|
Правен факултет Јустинијан Први |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку што сум запознаена никој не може да ти забрани
да присуствуваш на предавања иако си вонреден,
тоа е твоја одлука дали ќе одиш само на испити или
ќе одиш и на предавања кога сакаш...не сум на правен, туку на друг државен факултет
и кај нас вонредните доаѓаа одвреме навреме, по сопствен избор... Изменето од Schatzii - 20.Септември.2010 во 23:37 |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Elmo
Нов член Gresnik i Otpadnik Регистриран: 20.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еј народе. Ајде еден брз водич што треба да направи вонреден студент на Правен. Јас се запишав вонредно ама в година ке си одам редовно ветувам. Таква тактика напраив од икс небитни причини. Најбитно е дали може вонреден да си дреме на часови со редовни и онака немам друга работа но ако има и други совети не е лошо малку да помогнете.
|
|
Sakam da kazam neznam da recam
|
|
eliii
Нов член Регистриран: 22.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KE VE MOLAM ZA POMOS VIE SO UCITE PRAVEN FAKULTET AKO IMAT MATERJALI ZA TEMATA DELOVNA SPOSOBNOST NA FIZICKITE LICA NEKA MI PISI.VI BLAGODARAM
|
|
Sweetgirlsk
Нов член Регистриран: 05.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене ме интересира дали има вистина во тоа дека од наредната учебна година за во приватна квота ќе се плаќа 1200 евра, а не 800 како што беше до сега? И ме интересира за книгите и за скриптите како се набавуваат, колку чинат... поздрав и се надевам дека ќе добијам ваш одговор!
|
|
BoaVista
Сениор Регистриран: 24.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ej znaci stvarno neznam koi studenti zboruvale onakvi gluposti protiv Buckovski i Frckovski. Kako prvo Buckovski e mozebi eden od najdobrite i najkorektnite profesori na Praven fakultet, ova go pisuvam od iskustvo. Frcko mozda e malku postrog, no covekot e realen vo ocenuvanje. Za znaenjeto koe go ima Frckovski i nacinot na koj se izrazuva mislam deka e izlisno da zboruvam, sekoj koj barem ednas otisol na negovo predavanje znae deka covekot e mnogu nacitan. E sega vtoro. Tie studenti koi zboruvale za toa kako moze profesorot Buckovski da predava, a da mu e izrecena kazna zatvor, jas na tie studenti im predlagam da si gi povlecat dokumentite od fakultetot, zatoa sto ocigledno nisto ne naucile. Dali tie studenti go zaboravija institutot persumpcija na nevinost- sekoe lice se smeta za nevino se dodeka so pravosilna sudska presuda ne se dokaze sprotivnoto. I treto. Eve Apellaconiot sud ja ukina presudata za Prof. Buckovski i sega? Bitno studentite go proglasija za vinoven bez da ja pocekaat konecnosta na presudata. |
|
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
леле што се нема да им направат на студентите...ова навистина ме чуди...Да не сака(нема време ) да ги потпише дипломите на студентите?
па за што студирале толку време?за што плаќале секоја година?зошто платиле за дипломата?За да не ја добијат??? и после ќе ми речат државните универзитети се попризнаени од приватните...Е како кога на државен неможеш ни да си ја подигнеш тешко заработената диплома,а не па со неа да конк*рираш негде надвор(било да е за продолжување на студиите,било да е за работа) а богами ни внатре во границиве на државава... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со дрва и камења се мава по правниците (било да се тоа одамна завршени или во поново време) а кутрите тие на старт уште не вработени се суочуваат со НЕПРАВОТО и самоволитео. Еве уште еден пример, место свечано да ги примаат дипломите- резултатот од своето учење, правниците дотерани и вратени на една недела
Ректорот Стојковски не ги потпиша дипломите на правниците |
|
mariija
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мицајков предава и Филозофија на право на правни студии 4 та година и можам да замислам колку ќе бидат среќни студентите ако овој фосил отиде во пензија но јас мислам дека се тоа шпекулации затоа што и јас чекав да си отиде и на крај си го положив испитот со судни маки а он уште си седеше на исто место
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред малку на вести кажаа дека државата не ги признава мастер студиите. Дали е ова точно? Зарем државата не признава мастер студии од сопствениот универзитет? |
|
Арогантен
Нов член Регистриран: 26.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потешко е сега на Мастер студиите, одошто беше предходните 3 години. Но сепак, мастер е мастер, ќе мора многу повеќе да се учи. Инаку горе-доле задоволен сум од факултетот. Има пропусти, но каде ги нема?
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тууу бре, толку многу правници, а државава никако да се исправи!
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бајалџиев и Мицајков....
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..Najnovite informacii velat...
Криминалци и тепачи ни ги едуцираат студентите На студентите во Македонија им предаваат професори за кои има судски одлуки или правосилни пресуди за издржување затворски казни. Љубе Трпески, кој е осуден на затворска казна во траење од четири и пол години, сè уште е професор на скопскиот економски факултет. Деновиве јавноста ја разбранува пресудата за професорот по римско право Владо Бучковски, кој доби затворска казна од три и пол години. - Со кое лице сега професорот ќе застане и ќе ни предава право? Јасно ни е дека кај нас сè е политизирано и дека можеби таа пресуда е само политичка хајка. Но недозволиво е да нè учат неморални професори или, пак, професори со криминално досие - реагираат студенти на Правниот факултет, на кои тој им предава римско право. Тие не заборавија да го споменат и нивниот професор по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, кој пред извесно време се степа со момче на паркинг. - На што личи име на универзитетски професор да се влече по медиумите затоа што се тепал со некого - коментираат студентите. Кај нас нема јасни критериуми за тоа каков треба да биде профилот на еден професор, смета Слаѓана Тасева, деканка на Факултетот за детективи и криминалистика на Европскиот универзитет. - Секако дека ваквите пресуди и кривични пријави за професори влијаат на нивниот углед. А по правило, тие треба да се пример по кој ќе се угледаат младите луѓе, но и сите граѓани. Професорот е врв на етика, принципи, а тоа подразбира дека тој не смее ниту да помисли да е дел од некаков криминал - вели Тасева. Според неа, најголем проблем е тоа што универзитетските професори, откако ќе дојдат на функцијата, стануваат незаменливи. - Мора редовно да се прават евалуации за работата на професорот, да се испитува дали студентите се задоволни од него, па потоа да се утврди дали тој треба да продолжи да предава или не. Кај нас тоа го нема, затоа ситуацијата е каква што е - додава Тасева. Професорот Трпески, кој беше и гувернер на Народна банка, е осуден на затворска казна за проневера на државни пари. Тој и бизнисменот Методија Смиленски, кој, пак, веќе е на издржување на затворската казна, префрлале пари на сметката на Смиленски со кои купувале обврзници. Судот по пресудата ги обврза двајцата да и вратат на државата 22 милиона долари. Фрчкоски, пак, досега не е осудуван, но не е странец за судовите. Медиумите пренесуваа за многу кривични пријави што биле поднесувани против него. Најпозната беше пријавата што ја доби за незаконска набавка на очилата „рејбан“ за полицајците во Министерство за внатрешни работи во периодот кога тој беше министер. Сега е актуелна кривичната пријава за клевета што премиерот Никола Груевски ја поднесе против Фрчкоски. Етички кодекс - што беше тоа? Некои професори немаат поим што е содржано во етичкиот кодекс на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во тоа се уверивме по разговорот со професор на Правниот факултет, кој вели дека професорите мораат да го почитуваат кодексот. Кога побаравме да ги каже барем суштинските норми што треба да се почитуваат, тој рече: - Ама не знам сега јас, ќе го најдете и ќе си прочитате! Овој кодекс е усвоен пред две години. Во него стои дека на универзитетот нема место за неморално однесување, корупција и каква било злоупотреба. Криминалот и неетичкото однесување се недозволиви. Студентите коментираат дека залудно постои таков кодекс. - Ако некој од професорите почувствувал морална одговорност за некое дело што го направил, ќе поднел оставка. Такво нешто досега никој не направил - велат тие. |
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka e..slikata e poinakva pred da se upises..ali zatoa koa ke se upises gleas so si naprvil ustvari |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |