Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
moira
Сениор
...The Goddess... Administrateur adjoint
Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:36 |
...и во некои земји за кражба сечат раце...бесат...стрелаат...и што треба тоа да значи...?
...видела жабата коњот се потковува, па кренала нога...
...кога ке се тргнат натписите на албански јазик и кога ке научат и во Парламентот да зборат сите литературно македонски, тогаш може да размислам дали ке се согласам со оваков закон...се дотогаш ова е глупост невидена и уназадување...и пак ке повторам со ова и низа други работи кои се случуваат во државата одиме во самоизолација...
|
 |
RUSHKA
Сениор
Регистриран: 28.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2837
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:32 |
За овој закон сега ‘‘слушнав‘‘ од вас и се прашувам до каде ке се оди....цело време треба да пратиме што ново ке излезе од лабораторијата на парламентот за да не плакаме казни за кои немаме пари ,а работата Цацко ке ни ја врши
|
4ISTA SOVEST=MIREN SON
|
 |
Vladimir88
Сениор
"Arbeit macht frei"
Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:29 |
moira напиша:
...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...
|
Па ја колку што знам во Македонија официјално писмо е кирилицата а не латиницата мислам тоа е сепак наше писмо... а многу ретко се употребува во Македонија.А еве за ваша информација во Русија и странските брендови на какво писмо ги имаат напишано имињата на нивните продукти...
Ова ќе испадне другите повеќе го ценат кириличното писмо од нас...а од наши луѓе е создадена и глаголицата и кирилицата....
Изменето од moira - 21.Јули.2008 во 01:31
|
 |
moira
Сениор
...The Goddess... Administrateur adjoint
Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:15 |
...и сега јас ке ти земам глоба од 200 евра зошто пишуваш латиница...хаххахаха...
...не дефинитивно ова е апсолутно лудило...ке станеме како Либија, кај и да е...
|
 |
zenmaster
Сениор
Interceptor
Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:13 |
Pred tri nedeli mi zemaa pari za "patriotska" fiskalna . Imam dve svetlecki reklami edna po mala i edna golema za da gi smenam na kirilica ke mi trebaat okolu sto evra minimum . Inace budzetot imal dve milijardi i kusur evra e pa ako taka treba .
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
 |
moira
Сениор
...The Goddess... Administrateur adjoint
Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:07 |
mileg напиша:
Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci |
...не никако...сите што знаат аглиски на бесилка...!!!
...се читаш ли воопшто што си напишал...не ми се верува дека може некој овака да размислува...се и сешто...
|
 |
moira
Сениор
...The Goddess... Administrateur adjoint
Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 01:05 |
Поголема глупост не можеше да изгласаат!
Не може странски реклами и натписи, а на албански јазик може...? Е па мили мои за мене албанскиот е странски јазик и не го разбирам и сега каде се моите права?
Не знаат од бес и глупост што да направт!
Наместо да се отвараме кон светот ние се вракаме 60 години назад...се изолираме...само нека се продолжи овака...гледам далеку ке стигнеме...
Нека се фатат за работа и нека носат закони кои ке имаат за цел да ни го направат животот поквалитетен а не да се замлатуваат со закони кои уназадуваат!
|
 |
mileg
Сениор
Регистриран: 13.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 00:59 |
Taka treba nie sme makedonci a ne anglicani a i ne treba angliskiot jazik ovde da se uci
|
 |
Vladimir88
Сениор
"Arbeit macht frei"
Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 00:39 |
П.С. Не сум сигурен али мислам дека овој закон важи и за форумите....
Мислам дека од сега па натаму членовите ќе треба да пишуваат на кирилица...
|
 |
Vladimir88
Сениор
"Arbeit macht frei"
Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јули.2008 во 00:36 |
Гледам многу многу не се зборува за ова на овој форум па решив да отворам тема...да видам кои се вашите мислења за овој закон.
Изгор казни за неправилен македонски јазик
Најмалку 2.500 евра ќе плати секој издавач, медиум, општина, фирма што ќе објави нелекториран текст
Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува
Скапо ќе плати секој што во иднина преку медиум ќе опише некој „божанствен крузинг“, ќе огласи место за „адвертајзинг менаџер“ или ќе отвори „beauty studio“. Најмалку 2.500 евра ќе биде глобата за секое прекршување на Законот за употребата на македонскиот јазик. За секој нелекториран текст што ќе го објават правни лица, како издавачи, фирми, медиуми, општини, институции ќе следува глоба од 2.500 до 3.000 евра. Тоа стои во измените на Законот за употребата на македонскиот јазик, а кои деновиве ги изгласа Собранието на РМ. Според дополнувањата, одделно ќе се казнуваат и одговорните лица што дозволиле да се објави нелекториран текст и тоа со казна од 700 до 900 евра. Со новите одредби речиси десетпати се зголемени долните прагови од казните предвидени за отстапување од правилната употреба на јазикот. Досега, за правни лица тие се движеа од 10.000 до 200.000 денари, а за одговорните лица беа предвидени казни од 1.000 до 35.000 денари. Сепак, ретко кој во минатите години кај нас беше казнет за неправилна употреба на јазикот. Поддржувачите на измените во Законот сега веруваат дека висината на глобите ќе помогне да се сочува нормата на македонскиот јазик во јавната употреба.
ВИСОКИ КАЗНИ ЗА ПОВИСОКА СВЕСТ
Лилјана Поповска,водач наДОМи претседателка на Организацискиот одбор на манифестацијата Година на македонскиот јазик, верува дека македонскиот јазик ќе почне да се употребува правилно. Казните не се популарна мерка за да се развива свест за употреба на еден јазик, но сепак, во нашиот случај тие се неопходни за да се воспостави ред во настанатиот хаос што ни го уништува јазикот. Секој што ќе ја прекршува нормата ќе биде соодветно казнет. Македонскиот јазик беше речиси заборавен 16-17 години во Република Македонија. Иако постоеше закон за негова употреба, тој речиси и да не се применуваше. Токму затоа пред една година беше иницирана и Годината на македонскиот јазик, со што успеавме многу работи да поправиме во полето на јазикот - вели Поповска.
Најзадоволни од воведените измени се лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои со години укажуваат дека јазикот ни се уништува, зашто не се почитуваат правилата. Оттаму негодуваат што фирми, медиуми, јавни личности во минатите години неказнето го прекршуваа јазикот, користејќи зборови и изрази од англискиот јазик и од јазиците на земјите во нашето соседство.
- Од донесувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик изминаа повеќе од десет години. Но, секако состојбите укажуваат дека не можеме да бидеме задоволни од неговото почитување. Многу списанија и телевизиски куќи се без вработен лектор, најголем број од имињата на трговските објекти, рекламите, излозите не се на кирилско писмо, сведоци сме на нелекторирани книги и прилози во весници, лоши преводи на филмските програми. Сето тоа добива загрижувачки обем. Дали зголемените казни ќе ја зголемат свеста за почитување на законот и на свеста за сопствениот јазик и идентитет, ќе покаже времето - вели Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот.
ЦЕЛИ ОПШТИНИ НЕ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ
Макаријоска додава дека е загрижувачки што во некои општини во земјава не се користи македонскиот јазик, иако неговата употреба таму е законски утврдена. Загрижува и тенденцијата пројавена во некои од единиците на локалната самоуправа за избегнување на употребата на македонскиот јазик утврдена со закон. Не ни е познато дали воопшто досега надлежните судови изрекле казни за прекршување на овој закон - вели Макаријоска.Надлежно за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик и за измените во него е Министерството за култура во чии рамки работат Советот за македонски јазик и инспекциските служби. Сепак, од ресорното министерство се' уште не знаеја кога и како ќе ги применат новите одредби од Законот. Велат дека стратегија за тоа ќе нема се' додека не биде назначен нов министер за култура. Немаа одговор ниту дали ќе ги казнуваат и одговорните во одделни општини во кои се избегнува употребата на македонскиот јазик.
Наесен нов том од Толковниот речник
Нов, четврти том од Толковниот речник на македонскиот јазик ќе биде објавен наесен, најавуваат од Институтот за македонски јазик. На 600 страници ќе има повеќе илјади термини од нашиот јазик што почнуваат на буквата П. Толковните речници се водачи во правилната употреба на јазикот, но кај нас објавувањето се' уште се одвива бавно, зашто како што велат од Институтот, паричната поддршка за неговата подготовка е недоволна.- Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе разбирање за финансирањето на проектите од национален интерес. Афирмирањето на македонскиот јазик, во услови на постојано негирање, е влог за сегашноста и за иднината - велат од Институтот. |
__________________
|
 |