![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 138> |
Автор | |
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Три капки Близината раѓа ритмички громови во срцето. Буроносни. Далечината врти тик-так моменти на часовникот. Монотони. ... Капката се точи од копнежливи монистра, и меко паѓа врз ќилимот од северна мов. Наежувачки мокро. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Патриотска....... Macedonia Ќути и трпи …кога ти велев не ме слушаше сега остани така разбушавена и раскината, можеби ќе ја осетиш и другата страна… Ќути и трпи…кога ти велев не му се давај ти целата се отвори со сета својата убавина, можеби ќе ја осетиш и оваа страна… Ќути и трпи…не ме гледај помош нема останa безимена со расфрлени корени , можеби ќе ја осетиш твојата страна… Ќути и трпи…за да мене срце не препукне погледни ме мене Македонијо, можеби ќе осетиш дека јас те сакам!! |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
хммммм, хммммм, хммммм
Ништо не ме прашувај знаеш дека пак ќе те излажам мирисот кој те опива е толку лажен правејќи од тебе марионетка чии конци ги држам јас а лажен сум јас, како што е лажен и животот и се` е false и последното ветување дека од утре поинаку ќе биде и утре лажно ќе те љубам, зашто лажго сум во душа, нема вистина во мене се` е false А ти пак ми велиш Dime la verdad, dime su secreto. Toda la verdad, no le tengas miedo. ![]() |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Киснат дождови досадни
исто како и таа вечер. Плачат со мене вечерва сивите облаци. Исто како и ти таа вечер... на белата пољана, каде ми го остави споменот од тебе. Се сеќаваш ли на дождот? На нашето ноќевање... На твојата поезија... На мојот успиен лик... Те допира ли денес тоа што јас тогаш го правев... ...за тебе...или.... само блед спомен остана. Како стара слика избледена од милион допири на раце, кои само радознало ја земаат за да ѕирнат што крие. А значењето нејзино е само мое и твое. Или...не е веќе твое? Зар заборави? Јас не!Се посилна е болката. Се посвежи се сеќавањата на една ноќ.... Мирс на свежина.... Дожд....многу дожд.... Или...повеќе сакаш.... Јагоди? Дожд....силен...летен... Мирис на слатко од диви смокви, Две тела....голи... Допири...погледи.... Таа спие мирно....слатко... среќна е...А ти? Изменето од butterflyM55 - 08.Октомври.2010 во 05:27 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дали си волк кој ја води глутницата и завива по својата несудена волчица.. или куче кое е носен од миризливиот инстикт до својата нова кучка… седам и се прашувам?? човек ли си?? Твоја љубов да е топла како сончев зрак…разбирам твоја љубов да е ладна како пиво во летна ноќ…ај разбирам твоја љубов да е тајна како стар албум сокриен под кревет…и тоа разбирам ама за миризлива љубов ??? уххх…тоа не разбирам Зарем тебе мирис на коса те буди….?? секогаш мирис на раме те буни.. сакаш мирис на бедра кој те луди… ахх таа твоја миризлива љубов… Воздишка твоја под рака ме лади… опиен од мојот мирис заспиваш на моите гради… а јас?? … дали ја сакам ова миризлива љубов?? Не !! …ама?? ама… сакам кучка твоја да сум …!!! Изменето од bijonse1 - 24.Септември.2010 во 00:59 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да се родам повторно
би била слово златно под перото твое непресушно. Да се родам пак... би била реч ѕвонлива на усните твои румени. Немо би лебдела закачена на белилото, во мирисот на тетратката која ја чуваш како зеницата. Закачена во просторот, како слика на ѕидот,би била нем сведок на нешто што никогаш не се искажува до крај. Икона на вечноста наша во храмот на Бог,пред која, крстот го ставаш на себе, а дланката на мене. Оставајќи секој ден по еден дел од душата твоја страдна, за вечно да останеш запечатен во душата моја мачна. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во мене Ако некој ќе ме праша зошто?? ...ќе дигнам рамења....!!!ете...затоа !!! ...убаво ми е покрај тебе, некако времето си игра со нашите зборови а јас некако расплетувам све што ден ми заплетува... Ако
некој ќе ме праша како??...ќе се почешам ...!!!ете...некако... !!! ...убаво е да сум до тебе спонтаноста го разубавува денот кој станува прекрасен и сите лоши моменти што дента ми се судени одат во друг правец.... Ако
некој ќе ме праша каде?? ќе ги раширам рацете...!!!ете. ..секаде ...!!! ...убаво е околу тебе и тогаш моето движење е без гравитација и секоја препрека станува лесна, малечка ,никаква... Ако некој ќе ме...!?! ама ,ама...??мене никој не ме прашува!!??! ...покрај тебе...до тебе...околу тебе...??тогаш самата ќе се прашам ?? како кога ќе бидеш ....во мене ?? ![]() Изменето од bijonse1 - 22.Септември.2010 во 22:18 |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Удри ме !!! Удри ме силно...удри !! да ме боли до небо..... удри ме мене , а гушни го него .... лесно е ...верувај...ти тоа го можеш... сакам да ја осетам болката ...тука... во градите... каков вкус има... ти ќе ми бидеш најсилната болка.... удри !! и бакни го него... да ја осетам горчината на мојата усна и глас да не пуштам.... удри силно...удри!! на сите наши поминати мигови ....остани со него... ти тоа го можеш фрли пепел по сите мои чекори... исто како да не бев јас....... удри ме силно...удри!! ти тоа го можеш.....сестро !!! Изменето од bijonse1 - 21.Септември.2010 во 21:29 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слушни го крикот на душава
која плаче за тебе. Хаосот на живото те обзел и уши ти параат конверзации на луѓе-трујачи. Глув за се околу тебе неможеш да слушнеш. Не допира до тебе тоа. Ѕидот твој како бумеранг ги одбива сигналите и ми ги враќа пак назад. Слушни го крикот-те повикува! Солза те кани на нежност. Љубов бескрајна те чека. Само твојот миг е потребен, и ќе ти се случи... Врисок-ТЕ САКАМ! Шепот-Дојди..... Молба во очи-Допри ме. Плач од око тажно. Дај да го искршам ѕидов. Да те заглушам со себе и со сите крици кои само ги голтам Оти немам право на тоа. А толку сакам.... Изменето од butterflyM55 - 20.Септември.2010 во 04:38 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На ивица на плач,
ја голтам горчината своја додека мислите патуваат кај тебе. Морам да ја згаснам оваа желба! Да издржам,да преживеам. Да поминам низ искушениево и пак да останам тука каде што сум. Очите твои не сакаат да ме видат. Ниту рацете твои во прегратка да ме земат. Образиве нема да ја почувствуваат топлината на дланката твоја. Нема да дознаам каков е вкусот на усните твои румени. Нема да ја почувствувам нивната мекост....сласт... Душата твоја,ја сака душата моја. А само небото твое ме покрива. Остануваме засекогаш. Остануваме тука каде што сме. Заробени души.... Во градината на вечноста. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти...кој срамежливо ѕиркаш
низ далгите на вечното зеленило и зрачиш со мрна...скромна душа. Скриен зад Бог и небесното синило, сплотен во твоето чистилиште бранејки се од камите на животот, спушти ја раката на моето чело исповед да слушнеш на мачна душа. Стапни со босата нога во мојот свет на илузии и соништа. Исчисти ја тагата од очиве кои само за тебе светкаат. Бакни ја душава со стих кој проштева. Земи ме за рака...Поведи ме... Однеси ме во твојот свет... свет на светото...божественото... Сплетен од твоите нишки љубовни. Покриј ме со покривка од солзи чисти. Заспиј ме со приспивна песна од среќа, и не дозволувај да паднам во искушение. Избави ме од илузии. Задржи ме со вербата твоја. Води ме низ светот на светото. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Блесокот на сончевиот зрак
не ми мами насмевка веќе. Сивило на небото надвиснало нишки, небаре килим на ѓаволот црн ткае. Ни зрак,ни светлина,ни сонце... Чиниш и природата жали што стапките твои ги нема веќе. Ниедно утро не е добредојдено без твојата звонлива насмевка која ме будеше весело од ноќниот пат со тебе. Ниеден ден не е убав без твојот стих. Очиве згаснаа,желни за твојот лик за твојот пишан збор...за тебе. Ниедна ноќ не е мир без мирот на душата твоја која ме галеше долго во ноќите дури не заспијам мирно. Ни јас не сум јас повеќе... ....без тебе... Изменето од butterflyM55 - 02.Септември.2010 во 11:13 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Капка по капка-роса
на хартија бела паѓа. Капе од два кладенца чисти и вирче прави од желби испишани на белилото. Здив по здив-воздишки се нижат во гради оаза на љубовта чиста што ветре тивко ти ја праќа да ти разлади душа. Збор по збор-гердан од пораки искрени испратени во ноќта додека будна во ноќите сонувам за тебе. Минута по минута-време се реди,минува. Безначајно мерило на нешто што ни ангелите неможат да го измерат. Удар по удар-гради се движат немирно,треперливо како рој пеперутки разиграни по првите пролетни цветчиња. Сигнали ти праќам во ноќта глува и немир, да почувствуваш сладок немир на усните твои меки,од усниве мои врели кои со жар те љубат во осамата твоја. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |