|
Крие ли нашата земја некакви мистерии? |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | ||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да крие сигурно крие...Hего како да дознаеме што најдоа во оној тунелот со германските 'златни' камиони...
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
IvaMk
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонија.. Света Земја..
Сигурно многу од вас слушнале за Армакедон (местото на кое треба да се одржи последната битка меѓу Господ и ѓаволот). Така е запишано во Библијата поточно во Откровението на Св. Јован. Црквата вели дека тоа е полето Армакедон во Ерусалим. Меѓутоа, ако земеме во предвид дека историјата ја пишуваат победниците, а најголемиот победник до ден денес е црквата ќе дојдеме до заклучок дека постои можност сето ова да е само измислица. А причината за тоа е нормално црквата да ја одбрани својата догма и на луѓето да им го наметне нејзиното мислење и да си ја сврти работата во нејзина корист. Наспроти ова, ако убаво го разгледаме и протолкуваме зборот АРМАКЕДОН и земеме во предвид дека нашите предци за терминот "земја" го користеле зборот "АР" ни станува јасно за што всушност станува збор.. АР МАКЕДОН т.е Земјата Македонија.. местото каде што треба да се одрши последната битка помеѓу Бог и ѓаволот.. Освен тоа, не е за ѓабе запишано уште од минатото.. Македонија, света земја.. :) Бидете горди што сте Македонци, затоа што сте благословени меѓу народите.. :) |
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Babeto misli deka trbalo da gi ostavat? kade e logikata? a kade e razumot? Изменето од d4 b3 - 27.Септември.2010 во 12:47 |
||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ohridksi Loh Nessi imate?
|
||
jahra
Нов член Регистриран: 01.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da,ima....znam samo za vo dva grada vo makedonija |
||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Владо дете како не си чул бе мило Гарант си подчул нешто само не ти текнува
Се зборува демек за во водите пред св.Заум дека е то Ај да не постирам надолго - нашироко, еве ти линкче па читни си сам за: Охридскиот бермудски триаголник Изменето од Sunny - 03.Септември.2010 во 01:31 |
||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
stara replika ama nema vrska. jas ziveam vo ohrid 12 godini i nemam za ova slusnato ama kje se rasprasam po postarive lica pa moze kje doznaam pojkje i kje pisam neso ovde. edinstvena golema misterija e koga kje se resi sporot so grcija? |
||
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
edistvena misterija tuka e,.
..zoshto nikako da mrdne od...mestoto kaj shto e!
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонија крие премногу тајни кои можат да бидат цел на научни истражувања, а и своевидни туристички атракции.
Сите македонци знаат какви се убавини поседува Македонија и од оние прочуените, а и од оние скриените кои се рај за телото и душата. Но, вистинското прашање е колку се знае за тоа какви се мистерии крие Македонија. Македонија можеби е најмистична земја уште од нејзините почетоци ако тоа може да се нарече уште и од античко време. За жал во Македонија не постои таква технологија со која би можеле да се испитаат ваквите феномени.Но зашто не се обрне повеке внимание на пропагандата за истите низ целиот свет. Тоа може да ни го зајакне туризмот како и да ја подобри финансиската состојба на Македонија. Еден Лох нес не е ништо посебно да не пстоеше легендата за Неси која не се знае дали е вистинита. Тиквешко езеро На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите Македонскта историја е преполна со исти.Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде. Планината Кожув Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар. Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар. Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација. Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето. Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен. Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм. Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставувам не сте чуле. Дрвото се вика Гол човек баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја. Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува. МИСТЕРИЈАТА НА ЦРКВАТА ЗАШТИТНИЧКА НА СКОПЈЕ - "СВЕТА БОГОРОДИЦА" Чудна сила уриваше се што ќе почнеше да се гради на темелите на старата црква По земјотресот, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква. Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви, вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат 'Света Богородица', христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски. Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштавало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството. "'Света Богородица' беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата. Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација. "И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка. Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо - поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето. "Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и 'рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето. "Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на 'Света Богородица'. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели 'тука е мојот дом'. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски. Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква. "Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата 'Света Богородица', и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме . |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крие, септички јами.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ama koj bi vlegol tamu ( koj vlegol ne izlegol ) |
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
koga bi mozele da znaeme sto se krie na Alshar
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
Командантица
Сениор Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ние сме мистеријата...,, - како може толку смотан[со извинење]народ да се собере на едно место....
|
||
..Живеам за да умрам..!
|
||
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |