|
Како се дружите ? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето со кои се дружам не ги бирам ни по нација ни по вера ни по потекло. Имам фамилијарни пријатели, сите канаѓани, некои родени во Канада, но некои дојдени како мене од разни страни на светот (Мексико, Јамајка-ман, Кореја, Германија, србо-хрвати, имам комшии босанци и хрвати, и една-две македонски фамилии). Сите се прекрасни, лиги им течат за пастрмајлии, и не пропуштаме повремено да стркаламе некое шише вино. Немам проблем да се дружам со македонци, доколку јазикот не е единственото што ни е заедничко. Како што во Македонија секој македонец не ти е пријател, така и надвор.
И често слушам те канаѓаните биле ладни, затворени, нечувствителни и сл. судови... Нема врска. Само се резервирани спрема она што не им е познато. Треба да се биде доволно отворен и да се покаже интерес, најголемиот дел од нив имаат извонреден осет за пријателство, многу повеќе од она на што ние македонците сме навикнати и го очекуваме. |
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Веројатно начинот на дружење таму е условен од околностите во кои ке се најдеш . Имам некое специфично тогаш за мене неочекувано искуство . Во моментот кога пристигнав во Германија (зборувам за поранешни времиња ) околината прва ми беа наши ,Македонци . На работа колеги ми беа Италијани и по некој Германец . Како минуваше времето сватив дека Италијаниве излегоа ,,по наши ,, од ,,нашите,, . Темпераментни , другарски топли , искрени . Нашиве ( што секако ме разочара ) се некако на малограганштина ,кој чинел ,кој не чинел ,бла бла..... Значи дружбата ми беше пред се со Италијаните и начинот беше многу сличен на нашиов....ало ..ајде на кафе... ало ..доагам..ало доагај ...вечер ...каде одиме ? итн итн .....
Во Холандија веке беше подруго но сепак пак велам склоп на околности те на лугето на кои ке наидеш.Таму одлично одеше дружбата со дечки од бившите ЈУ простори , пред се Хрвати и Босанци и на многу интересен начин се вклопуваа и Холанганите посебно од поубавиот пол . Холанганите се далеку потопли од Германците . Барем моето искуство е такво.
|
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Просто неверојатно ми е дека само еден човек до сега пиша на оваа тема. Значи ли ова дека македонците во странство не се дружат? дека немаат никаков социјален живот? Знам дека во туѓина не е како дома, тоа сите го знаеме, ама, не е ваљда дека не се дружите со никого?
Еве, јас ќе кажам и за мене: ние (со мојот партнер кој е исто така македонец) се дружиме со луѓе од сите страни на светот. Значи, јас не го бирам човекот по националност туку по тоа каков човек е. Тука има уште еден македонец со кого од време на време си одиме по гости или пиеме кафе заено, но не се дружиме интензивно. Пријатели ми се претежно луѓе кои се занимаваат со иста професија како и мојата. Некако, со годините се покажало дека сепак најдобро се разбираме со балканци и воопшто луѓе од јужна Европа (ако не се од оние матните типови што само лажат и гледаат како да те изиграат). Шпанци, потугалци, италијани. Сите сме исти, дури ние за многу работи сме и доста пофини па дури и воздржани...Но, правило нема, секој човек си е посебна приказна за себе. Така имаме пријатели и од Кореа, од САД, од Ј.Америка.
Имаме пријатели и Германци, некои дури и многу блиски (исклучоци!) но тие се тешки. Чуваат дистанца која ако случајно се премине (ако се развие блискост) ги фаќа паника и се повлекуваат. И се е некако многу прорачунато. Не е тоа само со нас, бидејки ние сме странци.Тие си се такви и меѓу себе. Многу се чудни....
Толку за сега. Се надевам ќе заживее темава. Не ми се верува дека македонците, еден од најдружељубивите народи на планетава - не се дружи по странство!
|
||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не се дружам со македонци од причина што ги има само 2ца: со едниот се гледам од време на време, а со другата воопшто не , бидејки не ми одговара по карактер ( многу флертува со машки) Најчесто сум во контакт со луѓе од Полска, Русија, Украина, Кина и Камерун, Поради работните обврски не се гледаме често, но се слушаме по телефон, еве се договоривме сега за Weihnachten ке се собираме кај една германска фамилија
па да ти кажам искрено: живеам со 2 германски студенти: Карина покажува голем интерес кон македонските ора, она посетува часови по танц и веке има неколку CD-ња со македонски ора, а Лукас е "party boy" , многу пие пиво и оде по журки, но сепак покажува респект Што се однесува до фамилијарните дружења: да, еднаш до 2 пати месечно се срекавам со една постара гермманка која има обврска од Универзитетот да се грижи за мене , фина личност е и постојано ме прашува за македонците каков народ се, а јас нон стоп го одбегнувам тоа прашање |
||
|
||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова прашање е за македонците надвор од Македонија. Со кого се дружите? Само со македонци, или екс-ЈУ или балканци, или сте отворени кон сите, значи и „домаќините“ но и други странци, од други култури (пр. кинези, јапонци)? Какви се „домаќините“ кон вас - дали има интерес и иницијатива од другата страна? И како се дружите - се среќавате еднаш неделно на пиво или во ресторан или по дома на кафе? Постои ли фамилијарно дружење? Изменето од chuchuliga - 13.Декември.2007 во 11:00 |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |