IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 23>
Автор
Порака Обратен редослед
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 13:36
Дел од друго писмо, во кое се гледа како Гоце се "борил" против врховистите:

...Не знам Ѓорче дали ти е пишал нешто за зетото решение по случаj свикувањето на конгресот за бирање нов состав на комитетот.
Се зема решение да си jа дадат кандидатурата Сарафов Борис, Славчо Ковачев, Бозуков и Давидов, и двама цивилни (смета се да бидат д-р Шопов и трговецот х. Кочов, последниот да биде касиер).
Ние почти открито ќе деjстваме, ќe заjавим на секоj делегат, дека ќе деjстваме сoгласно само сo горната листа и да се развие посилно сдружувањето меѓу тукашните и внатрешните, ќе влегуваат в тоj комитет како редовни чланови и двоица од внатрешната организациjа.
Дали ќе се исполни тоа решение, ќе зависи од делегатите. Погрижи се да изберете таков човек, коjшто ќе гласа за горната листа. Можете да му дадите изричното задолжение да гласа за луѓе, коишто имаат доверието на внатрешните и да можаат да работаат со нив.
Повеке ништо не можам ти пишам.
Поздрави Раjна, Љубе, Велко, Алексо, Ѓорги и пр.

Со поздрав: Гоце



Аj да видиме кои се Сарафов, Ковачев, Бозуков и Давидов?!?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 08:50
Од писмата на Гоце Делчев до Никола Зографов(Зографски):

Баj Зографскиj,
Пред се поканвам те поскоро да проводиш камите и уште, ако се останати во твоjта куќа 8 броja од „Биографиjата на Левски” при моето заминување,испрати и нив.
Какво што има засега, тоа проводи, па гледаj поважните материали поскоро да доаѓат. Сите нешта провождани добре ќе биде, ако се мjурлидисат.
Во Ефрем Каранов има една шашка на Г. Ив.,донесена од Чак'ров; час поскоро да се прати, ама ако може да jа размените со некоа официрска или џандарска. Прати ми сметка за камите. Пратив ти уште 2 наполеона, колко ќе сакаш уште, ќе ти пратам до пат.
Много сум разсеjан, не можам да ти пишам.

Поздрави сичките познати.

Со братски поздрав: Ахил

Приштина, 1896 12.III


Зборот "шашка" е русизам, означува сабjа.
Зборот "мjурлидисат" е турцизам,коjшто се преведува како "потпечатаат"



Изменето од lav4eto - 02.Јули.2009 во 12:07
Кон врв
tanas _ _ _ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 105
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas _ _ _ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2009 во 07:57
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Гоце никогаш не се борел за обединување на Македонија со Бугарија. Гоце делувал заедно и со Патријаршисти, Албанци, Власи и слично, а се во името на самостојна Македонија, а не за обединување со Бугарија.

Повекето воеводи от ВМРО са сакали автономиа за Македониа! Како и денес Косово -обединета Албаниа нема на никоj да се ареса!
Фердинанд и другата сган около него докарва на Бугария неколко национални катсатрофи и воjни! Нема друга држава дето да се тепа едновременно со 4 соседа през втората балканска воjна! Политиката му спремо Македониа е катастрофална.
А инак спроде теб зашто Гоце не е взел пушката и не е утепал Иван Гарванов кога дигат Иленденското востание! Што чини еден бугарин от Стара Загора во Македониа? Вапреки че Гоце бил против востанието да се дига во овоj момент тоj участвува во него!
Сметам дека националната припадност на Гоце е достаточно добре документирана и опишана!
Кога е убиен коските му са донесени не другаде а во црквата Св. Недела во Софиа за поклонение и са турени до коските на Г.С Раковски от Илинденската организациа! Денес има и цел град крстен на негово име во Бугариа като и на Сандански!


Изменето од tanas _ _ _ - 02.Јули.2009 во 07:59
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 16:52
Гоце никогаш не се борел за обединување на Македонија со Бугарија. Гоце делувал заедно и со Патријаршисти, Албанци, Власи и слично, а се во името на самостојна Македонија, а не за обединување со Бугарија.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2009 во 16:37

Од спомените на Андон Jанев-Ќосето:


И Делчев тргна кон границата, а пред тоа рече „Бидете смели, имајте средби и со други. Целото зло е од Фердинанд.Ако јас умрам, нека не ви биде простено ако не ја превртите палатата на Фердинанад наопаку.
Целата улога ја игра тој. А посредници помеѓу него и офицерите се Дрвингов и Николов, Саракаинов, Саев,Иван Караџов и тој беше со нивната свита. Тиа зедоа сила, сакаа тие да се господари.
Ние не можеме да извојуваме целосна слобода, ние ќе побараме автономија. Целта на централната организација беше тајна, еден ден само по себе, после 10 или 15 години, нека не се сомневаат Грција и Србија, таа ќе се обедини со Бугарија“.


Изменето од lav4eto - 02.Јули.2009 во 07:42
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2009 во 21:35
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 23:32
"Другпат во гиманзијата некој ученик ги преповторувал старите клевети за Левски. Гоце кој секогаш се одликуваше со извонредна трпеливост кон туѓите приказни, во овој случај засегнат, се гледаше, право во срцето, се исправи налутен и со испружени раце викна: Јас ви сакал да му ја истргнам грлото на мајмун како тебе, јас би сакал да му го направам на синот тоа коешто досега би требало стопати даму биде направено на таткото, само таткото, свирче на Турците, раѓа син свирче ма калуѓерите."

Од Jаворов за Делчев

ПС
ма сум го барнал македонскиот перфектно мисламголема%20насмевка
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 06:54
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Originally posted by cercetator cercetator напиша:


Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.

Нема врска дека вики авторот прераскажувал. Мене разговорот на Николаев и Делчев ми беше и дел од матурата ( истиот како на Википедија )  ама тогаш не ми текна да прашам од каде е изворот.


Ајде прашај, инаку и јас како тебе (за предавството)ќе сметам дека е од Талев, прераскажано, докако не кажеш од каде е.



Изменето од cercetator - 07.Мај.2009 во 06:55
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 23:01
Originally posted by cercetator cercetator напиша:



Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.




Нема врска дека вики авторот прераскажувал. Мене разговорот на Николаев и Делчев ми беше и дел од матурата ( истиот како на Википедија )  ама тогаш не ми текна да прашам од каде е изворот.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 10:13
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:



Еве го разговорот на Гоце со Николаевhttp://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3.


Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.
види


Не знам што најде.
Во „Илинден“ на Талев (изд. 1989г)на стр. 113-117 го гледам истиот разговор, само е даден поопширно и со други зборови на некои места.

Наместо 20-30 ИЛЈАДИвојници кај Талев е десетина полка.

Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.

Како и оние познати Гоцеви зборови - за тоа кој може да биде добар Македонец.

(може и некоја манија кон Радуле да имам, ама може и да е пак тој. НЕМАМ ДОКАЗ, АЛИ ТВРДИМ)

Изменето од cercetator - 07.Мај.2009 во 06:53
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 13:18
на Нова Македониjа публикувани спомените на Михаил Чаковизненадување -
член на илинденската организациjанамигнување

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=385&ArticleID=23838

Кон крајот на 1915 година како подофицер се најдов во Ксанти... Во ноември-декември веќе можев да ги чујам топовските грмежи од Серскиот фронт. Ми пролета мислата дека англиско-француските војски можат толку да напредуваат и да ги принудат нашите да отстапат од тие места, а заедно со тоа, и коските на Гоце да ги загубиме засекогаш. Тогаш смислив како да ги земам.


подофицер во армиjата на нашитезадоволство - 85ти полк 9та погранична дружина


Изменето од да бе - 05.Мај.2009 во 13:21
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 22:07
Не одрекувам, ама и не можам да те поддржам во твоето мислење.

Како беше

НЕМАМ ДОКАЗ АЛИ ТВРДИМ

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 21:52
Одличен текст, што ако го читаше меѓу редови, воопшто не се коси со тоа што јас го мислам, а тоа е дека Врховистите и Софија имаат замешано прсти тука.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 21:42
Докако чекаме еве уште спомени

СEЌАВАЊАТА НА ГРУЕВ



Во своите спомени, Даме Груев за настаните од тие денови вели:

‘Ме пуштија пред Велигден во 1903 година. Се вратив во Солун слободен. Затеков веќе донесено решение за востанието. Гарванов беше претседател на Централниот комитет. Ми ги објаснија причините за да се прифати тоа решение. За кревање на востание се изјаснил и Чернопеев. Струмичкиот претставник бил за, одринскиот, исто така. Луѓето, гурбетчиите, веќе се беа вратиле од Цариград, дома во Македонија, беше доцна да се премислуваме. Во Солун дојде Делчев. Изнесува приговори. Главно сметаше дека Серскиот санџак е сосем без оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе ни биде доставено потребното оружје преку специјални добавувачи. За тоа ќе го испратиме Гочев, се надевавме дека пак направо по море ќе бидат дотерани пушки од Грција, сметавме на една набавка од 1.000 пушки. Делчев се успокои. Тој тргна со намера да ја среди работата со канал за Св. Гора, од каде требаше да поминува оружјето за Серско и после да се врати во Кукушко, каде некои се беа изјасниле за врховисти. За неговото убиство узнав во Смилево, на Конгресот. Јас тргнав едно два дена по заминувањето на Делчев и се задржав во Битола едно два дена. Делчев бил поткажан во Брод и од касиеринот (благајникот).

Тоа се зборовите на Груев. Како што ќе видиме подоцна, има некои разногласија околу тоа дали се навистина било така како што Груев му раскажувал на Љ. Милетиќ. Спорно е дали навистина предавник можел да биде балгајникот на Организацијата од Брод, бидејќки ова село, односно гратче, воопшто не се наоѓало на патот од Солун до Баница, па малку е веројатно дека некој благајник од такво место можел воопшто да знае каде ќе се движи Делчев. Ако тоа е така, тогаш прашањето е зошто Груев згрешил?

САРАФОВ, САНДАНСКИ И ГЕРЏИКОВ

Интересно е што во своите спомени Борис Сарафов, еден од најконтроверзните членови меѓу првенците на ТМОРО во тоа време и личност кого македонската историографија го има проскибирано, не кажува ниту збор за убиството на Делчев.



Ни Јане Сандански не е многу поречит за овој настан. Тој вели дека дознал за убиството во Софија и тоа е се од него. Нешто поопширен е Михаил Герџиков, човек задолжен за организацијата во Одринско. Во спомените, во врска со загинувањето на Делчев и неговите тоагшни релации со останатите членови на ЦК вели:

‘На крајот од април поголем дел од четата веќе беше во с. Гергебунар. Таму узнав за убиството на Делчев (беше убиен на 22 април), ни пишуваа од Софија... Тој беше мојот идол. Поради неговиот авторитет есента 1902 година ја напуштив Македонија и како полономошен на ЦК својата дејност ја пренесов во Одринско... Јас и Делчев бевме за терористичкиот начин на делување, а не за општо народно востание. Со него се договоривме да направиме обиди - атентати по пругата: тој во Ангиста,а јас во Синеклиј. И двата пункта беа во средината на турско и грчко население во Македонија и Одринско. Со тоа сакавме да го сочуваме бугарското население од пустошење, а Организацијата од растројство. Таквата тактика ги доведува во опасност четниците, додека пак востанието го изложува народот. Во тоа е суштинската разлика меѓу помеѓу терористичкиот метод и методот на ЦК за општонародно востание.’

Понатаму, во своите спомени Герџиков уште еднаш се навраќа на убиството на Делчев и додава:

‘На 22 април 1903 година, Делчев беше убиен. Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата на Солунскиот конгрес. Освен тоа, ЦК го придоби на своја страна Сарафов, а и Даме Груев. Последниот самиот попадна под влијание на првиот. Тој му допушти на Сарафов слободно да заседне во неговиот реон во Битолско, што го сметам за голема грешка на Даме. Неговото зближување со орудието на кнезот Фердинанд доведе до конгресот во с. Смилево, кој донесе решение востанието во З. Македонија да се подигне на 20 јули 1903 г. Од големите подвижни дејци, само Сандански не се приклони кон решението на Солунскиот конгрес.’

Тоа се зборовите на Герџиков. Од нив може да се заклучи следното: дека Гоце е во сериозен судир со членовите на ЦК кој далеку го надминал нивото што може да се сфати од сувопарните историски реченици со кои досега тој судир бил опишуван; дека тој го преферирал терористичкиот метод на војување, а не општо востаничкиот, затоа што сметал дека така нема да се постигне целта, а народот ќе доживее страдања; дека Даме Груев бил под влијание на Борис Сарафов со кого Делчев имал повеќе ладни отколку топли односи; и клучната реченица на Герџиков дека судбината отстранила една голема пречка во борбата да се спроведе решението за востанието. Пречката е Делчев, а прашањето дали Герџиков навистина ја обвинувал судбината за тоа или мислел на нешто друго, Милетиќ не ја расчистил. Како што тоа не го прави ни македноската историја која досега не дала дефинитвен одоговор на прашањето за условите кои довеле до загунувањето на Делчев, па Михајло Миневски, во книгата 100 години ВМРО вели дека ‘се смета дека се работеше за предавство, што документирано не епотврдено’. Но, впечаток е дека Герџиков не е сосема искрен кога ги споменува прстите на судбината. Ако, таа не виновна, тогаш кој е предавникот и дали тој навистина е благајникот од Броди или можебис е наоѓа во редот на самиот ЦК, односно меѓу оние кои на чело со Иван Гарванов (ликвидиран во 1907 година заедно со Сарафов по наредба на Јане Сандански) биле упорни во идејата за кревање на востанието?

СЛАВЕЈКО АРСОВ

Илинденскиот војвода Славејко Арсов-Ресенски, роден во Штип 1878 (загинал 1905 г.), симпатичен, тивок и деликатен човек, како што го опишува Љ. Милетиќ раскажувал:



‘Кон крајот на декември во Солун се собрал Конгресот на кого битолскиот вилает го претставувал Лозанчев. Нас во Ресенско и лично мене со ниеден збор не не прашаа што мислиме за востанието. Не знаевме дури дека имало конгрес во Солун, мислевме дека е обично собрание... На Смилевскиот конгрес решението за востание од Солун се осудуваше... но моравме да се покориме... Прилепчани и крушевчани беа против востанието’ (на конгресот присуствува Карев, н.з.)

Причина за ваквиот став е слабото вооружување. Така, ресенскиот округ со кој раководел Арсов се сметал за еден од подобро подготвените, а всушност имал само 960 пушки. Охрид бил највооружен со околу 1.400 пушки. Кога се имаат предвид овие бројки и кога ќе се знае дека сите окрузи, вклучувајќи ги и тие што имале пушки, оскудевале во патрони, односно муниција за пушките, јасно е всушност зошто голем дел од нив биле против востанитеото и во крајна линија, зошто Делчев ја предводел таа линија. Но, интересно е токму тоа што го вели Арсов: ‘Моравме да се покориме’. Делчев бил единственот што според сведоштвата, не сакал тоа да го стори и се надевал дека ќе успее да издејствува поинаква одлука. Значи или откажување на решението за востание или негово преквалификување во борба во која ќе доминира тероризмот и партизанскиот начин на војување така како што тоа го замислиле со Герџиков - ненадејни удари врз турските сили, по можност таму каде што нема посериозна опасност за месното население.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.