IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали верувате во Митарства?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаДали верувате во Митарства?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 13:54
Почитувани,
 
Веќе подолго време ве следам сите на оваа тема,како пишувате,како се конфронтирате кој бил во право,кој згрешил,кој немал познавања и слично.
Ве читам како си лепите квалификации еден на друг,како ја фалите својата деноминација а ја напаѓате онаа на која припаѓа другиот дискутант и слично,а сето тоа обвиено со скриени прекори,навреди а не ретко тоа преминува во вулгарности,и читајќи ве мислам дека доколку би седнале на една маса би дошло и до физичка пресметка.
Оваа тема и дискусијата на истата до сега беше причина за неколку суспендирања од страна на Модераторот Месинџер,а исто и едно суспендирање од моја страна.
 
Како Администратор најмалку сакам да видам суспендирани членови,а најмногу ме разочарува тоа кога во форум информатор ќе прочитам дека тоа се дискутанти од подфорумот Вероисиповед кои во најголем процент се верници и треба да бидат пример за сите останати.
 
Почитувани членови,најмогу ме разочарува што сите вие припаѓате посветени Христијани од различни деноминации,кои место да бидат пример за посветеност,духовност и толеранција за останатите форумџии,се пример за тоа како се прават кавги и караници,а се тоа во име на Религија.
 
Секој од вас е убеден дека е во право самиот тој,а дека другиот од спротивната страна е во заблуда,во грешка и дека нема појма од ништо.
 
Почитувани,крајно време е да престанат овие дофрлања и конфронтации помеѓу вас Христијанските верници на подфорумов.
 
Прочитав доста тешки навреди тука од типот,ти немаш појма,шизофреник си,демонски опседнат и слично,и се запрепастив како тоа може да биде искажано од страна на еден верник,во случајов Христијанин.
Никој од вас не смее тука да одигрува улога на Крстоносец,да мафта со својот мач и да го обвинува онај другиот за било што.
Религијата во секој од вас треба да се носи во себе и да промовира љубов и кон верникот од своето јато а и кон спротивното,а не да се напаѓа.
Религијата е Љубов а не омраза и карање.
Бидете толерантни кон сите без разлика на кое јато прифаѓа другиот,бидејќи сите сте од ист род.
 
Ова нека биде моја јавна опомена кон сите членови-дискутанти на подфорумот Веросиповед,да бидат коректни и толерантни еден на друг и да не се расправаат,конфронтираат а најмалу од се да се навредуваат.
 
Ме молам да не го правите Веросиповед подфорум каде има караници и навреди кон другите и место од каде се шири омраза и нетолеранција,а се тоа во име на Бог.
Подфорумот Вероисповед треба да биде место каде и само каде ќе се промовира верба кон Бог,Љубов и Толеранција,ништо повеќе.
 
Ви благодарамсреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 13:11
Мене поинтересна ми е католичката идеја за чистилиштето отколку православната идеја за митарствата. Таму барем човек со мака со ќотек сепак ќе си дојде до Небото. А кај митарствата, ако немаш доволно да ги подмитиш демоните, ојде у казанот среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 11:51
Многу време би ми одзело да цитирам посебни пасуси од повеќе форумџии затоа би бил сега краток.

Значи да сумираме,според Православното толкување на Светото Писмо и според преданието на Светите Оци има еден привремен суд(тоа е кога ќе починеме) и краен суд (општото воскресение).Разлкита е што во првиот суд телото се одвојува од душата(таа НЕприродна состојба е всушност СМРТ)и судот се однесува на душата, и затоа наградата/казната/утехата се повеќе како предвкус за она главното а тоа е општото воскресение кога и ТЕЛОТО И ДУШАТА повторно ќе се соединат и ќе се исправиме пред крајниот суд.

Значи според нас учењето за митарствата(без разлика како и да се разликуваат од случај до случај,дури и не мора да се користи тој термин ако сакате!) е оној суд кој го спомнува апсотолот Павле во посланието до Евреите.
Душата не спие ниту хибернира до општото воскресение и то те како е свесна, затоа и постои привремен суд.

Е сега што нашите ни мили протестанти доживувата теолошки бродолом сакајќи да го објаснат тоа што точно се случува со душата до сеопштото воскресение е друга работа.

Но барем благој си го кажа мислењето на неговата заедница,друг се УДАВИ(и тоа библиски!!) со користење на цитати од СТАРИОТ ЗАВЕТ,иако многу добро знаеме дека пред Овоплотувањето Христово старозаветните ликови имале сосема друга перцепција за задгробниот живот.

И нормално дека тука никој не кажува свои лични искустав за задргобниот живот!! затоа не е на одмет и да чуеме каков е ставот на баптискичката деноминација од Скопје да го кажат во една две реченици својот став за тоа што се случува со душата по телесната смрт.
Не препорачувам цитати без објаснување зашто сами гледате дека ние различно го толкуваме.

Ај сега нема смислам само ние тука правоверните се ШИНУВАМЕ од куцање и објаснување за нашиот став,додека некои други само лепат цитат(без никаво објаснување)и нормално прават кариера од плукање на православниот став.

ОК немора да се согласува некој со правоверното толкување ,но барем имајте и малку доблест да го кажете и својот став.

     
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 07:42
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Jas ke dadam odgovor od Biblijata za toa sto se slucuva so dusata , odgovor sto ednas i go dadov na Maran Ata na temata za dusata, no eve ako ima problem so sekavanjeto ke povtoram  uste ednas: 7 И
*ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај
Бога, Кој го дал. 
( Propovednik 12:7).


Интересно, велиш дека ќе ми кажеш нешто за душата и ми даваш цитат од книгата Проповедник. А што да кажеме за овие цитати од истата книга:

Проповедник 3:19-21 зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - се е суета! Се оди на едно место: се произлегува од земјата, и се ќе се врати во *земјата. Која знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?


Заклучокот е многу јасен: лепење цитат како поента дека тоа е твое мислење и не е некакво образложение за твојот став. А уште побитната поента - во една книга, две дијаметрално спротивни изјави. Што е толкувањето? Од каде ќе знаеме? И врз која основа ти си го зел едното за точно, а другото си го отфрлил?


Изменето од Maran Ata - 14.Мај.2010 во 07:45
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 05:51
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

I jas moeto mislenje go kazhav ponazad.

Da ne se povtoruvam.



Месинџер, се потрудив да го послушам твојот совет и да ги разгледам твоите претходни постови т.е. коментари и го најдов следново што ќе го сумирам:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

] Ne sum ubeden vo postoenjeto na mitarstavata, pa mislam deka e mozhno i toa sto go velish.

Velam "mozhno", a ne "sigurno" bidejki za da e tvrdi neshto takvo treba prvin da se tvrdi deka Bog ni objavil apsolutno s'e vo prisobranite i selektiranite pisanija sostaveni megju koricite na knigata koja denes ja nerekuvame Biblija.

Za da se napravi takvo tvrdenje treba toa da se dokazhi. A takov dokaz do sega nema nikoj prineseno.
Toa sto go velish ti (od aspekt na celosnoto Bozhjo prezentiranje vo pisanijata), na pochetokot go veruvale i evreite i muslimanite, pa podocna i tie minale na usni predanija i interpretacii bazirani na nivnite prosvetleni vernici.

Zatoa stavot koj go podrzhuvash jas go smetam samo kako edna pretpostavka istoznachna na onaa sprotivnata.

Da se tvrdi deka ednoto e izmisleno od lugjeto, a drugoto ne, mi nalikuva na oksimoronstvo.



Originally posted by Messenger Messenger напиша:

] Na krajot, ne smee da se previdi deka i onie posocheni pisanija koi se del vo Svetoto Pismo ne se izrezhani vo kamen od Boga, tuku se napishani od inspirirani vernici koi zapishuvale onoa sto videle ili slushnale, koi citirale i interpretirale vo svoj nadobar kapacitet.

Da se tvrdi deka ednoto e izmisleno od lugjeto, a drugoto ne, mi nalikuva na oksimoronstvo.



Originally posted by Messenger Messenger напиша:

] Za neshto takvo (mitarstva) govorele i starite egipjani. Pred umiranjeto, faraonite bile prvin doveduvani vo klinichka smrt so tochno dozirani otrovi, pa bile vodeni od nivniot pochinat prethodnik preku patot na umrenite za da se zapoznaat so mitarite i da nauchat kako da gi odbegnat.

Nitu eden faraon ne pochinal pred prethodno na vakov nachin da se zapoznae so svojot pat do Bozhjite nebesa.



Originally posted by Messenger Messenger напиша:

] Rekov bozhja, bidejki bogot Horus go vodi pochinatiot do carstoto na mrtvite i bogot Osiris.

Egipjanite smrtta ja smetale samo kako privremena sostojba i veruvale vo povtorno ragjanje, kako i vrakjanje na ovoj svet. Povrzanosta na dushata so zemniot zhivot bilo usloveno so zachuvuvanje na materijalnoto telo. Zatoa na onie koi padnale vo nemilost kaj narodot ili faraonite telata ne im bile balsamirani tuku bile unishtuvani. Bidejki na toj nachin dushata go gubela svojot anker na zemjata taa nemozhela nikogash povtorno da se vrati nazad. Pochinatite faraoni se vrakjale da im go pokazhat patot na onie zhivite zatoa sto, kako sto znaeme, nivnite tela bile prezervirani.



Значи, прво велиш дека не си убеден во постоењето на митарствата, потоа дека не е се’ запишано во Светото Писмо, па затоа и двата става (за и против митарствата) ги сметаш како еднакви по значење, па на крај даваш еден осврт на верувањето на старите Египтјани. Се’ е тоа во ред, но не е одговор на тоа што те прашувам.
Моето прашање не беше насочено кон тоа кој друг верувал во митарства, туку, бидејќи не си убеден во постоењето на тие митарства (иако си малку контрадикторен со тоа што после велиш дека и ставот за и ставот против митарствата ти се еднозначни), те прашав што тогаш се случува со душата после смртта, според тебе?


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Туку, кое е твоето мислење за душата после смртта? Ако не постојат митарства, што се случува со неа?



Изменето од Maran Ata - 14.Мај.2010 во 05:54
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 02:27
I jas moeto mislenje go kazhav ponazad.

Da ne se povtoruvam.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 02:01
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Maran Ata , Rita na dva pati citirashe delovi od Svetoto Pismo spored koe zakluchuva deka mitarstva ne postojat.


Добро, таа САМАТА заклучува дека митарства не постојат (иако ниту лично искуство има, ниту пак се потпира на искуството на оние кои се подуховни од неа). Тоа го сфатив, повеќе и од јасно е, затоа што неколку пати повторив: Ако нема митарства, што тогаш се случува со душата по смртта? Освен Марија Магдалена, која делумно се обиде да го објасни своето сфаќање, и Благој кој даде видување на неговата заедница, друг никој нема дрзост да го стори тоа.

Дали ти, можеби, ќе ме (не’) удостоиш со твоето размислување за тоа што се случува со душата после смртта?


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Od onoa shto mozham da vidam od kazhanoto, taa nema nekoe svoe mislenje od aspekt na lichno iskustvo , no istovremeno ne se povikuva nitu na nechii tugji mislenja vo vrska so toa. Taa ednostavno se povikuva na Svetoto Pismo.


А јас од тоа што се „разговара“ на оваа тема (ако воопшто и може тоа да се нарече разговор) е дека полесно е да се нападне туѓото верување, без да се даде образложение за сопственото. Тоа, очигледно е така, затоа што ниту некој сака да признае дека имало, има и ќе има подуховни и поискусни луѓе од него/неа, ниту пак самиот/самата не знае во што верува.

Тоа што го велиш, за твојот заклучок, тоа и најмногу ме чуди. Значи, некој не се потпира на толкувањето на оние кои имале НЕПОСРЕДНО искуство со Божественото, туку на самоволното толкување на Светото Писмо, според непросветлен ум. Затоа и секојдневно расте бројот на нови и нови заедници (ако речам секти, ќе се лутите) во светот, чиј број во 1985 год. изнесувал 22,190, годишно се зголемуваа за 270, значи 5 нови заедници со ново толкување на Светото Писмо секоја недела. Браво, ги бива!!!


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Znachi taa go dade nejzinoto mislenje i nema potreba da se insistira ponatamu na toa.


Го даде нејзиното мислење? Освен цитати со кои „докажува“ дека митарствата „не постојат“, јас не видов она да даде мислење за тоа што се случува со душата после смртта.

Едниот стих кој таа го наведе е дека Господ на разбојникот му рекол дека денеска ќе биде со Него во рајот. Па ако Господ и на најголемите непокајани грешници им вели дека ќе бидат во рајот, се прашувам, каков е тој РАЈ?

Па го наведе овој цитат за кој пред извесно време браќата протестанти тврдеа дека е само обична приказна, а не и вистина:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Лука 16:22 "И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;"


И кога веќе сака да цитира, без да образложува, мене ептен ме интересира кое е толкувањето на тоа дека АНГЕЛИТЕ го однеле во КРИЛОТО Авраамово? Како тоа ангелите го однеле? И какво е тоа крило Авраамово?

Па потоа и овој цитат:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Евреите: 9:27 "И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд,"


Интересно, се вели суд? Каков суд кога ќе умре човекот? Зошто суд? Нели не постојат митарства, од каде па сега суд, кога треба да се чека судот кога Господ ќе дојде по втор пат?

Очебијно, многу небулози, само колку да се заташка сопственото непознавање на Светото Писмо, а и непризнавање на искуството на поопитните во духовноста!


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Sega, dali imash ti tvoe lichno mislenje za mitarstvata?


Моето мислење за митарствата е дадено во најмалку 5 подолги постови поназад. Ако сакаш да го видиш, препрочитај. Мислам дека нема потреба од копи-пејст. Туку, кое е твоето мислење за душата после смртта? Ако не постојат митарства, што се случува со неа?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 01:19
Jas da bidam iskren ne razbiram za sto se raboti, ako diskutirame za mitarstva da diskutirame ovdeka diskusija nema samo kilometarski objasnuvanja i kilometarski citati od biblijata - znaci ubeduvanja koi ne davaat nisto konstruktivno nitu pak nesto novo, ednostavno tvrdoglavo sekoj si go brani svoeto bez i da pomisli na toa deka mozebi ne e vo pravo - da ne si vo pravo ne znaci deka treba da go smenish svoeto mislenje tuku znaci da go koregiras i da bide podobro ...

Mitarstvata kako legenda ili kako vistina koj kako saka spored mene sepak mislam deka stanuva za legenda mi izgledaat premnogu komplicirani i iskreno da kazam ne veruvam deka doklku postojat deka mnogumina minale kroz niv ...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 23:36
Razbiram deka nemozhesh da imash svoe mislenje od aspekt na lichno iskustvo bidejki za da go imash, treba prvin da umresh, potoa da minesh preku mitarstvata (ako postojat), pa da voskresnesh i da ni gi opishesh istite kako shto nekoi pogore gi imaat nabrojano po red.

Toa voopshto ne go gledam kako negativnost, tuku naprotiv, kako iskrenost. E sega, poradi nemanjeto lichno iskustvo so mitarstva, razbiram deka vo oformuvanje na svoe mislenje za niv mozhesh da se povikash na Svetoto Pismo kako avtoritet spored tvojata vera.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 22:06
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Maran Ata , Rita na dva pati citirashe delovi od Svetoto Pismo spored koe zakluchuva deka mitarstva ne postojat. Od onoa shto mozham da vidam od kazhanoto, taa nema nekoe svoe mislenje od aspekt na lichno iskustvo , no istovremeno ne se povikuva nitu na nechii tugji mislenja vo vrska so toa. Taa ednostavno se povikuva na Svetoto Pismo.

Znachi taa go dade nejzinoto mislenje i nema potreba da se insistira ponatamu na toa.

Sega, dali imash ti tvoe lichno mislenje za mitarstvata?


Види Messenger, јас како христијанка немам потреба да оформувам свој личен концепт за работи кои се веќе јасно објаснети во Библијата, или пак не се спомнати од причина дека се непостоечки. За мене Светото Писмо е Зборот Божји и затоа јас не гледам зошто јас би се правела попаметна од Бога.

Мене искуството не ми е релевантно во однос на библиски вистини и христијански доктрини.
Искуството е лична работа, а не универзална вистина како учењето на Библијата. Мене не ми требаат отци да ми кажуваат според нивното искуство или што и да е, дали има или нема митарства.

Чистилиштето и сличните концепти (како митарствата на пример)се небиблиски и како такви се неточни и неприфатливи за вистинските, библиски христијани.





Изменето од Rita.MD - 13.Мај.2010 во 22:15
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 16:36
Maran Ata , Rita na dva pati citirashe delovi od Svetoto Pismo spored koe zakluchuva deka mitarstva ne postojat. Od onoa shto mozham da vidam od kazhanoto, taa nema nekoe svoe mislenje od aspekt na lichno iskustvo , no istovremeno ne se povikuva nitu na nechii tugji mislenja vo vrska so toa. Taa ednostavno se povikuva na Svetoto Pismo.

Znachi taa go dade nejzinoto mislenje i nema potreba da se insistira ponatamu na toa.

Sega, dali imash ti tvoe lichno mislenje za mitarstvata?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 15:58
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Види, не е нивни проблем тоа во која црква одиме. Да бев задоволна од православната црква можеби ќе останев таму. Арно ама, Христос ме повика да имам личен однос со Него, да му служам и да го прославам во мојот живот.


Рита, никој не те праша во која црква одиш, бидејќи јасно е дека таа информација веќе години ја криете како што дете кога ќе згреши и се крие од страв да не го искара некој. И ти се молам, немој да инсистираш на тоа дека само вие, протестантите, го славите Бога во вашиот живот, затоа што да беше така, немаше јас да ја напуштам вашата заедница и да се вратам кон Вистината.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Никакви свеќи и икони не можат да не доближат до Бог. Тој не го бара тоа, затоа да не се правиме попаметни од Него.


Бреј, какво дефокусирање на темата. Зборуваме за митарства и за душата после смртта, ама мора да се оди офф топик. Очигледно богатството на ПРАВОславната вера ви боде очи. Нејсе...

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Спомнал ли Бог некаде во Библијата за митарствата? Не.

Лука 16:22 "И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;"

Евреите: 9:27 "И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд," (не вели митарства, па суд)


И јас тебе не те прашав дали Бог некаде спомнал митарства (всушност, Бог никаде не ни спомнал дека е ЕДИНОСУШТЕН со Отецот и Синот, а ниту во Светото Писмо некаде е спомнат зборот Света Троица), туку те прашав ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДУШАТА ПОСЛЕ СМРТТА?


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

КИНГДАВИД, Не се мачи да им цитираш од Библијата. Таа за нив не е "обавезна лектира", како што на пример се житијата на отците. Побитно е што Јероним и Василиј кажале, отколку самиот Исус Христос.


Види, види, кого спомнува повторно. Светите Отци кои ти ја дале Библијата за да ја читаш. Аххх, неблагодарници... И ако за тебе Светото Писмо е „обавезна лектира“ за читање само кога се има час по македонски, за ПРАВОславните Христијани е Света Книга на Љубовта Христова која секој Православен Христијанин задолжително ја чита секојдневно.


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Што се однесува до сектите, па мајко му стара, барем давајте асални дефиниции, а потоа не заборавајте да спомнете дека православната црква беше првата секта.


Јаки аргументи, нема што!? Ахмар, немој брат, да даваш вакви објаснувања што е секта, да измислуваш од памет, затоа што Рита повеќе знае од тебе, ама не сака да ни каже, љубоморно си го чува нејзиното знаење... А па за тоа да објасни како Православнта Црква е првата секта, ни збор да објасни. Та нема потреба од паметна дискусија, туку само уфрлување... па кој разбере – разбере.


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Ahmar1, горделивоста не е одлика на христијаните. Не мисли дека многу знаеш, да не испадне дека некој знае мааалку повеќе од тебе. (Кој високо лета, ниско паѓа.)


Која си, пак, ти, да го судиш Ахмар дека бил горделив? Ти да не си случајно подобра од него? Едно просто поставено прашање не знаеш да одговориш, па сега се спушташ на лично ниво (типично за протестантите) и сакаш да ни кажеш дека ти си попаметна? Па како ти тоа го докажуваш? Ако имаш да дискутираш нешто на темава, повели, имаш веќе поставено прашање кое неколку дена те чека (очигледно е дека „попаметни“ од Ахмар нема, затоа што очебијно е дека си заобиколувате да дадете добро објаснување за тоа што се случува со душата после смртта, ако веќе не постојат митарства!!!) и „рестриктирај се од лични анализи“ за кои не си повикана:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Rita.MD, можеби ти ќе се осудиш да објасниш што се случува со душата после смртта? Каде таа оди? Дали сите души одат на исто место?

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 14:15
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Neli ti e jasno zosto prasuvaat kade odi dusata? Da ja otvorat knigata" Crkvata i Sektite" od Lazar Milin i da znaat kako da odgovarat na tvoite gledista, bidejki nemaat pojma da procenat od koja crkva ste среќа. So prasanjeto za toa kade odi dusata tie moze da opredelat na  koi   Hristijanski verski zaednici( koi tie gi narekuvaat sektanti i eretici)pripagjate. Lukavo , neli?намигнувањеJas ke dadam odgovor od Biblijata za toa sto se slucuva so dusata , odgovor sto ednas i go dadov na Maran Ata na temata za dusata, no eve ako ima problem so sekavanjeto ke povtoram  uste ednas: 7 И
*ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај
Бога, Кој го дал. 
( Propovednik 12:7).


Види, не е нивни проблем тоа во која црква одиме. Да бев задоволна од православната црква можеби ќе останев таму. Арно ама, Христос ме повика да имам личен однос со Него, да му служам и да го прославам во мојот живот.

Никакви свеќи и икони не можат да не доближат до Бог. Тој не го бара тоа, затоа да не се правиме попаметни од Него.

Спомнал ли Бог некаде во Библијата за митарствата? Не.

Лука 16:22 "И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило;"

Евреите: 9:27 "И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд," (не вели митарства, па суд)

КИНГДАВИД, Не се мачи да им цитираш од Библијата. Таа за нив не е "обавезна лектира", како што на пример се житијата на отците. Побитно е што Јероним и Василиј кажале, отколку самиот Исус Христос.

Што се однесува до сектите, па мајко му стара, барем давајте асални дефиниции, а потоа не заборавајте да спомнете дека православната црква беше првата секта.


Ahmar1, горделивоста не е одлика на христијаните. Не мисли дека многу знаеш, да не испадне дека некој знае мааалку повеќе од тебе. (Кој високо лета, ниско паѓа.)



Изменето од Rita.MD - 13.Мај.2010 во 14:19
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 14:06
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Neli ti e jasno zosto prasuvaat kade odi dusata? Da ja otvorat knigata" Crkvata i Sektite" od Lazar Milin i da znaat kako da odgovarat na tvoite gledista, bidejki nemaat pojma da procenat od koja crkva ste.


За твоја информација и то како МНОГУ добро знаеме(ние правоверните тука на форумот)од која деноминација е дотичната особа,на која и се обраќаш.
Дури и убав муабет си направивме со нивниот Пастор во просториите на нивната заедница и дури и побаравме и добивме беспалтно нивни брошурки(од које една беше навистина интересна)и превод од Светото Писмо кој они го сметаат за најдобар.

Затоа не ми изигравај дрвен адвокат тука на форумов на некој кој ниту рекол ниту побарал нешто такво од тебе..


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

So prasanjeto za toa kade odi dusata tie moze da opredelat na  koi   Hristijanski verski zaednici( koi tie gi narekuvaat sektanti i eretici)pripagjate.


Значи тоа е според тебе поентата на аполегетиката ,да определиш на која деноминација припаѓа соговорникот?!!

А зошто имаш проблем со терминот секта??
Тоа е латински збор и значи партија,но во поново време се користи во значење за стариот грчки збор ЕРЕТИК.
иако морам да признаа дека понекогаш терминот секта се користи во прешироко значење т.с за несодвентни места и за несодветни луѓе и групации,јас сум повеќе за грчкиот збор ЕРЕТИК,кој во превод значи ОДБИРАМ-во смисол некој кој ОДБИРА во што ќе верува или не.

Али ако некој си ја има мувата на капата тоа е веќе друга работа.



Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Jas ke dadam odgovor od Biblijata za toa sto se slucuva so dusata ,



Мора да елаборираш која точно книга зашто зборот БИБЛИЈА е грчки збор и значи токму тоа КНИГА и само КНИГА. Инаку постарото потекло е од феникискиот град Билбос на брегот на денешен Либан кој бил големо пристаниште од каде се извезувал вредниот папирус во античкиот свет,па старите грци терминот библија го земал токму по тој град.

Инаку незнам дали знаеш но Правоверните Христијани тука во Македонија(кој многу го почитуваат старогрчкиот) тој грчки термин не го користа туку користат соодветен наш збор а тоа е СВЕТО ПИСМО.
Кое како термин е многу посоодветен од општиот грчки збор библија.

Се надевам не бев многу долг со елаборирање на јазичното потекло на некои термини кои доста неправилно се користат(и злоупотребуваат) од многумина.


Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.