IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Германски накратко (к у р с)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германски накратко (к у р с)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2009 во 01:35
Halo wieder! Здраво повторно! После неколку неделна пауза продолжуваме... Минато време во германскиот јазик се нарекува со латинскиот збор:

PERFEKT
МИНАТО ВРЕМЕ



Ако сакате некој глагол да го префрлите во минато време, најчесто ќе биде доволно пред него да го додадете зборчето ge-.
Ајде да го погледнеме глаголот kommen = доаѓа како излгледа на германски јазик во минато време конјугиран(променет по родови и број).



ich bin gekommen
du bist gekommen
er, sie, es ist gekommen

wir sind gekommen
ihr seid gekommen
sie sind gekommen


еднина: јас дојдов, ти дојде, тој/таа/тоа дојде
множина: ние дојдовме, вие дојдовте, тие дојдоа

Но ако сакате да кажете дека сте биле или дека некој беше некаде тогаш употребете го зборот war

ich war in der Schule
du warst in Vaduz
er, sie, es war in Bitola

wir waren am die Bahnhof
ihr wart in Frankfurt
sie waren in Wien

бев во училиште; ти беше во Вадуц(главен град на Лихтенштајн)
; тој/таа/тоа бил/била/било во Битола; ние бевме на железничката, вие бевте во Франкфурт, тие беа во Виена.

Иако во поголемиот дел на Европската Унија е воедно дел од шенген-зоната(нема пасошка и царинска контрола) можеби ќе влегувате авионски од земја која не е потписничка на Шенгенскиот договор(=Schengener Abkommen), па граничната полиција ќе ве праша: Warst du schon in Deutschland? = Дали веќе си бил во Германија? доколку не, одговорете со Nein, ich bin zum ersten Mal hier. = Не, јас сум првпат тука.


Изменето од Majkl - 07.Март.2009 во 01:43
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 04:04
Благодарам за исправката(корегирано е) и danke за постот doriangray! Во врска со малерот : Нека ни биде на сите лекција за друг пат: подолгите постови пишувајте ги во Word или Wordpad и на секои неколку реченици притиснете на тастатурата ctrl+S за да се сними(зачува) напишаното. Потоа затемнете го текстот и притиснете ctrl+c, отидете во прозорчето за пишување постови во форумот и кликнете ctrl+v. Ќе си заштедите и време и нерви

Doriangray го спомна können(=да се може, да се умее, знае), еве како изгледа конјугиран во сегашно време.



können

ich kann
du kannst
er; sie; es kann

wir können
ihr könnt
sie können

т.е. јас можам, ти можеш, тој; таа; тоа може и во множина: ние можеме, вие можете, тие можат


z.B.
Ich kann Deutsch und Französisch
= Јас знам германски и француски.(досл. јас можам германски и француски)
du kannst am flöte musizieren
= ти можеш на флејта да музицираш
er, sie, es kann fahren mit mir
= тој, таа, тоа можат да патуваат со мене

Wir könnnen am Montag im Kino gehen
= Ние можеме во понеделник да одиме на кино.
ihr könnt gut schwimmen
= Вие можете добро да пливате
sie könen islandisch im Reykjavik sehr gut zu lernen
= Тие можат во Рејкјавик мошне добро да научат исландски.

За да кажете дека нешто не знаете во смисла не умеете, употребете го зборот nein на пр. Kannst du am Klavier spielen? - Nein, ich kann nicht.Умееш ли да свириш клавир? - Не јас не умеам(не можам).
Доколку сакате да кажете дека нешто не знаете во смисла на информација, употребете негација nicht на пр. Wo ist Dietrich? = Каде е Дитрих? Ich weiß das nicht! = Тоа јас не го знам!


Наскоро, во наредната лекција-постирање ќе се запонзаеме во кратки црти со правењето минато и идно време.



Изменето од Majkl - 09.Февруари.2009 во 04:21
Кон врв
doriangray Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Опсесивен компулсивец

Регистриран: 03.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1460
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај doriangray Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2009 во 21:20

Леле, луѓе кој малер сум... Пред неколку дена имав време и седнав на форум. Видов што сте напишале, поправив тоа што требаше, а потоа напишав долг текст за некои граматички правила, опширно. Арно, ама ако не ми се деси Марфи мене, нема на кого друг. Ми закочи компјутерот и не сакаше да мрдне, па морав да рестартирам, а напишаното не можев никако да го спасам тага.
После тоа ми беше многу мака пак да пишувам, а и немав многу слободно време. А и сега немам многу време, па само накратко ќе дадам некои осврти во ворска со погоре пишаното.

Прво што пишував беше за родот кај именките, нешто што Мајкл веќе го има споманто. За странските ученици тоа е еден од најголемите проблеми, бидејќи родот во германскиот не се совпаѓа со родот во македонскиот. Најдобро е родот да се учи заедно со именката веднаш и да се повторува постојано со неа. Постојат повеќе наставки за препознавање, меѓутоа и тие не се секогаш сигурен показател.

Друго, спомнати се боите и присвојните заменки. Тука ќе ги додадам и придавките, бидејќи сите овие групи на зборови во германскиот јазик подлегнуваат на граматичка деклинација. Тоа значи - во кој падеж се наоѓаат, ќе имаат соодветна наставка. И придавската деклинација е една од потешките „лекции“, па таа се остава за повисоките нивоа, односно кога учениците имаат доволно познавања од германскиот јазик, особено за падежите.

И последно, за што сакав да кажам е за гл
аголот möchten. Овој глагол припаѓа во групата модални глаголи, бидејќи смислата во реченица ја добиваат со друг глагол. Но овој донекаде се осамостоил, па може да стои и без друг глагол во одредени случаи. [другите модални глаголи се: dürfen (смее), können (може), müssen (мора), sollen (треба), wollen (сака - сличен е со möchten)]. Овие глаголи во реченица го заземаат второто место и се менуваат по лице и број, а главниот глагол оди на крајот од реченицата во инфинитив.

Уф, толку! Следниот пат повеќе детали, ако во меѓувреме некој не надополни.

И само една корекција што случано ми остана при сеќавање:
предлогот mit секогаш бара датив, што значи со мене на германски ќе биде mit mir (a не mit mich, бидејќи mich е во акузативнамигнување).


Изменето од doriangray - 08.Февруари.2009 во 21:21
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 21:03
Originally posted by Перун Перун напиша:

Majkl, разгледај ги и ти, па препорачај к*рс од понудените на DW.Јас лаички проценував.
Pa ni ja ne sum nekoj profesionalec... Vo temava mnogu pomagaat nekolku ucebnici, 3 recnika, 1 podsetnik za gramatika, kako i povremenite konstruktivni kritiki na nekolku clenovi od forumot.

Linkovite stignav samo na brzina da gi razgledam, na prv pogled deluvaat odlicno - osven toa stom se od Deutsche Welle(=Germanski bran) mora da se dobri, a da ne zborime za preciznosta. Germanci gi sostavuvale!

Uste da delea stipendii(+platena avio karta)onaka na tacna, za odenje vo Germanija na 1 godina na nekoj od GOETHE institutite, epten ce bese super!!!


Tuka mozete da procitate 10 Prichini za da naucite germanski jazik (na angleski)!

A ova e linkot kon moznostite za ucenje germanski na svetski poznatiot Gete(GOETHE) institutot - za zal cenite tamu se dvizat od 2000evra za tinejdzeri preku 3200 evra bez i 4500 so smestuvanje...

Изменето од Majkl - 02.Февруари.2009 во 21:05
Кон врв
Перун Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2005
Локација: МК
Статус: Офлајн
Поени: 1141
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Перун Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 19:55
Majkl, разгледај ги и ти, па препорачај к*рс од понудените на DW.

Јас лаички проценував.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2009 во 17:44
Originally posted by Перун Перун напиша:

За оние кои сакаат и мултимедијални к*рсеви, Дојче Веле ги нуди бесплатно:
  • http://www.missioneurope.eu/
  • http://www.dw-world.de/dw/0,,10224,00.html
  • http://www.dw-world.de/dw/0,,10722,00.html (најдобар според мене)
  • итн.

Odlicna informacija Perun!!! Dankeschön!
http://www.missioneurope.eu/

Najdobar k u r s   spored Perun administratorot

Изменето од Majkl - 02.Февруари.2009 во 17:49
Кон врв
Перун Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2005
Локација: МК
Статус: Офлајн
Поени: 1141
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Перун Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2009 во 16:00
За оние кои сакаат и мултимедијални к*рсеви, Дојче Веле ги нуди бесплатно:
  • http://www.missioneurope.eu/
  • http://www.dw-world.de/dw/0,,10224,00.html
  • http://www.dw-world.de/dw/0,,10722,00.html (најдобар според мене)
  • итн.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2009 во 15:37
Die Farben
Боите



weiß = бела/вајс/
rot = црвена
rosa = =розова
orange = портокалова
gelb = жолта
grün = зелена
türkis = сина(тиркизна)
blau = плава
lila = лилјакова
braun = кафеава
gold(-en) = златна
silber = сребрена/зилбер/
grau = сива
schwarz = црна/шварц/



На пр. уметникот = der Künstler користи кутија со боји = der Malkasten   при сликање на сликата = das Bild . Со толку бои сликата сигурно = sicherlich ќе испадне шарена = bunt.



Присвојни заменки

еднина:

mein, meine, mein = мој, моја, мое
dein, deine, dein = твој, твоја, твое
sein, seine, sein = негов, негова, негово

множина:

unser, unsere, unser = наш, наша, наше
euer, euere, euer = ваш, ваша, ваше
ihr, ihre, ihr = нивен, нивна, нивно

*Ihr, Ihre = Ваш, Вашe



* Го користиме при официјално обраќање кон една особа, забележете дека го пишуваме со голема почетна буква, за разлика од зборот за нивен, нивна кој го пишуваме со мала.


z.B. Ihre buch ist sehr interesant = Вашата книга е мошне интересна.


mein Haus ist weiß = мојата куќа е бела
dein Katze ist schwarz = твојата мачка е црна
sein Pferd ist braun = неговиот коњ е кафеав

unser Vater ist aus Karlsruhe = Нашиот татко е од Карлсруе
euere Familien sind aus Belgien = вашата фамилија е од Белгија
ihre leben ist so schön! = нивниот живот е толку убав!

Der Mond scheint mit silber licht. = Месечината сјае со сребрена светлина.

Ајде да се запознаеме уште и со глаголот:
möchte = сака
(...нешто да купи, стане, направи)


еднина:

ich möchte
du möchtest
er, sie, es möchte


т.е. јас сакам, ти сакаш, тој, таа, тоа сака


множина:

wir möchten
ihr möchtet
sie möchten


т.е. ние сакаме, вие сакате, тие сакаат


Ако сакате да кажете дека имате желба т.е. сакате да станете нешто во иднина, додадете го зборот werden.


möchte+werden

Möchtest du später Automechaniker oder Rechnungsführer werden? = Сакаш ли подоцна Автомеханичар или Сметководител да станеш?
Nein, ich möchte Dolmetscher werden. = Не, јас сакам да станам усмен преведувач(толкувач).


z.B. = на пример:
ich möchte ein Arzt oder Lehrer werden = јас сакам да станам лекар или наставник
du möchtest ein milchschokolade = ти сакаш едно млечно чоколадо
er, sie, es möchte wasser = тој, таа, тоа сака вода

wir möchten deutsch zu lernen = Ние сакаме германски да учиме
ihr möchtet spielen = вие сакате да играте
sie möchten mehr und mehr... = тие сакаат повеќе и повеќе...



Изменето од Majkl - 31.Јануари.2009 во 19:49
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2009 во 02:59
Наскоро ќе се запознаеме со боите(die Farben). Но пред тоа, бидејќи во претходниот пост-лекција заборавив да ги наведам приемрите, едно потсетување за глаголот haben = има , низ примери во:

Singular = еднина:
ich habe ein Hund = јас имам едно куче.
du hast eine Katze = ти имаш една мачка
er, sie, es hat ein Haus = тој, таа, тоа има една куќа

Plural = множина:
wir haben viele Freunden = ние имаме многу пријатели
ihr habt unterricht = вие имате настава
sie haben Zeit genug = тие имаат доволно време



Изменето од Majkl - 30.Јануари.2009 во 03:05
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 09:01
Нашиот к у р с продолжува понатака со два корисни глагола, (да се)има и живее:


haben und leben



Глаголите се зборови со кои означуваме некакво дејствие(трчам, прави, мисли, возат, учиме, слуша и тн.). Кога глаголите ги менуваме низ лица(јас живеам, ти живееш, тој...)во еднина и множина, тоа се нарекува конјугирање. Во продолжение ќе ги конјугираме(менуваме) глаголите haben и leben.


ich habe

du hast

er, sie, es hat


wir haben

ihr habt

sie haben


Односно: имам, имаш, има и имаме, имате, имаат.


Доколку сакате да кажете дека нешто немате додадете keine после глаголот habe.

habe+keine

z.B. Haben Sie Zeit heute Abend? = Имате ли време денес вечер?
        - Nein, ich habe keine Zeit heute abend. = Не, јас немам време денес вечер.




ich lebe

du lebst

er, sie, es lebt


wir leben

ihr lebt

sie leben



т.е. живеам, живееш, живее и живееме, живеете, живеат


z.B. ich lebe im Budapest = јас живеам во Будимпешта
du lebst im Skopje = ти живееш во Скопје
er, sie, es lebt im Frankfurt a.M.* = тој/таа/тоа живее во Франкфурт

wir leben im Wien = ние живееме во Виена
ihr lebt im Bergen = вие живеете во Берген
sie leben im Laibach** = тие живеат во Љубљана

*а.М. = кратенка за: am Main = на Мајна. Мајна е една од поголемите реки во Германија која поминува и низ Франкфурт. Оваа кратенка се додава со цел да се прави разлика што постои уште еден помал град во источна Германија кој исто се вика Франкфурт, но не тече низ него Мајна. Се користат и кратенки за други реки a.R. = на Рајна и тн...
** Љубљана, главниот град на денешна P.Словенија во времето на Австро-унгарската монархија каде службен јазик биле германскиот и унгарскиот се викала Лајбах.


Ако некој ве праша Каде живеете?: Wo leben Sie? речете Ich lebe im ____________ .(наведте го градот) Но можеби однапред ќе претпостават каде живеете(во примерот: живееш) прашувајќи: Lebst du im Hamburg? Ако не, одговорете на пр. Nein, ich lebe im Skopje.

Дали можете да го разберете остатокот од краткиот дијалог? Непознатите зборчиња погледнете ги подолу:

Und deine eltern? Wo leben sie?

- Sie leben im Marktheidenfeld.
Wo ist Marktheidenfeld?
- Im süd-Deutschland.
Ach, so... Hast du bruder oder schwester?
- Ja, ich habe zwei schwestern.
Und wo leben sie?
- Sie leben mit mich im Skopje.


Ach, so...ах, така(aa, така значи...)
der Bruder = брат
deine = твоите
die Eltern = родители
mit mir = со мене
oder = или
die Schwester = сестра
süd-Deutschland = јужна Германија
wo? = каде?



Изменето од Majkl - 09.Февруари.2009 во 01:56
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 23:45
Ne e greska, no fali nadopolna. Blagodaram sto svrtevte vnimanie. Koregirano!

Изменето од Majkl - 25.Јануари.2009 во 01:42
Кон врв
snezzana Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 77
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај snezzana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 23:21
Originally posted by girl15 girl15 напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:







S = з - на пр. See(Зее)=езеро



ova ti e greska!

germanskoto S e najobicno nase C


Da ..S se cita isto S..Samo koga je pred samoglaska se cita Z

patem ima obezvucuvanje nemoj da zaboravis ili ednacenje pozvucnost,a ja mrazam Z
Кон врв
SummerLove Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
verliebt

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7174
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SummerLove Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 23:19
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:







S = з - на пр. See(Зее)=езеро



ova ti e greska!

germanskoto S e najobicno nase C


Da ..S se cita isto S..Samo koga je pred samoglaska se cita Z
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!
Кон врв
SummerLove Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
verliebt

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7174
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SummerLove Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 23:18
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

како ќе ја изненадам професорката по германски... од вторник па натаму.... море море....

heheh Biserna taka treba xD
Bidi Neverna, Da Ti Bide Veren,Vrti Mu Go Grbot Ke Trca Po Tebe.Ne Roni Solzi Kolku I Da Boli ,Bidi Hrabra I Toj Ke Te Moli!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.