![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 138> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАГЛАВЕНО ВРЕМЕ
Намести ги фигурите како да ќе дојдам - белите нека бидат пред тебе, црните пред мене. Не тревожи се ако задоцнам - во оваа игра не е важно кој каде ќе седне. Намести ги фигурите како да ќе играме - белите пред мене нареди ги црните пред тебе. Не тревожи се ако не дојдам - во оваа игра не е важно кој прв ќе повлече потег. Намести ги фигурите без правила и ред - белите на црни полиња црните на бели. Не тревожи се ако погрешиш - во оваа игра не е важно како ќе се отвориш. Намести ги фигурите, како сакаш намести ги - знаменцата одамна се паднати, времето е заглавено меѓу сенките. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Најмил мој ....I like the rest Мили мој… љубовта му припаѓа само на тој што сака , а не на тој што е сакан… мили мој… да сакаш и да бидеш сакан, тоа е исто како од двете страни да грее сонце… Мили мој …слободата не ни е дадена да правиме што сакаме , туку да никој не не* присилува да правиме тоа што не сакаме… мили мој… на интелегентните никогаш не им е досадно, од што се плашиме тоа и ќе ни дојде на глава… Мили мој … иди на бојно поле цврсто убеден за победа , па ќе се вратиш без ниедна рана… мили мој… ако во борба влеземе сигурни дека ќе погинеме , тогаш сигурно ќе останеме живи… Мили мој …среќа преставува совршена хармонија на мислите , чуствата, вербата и дејствувањето и тоа ни се случува само повремено.. мили мој …кој грешки прави на другиот не опростува… политика е к*рва , ама секое к*рварење не е политика… Мили мој …ако не си успеал тоа е затоа што не си пробал , ако си успеал тоа е затоа што си пробал и не си се откажал… мили мој …колку повеќе се поклонуваш , задницата ти завзема све повисока позиција… * Мили мој …вистината треба да се бара долго и упорно , затоа следи ја лагата сигурно ќе те одведе до вистината… мили мој …секогаш прави го тоа од што се плашиш, и стравот ќе исчезне… Најмил мој…не сакам мастика го сакам кусурот !! ![]() ![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 01.Јануари.2011 во 22:48 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОКЛОП ПЕСНА
Те затворив во песната, на песната оклоп и навлеков. Цврст оклоп, оклоп со решетки. Никој да не те види, никој да не те допре, никој да не те има. Само да те насети, само да те заљуби |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вози Мишко!!!
…нема тука години …нема тука не можам…нема тука гравитација… кога некој има талент за рамнотежа …
и кога тие околу него се воодушевени но и изненадени…
се трудат да го одржат тој негов талент за негово…свое … и сечије добро…
тогаш оската на рамнотежа чуда прави…
необично…волшебно… но вистинито…
Возииииииииииииииииии Мишкооооооооооооооооооооо!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
![]() |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рака која не допре жена една светлосна година Мислеше дека има све што може еден човек да посака и да биде среќен… Мислеше дека мора уште нешто да има што никој не може да го има… Мислеше дека ќе знае се гризна за усна и погледна нагоре… Мислеше ако го погледне севишниот дека ќе го знае одговорот.. Наеднаш блесок од сјајна ѕвезда му ја отпушти загризената усна… Наеднаш знаеше дека е тоа вистинскиот правец целта на неговата желба.. Наеднаш сето тоа стана реалност како прв човек за таа дестинација.. Наеднаш лебдеше во космосот Земјата маслинка на својата дланка … Имаш време да размислиш и да ја гледаш убавината на Универзумот… Имаш време да размислиш за своето детинство и младоста… Имаш време да размислиш за првата љубов и за првиот бакнеж… Имаш време толку проклето многу време што мислите се повторуваат… Нова ситуација на бескрајна тага и сама помисла на планетата Земја… Нова болка која ги размачкуваше боите во Универзумот… Нова слика на црно бел и ладен Универзум проклети комети и метеори.. Нова желба за крај на тоа космичко патување … Љубов кон создателите , кон човечкиот род и тоа мало кученце … Љубов кон природата таа прекрасна во сите бои на спектарот… Љубов кон кон тие прекрасни раце , црни очи и коса.. Љубов кон многу нешта и кон Таа го направи слетувањето успешно… Се лажам или пак ја имам таа празнина , зошто сум се уште сам…??? Се лажам или навистина све е толку сменето и непознато…?? Се лажам или сум на планетата Земја…?? Се лажам дека сум среќен ги погледнав моите раце погледнав нагоре… Моите раце не допреа жена цела светлосна година … Проклет да си Универзуме !!! |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чудо ми требаше
од надвор нешто сега тука си од каде не припарувам дојде да ме извлечеш од пештера сакаш под сонцето играш, а јас ржам и трепкам на светлина ненавикнат. Се тргам кога ќе ме допреш ќе се сетам дека си ти, да се кострешам престанувам те погледнувам, очи широко отворени на кратко нешто ќе шушне, дека нешто ќе те земе се плашам како и што дојде да загубам сега имам што. Стиснувам очи и ржам нежно ме стискаш за насмевка ме подготвуваш ме чешкаш ја положувам главата во твојот скут. |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Скршени срца
Додека лежеше на тврдото дно Смрзната во тело и душа Солзите како бисерчиња околу неа И ја правеа прекривката уште постудена. Кога мислеше дека спас нема Го здогледа како далечна светла точка На крајот од тунелот Светлост!Светлина!Крик од душа за спас. Среќата не е нешто што и припаѓаше Таа привилегија не беше нејзина Се вивна до облаци....наеднаш Не свртувајќи се назад...само напред одеше. Но единствено што успеа да направи Беше да му го скрши срцето На милион парчиња...се разлета Како рој пеперутки. Ги собираше дел по дел Да ги состави...да му го врати назад Пак исто како што го доби Испружено на дланка отворена. И кога беше сигурна дека е готово Дека успеала ....тој го испушти нејзиното Се распарчи како кристална чаша Се разлетаа парчињата...... Не....среќата не беше нејзина привилегија Несреќата беше нејзина сестра Солзите нејзина закрила Болката брат за навек.... Стивна....Замре....Се стопи во празнината.... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
od eden song na tomas klus
http://www.youtube.com/watch?v=QtweTYmqZ10&feature=player_embedded е круг сознание тоа е состав на двата дела во втелување . е воздишка наежување тоа е блискост на душите во милување . е вечноста миг тоа е простор и пресек да чувствувам како стануваш ЈАС . е дожд песок тоа се два збора, допири, рамнотежа тоа е одговор . е вера единствена среќа, која не умира тоа е под трепките сокриен свет сакам кога стануваш ЈАС да чувствувам како стануваш ЈАС . е љубовта трогнување тое е искрена прегратка сето тоа е интимно познавање . е состав, силен како камен единствено за верување тоа е клуч од сите врати тука и сега со тебе станувам, ти се предавам засекогаш биди моја, засекогаш биди моја Изменето од anakin - 01.Ноември.2010 во 22:57 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Часовите со тебе се минути…Проклет краток ден Крвотокот убрзува кога помислувам на тебе , воздишката успорува кога не те догледувам… те имам во денот кој убрзано си оди да ноќта успори и повторно те немам… |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како зрак Погали ми ја косата, денес сонцето зајде во нејзините темнини. Спокојно ја чека дланката дури и немирното праменче, го знаеш она, палавкото што милува да те скокотка. |
|
![]() |
|
dreyk ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 41 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Моментот кога го отворив моето срце и те пуштив внатре, видов како прекрасна љубов се раѓа. Во мене преовлади ладен бран, само секунда да не беше тука јас умирав, умирав и мислев дека таа секунда е цел век, цел милениум. Тоа што го барав, тоа за кое што сонував го најдов и на земјата, ангел кој живеел на небото се симна и на земјата. Кога за прв пат те здогледав, бакнав, гушнав..почуствував како бог да ги спуштил неговите раце и да ме погалил, се беше како топол, нежен ветар. Очите ми беа насолзени. Можеби тоа беше само од среќа што пронајдов некоја како тебе. По цели денови седевме заедно, гушнати, лежевме на тревата и ги броевме ѕвездите. Посакувавме да падни некоја ѕвезда за да можиме двајцата да замислиме иста желба, да бидиме засекогаш заедно. Како ангел чувар те чував до зори, со зракот си заминував, ми беше тешко кога ги гледам твоите солзи кога си одам па се стегав да не ги пуштам и моите, несакав да ме гледаш тажен. Знаев дека тоа те боли, несакав да те растажувам, се враќав до тебе, те гушкав и ти кажував дека се ќе биди добро. Никогаш не мислев дека ти би ме повредила. Дадов се за да те задржам, за да ти