|
Хиперактивни деца |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мои многу блиски луѓе имаат едно дете кое (иако не сум психолог) можам
да речам дека спаѓа(ше) во оваа група на хиперактивни деца. Сега детето е
VII одд. и е релативно посмирено. Додуша сега помалку имам контакт со
него, но сепак веднаш може да се примети дека не е како што беше до пред
2-3 години. Тогаш детето дојде до тој степен да разлутен од
расправијата (а изгледа имало и тепачка со некое друго дете), отишло
дома и посегнало по кујнскиот нож. За среќа, во тој момент мајка му била
дома и го спречила во својата намера. Кутрата, толку беше вознемирена,
што не кажа ниту на својот сопруг, бидејќи овој би го „скршил“ од ќотек.
Тогаш и’ предложив да го однесе кај еден мој стар куќен пријател -
психијатар.
Во контекст на ова мое пишување би ве запрашал, дали некој од вас знае (од лично искуство или од искуство на некои свои блиски или од некоја студија ...) до кога се манифестираат синдромите на ADHD? И, што се случува со таквите деца во подоцнежниот период т.е. кога ќе станат млади или возрасни? Е сега, би сакал овој проблем да го претставам преку еден виц, кој иако на малку хумористичен начин го претставува проблемот, сепак во суштина ја кажува реалната ситуација која може да произлезе: Мајка го носи своето дете кај Фројд и му вели: - Докторе, малиов ми е многу немирен, не слуша, постојано се расправа со децата ... - Колку години има, ја прашува Фројд - Пет! - Аха, пет ... Добро, видете госпоѓо, тоа е нормално во негови години, не треба да се грижите ... - Но докторе, вели мајката, ова неговово е претерано, само се кара, се расправа, цело време само зборува и се тепа, секогаш тоа сака да биде прво кога си игра со другите деца, сака само него да го слушаат ... - нема проблем ... ја утешува Фројд ... ви реков, тоа е нормално и со тек на време, кога ќе му помине пубертетот, ќе стане здрав и нормален човек! - Мајката, иако растревожена сепак посмирено му вели на Фројд: „ Добро, штом вие така велите ... Довидување господине Фројд“! - Довидување госпоѓо Хитлер! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
vanesa
Сениор Регистриран: 19.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 1588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mozam da zboruvam samo kako roditel bidejkji ne sum del od obrazovniot proces, nitu mozam da vlijaam na obrazovnata politika vo drzhavata.
Tochno e toa deka vo svetot na vozrasnite se prifakja zdravo za gotovo faktot deka ne se site isto sposobni za site vidovi na dejnosti.No koga se raboti za sopstvenoto dete nie vrshime strashen pritisok deka mora da bide dobro vo se.Od decata ochekuvame da bidat brilijantni vo uchenjeto, pamtenjeto, socijalizacija, fizichka spretnost itn...Mal e brojot na decata koi mozhat seto toa da go postignat. Zatoa e tragichen ishodot koga postoi neuskladenost megju mozokot i postavenata zadacha.Se javuva problem so nivnoto funkcioniranje.Inaku sekoe dete e pametno na svoj originalen nachin iako na prv pogled mozhe da se chini poinaku. Roditelite taa posebna pamet na deteto treba da ja otkrijat. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogu dobra tema.
Hiperaktivnite deca so deficitarno vnimanie se realnost koja stanuva s'e pochesta i pretstavuva seriozen problem za opshtestvoto. Najchesto roditelite ne sakaat da se soochat so realnosta (kako mozhe NIVNOTO dete da ima problem ?!?!?) i na toj nachin dozvoluvaat rabotite da izlezat nadvor od kontrola. Neshtava mi se dobro poznati bidejki zhena mi e prosveten rabotnik, lichno znam takvi deca, sestra mi e psihijatar, a sum imal prilika da govoram i so drugi psihijatri i bihevirijalni terapeuti. Rabotata e seriozna i shto pobrzo se prevzemat soodvetni struchni chekori, tolku podobro za tie deca. Tretiranjeto mora da bide kombinirano so medikamenti, psiholoshka terapija i posvetuvanje poseben pomoshnik na uchitelot koj kje bide postojano so vakviot uchenik vo negovoto oddelenie. Prvite dve neshta se polesno ostvarlivi, dodeka tretoto ne veruvam oti mozhe a se realizira vo siromashnata Makedonija. Inaku, znam deka za medikamentnoto tretiranje postojat negativni mislenja. Vakvite stavovi se delumno ispravni bidejki se temelat na nekoi reziltati koi bea posledica od nekogashnoto nedovolno iskustvo vo nivnoto koristenje, kako i poradi nestruchnosta na licata koi gi implementiraa. Denes sostojbata e podruga, pa zatoa povikot na nivnoto zabranuvanje, kako i vnesuvanjeto na nesigurnost i strav kaj roditelite, e krajno neseriozno i negativno po dobrobitta na decata. Roditelite na vakvite deca treba shto podetalno da se zainteresiraat so ovoj problem, da oformat svoja grupa na roditeli so koja redovno kje se srekjavaat ednash nedelno za razmenuvanje na svoite iskustva i kje povedat akcija za establiranje na ustanova za struchno tretiranje na ADHD deca i vozrasni. Znam deka na vremeto imashe specijalizirana ustanova za tretiranje deca i mladina vo Skopje, no ne sum siguren dali s'e ushte postoi. Taa se naogjashe vo Karposh 1, na ulicata "Partizanski Odredi", vo zgradata vo koja mislam deka s'e ushte postoi prodavnicata za mebel "Simpo" (sportivno od aptekata, pretstavnishtvoto za avtomobili i shivachot "Angelkovski"). Изменето од Messenger - 24.Ноември.2010 во 16:40 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
znaci i moeto dete e hiperaktivno
|
||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако најдете некој добар психолог што работи со деца те молам пиши. Малечката лошо го прифати тргнувањето во училиште а башка наставничката се иживувала со нејзе цели два месеца, сега ја преместивме па со новата наставничка и е супер но траумите што ги трпела треба време за да ги преболи. |
||
Paunka
Нов член Регистриран: 06.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ви благодарам на одговорот. Детето оди во целодневна настава од 8 до 16 часот од проста причина што и двајцата родители сме во работен однос, а ниту еден од нашите родители не се нафаќа да го зема детето порано од училиште. За жал и нашите родители немаат нерви за него.
Не можам да кажам дека неговите наставници немаат разбирање за него, напротив. Го заштитуваат, но и тие не можат против родителите на соучениците. И тие се ставени во многу незгодна ситуација, токму поради тоа што го бранат. Значи главниот проблем сега не е палавоста или концентрацијата туку тоа што мојот син не умее да се контролира кога некој ќе го закачне или пак ќе му земе нешто. Решивме да одиме кај некој психолог кој работи со оваа проблематика (сеуште бараме) и да го дадеме на некој спорт каде ќе може да го празни вишокот на енергија. А што ќе правиме со другите родители, навистина не знам. |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Првиот чекор кој води до успех во работата со хиперактивните деца е родителот да прифати дека има хиперактивно дете. Значи дека од напишаното е направен првиот чекор. Од напишаното не разбрав само дали детето е во целодневна или класична настава од едноставна причина што целодневната настава со својата организациск поставеност е неиздржлива. Во класичната настава самата организација на 40 минутен часовен систем полесна за прифаќање за хипреактивните деца. “Палавоста“ е еден од пропратните елементи на хиперактивноста и токму заради тоа е потребна посебна стрпливост со катадневно потсетување дека разговараш-мотивираш хиперактивно дете.Го користам терминот-мотивација бидејки единствен начин да се допре до ова дете е да се има стрпливост, МОРА да се потсетува на редот, на задачите кои треба да се сработи, да седи на столче, да не се клати да не падне,да се намести на место каде ќе има најмалку предмети во видно поле, да му се поставуваат прашања и задачи кои однапред се знае дека ќе ги одговори и задолжително да биде пофалено. Околу проблемот со родителите и нивните постојани поплаки-искусен наставник задолжително ги повикува родителите на индивидуални средби (очи во очи) бидејки во група никој не сака конструктивно да дискутира и да прифати аргументи. На таквите индивидуални средби задолжително се бара помош од родителите во влијание врз своето дете да го прифати таквото другарче, да му помогне, ( да се стави родителот во улогата на родителот на хиперактивното дете и како тој би се чувствувал кога би имал хиперактивно дете кое никој не го прифаќа- јас тоа го нарекувам -мавање по совеста и будење на човечното во човекот). Околу психологот- е тоа е болното прашање во нашите училишта. Вината за оваа појава ја сносат и директорите и наставниците а најмногу родителите кои имаат потреба од стручната помош на овие служби затоа што молчат, не реагираат и не бараат тие да си ја работат својата работа. Без ангажман на училишниот психолог/педагог наставникот како единка не може во целост да ја реализира програмат за детето со посебни образовни потреби (ПОП). |
||
Paunka
Нов член Регистриран: 06.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Moeto dete e hiperaktivno i e prvo oddelenie. Problemot so palavosta i so nemoznost da zadrzi koncentracija podolgo vreme, se zabeleza uste vo gradinka. Problemot se zgolemi koga trgna na uciliste. Znaci sega ne e samo palavosta i koncentracijata tuku i tepanje na soucenicite. Tolku e impulsiven da za mal problem vednas gi napaga decata. Nastavnicite imaat razbiranje, no nemaat razbiranje roditelite na decata. Doma celo vreme zboruvame kako treba da se odnesuva so decata i go nagraduvame koga e umen, i so pofalni zborovi i so nagradi, no nisto ne uspeva. Sega roditelite na negovite soucenici se zakanuvaat deka ke odat kaj direktorot, mu se zakanuvaat na moeto dete i razni drugi raboti. Navistina ne znam sto da pravam. Znaci i dvata roditeli ne sme zemale drogi kako sto bese predhodno kazano, a mu posvetuvame i dosta vreme na deteto. Psihologot vo ucilisteto za zal ne e zainteresiran za vakvi problemi najverojatno zatoa sto i ne znae kako da se spravi. Dali nekoj znae dobar psiholog koj bi mu pomognal na moeto dete da gi nadmine ovie problemi so vezbi, a ne so lekarstva?
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најдов два добри, ама ептен добри написи кои убаво е да ги имаме тука и одвреме навреме да ги почиткуваме Savjeti roditeljima sa hiperaktivnom djecom HIPERAKTIVNOST - SAVJETI ZA NASTAVNIKE Akademsko |
||
klara71
Нов член Регистриран: 09.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zdravo bi sakala da slusnam i drugi roditeli ako ima na sajtov,so zivi i mnogu temperament vo sebe koi sto imat takvi decinja,mora da bideme edno i da snoogneme sila da se sredat i nasite decinja koi sto velat deka se hiperaktivni.Ve molam na sorabotka.
|
||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
што се подразбира под хиперактивно дете??
|
||
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
||
klara71
Нов член Регистриран: 09.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
da i odgovoram na ovaa gospoga deka veli za hiperaktivni deca se od roditeli sto zemale droga,vrska nema toa stvarno kosa mi se krena za komentarov sto ne stoi na mesto.Jas sum preubavo gledana ni droga ni alkohol vo semejstvoto moe od sekogas semejstvo dobro i rabotno,kako i mojot soprug gledan i ziveean vo zdrava i cista sredina nitu alkohol nitu droga,a evo imame 2 sina bliznaci hiperaktivni dotuka i nazad,non stop sum na sklola non stop slusam za nivnite ponasanja,neumornosti i sega sto morame da se borime,imam prijateli od koi 2 roditeli se edniot neuropsihijatar,a majkata ortoped i imaat isto hiperaktivni bliznaci,Ako moze da se razgovara da se dade mislenje a nee taa gospoga droga stvarno da si otvori kniga i da si procita za hiperaktivnite i zivi no zdravi deca.Pozdrav od Keti.
|
||
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Imam videno hiperaktivna licnost. Nema nema, pa ke se rastrca i raskoka na sekade. Na prv pogleda navistina izgleda smesno, no koga ke sfati covek sto e rabotata, nasmevkata vednas se trga od lice.
|
||
neo_wmaster
Сениор Angel of Death. Регистриран: 29.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 660 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха, разбрав. Значи од ова може да произлезе тешко психичко нарушување. Добро е, не сум во оваа група на луге. |
||
I love Daphne Millbrook.
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |