|
Лазар Колишевски и македонското прашање |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Платеник, во твојот пост има само многу релативизирање и некое чудно повикување на разумност, не би знаел како да го наречам тоа, но и не е важно, ајде. Кои токови се случувале во ФРМ/СРМ? Гушење на националниот идентитет, местени процеси и преследувања, политички и физички ликвидации итн. Зборуваш за академии, ајде еве едно конкретно прашање- зошто во тој период беше табуизиран Тодор Александров и редица други револуционери? И прашуваш, „кому му е криво што Македонија ја добила својата државност“- и навистина, кому му е криво? Сите македонски дејци се бореле за тоа. Но ФРМ/СРМ не била независна држава, и во голема мера и тие академии и политичкиот врв гледале на север. Блаже Ристовски дури и сега си кажува дека во многу нешта се угледува на САНУ. Револуцијата не ги јаде своите деца- тие деца биле изедени од мршојадци.
Изменето од Pat - 23.Октомври.2009 во 13:30 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакал некој да признае или не и тие личности изиграле одредена улога во сосздавањето на македонската држава. Велам македонската држава во која за првпат Македонците добиваат статус на засебен народ, кога за првпат се создаваат сопствени академии, научни и образовни иституции, акдемски кадар, стучњаци, поети, писатели сликари, глумци дипломати.... кои достојно ќе ја ширата и преставуваат македонската нација. Нивни потомци сме и ние, кои можеме гордо да се наречеме Македонци.
Македонците под СХС биле Срби, под бугарска окупација Бугари, под Грција Грци, а во ФНРЈ/СФРЈ биле Македонци, а и конститутивен народ. Македонскиот бил еден од трите државни јазици. Дали на Тито му чуело за Македонија или не, незнам, ама според погорното можам да заклучам дека не му било баш сеедно. Ако не му било галје за Македонија, негледам причина зошто не би му било гајле за дежела, а од друга страна резултатот бил ист. Зошто не издржал до крај ќе оставиме на историчарите да проценат, дали ради неговата слабост, негиржа или заради моќта на “сојузниците“. Велам, жалосно е што останатите делови на Македонија останале надвор од тековите кои се одвивале во СРМ/РМ. Штета е што и во Грција не победила ДАГ, а штета е и што Георги Димитров непоживеал подолго. Но времето работи за нас. Јас повоторно прашувам, кому му е криво што Македонија ја добила својата државност во такви историски околности? На бугарските, грчките и српските монархисти и фашисти, на денешниве бугарски и грчки демократи, на кого?! Или пак на таквите кои потајно, а сега и јавно се изјаснуваат дека се поборници на една од пропагандите на сателитите на големите држави. Еден Колишевски или било кој друг, замене е само маргиналец, единка, кога во прашање е Македонија и нејзиниот опстанок. Дај да не се доведуваме во ситуација каде не ќе можеме да ја видиме шумата, заради тоа што има премногу дрва! Познато е дека рволуцијата некогаш си ги јаде своите чеда, ама ние сами се јадеме и без раволуција. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, немам намера никого да етикетирам со било какви именувања, од проста причина што сите сме Македонци и сме ставени во една идиотска апсурдна позиција токму од тие, комуњарите, а не од лево ориентираните сили, бидејќи, кои се всушност левите сили? Тргнувајќи од левото крило на ВМРО, па завршувајќи до Влахов, Шарло, Шатев, Марковски, Рацин, Брашнаров, Ченто се се тоа дејци на левите сили. Ама ако ние под „леви сили“ подразбираме имиња како Колишевски, Страхил Гигов, Михајло Апостолски и др. е тогаш имаме голем проблем. Што се однесува до Тито, дај да бидеме реални. На Тито му било гајле за Македонија, Македонците и македонското прашање воопшто. Единствената работа за која тој се грижел била Југославија, наследничката на стара Југославија, а инструменти за одржување на истата во рамките на нејзиините постојни граници биле токму овие горе спомнатите. Преку нив тој буквално ги почистил потенцијалните закани за територијалниот интегритет на таа измислена држава во која Македонците не влегле доброволно, како што тоа го пишуваше до неодамна во учебниците по историја (не знам дали е така се уште)Од 1918 година Македонија влегува во составот на Кралството СХС, како да сме излегле на референдум и сме го изгласале тоа. Сме биле поробени! А струјата на Ченто барала да му се овозможи на Македонецот неговото неприкосновено право самиот да одлучува за себе, нели тој се залагал во уставот на ФНРЈ да се вметне член со кој секоја република би имала право на отцепување. Епа против тоа се борел Колишевски, против оттргнувањето на ФР Македонија од сферата на српските интереси. Каде се школувал тој? Кога дошол во Македонија, не знаел ни да зборува македонски!
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се суди од оваа временска дистанца, а кога се има ментален склоп кој априори е предодреден да го отфрла политичкото опкружување во кои се наоѓала Македонија, па ако сакате и Југославија, тогаш нема да бидеме во состојба објективно да ги анализираме настаните и мотивите за донесувањето на одредени полтички одлуки.
Овде сакам да се оградам и заштитам пред се од можноста да бидам етикетиран како “комуњара“ или југоносталгичар, а уште помалку имам намера да ги бранам позициите на одредени личности од тоа време, вклучувајќ го и Колишевски. Немојте да заборавате во каква состојаба беше пошироката територија на Македонија гледано од историски, воен, економски и политички аспект. Немојте да заборавате низ какви турболентни времиња поминуваше македонскиот народ по формирањето на ново создадените монархии во нашето соседство и распадот на Отоманската Имерија. Немојте да заборавате дека последиците од нивните пропаганди, за жал и ден денеска ги чувстуваме. Немојте да заборавате дека сите тие мали монархии беа создадени за да ги штитат интересите на големите сили. Немојте да заборавате дека тие беа само сателити преку кој ќе се реализираат нивните империјалистички цели. Последователно на тоа Егејска Македонија станува англиска сфера на влијание, Пиринска Македонија станува советска сфера на влијание, она што денес го имаме како Република Македонија станува југословенска сфера на влијание. Се чини единствено лево ориентираните сили имале платформа и капацитет врз која ќе може да се реши проблемот на Македонија и нејзиниот народ. Не случајно е тоа што има блики контакти меѓу партизаните од Вардарска и Егејска Македонија. Не случајно е тоа што Македонците масовно се приклучуваат во Демократската Армија на Грција. Не случајно е што Титова Југославија ги подржува во текот на граѓанската војна се до онај момент кога големите сили не се вклучуваат да ги обезбедат своите сфери на влијание и одлуките од Јалта. Не случајно се донесува Резолуцијата на Инфорбирото. Не е случајно што македонските родљуби се сотрени кај Грамос и Вичо. Не е случаен егзодусот на Македонците од Егејска Македонија и нивното раселување во Узбекистан, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Југославија (во тоа време сите припаднички на тој лево ориентиран блок). Немојте да заборавате, додека беше жив еден Георги Димитров, националните права на Македонците се почитуваа, се формираа македонски училишта, весници, институции, дека Македонците се појавија на пописите во Бугарија. За жал оваа кусо траеше, а бугарскиот „социјализам“ почна да наликува по донос на Македонците на системот кој владееше до 1944 година. Немојте да заборавате дека тој Тито ги прибра раселените македонци на кои им беа обезбедени нормални услови за живеење, образување на сопствениот македонски јазик, простор за домување, вработување, културна и духовна изградба. Немојте да заборавате што бугарската и грчката држава направија од Македонците кои останаа таму и одбиваа да се бугаризираат или хеленизираат. Јас отворено се прашувам, дали ние денеска ќе ги уживаме благодетите и привилегијата да се носи македонскот име и на интелектуален план да можеме рамноправно да се носиме со сите наши негатори доколку не победеа тие лево ориентирани сили?! Не треба да гледаме подалеку од нашето соседство, убеден сум дека мнозинството од нас денес ќе беа Срби, како мнозинството во Бугарија што се чувстуваат Бугари или Грци во Грција. Малцинството кое ќе останело да си ја држи македонската линија ќе било маргинализирано и отфрлено од општеството, баш онака како што се отфрлени таквите луѓе и во Грција и во Бугарија. Несакам погрешно да бидам разбран дека ги оправдувам грешките кои ги направила таа гранитура на Македонци, но во едни такви луди времиња, каде во прашање бил опстанокот и исполнувањето на вековниот сон на македонскиот народ, барем на еден дел од територијата на Македонија, веројатно била жртва која македонскиот народ требало да ја поднесе. Врз основа на тие поденсени жртви ние денес ја имаме Република Македониј. Членка на поголем број светски организации, а прашање е на време кога таа наша Македонија и официјално ќе постане дел од интеграциските текови на таа Европа, блудница вавилонска. Ние сме во повластена положба во однос на нашите Македонци од соседните земји кои за жал ги немале истите прилики како и ние во Република Македонија. Но, тоа нетреба да не обесхрабрува, напротив ние треба да ја гледаме Република Македонија како мајка која ќе биде во состојба да помогне во рамките на своите можности нашите обесправени сонародници да си ги добијата своите светски загарантирани права, без разлика каде и да се. Во целата оваа приказна ниту Колишевски, ниту Тито, ниту Македонија или Југославија биле клучните фактори кои ја одлучувале судбината на Македонија. Тој истиот Тито, требал да направи компромис за Трст, Корушка, Штаерска.....и не заборавете бил словенчко-хрватска комбинација. Колку и тие неправди мене како Македонец ме болат, сепак сакам да останам со нозете на земја, (иако понекогаш главата ми е во облаци) и одговорно да изјавам дека не е се црно или бело, не се се дели на добро и зло, а тоа најмалку важи за политичките процеси или општествата во кои живееме. Македонија си останува Македонија и без Европа и без разлика на политчкото уредување, вусшност како и што била во изминатите 4000 години. Оставете ги протагонситете на различните политчки опции да се борат и докажуваат која од нив ќе не доведе да стигнеме до совршеното општество. Дел од македонската историја се и Алекснадар , Самоил, Карпош, Гоце Делчев, Алекснадров, Влахов, Рацин, Ченто, Пинџур, Ацев, Тито па према тоа и Колишевски,па и еден Љубчо Георгиевски сакал тоа некој да го признае или не. Кој повеќе кој помалку имал , а некој воопшто немал заслуга за она што денес го знаеме како Македонија. Знам само едно, Македонија се изборуват за својата државност во еден историски период во кој се појавува наушна потреба да се раскрсти со националшовинситичките платформи кои ја доминарале Европа во иминатите 2 века. Ајде запрашај те се кому му смета што Македонија ја стекан својата државност во овај период, па према тоа и си зема за право да го доведува до прашање легимитетот на таа државност, а со тоа и вековната борба на македонскиот народ да стигне до својата независност?! Поставете се во нечива кожа (улога) па после донесувајте судови или едноставно поставете си го прашањето, каква одлука јас би донел да сум на негово место? Имајте ги во предвид консеквенците. Големи борци, историчари, стратези, политичари и лидери се чини можат да се сретнат на секое ќоше. Изменето од Platenik - 23.Октомври.2009 во 02:28 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој не тврди дека биле поголеми Македонци од сите други, најмалку од дисидентите, кои за македонштината платија со глава.
Сепак, темата за Тито многу повеќе би разјаснила некои работи, па од мене имаш поддршка за отворање таква тема, одлично ќе биде да се разговара за тоа, секако од историски аспект! П.С. Прееска тоа не беше опомена за држење до тема, туку намерно спомнав, за да се држиме до темата, да не и ја изместиме насоката. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ахаа...Сакаш да кажеш дека овие нашиве што ја бранеле политиката на Тито бранеле правилна политика и биле поголеми Македонци од нив или од македонските дисиденти во ФРМ? Има ли на овој форум тема за Тито или јас да отворам една каде ќе пуштам линкови кон видеа каде се гледа колку Маршалот бил филантроп, всушност?!
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сето тоа беше политика - Македонците кои иэбегаа эа Бугарија беа верни на Инфорбирото како и самите Бугари - нормално неможеме да ги наречеме и едните и другите дека се Руси,едноставно тие бранеле политика а се покажа дека таа политика е погрешна
|
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македон, со сета почит, ама ние не зборуваме за односите на Колишевски со жена му, туку за последиците на неговото владеење со Македонија. Прво прашање, зошто македонската ениграција во Бугарија била повеќе лојална кон Бугарија отколку кон Македонија? Зар не се тоа потомците на македонската интелегенција која се борела за независна Македонија во минатото, како и потомците на оние кои српската власт ги протера во периодот 1913-41? Па уште имаме и потомци, како што реков, на некои многу познати личности, на пример од македонската преродба. Одговорот според мене е- поради тоа што во Македонија била инсталирана просрпска власт, а Македонците не биле баш толку приврзани кон Србите во минатото. Што правиме со велешкиот масакр, со масакрот на Кале, со убиството на Кочо Рацин, а за Ченто, Шатев и Брашнаров да не зборуваме?!
Изменето од Pat - 22.Октомври.2009 во 22:52 |
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тие од Пиринска Македонија беа приврзани кон нас, меѓутоа по резолуцијата од информбирото, политиката на Бугарија кон Македонците и Југославија се менува, па следствено на тоа и Македонците се оттуѓуваат едни од други, а и голем дел од Македонците во Бугарија ( не говорам за тие од Пиринска ) беа повеќе лојални на Бугарија, отколку на Македонија. Сепак, тоа е веќе политика во која ниту Југославија не била играч, туку големите сили, Велика Британија, САД и СССР, тие се оние кои ја скроија капата на Македонците. Кога зборував за Тито мислев на периодот кога им помагал на Македонците, се до интервенцијата на амбасадата на Велика Британија, кога јасно му е порачано дека Титова Југославија ќе биде препуштена на СССР ако продолжи да им помага на Македонците во Егејска Македонија и дека Грција е во британската сфера на влијание. Сепак во 60-тите Тито ги повика Македонците да се вратат во Македонија, на што Македонците од Егејска Македонија ширум светот одговорија позитивно и се вратија овде. Сепак, да не се одалечуваме од темата, темата е за Лазар Колишевски, има тема за македонската емиграција. Изменето од Македон - 22.Октомври.2009 во 22:25 |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, за тие во Егејска Македонија знам, нормално е дека ќе се приврзани кон нас, но што мислиш, дали ќе се отуѓевме и од оние во Пиринска, доколку не победеше таа, полтронската опција. А за Тито не ми зборувај. Знаеш ли за сликата која му ја дал Тито на Ченто, со ветување дека ќе се заложи за македонското прашање, и со зборовите „ти ја давам оваа слика, за ако ве изневерам, да покажувате кој ве изневерил“!!! Па каков цинизам е тоа?! А најголемиот парадокс е тоа што југоносталгијата најмногу ја боледуваат- Македонците!
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колишевски бил многу вешт во политиката, знаел дури и на самиот Тито да му се спротивстави, меѓутоа точно е тоа дека во однос на македонското прашање направил неколку големи грешки, за што и самиот подоцна признава, сепак, во тоа време и политичките прилики биле доста тешки. Сепак, тој а и доста други, па и самиот Тито, во однос на Македонците во Егејска Македонија направија нешто, не сторија се, но и толку можеа, не случајно британскиот амбасадор во Југославија е крајно вознемирен од односот на македонските власти кон Македонците во Егејска Македонија, напротив, Македонците од Егејска Македонија не се оттуѓени од Македонците тука, не случајно таму и ден-денес се приврзани кон нас и се чувствуваат како неодвоив дел од нас ( погледни ја темата Македонците од Егејска Македонија, таму има доста докази за тоа што го зборувам ), па и се изјаснуваат како Македонци, додека прашањето со Бугарија посебно се политизира по 1948 година ( резолуциите на Информбирото во однос на ФНР Југославија), а и блискоста меѓу нас и нашата емиграција замрува пред се поради тоа што македонската емиграција во Софија и другите делови на Бугарија, односно голем дел од неа не сака да се сврзе целосно со НР Македонија, туку лојалноста кон Бугарија е поголема, а и самата бугарска политика е вешта, па одлично успева да го ползува тоа. |
|
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македон, едноставно кажано, Колишевски бил полтрон, кој шѕо го дал Прохор Пчински на Србите, и кој што имал вазалски менталитет, што не бил случајот кај Ченто, затоа тој бил и тргнат, а овој поставен на власт, како инструмент за отуѓување на македонскиот народ од своите браќа во Пиринска и во Егејска Македонија. Што се случува денес со таа емиграција, имаме ли ние денес контакти со нив, со нивните потомци, со потомците на некои наши славни личности од минатото, а кои денес живеат таму?
|
|
Zero Tolerance For Silence
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пат, не заборавај дека тоа се случува во периодот по Втората Светска војна, кога владее т.н. административен социјализам, од 1945 година до 1951 година, познат и како етатизам, кога федерацијата ја централизира сета власт во републиките, кои и покрај формалниот статус на држави, сепак, ги немаат сите овластувања кои треба да ги имаат, а и нормално е во една федерација самата федерација да располага со поголема власт отколку државите-членки на истата, самата дефиниција на федерацијата го подразбира тоа. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, точно, колку што бил Македонец, тој бил и Југословен, јасно е дека решението на македонското прашање го гледал во рамките на Југославија. Никој никого не брани, само дискутираме, убаво е да проанализираме се, не треба да судиме веднаш. |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |