|
Одбојка |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА Јанков: "Стартуваме со полна пареа" * Поради кусиот временски период младинките веднаш ќе почнат со воигрување на екипата, а подготвеноста ќе ја контролираат меѓусебно, на тренинг. Стручниот штаб составен од селекторот Зоран Јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска од вчера ги почнаа подготовките на женската младинска репрезентација за настапот на Балканијадата во Тузла од 26 до 30 август. Младинките претпладнето имаа работен состанок, додека во попладневните часови го одработија и првиот тренинг."Првиот собир го имавме во 12 часот кога одржавме краток работен состанок на кој од оправдани причини не присуствуваа три репрезентативки. Тие ни се приклучија на првиот тренинг кој го одработивме попладнето", н$ информираше селекторот на женската репрезентација, Зоран Јанков. Поради кусиот временски период репрезентацијата веднаш ќе премине на комбинирана работа на техника и тактика, како и воигрување на поставата. "Дванаесетте девојки кои ја сочинуваат селекцијата од денеска ќе работат по двапати дневно, а акцентот главно ќе бида ставен на техничко- тактичкиот аспект од играта, како и на компонирањето на костурот на екипата. Бидејќи немаме спаринг партнер со кој ќе можеме да направиме проверка на квалитетот со кој располагаме, најверојатно ќе правиме меѓусебни контроли на тренинг и на тој начин ќе се трудиме да ги неутрализираме недостатоците кои ќе се појават во играта", додава Јанков. Репрезентативките добро се познаваат меѓусебе бидејќи дел од нив и минатата и оваа година настапуваа како во кадетската така и во младинската репрезентација. Недостасуваат и некои од одбојкарките кои лани беа столб на двете селекции, но Јанков смета дека девојките кои се најдоа во конечниот список за оваа Балканијада се оние за кои тој смеат дека најдобро може да н$ претстават. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЛАДИНЦИТЕ НА ПРЕТПОСЛЕДНОТО МЕСТО ГО ЗАВРШИЈА НАСТАПОТ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА
Пораз и од Молдавија МАКЕДОНИЈА - МОЛДАВИЈА 0:3 (22:25, 23:25, 16:25) Анкара, сала: Селим Сари Таркан. Гледачи: 150. Делегат: С. Златарев (БУГ). МАКЕДОНИЈА:Николов, Пешевски, Ристоманов, Богоев, Ѓоргиев, Љафтов, Димковски, Маџиров, Крстевски, Блажовски, Галески, Ричлиев. МОЛДАВИЈА:Којокари, Туков, Иурко, Имполшки, Буторкин, Стукалшки, Доника, Лешков, Гути, Романовичи. Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев на претпоследното место го заврши настапот на Балканското првенство кое од 13 до 17 август се одржа во Анкара, Турција. Нашата селекција во борбата за пласман од 9. до 5. место на стартот беше слободна, за подоцна да загуби од Молдавија со убедливи 3:0 во сетови. По двата неуспешни обиди да дојде до победа во натпреварувањето по групи, Македонија имаше шанса за првпат да слави на шампионатот, што можеше да ни го донесе и 7. место, но младинците ја пропуштија и оваа можност. Започнаа одлично, достојно парирајќи му на противникот, но мало невнимание беше доволно молдавските одбојкари да го преземат водството во заврШницата на сетот и да го освојат со 25:22, за водство од 1:0 во сетови. Во продолжението ја задржавме изедначената игра и сетот изобилуваше со неизвесност и резултатски пресврти, но на крајот Молдавија делуваше поконцентрирано и повторно успеа да ни го одземе сетот со 25:23. Македонија се трудеше да се одржи во игра во последниот сет, но беше невозможно бидејќи противникот го диктираше темпото. Младинците ја загубија самодовербата и со многу технички грешки му дозволија на молдавскиот состав да поентира и да дојде до убедливи 25:16, за максимална победа од 3:0 во сетови. Со ова младинската репрезентација со три порази и без победа го заврши настапот на Балканското првенство, но поради добрата ждрепка успеа да се најде на претпоследното место, пред БиХ. Во останатите натпревари кои се одиграа вчера, Бугарија со 3:0 ја совлада Романија во дуел за 5. место во генералниот пласман, додека во малото финале домаќинот Турција имаше многу проблеми со црногорската селекција, но сепак успеа да слави со 3:1. Србија и Грција играа за првото место, а од овој дуел како победници излегоа Србите, кои со 3:1 дојдоа до уште еден триумф на Балканијадите. Минатата сезона нашата репрезентација се најде на четвртото место во завршницата, додека оваа година откако не успеа да слави во мечот со БиХ кој решаваше за второто место во "Ц" групата, кое водеше во полуфиналето ја пропушти и шансата да се најде во полуфиналето. Претпоследното место не е реално барем според она што младинците го покажаа на стартните два натпревари, но својата шанса за докажување ќе мора да ја бараат следната година. КИРИЛ РИЧЛИЕВ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА): Реален одраз на формата "Одлично одигравме во првите два сета кои можевме и да ги добиеме, но падот на концентрација во клучните моменти имаше големо влијание. Имавме проблеми со реализацијата на нападот и играта на мрежа, што особено се изрази во третиот сет, кога веќе и се предадовме. Овој меч може да го оценам како најслаб на настапот на Балканијадата, но сепак тоа е одраз на моменталната форма во која се наоѓа селекцијата. Проблем беше и повторната пауза бидејќи н$ опушти, но тоа не треба да биде оправдување за постигнатиот резултат", изјави по натпреварот селекторот на Македонија, Кире Ричлиев. Младинките почнуваат неделава По завршувањето на Балканскиот шампионат за младинци, оваа недела треба да стартуваат подготовките на младинките кои предводени од селекторот Зоран јанков и неговиот помошник Андријана Зафировска ќе н$ претставуваат на Балканијадата во Тузла, БиХ која треба да се одржи од 26 до 30 август. На ова натпреварување Македонија разигрува во "А" групата заедно со БиХ и Молдавија. Амбарков дел од Балканијадата Нашиот интернационален судија Орданчо Амбарков беше претставник на Судиската организација на Македонија на Балканијадата во Турција. Тој ја делеше правдата на дуелите од групите "А" и "Б", а потоа и во борбата за пласман. РЕЗУЛТАТИ: НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН: Молдавија - Бугарија 0:3 (19:25, 22:25, 27:29) БиХ - Романија 0:3 (23:25, 21:25, 23:25) ПОЛУФИНАЛЕ: Турција - Србија 1:3 (20:25, 25:22, 16:25, 18:25) Грција - Црна Гора 3:0 (25:20, 27:25, 25:19) НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО: Македонија - Молдавија 0:3 (22:25, 23:25, 16:25) НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО: Бугарија - Романија 3:0 (25:20, 25:20, 25:23) НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО: Турција - Црна Гора 3:1 (26:28, 25:22, 25:22, 25:18) ФИНАЛЕ: Србија - Грција 3:1 (25:18, 22:25, 25:21, 28:26) КОНЕЧЕН ПЛАСМАН: 1. Србија 2. Грција 3. Турција 4. Црна Гора 5. Бугарија 6. Романија 7. Молдавија 8. Македонија 9. БиХ |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАШКАТА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО МИНИМАЛНИ 3:2 Е ПОРАЗЕНА НА ПРВИОТ МЕЧ НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ТУРЦИЈА Македонија "киксна" во последниот сет * Младинците имаа одличен настап на стартот од Балканскиот шампионат, но, за жал, ја пропуштија шансата да дојдат до првата победа во групата "Ц". МАКЕДОНИЈА - БиХ 2:3 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случува со "шпедитерките"!?
* Позицијата на тренерот Пеица ќе остане неизвесна до крајот на неговите обврски со репрезентацијата, координаторот на стручниот штаб на Работнички Ф., Миленковски, нема идеја, а играчите чекаат некој да ги информира за почетокот на подготовките.Темпирањето на формата на вицешампионот кај дамите, Работнички Фершпед требаше да почне оваа недела, но поради низа случувања во редовите на клубот, подготовките се одложени за подоцна. Откако првиот тренер на "шпедитерките", Светислав Пеица, ја прифати позицијата на селектор на машката сениорска репрезентација, се прошири веста дека истиот ќе го загуби тренерското место во клупата на Работнички Фершпед, за потоа ситуацијата да се реши со статус-кво, односно одлагање на оваа одлука с$ додека Пеица не ги заврши обврските кои ги има со сениорите. И додека првиот тренер ја води машката селекција, стручниот штаб с$ уште нема најдено соодветно решение, односно кој ќе ја води екипата во текот на подготвителниот циклус. "Пеица прифати да биде селектор на машката репрезентација без никаква најава, а подоцна немаше и никакви консултации со мене како шеф на стручниот штаб на екипите на Работнички Фершпед. Побаравме тој да биде сменет од позицијата прв тренер на женскиот тим, но на негово инсистирање тој ќе ја задржи функцијата. Во моментов немам идеја, ниту, пак, некое решение кое ќе биде во корист на одбојкарките кои го очекуваат стартот на подготовките. Тренерите на младинските категории на клубот имаат други обврски, но, сепак, ни претстојат состаноци и консултации, на кои ќе можеме да го утврдиме почетокот на подготовките, како и личноста која ќе ја води екипата во тој период. Со с$ она што се случува во моментов оваа сезона е загубена за мажите, а најверојатно и за женскиот состав, бидејќи со желба да & се помогне на репрезентацијата клубот се најде во подредена состојба", изјави координаторот на стручниот штаб и тренерот на машката екипа на Работнички Фершпед, Јошко Миленковски. Како можна замена за Пеица во овој период се спомнуваат имињата на тренерите на младите категории, Андријана Зафировска и Глигор Христов. Но, Зафировска ќе има обврски со женската младинска репрезентација, која следната недела треба да почне со подготовките за Балканијадата во Тузла, БиХ, додека Христов има приватни обврски. Засега стартот на подготвителниот период во Работнички Фершпед е неизвесен, а првите луѓе се надеваат дека решение ќе се најде до почетокот на следната недела. Зафировска: "Останувам уште една сезона" Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, и покрај проблемите со повреденото колено ќе продолжи активно да тренира и следната сезона. "Одлучив да играм уште една сезона и мислам дека ќе успеам да ја истуркам до крај и покрај проблемите со коленото", вели Зафировска. Таа исто така се најде затечена од случувањата во клубот и вели дека никој конкретно не ја информирал за активностите кои ќе & претстојат на екипата, но се надева дека во брзо време ќе се најде решение и ќе стартуваат подготовките на тимот. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија слободна на стартот
* "Паузата која ја имаме на првиот ден од натпреварувањето ќе ја искористиме за "снимање" на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник", вели селекторот Ричлиев. Машката младинска репрезентација предводена од селекторот Кире Ричлиев и неговиот помошник Блажо Тасев, од денеска па до 17 август ќе н$ претставуваат на Балканското првенство во Анкара, Турција. Македонија ќе разигрува во групата "Ц", заедно со Србија и БиХ, но на стартот нашата селекција е слободна. Ваквата ждрепка му одговара на стручниот штаб бидејќи тоа ќе претставува шанса за нашите репрезентативци да се одморат од долгиот пат, а воедно и да го проследат натпреварот меѓу конк*рентите во групата Србија и БиХ. Нашата делегација вчера во попладневните часови пристигна во Анкара, а единствено активни беа официјалните претставници кои присуствуваа на Техничкиот состанок, додека младинците одмораа. "Вчера во попладневните часови пристигнавме во Анкара, по што репрезентативците беа ослободени од тренинг бидејќи им беше потребен одмор по напорниот пат, а стручниот штаб присуствуваше на Техничкиот состанок. Македонија е слободна на стартот, а паузата ќе ја искористиме за враќање на силата на играчите и 'снимање' на противниците, особено БиХ, која е наш прв противник во разигрувањето по групи и преку која ја бараме нашата шанса до полуфиналето", изјави селекторот на машката младинска репрезентација, Кире Ричлиев. За денеска предвидено е претпладне репрезентацијата да одржи еден тренинг, додека во попладневните часови ќе ги проследи трите натпревари кои се на распоредот во првиот натпреварувачки ден. "На утринскиот тренинг ќе работиме техника и тактика, но со послаб интензитет, а попладне ќе ги проследиме трите натпревари кои се на програмата денеска. Така не само што ќе имаме шанса да ја формираме тактиката за утрешниот меч со Босна туку ќе може да видиме со каков квалитет располагаат и противниците со кои би можеле да се сретнеме во борбата за пласман", додава Ричлиев. Покрај Македонија, Србија и БиХ кои се среќаваат во групата "Ц", во групата "А" играат Романија, Црна Гора и Молдавија, додека во "Б" групата се натпреваруваат организаторот Турција, Грција и Бугарија. Албанија иако требаше да учествува на Балканското првенство и да биде домаќин, поради двегодишна суспензија од ФИВБ се повлече од натпреварувањето. Првиот ден од Балканијадата во натпреварувањето по групи ќе го отворат Романија и Црна Гора, нашите противници во групата, БиХ и Србија играат втори, додека на последниот меч од првиот натпреварувачки ден организаторот Турција ја пречекува Грција. Македонија, Бугарија и Молдавија се слободни на стартот. Натпреварите во салата "Таркан" Комплетните на натпревари од Балканското првенство ќе се одиграат во спортската сала "Селим Сари Таркан". Турската одбојкарска федерација на овој терен ќе ја прослави и 50- годишнината од своето постоење, а ова натпреварување воедно ќе претставува и последна контрола на формата на турските младинци кои обезбедија пласман на завршницата на Европското младинско првенство кое во почетокот на септември ќе се одржи во Брно, Чешка. БП МЛАДИНЦИ РАСПОРЕД - 1. КОЛО: ГРУПА "А": 16:00ч. Романија - Црна Гора ГРУПА "Б": 20:00ч. Турција - Грција ГРУПА "Ц": |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ЈА ТЕМПИРАAT ФОРМАТА ЗА НОВАТА СЕЗОНА Ангажирана работа за Вардар Прволигашот Вардар Осигурување веќе втора недела активно работи во
подготвителниот период за новата натпреварувачка сезона, темпирајќи ја
формата на кејот на реката Вардар. "Црвено - црните" работат на првата
фаза, односно базичните подготовки, а од средината на следната недела
влегуваат во сала каде комбинирано ќе се работи и специфика и техника. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАВРОВО Девет играчи на првиот собир * Покрај најавените Наковски, Симовски, Зафиров, Милков и Деспотовски, од првата прозивка поради вироза отсуствуваше и Атанас Милев. Селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица, со девет одбојкари ги почна подготовките на селекцијата за бараж двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2009 во Турција. Најавено беше отсуството на пет репрезентативци, искусните Симовски, Зафиров и Наковски, како и Милков и Деспотовски, кои се во Романија, но на првата прозивка во Маврово не се појави и Атанас Милев поради вироза. Првиот работен викенд на селекцијата се одвиваше според предвидениот план, краток работен состанок, по кој стартуваше темпирањето на формата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТРУМИЧКИТЕ КЛУБОВИ СО ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ГО ПОТВРДИЈА ОБЕДИНУВАЊЕТО Џио Струмица нов прволигаш *
Информацијата за соединување на клубовите беше позната уште по
завршувањето на минатата сезона, но се чекаше комплетно да се
прецизираат деталите, за веста и официјално да биде потврдена. Струмичките клубови ОК Струмица и Македонија Џио постигнаа договор
за соработка во огранизациски, раководен, финансиски, играчки и стручен
план и оваа сезона во натпреварувањата организирани од ОФМ, БВА и ЦЕВ
ќе настапуваат под заедничко име Џио Струмица. Информацијата за
соединување на клубовите беше позната уште по завршувањето на ланското
првенство, но се чекаше комплетно да се прецизираат деталите, за веста
и официјално да биде потврдена. Во домашното првенство клубот ќе
настапува во двете машки лиги, прволигашкиот тим ќе го предводи Трајче
Атанасов, додека негов помошник ќе биде Атанас Ѓорѓиев, а предводник на
екипата во Втората лига, како и на сите младински состави ќе биде Кире
Ричлиев, кој воедно ќе ја извршува и функцијата координатор на
стручниот штаб. Деновиве раководството ќе ја заврши и потребната
процедура во Агенцијата за млади и спорт, како и во Одбојкарската
федерација на Македонија за регистрирање на новиот клуб. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, СВЕТИСЛАВ ПЕИЦА, ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА СЕЛЕКЦИЈАТА
Без промени во составот * Пеица и во последната фаза ќе се потпре на истите играчи со кои репрезентацијата ги започна овие квалификации. Поширокиот состав на машката репрезентација со кој новиот селектор на сениорите, Светислав Пеица, треба да ги почне подготовките за последната бараж фаза од квалификациите за ЕП 2009 во Турција, нема да претрпи никакви измени. Пеица ќе се потпре на интернационалците Симовски, Ѓоргиев, Наковски, Јосифов, браќата Милеви, Зафиров и одбојкарите на домашниот шампион Работнички Фершпед, Митев, Деспотовски, Карановиќ, Трајчевски, Ѓорѓевски и Гинов, кои ја формираат и основата на селекцијата. "Поширокиот список на играчи останува ист како и на почетокот на квалификациите. Тоа се одбојкари кои го понесоа најголемиот товар на овој циклус и нема дилеми околу тоа дали треба да се најдат на листата и во оваа последна фаза. Размислував за дополнување на списокот со еден или двајца играчи, но засега тоа прашање останува отворено", вели селекторот на машката репрезентација, Светислав Пеица. Репрезентацијата подготовките ќе ги почне без најискусните тројца играчи Симовски, Наковски и Зафиров, кои поради обврски во странските клубови подоцна ќе им се придружат на своите соиграчи. Стартот, најверојатно, ќе го пропушти и Милков, кој викендов мора да замине за Романија каде треба да го потпише едногодишниот договор со прволигашот Ремат Залау. "Подготовките ќе ги почнеме без тројцата стандардни репрезентативци, капитенот Зафиров, Симовски и Наковски, кои ќе ни се приклучат малку подоцна, како и Милков, кој в сабота заминува за Романија каде треба да го потпише договорот со новиот клуб, по што се враќа и ќе & се приклучи на селекцијата на подготовките во Маврово", додаде Пеица. Сениорите подготовките за бараж двомечот со Чешка ќе ги започнат на 9 август во Маврово каде ќе биде одработено комплетното темпирање на формата. ПОШИРОК СПИСОК - СЕНИОРИ: 1. Александар Митев техничар Работнички Ф. 2. Филип Деспотовски техничар Работнички Ф. 3. Јовица Симовски коректор Авербоде 4. Никола Ѓоргиев коректор Раднички 5. Александар Милков универзалец Ремат Залау 6. Хари Наковски универзалец Раднички 7. Владо Милев универзалец 8. Вук Карановиќ универзалец Работнички Ф. 9. Атанас Милев универзалец 10. Влатко Трајчевски универзалец Работнички Ф. 11. Ѓоко Јосифов среден блокер 12. Виктор Зафиров среден блокер Какањ 13. Зоран Ѓорѓевски среден блокер Работнички Ф. 14. Сашо Јоксимовски среден блокер Вардар О. 15. Благој Гинов либеро Работнички Ф. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИТЕ СН УШТЕ НЕМААТ ПРОНАЈДЕНО НОВ КЛУБ
Потрагата по ангажман трае Дел од домашните интернационалци и репрезентативци с$ уште се во потрага по нов клуб во кој би можеле да ја продолжат својата меѓународна кариера. Засега во исчекување се браќата Милеви, кои минатата сезона настапуваа во Опава, Чешка, но поради неисплатени приходи, како и поради несогласувања со управата на клубот решија да бараат друг ангажман. Средниот блокер Ѓоко Јосифов исто така ја напушти шпанска Тарагона и сега бара нова средина. Неколку домашни играчи најавија дека бараат трансфер во странски клуб, но засега нема официјални информации дека некој од нив ќе дебитира на меѓународна сцена. Како и да е, овие одбојкари имаат уште еден месец за пронаоѓање на соодветен ангажман, а во меѓувреме ќе можат беспречено да им се посветат на обврските на машката сениорска репрезентација кои би можело само позитивно да влијаат на нивната кариера во моментов. Досега поголемиот дел од одбојкарите ги продолжија обврските кон своите поранешни странски клубови. Хари Наковски и Никола Ѓорѓиев и следната сезона остануваат во редовите на српскиот вицешампион, Раднички Комбанк, Јовица Симовски ја продолжи соработката со Авербоде, Белгија. Капитенот на сениорите, Виктор Зафиров и оваа година останува во Калањ, БиХ, додека последен од списокот на репрезентативци со странски ангажман е Александар Милков, кој деновиве заминува за Романија каде потпиша едногодишен договор со Ремат Залау. На Милков можно е да му се придружи и искусниот Жарко Ристовски, кој во моментов е во преговори со романски прволигаш. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ЈАСНА СЛИКА ЗА БРОЈОТ НА ИГРАЧИТЕ ПРЕД СТАРТОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАРАЖ ДВОМЕЧОТ СО ЧЕШКА
Пеица ќе стартува без најискусните * Засега единствено капитенот Зафиров, Симовски и Наковски имаат најавено дека ќе го пропуштат почетокот на подготовките, додека другите репрезентативци го потврдија присуството на првата прозивка. Капитенот Виктор Зафиров, како и искусните интернационалци и предводници на машката сениорска репрезентација, Хари Наковски и Јовица Симовски се тројцата одбојкари кои нема да се појават на првиот собир на сениорите на 9 август во Маврово, поради обврски кон своите странски клубови. Освен овие репрезентативци сите останати кои се најдоа на списокот на екс- селекторот Александар Тасевски, а е најавено дека ќе бидат дел и од поширокиот состав на новиот предводник Светислав Пеица, го потврдија своето присуство на првата прозивка. "Најверојатно, единствено Зафиров, Симовски и Наковски се тројцата репрезентативци од поширокиот список на селекцијата кои поради обврски кон своите клубови во странство нема да можат да дојдат уште на почетокот на подготовките, но се надевам дека во многу брзо време ќе & се приклучат на работата на репрезентацијата. Останатите играчи кои беа на поширокиот состав уште од стартот на квалификациите начелно го потврдија доаѓањето на стартниот состанок на 9 август во Маврово. Покрај овие одбојкари можно е да бидат повикани уште двајца- тројца искусни играчи кои би можеле да & помогнат на селекцијата", изјави селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица. Прашањето околу бројот на репрезентативците се наметна како најголем проблем на новиот селектор, но тој смета дека, сепак, одлично формираната програма ќе има солидна реализација и дека сениорите ќе успеат квалитетно да ги одработат подготовките. "На првиот собир сигурно нема да има помалку од десет одбојкари, што е, сепак, солидна бројка. Во зависност од договорот со клубовите набрзо ќе ни се придружат и најискусните, така што се надевам дека во една одлична атмосфера во Маврово ќе можеме да го извлечеме максимумот од квалитетните услови за подготовки и да го одработиме како базичниот, така и техничко- тактичкиот дел од темпирањето на формата. Потоа ќе следува контролната фаза на Копаоник со репрезентацијата на Словенија и рускиот тим Искра Одинцово", додава Пеица. На новиот селектор сега единствено му преостанува да се одлучи кои други играчи ќе бидат дел од поширокиот список на селекцијата и истите да и ги Против Чешка во "Борис Трајковски" Машката сениорска репрезентација реваншот од бараж двомечот со Чешка кој треба да се одржи на 15 септември, ќе го одигра во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Иако СЦ Кале беше "база" на сениорите каде што тие го постигнаа најголемиот историски успех и место каде што репрезентативците имаа желба да се одигра и овој натпревар, поради пребукираност на салата во тој период како и поради повисоките стандарди кои ги пропишува ЦЕВ во последната фаза од квалификациите за Европското првенство 2009 во Турција, Федерацијата беше принудена да ја промени локацијата. ОФМ уредно го испочитуваа рокот за пријавување на новата сала и испратија соопштение до Европската одбојкарска конфедерација. Мечот ќе се одигра во 20:15ч., термин во кој е вклучен и ТВ пренос. "Салата 'Борис Трајковски' ќе биде местото каде Македонија ќе го одигра реваншот од бараж натпреварите со Чешка во рамките од квалификациите за ЕП. Дуелот е со термин од 20:15ч, а вклучен е и директен ТВ пренос. СЦ Кале беше првата опција на репрезентацијата, но поради пребукираност на салата во тој период со ракометни настани, како и поради повисоките стандарди кои ги бара ЦЕВ во третата фаза од квалификациите моравме да ја промениме локацијата. Очекуваме и официјална потврда од Европската конфедерација, но најчесто кога нема никаков проблем тие не реагираат со дописи, така што сметам дека овој термин може да биде потврден", н$ информираше генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ. Чешката федерација с$ уште нема доставено каде ќе се одигра првиот натпревар чии домаќини се тие. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОСТАНУВА БЕЗ ПРЕДВОДНИК Тасевски ги напушти сениорите * Тасевски следната
сезона ќе биде тренер на шампионот на Емиратите, Ал Аин, ангажман
поради кој мораше да ја напушти репрезентацијата. Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Тасевски, кој ја предводеше селекцијата на последните квалификации за Европското првенство 2009 во Турција, со кого сениорите го постигнаа најдобриот резултат во историјата на машката одбојка, пласман во баражот, ја напушта функцијата на предводник. Тасевски вчера замина за Обединетите Арапски Емирати каде што следната сезона ќе биде тренер на шампионот на оваа земја, Ал Аин. Поради новиот едногодишен ангажман, актуелниот стратег на сениорите се повлекува од позицијата на една недела пред стартот на подготовките на репрезентацијата за бараж двомечот со Чешка за пласман на ЕП. "Постигнав
договор со шампионскиот тим на Емиратите, Ал Аин, кој ќе го водам
следната сезона. Останува да се допрецизираат некои детали и од денеска
да почне мојата работа како тренер. Договорот е на една година со
можност за продолжување во зависност од резултатите кои ќе се постигнат
во првата сезона. Немам комплетни сознанија за екипата со која ќе
располагам, но ќе имам доволно време да го формирам тимот пред стартот
на првенството. Селекторското место го напуштам бидејќи не смеам да
пропуштам ваква шанса за работа. Одбојкарите кои ја сочинуваат
репрезентацијата поседуваат доволно квалитет за да го завршат она што
заедно го почнавме", изјави екс- селекторот на машката сениорска
репрезентација, Александар Тасевски. Селекцијата стартува според предвиденото |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАДЕТКИТЕ СО НОВ ПОРАЗ НА БП ВО ПОРТАРИА, ГРЦИЈА Борба за 7 - 8 место Македонската женска кадетска репрезентација која
учествува на Балканијадата во Портариа во Грција, вчера, во
разигрувањето за пласман од 5 - 8 место забележа нов пораз, четврти по
ред, овој пат од селекцијата на Босна и Херцеговина, од 3:1 (25:14,
25;12, 23:27, 25:19) во натпревар кој траел 94 минути. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
konki
Нов член Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kazi od koj grad si i kaj treniras zosto bi trebalo da te znam
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |