tvoeto spasenie.
Kako demonot vlijae vo pravoslavnata duhovnost e tema poshiroka..

A, pak kako da gi razlikuvame dejstvuvanjata nash*te Sveti Otci ni ostavile ogromen broj na dela od iskustvo praksa koi se so sovrshenost istencenost za coveshkata dusha i dejstvuvanjeto na duhovnite sili!

Utesh*telot Svetiot Duh koga dejstvuva na spasenie na dushata toj gi pokazuva grevovite gi pokazuva ralno nivnata golemina i ogrevovenosta na dushata, sto e i normalno deka taka bio dejstvuval vo ovoj slucaj ne budi od zaspanost ne povikuva na pokajanie na gorko placenje nad nash*te grevovi so solzi i plac da gi izmivame grevovite kako dete sto place i koga tatkoto ce mu rece dobro dobro vnimavaj naredniot pat..toa ushte povekje place i ja custvuva vinata...

Togash Bog e Covekoljubiv!


Togash Bog uteshuva!






Изменето од belichka - 01.Април.2009 во 09:28
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 03:17
Originally posted by makarios makarios напиша:


Кога плачеш, немој никогаш да му веруваш на она куче што ти шепоти дека Бог е човекољубив (зашто неговата цел е да ги истреби од тебе плачот и неплашливиот страв), освен ако видиш дека пропаѓаш во бездна од очајание.
 
Бог е човекољубие. Тоа е недвосмислена библиска вистина и со неа се сложуваат сите христијански деноминации.
Од друга страна, многу утешително е некој да ти каже дека Бог те љуби во твојата мака.
Значи, кучето за кое ти зборуваш шепоти вистина и утешува. Затоа...
Кој е Духот на Вистината?
Кој е Утешителот?
Ѓаволот или Светиот Дух, или пак мислеше за некој сосема трет?
Се надевам дека е третото или пак дека погрешно си се изразил, во спротивно нарекувањето на Светиот Дух "куче" е големо богохулство.


Изменето од EvAngelos - 01.Април.2009 во 09:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 03:06
Не е секоја желба за смрт добра. Има луѓе коишто моќта на навиката постојано ги наведува на грев, па се молат за смрт од смирение. А ги има и такви кои веќе и не сакаат да се покајат (зашто мислат дека тоа е невозможно), па ја повикуваат смртта од очајание. Некои не се плашат од смртта затоа што во својата надменост мислат дека станале бестрасни. А има и такви луѓе (доколку денес воопшто можат да се најдат) коишто по дејство на Светиот Дух копнеат по својата сопствена смрт.

Некои истражуваат и поставуваат прашање зошто Бог го сокрил од нас мигот на смртта кога помислата на неа е толку благотворна за нас. Тие, меѓутоа, не знаат дека Бог токму преку тоа на чудесен начин го изведува нашето спасение. Бидејќи ниеден човек на когошто часот на смртта би му бил познат не би брзал да прими Крштение или да се посвети на монашки живот; целиот свој живот би го поминувале во беззаконија, а кон Крштението и покајанието би пристапувале дури пред својата смрт.

Кога плачеш, немој никогаш да му веруваш на она куче што ти шепоти дека Бог е човекољубив (зашто неговата цел е да ги истреби од тебе плачот и неплашливиот страв), освен ако видиш дека пропаѓаш во бездна од очајание.

Оној што сака постојано да ја држи во себе помислата на смртта и на судот Божји а се предава на грижи и земни работи, личи на човек кој сака да плива без да ги движи рацете.

Дејствителното сеќавање на смртта ја отсекува невоздржливоста во храната. А кога оваа е отсечена со смирение, заедно со неа се отсекуваат и другите страсти. Нечувствителноста на срцето го ослепува умот, а големото количество храна го исушува изворот на солзите. Жедта и бдеењето го притискаат срцето, а кога срцето е потиштено, цели реки солзи навираат во нас. Тоа што го велам непријатно е за лапачите, неверојатно за мрзливите. Но човек ревнител усрдно ќе го испита тоа. Оној што го открил тоа во своето лично искуство, ќе се радува на ова. А оној кој уште бара, ќе биде уште понесреќен.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 18:41
Постот беше тргнат од другата тема, па еве ќе го постирам на вистинското место:

Кога во човекот ќе се разгори божествениот копнеж, се` што е лошо изгорува. Лошите помисли повеќе не пребиваат во него. Односно, ѓаволот не престанува да уфрла лоши помисли, но духовниот човек, бидејќи оган, ги изгорува. Потоа ѓаволот ќе се измори и престанува со тој вид на искушенија, затоа апостол Павле и вели: „На чистите им е се` чисто“. Кај таквите луѓе, значи, нема ништо нечисто. Чистиот човек и во ѓубре да го фрлиме ќе остане чист, како и сочевите зраци, каде и да паднат, остануваат светли и чисти.

Духовниот човек се раководи од светителите, но ни телесниот човек не го соблазнува. Страда заради него но со тоа не се валка, не навлегува во сферата на злото. Телесниот човек не го сфаќа светиот човек. И додека демонизираниот човек кога ќе види свет човек веднаш бега, додека телесниот човек му се приближува на светителот за да го искуша. Човек кој дошол во состојба на Содом се соблазнува дури и од ангелите.

Смирениот човек, дури и ако е духовно неискусен, го разликува ангелот Божји од ѓаволот бидејќи има духовна чистота и со тоа му е сличен на ангел
. Самољубивиот и телесен човек, освен што лесно паѓа во демонска замка, со својата телесност шири измама и со своите микроби ги заразува душите на болните.

Во чистото (од страсти) и искрено срце се пројавува благодатта која ја имаме скриено (поточно потиснато заради нашите страсти) со печатот на Светото Крштение, и таквото срце непрестајно плаче за својата грешност.

Чистото срце никогаш не глуми преподобие, а уште пострашно да си замислува преподобие, односно дека ако поверувало во Господ, по автоматизам му следува спасение.

Чистото срце секогаш гледа кон своите страсти, и со своите солзи ги измива. Но... таа светотаинска теологија може да се разбере само внатре во Црквата. Надвор од Црквата Христова.. може само да се знае како лекција и ништо повеќе.

Така браќа и сестри.. да се потрудиме да го разбудиме духовниот човек внатре во нас, па со духовни очи да го видиме Христовото Воскресение, и со духовна радост да се причестиме со Телото и Крвта Христова.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 01:38
На секој збор му претходи мисла. А сеќавањето на смртта и на гревовите му претходи на плачот и риданието. Затоа сеќавањето на смртта по логичен ред и го ставаме на ова место.

Сеќавањето на смртта е секојдневна смрт; сеќавање на крајот на животот, непрестајно воздивнување.

Стравот од смртта е својство на природата, коешто произлегува од непослушноста, а треперењето пред смртта е знак за непокајани гревови. Христос се плаши од смртта, но не трепери, за јасно да ги пројави својствата на двете природи.

Како што лебот е попотребен од секоја друга храна така и сеќавањето на смртта е попотребно од секој друг подвиг. Сеќавањето на смртта ги поттикнува монасите што живеат во заедница на труд и длабоко размислување, па дури и на радосно поднесување на навредите. А кај оние што живеат во безмолвие доведува до престанок на грижите за сè што е земно, до непрестајна молитва и чување на умот. Тие добродетели се и мајка и ќерка на сеќавањето на смртта.

Како што калајот се разликува од среброто иако навидум личи на сребро таква и разликата меѓу природниот и противприродниот страв од смртта е јасна и очигледна за оние што умеат да расудуваат.

Прв знак дека човекот во длабочината на своето срце се сеќава на смртта е волната непристрасност кон сè што е создадено и целосното одрекување од својата волја. Искусен е оној којшто секој ден со сигурност ја очекува смртта, а свет е оној којшто во секој миг и ја посакува.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 22:20
Во второто евангелско случување Христос нè поучува дека демонскиот род може да се истера само со молитва и пост. Што значат овие Господови зборови? Тие значат дека со страстите, од кои луѓето се заробени, поврзани се демоните и сè додека човек не се ослободи, очисти од своите страсти, сè дотогаш не ќе може да се ослободи и од демонот поврзан со нив, кој, пак, преку страстите слободно влегува во внатрешноста на срцето и предизвикува искушенија и пад. Од страстите се исцелуваме, се чистиме, кога, од една страна, не ги исполнуваме, кога се воздржуваме од нив и кога, од друга страна, ги твориме светите заповеди Божји. Според светите Отци, секоја страст е како една змија: ако ја затвориме во кош и ако не ѝ дадеме да јаде и да пие таа ќе умре; а ако ја храниме редовно, таа ќе живее и ќе се развива. Молитвата и постот што ги спомнува Господ значат токму тој подвиг на воздржување и исцелување од страстите и истовремено исполнување на Божјите заповеди.

Вистинско простување на гревот е очистувањето од страстите и изгонувањето на демонот внатре од човекот. Духовниот отец, кој преку духовното раководство ќе му помогне на своето духовно чедо да се очисти од страстите и да се ослободи од демонот, истовремено му помага и да не го повторува истиот грев, а тоа значи и вистинско простување. Ако на некого му речеме дека гревот му е простен, а тој повторно го прави, тогаш очигледно е дека ниту се случило исцелување од страстите, ниту простување на гревот, ниту изгонување на демонот поврзан со страстите од кои човекот е заробен. Се разбира, без учество во Светите Тајни на Црквата бесплодно е подвизувањето во добродетелите, односно скоро ништо не вредат само молитвата и постот.

По молитвите на нашиот духовен отец, Господ да нè исцели од страстите и да нè ослободи од демонот поврзан со нив! Амин!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 22:15
Во евангелското четиво од четвртата недела на Големиот Пост значајни за толкување се следниве две случувања: А Исус му рече: ако можеш да поверуваш, сè е можно за оној што верува. И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи говореше: верувам, Господи, помогни му на моето неверие! (Марко 9, 23-24). Како и ова: И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: зошто ние не можевме да го истераме? Им одговори: тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост (Марко 9, 28-29).

Со првата евангелска случка Господ Исус Христос меѓу другото сака да нè поучи и да ни го покаже постоењето на аскетски и на благодатен подвиг во православниот духовен живот и разликата меѓу нив. Едно е аскетска вера и доверба во Господ, а друго е благодатна вера: благодатната вера веќе преминува во познание, знаење и сигурност. Едно е аскетското исполнување на Божјите заповеди, а друго е благодатно исполнување. Едно е аскетска молитва, а друго е благодатна молитва. Едно е аскетска љубов кон нашите ближни, а друго е благодатна љубов. Истото важи и за подвигот во сите други добродетели на нашиот христијански живот. Едно е аскетско трпение, или смирение, или плач, или пост итн., а друго, кога кој било од овие подвизи ќе го осени благодатта Божја.

Во што е разликата помеѓу аскетскиот и благодатниот подвиг и од каде произлегува таа разлика? Во зависност од тоа на кое ниво или степен од духовниот развој се наоѓа човек, различен е и неговиот подвиг. На првиот степен, кој се нарекува чистење на срцето од страстите, подвигот на секој човек во која било добродетел е аскетски. Тоа значи дека срцето на овој степен е сè уште подлежно на страстите и заробено од нив, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, го наведува човекот на грев. Исто така, на овој степен, бидејќи срцето е сè уште заробено и извалкано од страстите, благодатта на светото Крштение не ја пројавува својата сила и отворена помош на оној што се труди да ги исполни Божјите заповеди и да се ослободи од гревовната навика. Затоа и подвигот на степенот од очистување на срцето од страстите изгледа многу тежок, а некојпат дури и безнадежен. Треба да се вложи многу напор и труд во моменти кога ни се чини дека нема помош од никаде. Треба да ги исполнуваме заповедите Божји, добродетелите, и кога за тоа воопшто немаме желба и волја и не го чувствуваме тоа како потреба во нас. Присилувањето на самите себе е клучниот момент заради кој подвигот се нарекува аскетски. На човек му останува само да се присили себеси во творење добро, а врз основа на одлука од својот умот, потпрена на некои непроверени сознанија од верата – верувајќи дека Бог ќе му помогне. Затоа и таткото на демонизираното момче низ солзи вели: верувам, Господи, помогни му на моето неверие!

Но не е точно дека Бог со Својата благодат и на првиот степен не му помага на човекот, затоа што ние ништо без Него не би можеле да направиме, но таа помош е некако скриена токму за да се пројави слободната определба на човекот за доброто, за Бога. Бог сака да нè научи да ги исполнуваме Неговите заповеди од љубов кон Него, како деца Божји, а не како робови, од страв или како наемници, за награда. Лесно е да ги исполнуваме заповедите кога благодатта е со нас. Лесно е да даваме кога добиваме. Но сепак, тоа е трговија, а не љубов. Љубовта дава и кога не добива.

Благодатта во одредени моменти се пројавува посилно во нашиот живот, но само за да нè одмори од подвигот, да нè утврди во верата и да нè утеши. Тогаш сè ни е лесно. Секоја добродетел ја извршуваме како нешто најприродно. Сепак, тоа не се моменти кога ние духовно растеме. Духовниот развој ни е овозможен само во моментите кога Божјата благодат останува скриена, а ние продолжуваме да се трудиме во исполнување на добродетелите. Секогаш кога паѓаме и не успеваме да ја извршиме добродетелта, во тие моменти на скривање на благодатта, ние не сме го поминале испитот и повторно ќе треба да го полагаме сè додека не успееме. Тоа е еден вид постојано вежбање во добро. И самиот старогрчки збор ‘аскеза’ во суштина значи вежбање. Светите Отци велат дека во моменти кога благодатта се крие треба да постапуваме – иако тоа воопшто не го чувствуваме така – како да е таа присутна. Само тогаш растеме.

На вториот степен, кој се нарекува просветлување на умот, подвигот на секој човек во која било добродетел е веќе благодатен. Тоа значи дека срцето е доволно очистено од страстите и благодатта на светото Крштение во сила се пројавува од него и отворено му помага на човекот да се бори против гревот и демонот. Нема веќе подвиг во голем труд и напор туку природно тежнеење кон добродетел. Демонот не може да нè нападне од внатре туку напаѓа и искушува од надвор, преку луѓето кои се негови слуги. На ова ниво од духовниот развој, откако подвижникот ќе биде проверен со двете груби страсти на среброљубие и сластољубие, целата понатамошна борба се случува околу суптилната страст на славољубие. Уште поконкретно кажано, целиот подвиг и борба со демонот се случува околу љубовта и кон непријателите. Ако слугите на демонот ги прашаме да ни одговорат зошто нè мразат и напаѓаат, што зло сме им сториле, не ќе знаат да ни кажат. На овој степен нашата вера сè повеќе станува опит и знаење отколку само гола вера. На третиот степен – обожение, се случува она Павловото: и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Гал. 2, 20); како и ова: а ние имаме ум Христов (1Кор. 2, 16).


Изменето од makarios - 29.Март.2009 во 22:16
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 21:58


Споменот на св. Јован Лествичник во четвртата недела од постот и на света Марија Египетска во петтата недела, според својата суштина се силно поврзани со Великиот пост. Во нив Црквата гледа не само носители на аскетизмот, туку и негов најсовршен пример: кај св. Јован Лествичник во неговите списи, а кај св. Марија Египетска во нејзиниот живот. Споменувањето на овие светители во втората половина на постот очигледно треба да служи за ободрување и вдаховение на верните во нивната духовна борба во текот на целиот подвиг во Великиот пост. За тоа дека за аскетизмот не треба само да си спомнуваме, туку и дека треба да го применуваме на дело, и за тоа дека споменот на овие светители се допира до нашиот личен подвиг во постот, ќе проговориме одделно во последната глава.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 14:07
Болдиран е зборот Богочовек,инаку еден од најубавите термини со кој се опишува двојната природа на Господ Исус Христос,божествената и човечката.
Сега ако не го разбираш терминот е едно(па ти е чуден),а ако ти е смешно е друго.
Ако во прашање е првото може да се дообјасниме(без разлика дали се согласуваме или не потоа),но а ако е второто во случај тогаш кога има постмевање,според правилата на пристојно однесување во секоја култура, мислам дека не вреди да се објаснуваме,тогаш тоа не е разговор туку губење време.Па сега одлучисе.
поздрав


Изменето од ahmar1 - 23.Март.2009 во 14:07
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 02:03
Братче, ајде уште еднаш појасни се, да те разбереме што сакаш да кажеш. Остануваш недоречен и несмислен.
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 02:01
Болдираното,не е смешно,трагично е.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 01:56
Братче, може да ни објасниш што е смешно?
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 01:53
Originally posted by makarios makarios напиша:


Значи, намерно Богочовекот Христос ги нагласува трите степени од духовниот развој за наша поука, инаку можеше едноставно да рече:



газење%20од%20смеење газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.