IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Што се случува со нашето образование?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се случува со нашето образование?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 28>
Автор
Порака Обратен редослед
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 11:01
Потполно се сложувам Фикс дека секој мора перманентно да се надоградува и усовршува бидејки тоа го бара модерното опшествување.
Тоа треба секој да го свати бидејки условите на пазарот се сурови а сигурноста која вработените ја имаа во минатите времина исчезна.
Но мора да бидиме и самокритични бидејки вина за состојбата има и во родителите како и во учениците.
Родителите мора да ги научат нивните деца сами да пливаат и да се соочуваат со проблемите,а не да вртат телефони и за најмал проблем кој е исправен пред нивното дете бидејки само им прават лоша услуга ,да бидат губитници во животот.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 10:23
Дечки, колку и да е нашето образование напредно или назадно, тој што сака да учи и да се надоградува ќе го направи тоа....тој што не сака да учи и да му направиш најдобри можни услови бадијала ќе е.

Има многу случаи, знам и јас неколку, на ученици заминати во странство, во земји со многу поразвиена економија и напредок, кои излагајќи од овдешните клупи и седнувајќи тамо, се најдобри ученици.
Кај нас, отсекогаш се негирало образованието, се омаловажувало неговото постоење, па и покрај тој излегувале одлични кадри во многу гранки од науката, и сеуште излегуваат.
Не можеме ние да оцрнуваме нешто врз основа на неколку случаи на фалсифукувани дипломи, или сомнителни достигнувања на некого во образованието, не е фер спрема тој што се трудел и учел, не може сите да се стават во еден кош.

Во однос на постот од Гебриела и памтењето на сите податоци и доколку некој наставник го бара се тоа, мислам дека е премногу, се сложувам дека треба да се знае некој податок, дека треба да се знае површина на Македонија, ама паметење на брегова должина на Европа  и висина на Врв Ботев е непотребно според мене, секако Голем Кораб мора да се знае, Мон Блан исто така.
Габи, според мене, ова со бројките е одлука на наставникот и во најголема мерка, за оптовареноста на учениците со бројки е виновен тој и од него зависи што и како ќе одлучи да зададе како податок за учење.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 16:59
fiks.
Аха...е добро..а кои се твоите идеи или предлози, што ти би направил во образованието, како би го реформирал?
______________________________________

Фикс,на оваа тема имаме пишувано многу,само треба да се пребара и ке излезат одлични идеи и предлози.
Воспитно-образовниот процес е од суштинско значење за државата и потребно е правење на долгорочни стратегии каде се зема фактор и стопанството во државата ,како ке се движи и каква потреба од профили ке има пазарот на трудот во наредните 10,15 20 години .
Ова за сегашната Ебиш-ветар влада е научна фантастика ,бидејки до пред скоро читавме во медиумите како таа вади магистри без земен 7 степен на образование , односно факултетска диплома,за партиските потреби .Вакво нешто не се први ни во Сомалија.Затоа е потребна ревизија на дипломите а и психофизички тестови бидејки во државни институции работат особи со ментални проблеми..
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 01:07
Originally posted by fiks fiks напиша:

Аха...е добро..а кои се твоите идеи или предлози, што ти би направил во образованието, како би го реформирал?

Помини еден ден во некое основно училиште, види што и како учат децата,
од кои учебници, по која програма, и со кои наставници и се ќе ти биде јасно.
Или еве на пример разгледај ја географијава, читни нешто (не мора многу,
доволни се првите две-три лекции) па дојди да дискутираме.
При тоа имај на ум дека сите податоци треба да се научат на памет да
http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/geografija_7_mak_bm.pdf

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2015 во 21:33
Аха...е добро..а кои се твоите идеи или предлози, што ти би направил во образованието, како би го реформирал?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2015 во 19:22
Па Фикс од 2006 започнаа најголемите глупости во образовниот систем но кулминираа во последните 2 години.А доколку ме прашаш дали се квази и докторите и магистрите ...со исклучок на некои,повекето зедоа титули на фикција.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2015 во 15:02
Еве како работи ВЛАСТА и како го УНИШТУВА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ,да ти екои се на власт последните 10 години оние КЕЦАРОШИ со купени дипломи ,кои ваквите наставници и професори ги пуштаат да поминат без учење,а ако не можат да завршат си купуваат дипломи од соседните држави,но сега видете кој ИДИОТИЗАМ направиле мафијашите во власта

Најдобрата наставничка за 2015-та власта ја избрка од работа


http://fokus.mk/najdobrata-nastavnichka-za-2015-ta-vlasta-ja-izbrka-od-rabota/


Затоа тие не се КАДАРНИ да направат ПРИСТОЈНИ реформи во ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ,затоа што немаат ВРЕДНОСЕН СИСТЕМ,тоа се АПАШИ.


ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2015 во 01:06
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

http://faktor.mk/2015/10/06/shto-ke-donese-akademijata-za-nastavnitsi-novi-mozhnosti-ili-zloupotreba-za-partiski-chistki-i-selektsija/

Квази академија која го урива државно установениот воспитно-образовен процес.
Пред да се прави квази академија потребно е целосно ревидирање на квази дипломите од последните 9 години.
 

Ајде да речеме дека е потребно ревидирање целосно на според тебе квази дипломите...не знам зошто си ставил рамка од 9 години збунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетост
И после овај твој предлог, треба да се прави ревизија и на сите доктори на науки кои ги образовале овие твои квази дипломи

Според мене, предлогов ти е смешен и ептен глупав, посебно рамката од 9 години
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2015 во 09:55
http://faktor.mk/2015/10/06/shto-ke-donese-akademijata-za-nastavnitsi-novi-mozhnosti-ili-zloupotreba-za-partiski-chistki-i-selektsija/

Квази академија која го урива државно установениот воспитно-образовен процес.
Пред да се прави квази академија потребно е целосно ревидирање на квази дипломите од последните 9 години.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2015 во 14:17
Ранг листа на најдобрите светски универзитети за 2015-2016 година
http://www.timeshighereducation.com/world-university-rankings/2016/world-ranking#!/page/0/length/25

Не успеав да најдам некој наш познат универзитет,а ете богами и некоја МУ-барак академија што ги отвори наново оваа учена власт,ни во 100 почетни,а богами ни во понатамошната листа.По се изгледа оваа власт има свој начин на вреднување.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 03:11
Одлична рекапитулација на состојбите и дел од причините зошто економијата е таква каква што е не само во Македонија туку и на Балканот генерално кажано.

Колку е само суров капитализмот во поглед на класна поделеност не сме ни свесни.

Токму од универзитетите потекнува целата економија и успехот на поединци во текот на својата кариера.

Случаи многу, дури и со големи пари понудени огромен број на капацитет студенти неможат да се запишат таму каде што сакаат.

Тука во одредени струки како медицината, правото и архитектурата голема улога играат и фамилијарните традиционани релации.

Тоа е тоа...капитализам, ако твоите родители се во тие кругови и ти најверојатно ке бидеш таму.
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 02:32
Македонија наследи вештачка хиперпродукција од времето на социјализмот. Можеби звучи неверојатно, но факт е дека тoа остана погубителнатa традиција.

Тогаш големата невработеност решија привремено да ја одложат со слободно отварање на универзитетите. Сковаа и соодветна парола - образованието е право на секој граѓанин.

А родителите непрекинато ја повторуваа мантрата - учи за да не работиш.

Тоа беа двете златни плочки кои водеа кон македонската работничка голгота.

Високообразовните установи се преполнија со луѓе кои мислеа дека со вака добиените дипломи полесно ќе најдат лесна и добро платена работа.

На никому не му одеше на ум дека во суштина така се создава уште поголема криза. Имено, на секој високообразиван кадар доаѓаат во просек неколку среднообразувани и уште повеќе нискообразувани работници. Доколку нема доволно работа за овие вториве и третите, како може да има за онаа армија од факултетски образувани луѓе?

Поточно им одеше на ум на оние кои беа на власт, но секој од нив си планираше што побезболно да си го помине својот мандат, а проблемот да му го остави во мираз на следниот по него.

Во таквата универзитетска хиперпродикција свој интерес си најдоа и професорите. Почнаа да пишуваат скрипти и да ги условуваат студентите со нивно обврзувачко купување. Во системот поcебно си го негуваа усното испитување оти тоа им даваше можност за додатна нагодба со студентите… секоја чест за оние професори на кои нивниот интегритет им беше поважен од полнењето на џебот.

Ваквото школување, за жал, стана македонска традиција. Резултатот од тоа го гледаме денес - имаме високообразувани профили да го задоволиме Балканот за следните 20 години, а немаме средно стручни кадри и занаетчии ниту за лек. Иронијата дојде до таму занаетчиите да бираат што ќе работат, колку ќе работат и колку ќе наплатат. А зарабoтуваат повеќе од инжинери и лекари.

Оваа влада барем се обидува преку медијата  веќе неколку години да ги известува младите кои школи и занаети се дефицитарни. Проблемот е што во менталитетот на луѓето веќе е вграден теркот - учи за да не работиш и мора да завршиш високо образование.

Оти што ќе речат роднините и пријателите?  Срамота е да си работник или земјоделец. 

Најбитно е да се стави диплома во џеб охрабрен од родителите со приказни дека тоа ќе ти гарантира работа и добра плата.

И каде сме сега? Онаму каде штио започнавме пред четириесет-пеесет години: трчање по секој можен факултет кој има слободни места, а овие гледајќи ги можностите за заработувачка изникнуваат како печурки после дожд. 

Капитализам во надобро светло: понуда и побарувачка.

А што ќе правиш после?

Оди барај работа од актуалната влада, демонстрирај, плачи дека таа е крива оти ти дозволила да учиш, повикувај се на социјализмот иако живееш во капитализам, очекувај друг да го бере гајлето, по никоја цена на прифаќај сопствена одговорност

Оти ние не сме криви. Секогаш се криви другите.

Секогаш!






P.S. Се додека не научиме една едноставна вистина бескрајно ќе патиме:

       СВЕТОТ НИКОМУ НЕ МУ ДОЛЖИ НИШТО!
























Изменето од Messenger - 30.Јуни.2015 во 02:38
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 00:21
Се додека високото образование е потреба и можност за сите а не како во други земји -привилегија на богатите, ситуацијата ке биде таква како што најубаво ја опиша Меси-штанцање на невалидни високообразовни кадри поради нереалната можност за економски оправдана валидација на дипломите.

За жал тоа е вистината и, да... се слагам дека е доста сурова.
На запад само ако родителите ви платат(односно во некои случаи сами работите за тоа и студирате напоредно) ке ви биде иднината посигурна и побогата.

Значи запомнете ги добро овие зборови, затоа што се вистина и реалност ...во капитализмот високото образование е привилегија а не право на поединецот.

Изменето од Mazak - 30.Јуни.2015 во 00:25
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2015 во 23:23
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

<h1 style="margin: 15px 0px; padding: 0px; vertical-align: line; font-family: 'Vecer Myriad Pro Cond', sans-serif; line-height: 1.05em; font-size: 2.8em;">Внимание, лажни факултети на МИТ запишуваат студенти!</h1>

<p style="margin: 0px 0px 15px; font-size: 14px; line-height: normal; font-family: Helvetica;">Со вакво постапување на лажните факултети се доведува во прашање валидноста на дипломите на студентите, а се претпоставува дека станува збор за над сто студенти. Тоа значи дека дипломите ќе им бидат поништени бидеќи факултетите на Универзитетот немаат потребни документи - акредитација и решение за работа.

<p style="margin: 0px 0px 15px; font-size: 14px; line-height: normal; font-family: Helvetica;">

<p style="margin: 0px 0px 15px; font-size: 14px; line-height: normal; font-family: Helvetica;">

<p style="margin: 0px 0px 15px; font-size: 14px; line-height: normal; font-family: Helvetica;">






Абе ајде, овие од Вечер се најнекомпетентни да пишуваат на оваа тема.
Може и нема акредитација, секој студент треба да се инфирмира во МОН пред да си ги даде парите, ама зошто не ја обработија оваа тематика пред неколку години кога ЕУРМ запишуваше студенти на стоматологија и тоа 2-3 години ПРЕД да го акредитираат?!
Или може да пишуваме за Универзитетот на Рајко, Петко, ама не смееме ни да помислиме да напишеме нешто за својот ВМРовски Универзитет?!
Уште и без срам ги рекламираа студиите во нивните статии..
Се тоа треба да се испозатвори и не само "Универзитетите" туку и газдите..

Изменето од evangeline - 29.Јуни.2015 во 23:25
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.