докажам дека те сакам, клавав и рака во оган за тебе, би го жртвувал и мојот живот за тебе, само да знам дека си среќна. Од секогаш посакував твојата слатка насмевка да ја имам и на моето лице. Таа насмевка, ахх таа насмевка, ме правеше слаб на тебе, полн со љубов кога одвај чекам да те видам и да ти ја полијам врз тебе. Ги обожавав твоите ветувања, до животно, се сеќаваш? Зар не се сеќаваш на се што имавме? Нашите љубовни игри, нашите страсти, нашите боженствени моменти, нашите незаборавни моменти. Зар сето ова беше само еден сон? Зар сето ова требаше да го платам со болка? Каде згрешив? Можеби згрешив што ти давав премногу љубов? Можеби згрешив што незнаев да кажам НЕ на се што ќе побараш? Можеби згрешив на сите твоите грешки, што очи затворав и ти простував, се плашев да не нема веќе никогаш да те имам, и изгледа вистината го победи стравот. Останав без тебе. Зар јас те повредив па да ми вратиш на тој начин? Што направив лошо за да неможам да бидам со тебе? Зар тоа што се обидов да го дадам мојот живот за наашата љубов, тоа ли е причината што не те сакам? Зар оваа болка која ми е нанесена не е доказ дека немжам без тебе? Зар овие солзи што ги пролеав не се доволни за да ти кажам колку ми недостигаш? Зар сите работи што ги направив само за да бидиш среќна, не се доказ дека се грижев за тебе? Зар тоа што умирам и неможам без тебе , не е доказ дека ми недостигаш? Ме предаде на други, ме уништи, ме уби, ме донесе до дното и не ми подаде рака да излезам. Зошто ветуваше ако не го исполнуваше тоа? Зошто сакаше толку да повредиш нешто за кое му значиш цел живот? Ти ми беше се, ти си таа што ме правеше ангел и во пеколот, ти си таа што ме правеше светлина во мрак, ти си таа што ми го срцето и ми го врати на 20 делчина. Каде си сега? Зар сега на некое друго работи ги пролеваш солзите? Под кој дожд сеа го мијаш твојот страм? Со кого се смееш сега? Кој се радува на твоите слатки усни? Бог ни дал две раце за да се гушкаме, две нозе за да одиме, две очи за да се гледаме, две уши за да слушаме, но ни дал само 1 срце, за можемо сродното срцето со нашето да го најдиме на друго место. Јас тоа нешто, го најдов кај тебе. Ти ме комплетираше, ти ме правеше доброто меѓу лошото. Колку само боли срцево да моли за некој што греши но неможи лесно да се преболи и толку посакував да заборавам од каде само ти ми се појави во овие мој животни одаи, се заклучи во некоја од собите но кој е крив за сето ова, ова што се случува. Извини за се што сум ти погрешил, за се што не сум направил за тебе, извини за преголемата љубов што сум ти ја подарил. Извини за сите солзи што ги пролеа за мене, но ете, не требало. Не сум јас тој што те заслужува. Фала за се што направи за мене..се надевам ќе си го најдиш сродното срце што ти припаѓа. Те молам не заборавај се што поминавме заедно и се што е мое не го отфрлај. Врати се кога ќе посакаш, уште ќе го чувам празното местото за тебе. Збогум, ангелу, кој замина, кој повторно се враќаш на небото. |
|
![]() |
|
dreyk ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 41 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зарем животот е претставен како променливо време? Како сонце и облаци, како дожд и невреме? Се прашувам дали е ова вистинскиот одговор, дали е ова она што бог ни го дава кога ќе се родиме, да патиме од работи кои ни го загрозуваат нашиот живот. Можеби е само еден тест на кој се обидува преку проблемите, болките и невојлите да ни ја отвори вратата кон тајната на животот. Можеби само така сме заслужиле, како што рекле, тоа што ти е пишано тоа ќе го искусиме. НО јас не се согласувам со тоа. Секако е дека тоа што ни е пишано тоа ќе го искусиме, но сепак мислам дека тоа нешто ние сами го пишуваме, самите си ја градиме иднината, болката, тагата, среќата, сами си ги носиме невојлите во животот иако пред нас е пружен преголем, подобар и успешен избор. Но зошто ние секогаш го избираме полошиот пат? Зошто одиме по место каде што не е изгазено, пустина која ја нема никој поминато со цел да најдиме парче вода за да ја покријаме жеда, без да ни текни дека некаде во таа пустина, под таа ситна жешка песок, постои и жива песок, од која нема излез. Не го кажав ова туку така нема излез за стварно да мислите дека нема излез. Всушност тој излез е личноста со која ја поминуваш таа пустина. Се прашувате зошто вака сега одговорив. Па едноставно е, секој во својот живот барем еднаш ќе ја најди личноста која е поврзана со него. Две души, но едно срце. Таа личност би требало да биди секогаш покрај нас, макар и да падниме во најголемата јама, таа треба да ни подаде рака и да излезиме од таа јама, а не само во некоја обична жива песок во која луѓето тонат полека, полека, но сигурно! И кога ќе ја најдиме личноста во животот која за светот е само една личност, но за нас таа личност е цел свет, секогаш мора да испадни обратното. Да ни се руши сонот за кој сме сонувале цел живот, животен сон! Ретки се личностите кои ја испуштааат таа личност, а знаат дека ја сонувале да ја најдам цел живот. И во тој момент ти се руши се, ти се руши сонот, ти се руши светот, ти се руши се она што сте го изградиле заедно. Ги гледаш како камењата на изградената кула, пајѓаат ли паѓаат, како нашите солзи. Гледаме се до крајот, до последниот темел, а тогаш кога од кулата ќе остани само прашината и неколку разрушени камеша, сваќаме дека неможиме назад и да ги залепиме повторно тие камења. Можеби ќе успееме, но нема да го има истиот изглед како пред тоа. Ќе биди нестабилна, врапче да помини ќе ја сруши. Тогаш доајѓа тешкото, кога ќе знаеш дека треба да живееш во таа кула. Зошто луѓето се толку сурови спрема животот. Секој има право да си суди и гради свој живот, НО не да му го пресудува животот на туѓите личности. Луѓето уживаат да те видат скршен, кога ќе бидеш доле никој нема да ја пропушти шансата да те испуца, и со кеф ќе го уништуваат она што е веќе уништено. Наместо да го сослушаат тој што паднал, наместо да му подадат рака, тие го прават обратното. Запмтете: Само оној што паднал може на другите да им даде пример како да станат. Од кога сето ова го искусив, веќе не верувам во љубов и пријатели. Не чекам веќе да дојде среќата туку така, еве да речиме дека среќата ја замислуваме како пеперутка која во истиот момент слетува на нашата дланка и очекува некое си движење од нас, за да ја предвидиме нејзината иднина. Како што реков, пеперутката ќе биди претставена како среќа, а ние треба да одлучиме дали ќе ја пуштиме да одлета, или можеби ќе ја затвориме раката, и ќе ја згмечиме пеперутката? Одговорот според некои од вас кои немаат појма што е тоа среќа, брзо и лесно ќе одговорат дека би ја пуштиле да одлета, а некои кои животот и среќата му претставува шала, би одговориле дека ќе ја згмечат без да размислат. Одговорите се лесни нели? Но не е тоа вистинскиот одговор што го бара ова прашање. Одговорот лежи во самата психа на човекот. Паметен човек, како вистински одогов на ова ќе го даде следното: “Среќата неможи да биди претставена ни како пеперутка ни како пчела ни како лист од дрво. Едноставно среќата неможе да ви дојди на рака и да одлучите што ќе правиме со неа. Среќата си ја градиме самите ние, што би рекле, “тоа што ќе си надробиш, тоа и ќе си среќаш”. Ние самите личности, со своето јас, и својата психа, ја градиме среќата.” Често ова прашање го поставувам на моите другари, на оние кои веќе не сум го поставил, и се чудам како неможи вакво едноставно прашање да го одговорат со точен одговор, но морам да признаам дека уживам кога ќе ми го дадат точниот одговор. Најголемата слабост на разумот се состои во недовербата на кон силата на разумот. Да се навратам, ако луѓето не знаат да одговорат едно вакво едноставно прашање, тогаш како би се справиле со животот и љубовта понатаму? На почетокот животот и љубовта сите ја сваќаат како игра, се додека не ПОРАСНАТ, и ќе го увидат тоа, дека животот и љубовта во него, не се само една игра. Би се задржал на љубовта. И секако, нема да должам, само сакам да знам зошто луѓето прават грешки во љубовта, со цел да повредат некој, и на крајот некои од нив си ја признаваат грешката, а повеќето од нив, уживаат да ја повредат уште еднаш саканата личност. Дали е тоа целта на една љубов? Се разбира дека не, но ете некои немаат чуства и емоции, па затоа си играат со од останатите личности, кои во спротивно очекуваат вистинска и реална љубов. Ако сакаш да бидеш сакан, сакај! Имај на ум, дека твојот карактер, е твојата судбина. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
мала инспирација од дождот... ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
кој го бива, за се го бива
![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |