IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свештенството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свештенството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 10:49
Многу добро кажано од semkarot, сосема непотребно во христијанството е постоењето свештенството поготово во така обемна формација како што постои денеска.Новиот Завет кој е сржта на христијанството јасно кажува дека свештенството е непотребно за релација со Бог.
   
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 02:31
А каде виде ти дека semkarot поставил прашање? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 02:25
задоволство....

Изменето од Tetratka - 24.Октомври.2008 во 03:06
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
semkarot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај semkarot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 12:50
Една од најголемите пречки за духовно прободување на нашиот народ е коруптивната природа на македонското свештенство.

Но уште поинтересно е што се поставуваат некои прашања, кои би можеле да сугерираат дека воопшто идејата за свештенство е погрешна. Имено, во Библијата никаде не ја гледаме потребата од свештенство. Така, Апостолот Петар (според Рим дури и првиот Папа, очигледно не мислел за себеси така) ќе каже:

„Но вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина“ (1 Пет. 2:9)   

И самиот Петар нема да се нарече себеси свештеник, ниту патријарх, ниту папа, туку обичен старешина (пресвитер) (1 Пет. 5:1). Ќе додаде во 5:3 дека службата на старешините не е да управуваат, туку да бидат пример.

И Апостолот Јован ќе додаде: „Кој не' направи пред Бога и Неговиот Отец царство на свештеници“.

Исто така и меѓу христијанските „редови“, никаде нема свештенички ред. Постојат три збора кои се користат за овие служби:
diakonos = служители
presviteros = старешини
episkopos = надгледници

На ниеден од овие не им е дадена служба на свештенство, бидејќи терминот за свештеници hiereus се користи како служба на која и е поминат векот. Нејзината употреба е секогаш за оние кои не го препознаа Христа.

Дури ако ја разгледаме и пошироката листа на „редовите“, кај Апостол Павле, ќе видиме чудна работа, таму ги имаме:
Apostolos = Апостолите = Пратениците
Profetas = Пророците
Evangelistas = Евангелизаторите = Мисионерите
Poimenas = Пастири
Didaskalos = Учители (Даскали)

Значи повторно недостасува зборот свештеници.

Дури и понатаму, улогата на посредништво (т.е. функцијата на свештенството) е укината во Христос, кое што е јасно објаснето во Евреите 10-13. Таму јасно се истакнува дека не се свештениците тие кои можат да се застапат за нас, туку секој лично „му принесува на Бог пофална жртва“ (Евр. 13:15). А знаеме дека жртвувањето е „специјалност“ на свештениците.

Понатаму, Христос е наречен единствен посредник меѓу човекот и Бог. (1 Тим. 2:5).

Историјата исто така потврдува дека се до времето на Кипријан кој три века после Христа ги протолкувал старозаветните свештенички служби како полноважечки за црквата, тотално игнорирајќи го Новиот завет и неразбирајќи ја целата поента на Посланието до Евреите, немало свештенички редови во раната црква.

Ја поставувам оваа тема со мојата теза дека секој кој го има Христос (значи секој христијанин) го има и сето она што е Христово, во Неговата полнота. Христос е Нашиот Единствен Управител, Спасител и Единствен Свештеник. Секој кој се претставува како свештеник во христијанска служба, всушност го узурпира местото Христово и ја омаловажува Неговата совршена жртва, на која не и потребно никој да ја дополнува.

Ви посакувам Божји благослов додека ги разгледувате овие мисли.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.