|
Драг ИДИВИДИ |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 100> |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди...
Еве наполнив 20 години и никако не ми иди умот... Па сега на твоиве странички ќе пробам да си објаснам зошто сеуште сум во некаква „заблуда“ И покрај тоа што никогаш не сум го поседувал, Фолксваген Голф КЕЦ - червена боја беше историјата на мојот автомобилски контакт. Кога се работеше за моделите 1.1, 1.5, 1.6 и 1.6 дизел нешто во мене задоволно се смешкаше. Заради визуелен приказ ќе поставам слика, а заради ефект на контакт ќе дрдорам во прилог под сликата... исто вакво само со 2 врати уместо 4 Ако на некоја девојка и кажиш дека имаш голф, таа во најмала мера очекува четворка. Но тоа не е се - Голфот кец беше одговор на моите потреби и барања во досегашниот живот. Тогаш девојката ќе те праша.... Епа кои бе ти барања ги имаш, филадендрон еден? Воглавно генералниот одговор е суров за спонзорушите: Малку троши, ефтин е за одржавање, а и понекогаш уживам да се влечкам по патиштата малку побавно па голфот ми одговара... а и гуми 13ки има, така да ќе ги довозам сите купишта од дотраени гуми што седат в гаража. Издржлив на повеќе терени, доволно силен за низ град, компактен, лесен, сите мајстори го возат. Тоа е прв циклус на отстранување спонзоруши. Најчесто и нема втор после овој муабет... Шо значи голф на простите народни маси - Ако му спомнам голф на еден просечен македонец, ќе му се појави слика во главата на расклатено возило со еден напукнат фар и без стакло на задниот штоп. Внатре ставено волан од којзнае што, на него 2 навлаки една врз друга, скината сајла на километражот, бандажи 2 исти , 2 распар, гумите една со една да не можиш да ги собериш, венците околу тркалото скапани, мачкани со четка во некоја драстично потемна или посветла нијанса од целокупната... и не само таму... Еве добро... При сето воа како оди одбирањето. Епа, вака... - си заборавил да купиш пиперки и ако те фатат во лага мама и тато си го кркал дебело. Трчаш до првата продавница и пребаруваш по гајбата со цел да извадиш еден „блади“ килограм отпадоци кои бар малку наликуваат на пиперки. Воглавно изборот е како во таа картонска гајба - Претураш кршови и пополека ти се одмилува поимот автомобил. Но тоа што даваш таква жртва не значи дека некаде во некое село на планина не чека на мене кола каква што јас очекувам Сакав да кажам... океј.... колку и да го дрвам на темава никогаш нема да ми биде доста за да објаснам што е тоа што ме врзува за идејата некогаш да составам голф кец 1.6 по моја совршена замисла и да го викам .... .... хех... не кажувам уште ај Ваљда сум чакнат доволно што едно 5 години ова го разработувам деноноќно. Someday, Jennifer, someday... Изменето од volkswagen - 22.Октомври.2013 во 12:43 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, вчера си мислев дека ме мавна гром, умрев од страв.... До коски го осетив кога грмна, па снема струја... И јас трк во креветот, па се покрив со ќебето. Преку глава. Тоа нешто како громобран-стратегија ми се виде. Па дојде и Мичо. И така заедно едно пола саат чекавме да помине страшотијата, па да излеземе од бункерот.... Е шо мразам грмотевици. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Дивиди... (не идивиди)...
HE KNOWS.... комшивка му била! |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Drag IDIVIDI,
Ti neam pisano odamna , ama ovoj pat nema mnogu da ti pisam samo ke im kazam golemo BLAGODARAM na onie koi me iznenadija , ve sakam mnogu virtuelni prijateli moi ( a sega veke i licno ve znam hehehe ) Se nadevam druzenjeto ke prodolzi i ke ima i sledna sobiranka ,,,,,,,,,ama sleden pat neka bode vo Bitola , ne vo Skopje ako moze Fala vi uste ednas , da ste zivi i zdravi i nareden pat ne stedete mnogu na guskanje be, jas sakam da se guskam eeeeeeeeeeeeeeeee pa |
|
|
|
Mushu
Сениор ЗМЕЈ, со тетоважа сељак! Регистриран: 25.Мај.2013 Локација: Дома Статус: Офлајн Поени: 2646 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди... јас мислам оти треба реченицата "не повторувај како папагал" да се промени во "не повторувај како Talking Tom" ...
И те замолувам ако некој форумџија го кажи тоа застареното, да го искараш и да му пишеш кец на рака, евентуално по ЛП |
|
Тата и Тофаш се Мајбах и Бентли за Понтијак и Крајслер
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Drag Idividi
si nosam jas cadorce za sekoj slucaj
|
|
vivi
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
драг ИВ .... седам на работа со филџан зелено чајче со мед и со Балашевиќ во позадина.....и што да ти кажам, би оставил моментов да трае 100 години ама јбг за неколку минути мора да се вратам во реалноста.....
пс....инаку онаа работа изгледа ќе бидне....па ќе правиме една јака журка.... пс2....ти неможеш да видиш, почнува да врне.... |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Mushu
Сениор ЗМЕЈ, со тетоважа сељак! Регистриран: 25.Мај.2013 Локација: Дома Статус: Офлајн Поени: 2646 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди... Е, стварно не ги сфаќам овие американциве... Само така се прикажуваат на филмовите или вистина им фали по некоја штица во глаата?
Се венчаваат, а не знаат дали сакаат.. Мора некој таму што го викаат "Вединг Пленер" да му кажува каква да им биди венчавката и дека се венчаваат за вистинскиот/вистинската... Пред венчавката мора да имаат проба..да не згрешат, да не речат НЕ наместо ДА кога ќе ги праша "прист"-от... И на крајот после сите толкави маки, проби, давачки, глупости кога ќе дојди моментот, уствари, таа, ќе сфати дека не го сака него, туку другар му... ццц |
|
Тата и Тофаш се Мајбах и Бентли за Понтијак и Крајслер
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди... ИЗМИСЛИВ МАШИНА... цело утро го посветив, ама ми вредеше...
Чудово се вика ИДИОТОСКОП, односно детално го проучува степенот на швркнатост кај поединецот. Плинска боца за домаќинство здружена со телевизор, радиокасетофон за изговор, опашката од досадната мачка на Крумче (), колцата од стариот точак, сенаменско барде со свирче, расплињача од југо 45ка, златен ланец од сељак, микрофон, шапка, пердув, раце, кабли и ауспух од камион. Сето тоа поврзано се вари на тивок оган во тавата од Топ Шоп што готви без оган како таа од Итај Пејо, па се склопува. Прво кога ќе го вклучиш те зачекува во некој ќош, ти удира поштено ќотек и те врзува со јаже. И почнува... Прво ти пее: Родендеееееееееееен... мала заабава.. (па ти се смешка)... еве дојдов без да ти се најаДам.... И ако му речиш дека ги згрешил глупавиве стихови, бележи прв степен на идиотизам (значи ги слушаш и поддржуваш Драган Вучич и син му! ) Па ти пушта натпревари од македонски фудбалски клубови, па рекламата од Стоби флипс кај што зобаат смоки тие ... што знам таму... непрекинато 43 часа 54минути и 231 секунди... а покрај нив кокошката... Па ти се пушта на мтв1 да го гледаш ТРОПСКИ ГОРЕШТИНИ ексклузивно по 15ти пат Ти нормално траеш, да не јадиш пак ќотек... (тој бележи цело време... значи можеш да го гледаш сето она ср**е на тв што го пуштаат, а башка и дебилче си чим гледаш локален фудбал со цепеници од репрезентација ) Па едно време се претвара во женско и почнува: ама тој мене многу ме сака... него му се распаѓа бракот , не е со мене само за занимација. Се неќат со жена му, тоа што го видовме вчера в чершија со неа сосема е случајно... сигурно разговарале за разводот. Тој е толку добар... и ми рече дека многу ме сака и ќе ме земи за жена... (во тој момент многу од доброволците на кои го тестирав го скинаа јажето го изнатепаа идиотоскопот...) Нареден мод , ти го пушта Латас да ти дроби 1 саат дека ти живееш во една идилична земја, дека тебе ти е многу убаво што си натепан и врзан од страна на идиотоскопот, па така натаму... Па те мазни со пердув по г`зот , па со опашката... Па ти се весели околу тебеее, опааааа... Ти си черко татин сииин, на судбину се не жалииим... оп опааа... Па ти мава пак ќотек.. Па те вади на сонце, па те тера да чистиш, па те јава ко коњче, па те шета ко куче со ремче... Ти ги пушта рекламите „децата се најголемо богатство“ со оној идиотот „-ќе имаме бебе..! - ШТооо... бебе??? “ (ко да му рекла дека си купила овца на батерии, а не дека ќе имаат бебе...цц..) Па ти свири со свирчето од бардето пола сат на уво... Па пак те тепа и на крај ти вика: -Ај гласај за мене и признај ги хомосексиалците , манијаците и наклевети го Кили дека сади марихуана, и ќе те вработам на пола работно време за 6000. (ти поттура под нос гласачко лифче и налив)... (си бележи во меѓувреме во меморијата) Ако не одолееш на понудата и го грабниш лифчето... веднаш ти вади лекарско дека си тотален идиот, детална крвна слика, мокрача, брис од носот и ушите, ти печати потврда за инвалидска пензија и ти порачува такси за до центар за социјални грижи, па за до нервно... Дами и господа... Тоа е мојата чудесна земја... Отвараш во фрижидер гледаш кутија сладолед, отвараш кутијата гледаш сарми во неа... |
|
aurelianus
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 202 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најмногу членови биле онлајн 234, Денес во 14:15 Ти драги ИД(ова ми личи ко I.T.)глеам си станал популарно ко она јутубе по кирила.Ова е точно или не зезаш?. |
|
8"
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, ќе стискам палци за Фолки ако треба (само не знам како ќе штракам по тебе со стиснати палци) ама ќе стискам, оти вреди за неговите приказни... Ај да се одјавам, оти ќе треба да пробам и да работам со стиснати палци |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди... Не е така како што Анастеа ти вели... сигурно е пратена од некоја партија
Постот погоре беше исклучиво напишан за тоа колку сум јас уствари трујач, душкало и ископуваш на стари предмети поврзани со приказни, личности запамтени во градов и нивното поново оживување... Анастеичке, стискај палци да ја оживам и оваа приказна, а тек потоа ќе ви ја раскажам на сите (поединчено ако треба) хах... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, ама кажи дека и тебе ти фалеа “автомобилските“ постови од Фолки, нели? ...кај беше она за тетките, чек да го најдам за во Бисери... |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди... Чуден е животот на едно парче челична каросерија.
Еве таа приказна ми се појавува низ времево неколку пати. Замисли Идивиди... Дали некој имал појма во 1954та година кога била произведена дека по славно минато едно време колата ќе исчезни од постоењето, забаталена некаде в планина и по скоро 60 години пак ќе ја најди некој, ќе си ја бендиса за да си ја купи? Драг Идивиди... Можеби ќе се возам во автомобил како оној на Мики Маус |
|
Внеси реплика | страница <1 1718192021 100> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |