|
ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 41> |
Автор | ||||||||||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Мојата Црква е Христовата Црква! Доктрината која ја следам е Светото Писмо!
|
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
AlDra, За некои работи апсолутно се сложувам со тебе. Секој треба да почне од самиот себе. Вистина е дека и меѓу нашите кои се во вистината може да има по некое гнило јаболко, но тоа не е моја работа да судам. Ако јас гледам дека нешто не штима кај некој, најголема помош би била да се молам за него. Но, не може да се сузбијат ниту фактите дека има ревносни свештеници (да не ги спонувам по име сега сите) кои го поучуваат народот да врви по вистинскиот пат. Што се однесува до пеењето во црква, навистина во некои храмови се пее само на црковно словенски јазик, но тоа не е пречка ако јас не разбирам што се пее да појдам во оној храм кој има богослужба и на македонски јазик. Иако, од моето искуство, можам да кажам дека сега, по упорно слушање, разбирам 85% и задоволна сум од тоа што можев да научам и нов јазик (односно, стар јазик, словенски-од кој потекнува и македонскиот), молеjќи се на Бога. Сепак, тоа ми помогна кога појдов во Бугарија, Србија, а и еден ден кога, по милоста Божја, ќе појдам во Русија на поклонение, целосно да ја разбирам богослужбата и активно да учествувам во неа, со оглед на тоа што и во ти земји се служи на тој јазик. Иако сега се започнати реформи во однос на пеењето (се воведува и византиско пеење), сепак сметам дека одредени делови (барем оние кои се повторуваат) треба да си останат на црковно словенски јазик, од почит кон нашите просветители во Христа, светите браќа Методиј и Кирил.
А за да ја чуеш величественоста на византиското православно пеење, појди на овие линкови http://www.youtube.com/watch?v=GN_46A7PCUc http://www.youtube.com/watch?v=Qk8q6kUQAMc (имам и други, можам да ти ги пратам ако сакаш) Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2008 во 15:24 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Не ми е јасно зошто поповите проповедаат (т.е. пеат) на некој неразбирлив јазик. Јас ништо не разбирав од сето тоа, кога одев и јас понекогаш со моите родители на црква. Сето тоа изгледаше како една обична претстава, без разлика дали на црква одевме за Велигден, Божиќ, некоја крштевка или венчавка. Се се правеше само колку да помине редот. Сите луѓе се молеа што побрзо попот да заврши со пеењето. Зошто наместо тоа не воведете разбирливо проповедање од кое сите ќе си заминат со некоја поука? Треба многу да неучите од нас ,,еретиците’’. Ете времето на социјализмот и прохибицијата на религијата е далеку зад нас. Досега требаше реформите да ги имате завршено, а вие тек сега почнувате. И тоа пишувате во дневен весник. Треба да бидете ревносни во извршувањето на службата. Ако народот застранил- се знае кој е виновен. Во свештенството треба да се бара кривицата за основното непознавање на верата. Немојте да ја барате вината во неписменоста на народот. Ги поздравувам задоцнетите реформи и се надевам набрзо ќе има и плодови од работата. А се знае вистинскиот реформатор започнува со реформите од самиот себеси.
|
||||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
ВТОРАТА ЗАПОВЕД: Не прави за себе идол,ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата. ( 2 Мојсеева 20,2 ). Доколку ти не правиш разлика меѓу слика и идол, тогаш следува дека оваа заповед е апсолутна. Ние не треба воопшто да имаме слики, а самиот Бог подоцна наредил да се направат херувими( не за Себе туку за човекот кому му наредил да не користи слики ). Зарем доколку оваа заповед била апсолутна зарем Бог така ќе постапел? Се разбира дека не. Во однос на херувимите. Точно е тоа дека тие биле украс,но нели слика ( икона како што е на грчки ) си е слика? Тие си имале посебна намена како што велиш, но и иконите се со намена, пред се литургиска, а тоа што народот си прави пазар со нив тоа си е друга работа. Инаку палењето кандили ПРЕД иконата не е палење кандило на иконата, исто како што во стариот завет кадењето што се вршело во скинијата не значи кадење на објектите во скинијата ( жртвеник и сл.) Свеќи не сум видел да се палат пред икона си има свеќник, си има свеќник. Евреите се поклонувале пред скинијата на сведоштвото, каде се јавувала Славата Господова . Еве пример. 4 Мојсеева 20,6: Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот кон влезот од скинијата на сведоштвото, и паднаа ничкум, и им се јави Славата Господова. Моја грешка е што наместо скинијата на сведоштвото напишав Ковчегот на Заветот. Прости и ти Евангелос и сите. За бакарната змија знаеме дека се додека луѓето не почнале да мислат дека е Бог немало проблем. Православните не мислат дека иконите со Богови ( барем јас не). И не им се молат ним,не им кадат ним туку се молат пред нив. Исто како што Евреите кога каделе пред жртвеникот не ме каделе нему. Православните во Македонија прават грешки со иконите, тоа е точно, но не е само Црквата виновна за тоа. Пред да почнеш да обвинуваш погледни ја историјата на Македонија, па ќе видиш. И денес сме сведоци дека секоја домаќинка знае да офарба јајца, да меси колач за празник и сл., но не знае зошто се месат тие, што се случило на тој ден и слично. Тоа е затоа што Македонија живееше во социјализам кога беше забрането да се држи верска настава, па обичаите беа се што ја држеа верата на народот жива, исто како што во времето на турското ропство тие беа оние кои му помагаа против исламизацијата, како што во времето на поделбата на Македонија го зачувуваа од асимилација. Исто и јас носам икона со мене, но само поради едно- кога ќе ја погледнам ми дава мир ( што е една од намените на иконата ). Сега во дневниот печат ( во Дневник ) излезе и статија на МПЦ каде се повикува народот да не остава пари пред икона, туку да ги остава во касаи да не се носат чорапи, пешкири и разни работи и да се оставаат пред иконите. Во друггите земји како Русија и Грција ништо не се остава пред нив туку во касите како што е редот. Значи доколку иконата правилно се сфати немаме ни идолопоклонство ни иконопоклонство. Да се навратиме и кон историјата малку.И иконите се појавиле бидејќи народот сакал да знае повеќе за Исус, настаните поврзани со него и сл, но бил неписмен ( во тие времиња само 5% знаеле да читаат и пишуваат). Пред некое време на телевизија имаше свештеник што кажуваше како една бабичка преку иконите и фреските во манастир го научила животот на Исус и неговите пораки. Најверојатно станува збор за жена која не знае да чита и пишува ( исто поради историските прилики во Македонија ) па преку проповедите на свештениците и сликите кои ги гледала научила. Тие и биле и единствен начин зар не? А дека икони се употребувале и во раното христијанство ни сведочат и историските извори. Погледни го ова: http://en.wikipedia.org/wiki/Image:Madonna_catacomb.jpg Значи има слики и во вториот век од новата ера и тоа токму од Марија и Исус. Ако имаш Microsoft Encarta Premium 2006 ќе најдеш и синагога со слики од Мојсеј, Арон и др. Поздрав |
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
п.с. Маран Ата ми е псевдонимот, а не Мараната (ако, воопшто, знаеш што значи тоа).
Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2008 во 12:44 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Па да ти кажам, брат, сега коментарите ти станаа малку поприфатливи, барем се научи да велиш на бугарски те сакам Инаку, за верски интелектуалец, каков што се правиш, многу прашања избегнуваш и не даваш одговор. Јас реков дека за секоја јавно позната личност во светот, без разлика од кое место и од кое време е, има историски податоци и факти за нејзиното делување и живеење. Ако ние, православните, се фаќаме за "свети овој, свети оној", дај ми ти докази што се случувало со апостол Лука после Христовото Вознесение, кога се упокоил, каде проповедал... Дај ми нешто опипливо за секој апостол поединечно. Ама, како што веќе претходно реков, кај вас фали историската поткрепа на тоа што го зборувате.
Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2008 во 12:41 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Asya, претај претај, нормално дека ќе преташ кога си во жива кал. Твоите се позачестени навреди само докажуваат дека си до гуша во жива кал Откако те изненади Библијата со нејзините вистини, нормално дека сега ќе хистеришеш. Што да правам, такво е Божјото Слово, Меч со две острици, Меч кој продира длабоко во душата на човекот и лесно ги разобличува лагите кои што се накалемени врз него.
Не ми се верува, секогаш, ама буквално секогаш кога сум дебатирал со православни, прво се обидуваат да ги бранат своите ереси со Библијата, а потоа, кога нема да им се најде место во неа, одма бегаат кај свети овој, свети оној, кон преданијата, традициите, житијата, обичаите итн. Многу ми е забавно да гледам како на почетокот се обидуваат да ми цитираат и квазитолкуваат некои библиски стихови, за потоа, откако ќе бидат разобличени со Божјото Слово, да почнат да цитираат разни свои измислени житија, преданија итн. Тоа само издава кој е темелот на вашата вера - човечкиот збор.
Мараната, зошто ми цитираш бугарски, српски, руски православни преводи на тој стих? Јас можам да ти цитирам уште двојно повеќе преводи каде што не стои "нацртан, насликан", но која е поентата? Зошто да цитираме преводи, кога го имаме оригиналниот јазик (старогрчки или коине грчки) на кој е напишан тој стих?
Зарем и ова не е доволно мило? Ајде прочитај внимателно, од Asya кренав раце, ама во тебе уште имам надеж
Да се користеа некакви си "икони" меѓу апостолите тие ќе ги спомнеа барем еднаш во евангелијата или во посланијата т.е. ќе најдевме некој цитат каде што некој од нив се моли пред икона, се поклонувам пред икона, пали свеќа пред икона, осветува икона, црта икона или слично. Ама такво нешто нема во Новиот Завет. Пардон, да има, во Откровението каде што се зборува за Иконата на Ѕверот
Еве, бидејќи ги владееш јазиците, ќе ти кажам нешто на руски, бугарски и српски:
Ја тебја љубљу! Обичам те! Волим те!
|
||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Asya, секоја чест на твојот труд кој е теолошки поддржан. Се радувам на твоето православно исповедање на верата.
Како дополнување на тоа ти што го напиша би ги додала само овие факти 1. Галатјаните 3 : 1 Македонски – О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса (та не се покорувате на вистината) вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас?? Бугарски - О, неразумни галатяни! Кой ви омая, та вече се не покорявате на истината вие, пред очите на които Иисус Христос бе изобразен така, като да бе разпнат помежду ви? Српски – О неразумни Галати, ко вас је опчинио да се не покоравате истини, ви којима је пред очима Исус Христос насликан разапет међу вама? Руски - ¶О, несмысленные Галаты! кто прельстил вас не покоряться истине, вас, у которых перед глазами предначертан был Иисус Христос, как бы у вас распятый? Старо грчки – ὦ ἀνόητοι Γαλάται, τίς ὑμᾶς ἐβάσκανεν, οἷς κατ' ὀφθαλμοὺς Ἰησοῦς Χριστὸς προεγράφη ἐσταυρωμένος; (http://www.cnrs.ubc.ca/index.php?id=3560) И зборот иконографија означува иконопис (а тука не се подразбира пишување со букви, туку цртање) εικόνα - икона Γράφω – пишува Не мислам дека цел свет е во заблуда, а само евангелистите ја имаат вистинската верзија на Светото Писмо! А Лука не бил горд, како што го замислува ЕвАнгелос, затоа немал потреба да се фали дека цртал икони. Исто како што не се запишани во Библијата чудата кои Пресвета Богородица ги правела додека била во тело. Или мислиш дека не направила никакво чудо и не била достојна за тоа, Онаа која во својата чиста утроба Го сместила Несместливиот??? (и еве ја историјата која недостига кај кривоверните. Како што историски е докажано постоењето и живеењето на Александар Македонски, Филип 2, Клеопатра, Хитлер, Господ Исус Христос, така има житие и за другите личности од христијанството. А ако ова житие, кое е приложено подолу, не е точно, тогаш дајте да видиме друго) Светиот апостол и евангелист Лука 31/10/2008 (извор www.mpc.org.mk) Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на Св. апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните Св. апостол Павле (Колосјани 4, 14). На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица - и тоа не една туку три икони - а исто така Светите апостоли Петар и Павле. Оттука Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис. На старост го посети и Горен Мисир. Од Мисир се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја. Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслина во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград. 2. Храната, кога ќе се упокои некој, се дава на луѓето, пред се на сиромашните, како милостиња со која се прави добро дело за спасение на упокоениот човек. Затоа и првите 40 дена е многу потребно да се молиме и да помагаме на немоќните во име на упокоениот. Суштината е битна, а не формата. 3. Свеќите ја символизираат светлината која треба да го осветлува светот, односно нашите добри дела, нашата светла душа. Свеќата е молитвена жртва кон нашиот Бог. 4. Откако ова послание ќе биде прочитано кај вас, потрудете се да биде прочитано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие. (Колосјаните 4: 16) Ве сакам сите Господ со нас + Изменето од Maran Ata - 16.Септември.2008 во 08:17 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
http://www.iranica.com/newsite/articles/v1f2/v1f2a146.html
ABGAR dynasty of Edessa, 2nd century B.C. to 3rd century A.D. http://books.google.com/books?id=-c7qkPqYZ-cC&pg=PA48&lpg=PA48&dq=The+count+Abgar+and+Jesus+Christ&source=web&ots=PyknyZcIM2&sig=bH-N68ifPo9wF86awvkTg7RvIY0&hl=en&sa=X&oi=book_result&resnum=10&ct=result http://www.deisinc.com/Luke.HTM October 18: Feast of the Holy Apostle and Evangelist Luke (From the Prologue of Ohrid) Luke was born in Antioch. In his youth, he excelled in his studies of Greek philosophy, medicine and art. During the ministry of the Lord Jesus on earth, Luke came to Jerusalem, where he saw the Savior face to face, heard His saving teaching and was witness to His miraculous works. Coming to belief in the Lord, St. Luke was numbered among the Seventy Apostles, and was sent out to preach. With Cleopas, he saw the resurrected Lord on the road to Emmaus (Luke 24). After the descent of the Holy Spirit, Luke returned to Antioch and there became a fellow worker of the Apostle Paul and traveled to Rome with him, converting Jews and pagans to the Christian Faith. Luke, the beloved physician, … greets you, writes the Apostle Paul to the Colossians. (Colossians 4:14). At the request of Christians, he wrote his Gospel in about the year 60. Following the martyrdom of the great Apostle Paul, St. Luke preached the Gospel throughout Italy, Dalmatia, Macedonia and other regions. He painted icons of the Most-holy Theotokos not just one, but three-and icons of the Holy Apostles Peter and Paul. Hence, St. Luke is considered to be the founder of Christian iconography. In old age, he visited Libya and Upper Egypt. From Egypt he returned to Greece, where he continued to preach and convert many with great zeal despite his old age. In addition to his Gospel, St. Luke wrote the Acts and dedicated both works to Theophilus, the governor of Achaia. Luke was eighty-four years old when the wicked idolaters tortured him for the sake of Christ and hanged him from an olive tree in the town of Thebes, in Boethia. The miracle-working relics of this wonderful saint were transported to Constantinople in the reign of Emperor Constantius, the son of Constantine. Изменето од Asya - 16.Септември.2008 во 07:19 |
||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Мојата Црква ја основа Христос на првиот Духовден (Пентекост) во Ерусалим.
А твојата?
Мојата "лага" се цитатите од Божјиот Збор - Библијата. Ако јас лажам, лаже и Библијата.
Сакаш да кажеш дека македонската, српската, грчката и бугарската православна црква се едно тело, со една иста глава?
Со вакви тези можеш да ги лажеш петоодделенците на предметот по Веронаука, а не нас кои сме живи сведоци како овие очите си ги вадат меѓусебе
Море ни петтооделенците не можешда ги лажеш сега хаха.
Точно, не може етнофилетизмот што владее во сите православни цркви да и се припишува на Христовата Црква.
А каде во Откровението се спомнува "православната" "црква"?
"Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто? Затоа, очистете го стариот квас, за да бидете ново тесто"
(1 Коринтјаните 5:6-7)
Лажеш! Вие храната не ја давате за живите, бидејќи храна за живите не се послужува на гробишта, туку културно дома на маса, во чинии, со прибор за јадење итн. Вие храната за Духовден ја раздавате по гробишта за мртвите, а вашите попови го благословуваат тоа! На нив воопшто не ги тангира тоа што овој обичај е крајно пагански, ним им е важно само да профитираат од заблудата на православните.
Епа денес е 21век и денес има електрична енергија во храмовите
Кого фолираш? Сите знаеме со какви мотиви православните ги принесуваат свеќите "за живите", "за мртвите", "за здравје" итн.
Грешка си повторно. Втората Божја заповед забранува идолопоклонство И ИКОНОПОКЛОНСТВО! Цитирам...
"Не прави за себе идол, ниту некаква слика (на грчки: икона)..."
(Излез 20:4)
Да, тоа е идолопоклонство. Ако оние кои вие ги нарекувате "светци" забранувале да им се поклонуваме кога биле живи, тогаш зошто да им се поклонуваме на нивните лешеви (мошти) или пред нивните слики (икони)?
"А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”"
(Дела 10:25-26) "И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!"
(Откровение 22:8-9)
Според Библијата не е исправно ни едното, ни другото. Посочи ми еден пример во Библијата каде што некој се помолил пред икона или пак некој што му се помолил на покоен верник?
Шипки варени
Тикви печени
Лука има две книги напишани во Новиот Завет (евангелието по Лука и Делата на апостолите). Ако тој нацртал некаква икона, тој ќе го спомнел тоа во некоја од нив. Впрочем, ако Лука сакал да остави некаква информација за ликот на Исус (или на Марија) тој попрво ќе ги опишел нив во своето евангелие или во делата на апостолите за сите цркви да знаат.
Нема никакви веродостојни историски документи кои сведочат дека Лука цртал икони. Тоа го има само во вашата бујна фантазија и немоќност да најдете библиска подршка за вашето иконопоклонство, па затоа се повикувате на вашите рекла-казала неверодостојни човечки преданија.
Да да, EvAngelos им напиша на модераторите: "Помош, ваа Asya ме нападна со Библиски стихови, банирајте ја! банирајте ја!"
Ти беше банирана заради својот вандализам, за твоите навреди и твоето крајно некултурно дискутирање на форумов.
Играат оро
А ти што мислиш дека прават? Дека ги слушаат молитвите на живите верници? Ако е така тогаш зошто никој во Библијата не упатил молитва до нив? Зошто никој од апостолите, ниту Исус, не упатил молитва до покојните Мојсеј, Авраам, Ное, Јов, Исак, Јаков, Исаија, Еремија, Илија, Јован Крстител итн? Зошто?
Лош превод! Посланието до Галатјаните не е напишано на македонски јазик, туку на старогрчки. Тоа што ти го читаш како "нацртан", во оригиналнниот јазик пишува "προγράφω" (прографо) и значи: "претскажан", или фигуративно: "прикажан, опишан", или буквално "преднапишано" т.е. напишано порано. Глаголот "графо" значи "пишува", a префиксот "про" му дава минато време на тој глагол.
Истиот збор "прографо" се користи и во следниве стихови:
"Навистина, сè што е напишано (прографо) некогаш, напишано (прографо) ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата."
(Римјаните 15:4) "дека по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав (прографо) накратко"
(Ефешаните 3:3) "зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано (овде стои само "графо"): „Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.” "
(Римјаните 15:3) И што правиме сега? Твојот единствен обид за вметнување на некаква си икона во Библијата пропаднааа
Следниот пат обиди се со вашите набаждарени преданија и житија, а Библијата остави им ја на библиските христијани
|
||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Смири се бе Темплариус, тоа насекаде го има. Плус овде се води интелектуална дискусија од која навистина може нешто да се научи.
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Hristos veli deka ne sekoj shto go povikuva imeto Negovo go poznava, ne predupreduva i povela da se chuvame od lazhnite proroci i nivnite besovski uchenja. Spored toa, sekoj t.n. "hristijanin" ne e hristijanin. Mozhe li chovek, kojshto ja napagja Crkvata Hristova i go zloupotrebuva imeto na Hrista da bide hristijanin? Kakov e toj "hristijanin" ako ne e krsten vo imeto na Otecot, Sinot i Svetiot Duh vo Crkvata Hristova (taa shto ja osnoval Hristos, a ne nekoj anglichanec ili amerikanec vo minatiot vek)? Изменето од Asya - 16.Септември.2008 во 01:57 |
||||||||||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Prestanete bre dosta bese HRISTIJANIN toa e onaa sto se broi i zatoa prestanete.... zarem ne treba site da se zasramime sto so nasite postovi go razedinuvame Hristijanstvoto i pravime da izgledame kako grupa klovnovi koi se tepaat medju sebe
|
||||||||||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
EvAngelos, Ti nikogash ne odgovarash na postavenite prashanja, i vo otsustvo na realni argumenti podlo ja napagjash Pravoslavnata Crkva. Ajde, odgovori: Od koj vek datira tvojata crkva i koj ja osnoval? Ili mislish ako lukavish, deka zdrav razum kje i poveruva na tvojata laga? A tie kako tebe vo Biblijata se narecheni lazhehristi i lazheproroci! Ni rimskiot papa ne mozhe da najde eres vo uchenjeto na Pravoslavnata Crkva, no se najde ti, nebare si nekakov avtoritet da opredeluvash koj padnal vo eres! Za onie shto imaat zdrav razum i rasuditelnost: Istorijata na Crkvata se sostoi od realni fakti, a ne od veruvanjeto na EvAngelos, koe se sostoi od napadi vrz Pravoslavnata Crkva i hula na Svetiot Duh. Za razlika od "crkvata" na EvAngelos, Hristovata Crkva e zhiv organizam, koj prirodno raste i se razviva, a kako shto narodite go primale hristijanstvoto i Crkvata rastela, najprirodno izrasnale novi pomesni crkovni upravi (Ruskata, Srpskata, Bugarskata i drugi izrasnale od Carigradskata patrijarhija). Crkovnite jurizdikcii postojat, zatoa shto taka Gospod saka, za da postoi poredok vo Crkvata, a se odnesuvaat na ADMINISTRATIVNATA I TERITORIJALNA UPRAVA. Inaku, site pravoslavni crkovni upravi ja sochinuvaat Pravoslavnata Crkva, koja e Telo Hristovo i vozglavena od Samiot Hristos. Znachi, tie ne se razlichni ili oddelni crkvi, tuku imaat liturgisko edinstvo (zaednica vo Boga), t.e. pretstavuvaat edna Hristova Crkva. Zborot "pravoslavna" znachi "pravoverna" (ispravno veruva i pravilno go slavi - mu sluzhi na Boga), a se upotrebuva vo odbrana na pravovernosta protiv rimokatolichkata eres. Pojavata na etnofiletizmlot kaj nekoi pravoslavni poedinci ne smee da mu se prepishuva na siot organizam na Crkvata. Hristos Sam ne predupreduva deka pred krajot na vremeto mnogumina kje bidat prelesteni od lazhehristite i grevovite na narodite kje se namnozhat, poradi shto kje otpadnat od Boga, a kje ostane Negovoto malo stado, zaradi chie spasenie Toj povtorno kje dojde na zemjata. Taka, chestite pojavi na etnofiletizmot i raskolot znachat deka ova e toa posledno vreme ili pochetok na krajot. Vprochem, Antihrist kje se pojavi vo svetot, koga Crkvata Hristova kje oslabne, a se dodeka taa cvrsto stoi, toj ne bi mozhel da proizleze. Zatoa Hristos ni veli da gi poznavame vreminjata, a vo poslanieto do sedumte crkvi, vo Otkrovenieto, nikade ne se ni spomenuva nekakva "evangelska" crkva, bidejki taa voopshto ne e crkva. Povekjeto makedonski - obichai imaat koren vo paganizmot, no Crkvata opredelila deka nekoi od niv ne se shtetni, se razbira ako se slavi Hristos i ne se narushuva dogmata na verata. Razdavanjeto na hrana e za zhivite, koishto mu oddavaat pochit na pokojnikot i za chie spasenie se molat, i nema nishto pogreshno vo hranata za zhivite, se dodeka ne zapochnat da se prejaduvaat. Svekjite se koristele za osvtluvanje na hramovite, bidejki togash nermalo elektichna energija, a bile zastapeni ushte vo starozavetniot Bozhji hram, taka shto ni najmalku ne i shtetat na Crkvata i verata. Naprotiv, simboliziraat svetlina. Vtorata Bozhja zapoved go zabranuva idolopoklonstvoto, t.e. Bog zabranuva da pravime za sebe objekti na pochitanie (kumiri) ili da gi pochituvame izobrazenijata na toa shto go gledame na neboto (sonce, mesechnia, dzvezdi), i shto se naogja na zemjata (rastenija, zhivotni, lugje, itn.), ili se naogja vo vodata (ribi). Gospod zabranuva da im se sluzhi na takvi kumiri na mesto na vistinskiot Bog, kako shto chinat paganite. Pravoslavnoto pochitanie i poklonenie pred svetite ikoni i moshti nikako ne mozhe da se smeta za idolopoklonstvo, bidejki pochituvajki gi svetite ikoni (zborot "ikona" e grchki, a znachi "obraz"), nie ne gi smetame za bogovi ili kumiri, a znachat toa shto se: Obraz na Boga, angelite ili svetcite. Nie ne i se molime na materijata (drvo, metal, boja), tuku na samite svetci. Samiot Gospod Isus Hristos mu ispratil chudesna ikona so Svojot Lik na Edeskiot knez Avgar, koj otkako se pomolil pred nerokotvorniot obraz na Hrista, bil iscelen od neizlechiva bolest. Knezot Avgar e istoriska lichnost, a svoeto svedoshtvo go zapishal i potpishal so svoerachen potpis. Isto taka, postojat istoriski dokazi deka Sv. apostol Luka bil ikonopisec, koj prv pishuval ikoni na Bogorodica za vreme na nejziniot zhivot, a edna od niv se naogja vo Rusija. Jas nekolku pati dostaviv citati od Svetoto Pismo, kade shto se spomenati svetcite i ikongrafijata, no EvAngelos vednash se pozhali i pobara da me baniraat. Imeno, Sv. apostol Pavle gi prekoruva Galatjanite zaradi nivnata oprelestenost i nepokornost na vistinata, i naveduva deka pred nivnite ochi bilo nacrtano raspetieto na Hrista. "O nesmisleni Galati! Koj ve prelesti vas da ne i se pokoruvate na vistinata, vas, pred chii ochi beshe NACRTAN Isus Hristos, kako pred vas da e raspnat?" (Gal. 3:1). Vo Otkrovenieto (7:13-17) se govori za svetcite "vo beli obleki" i shto pravat tie pred prestolot Bozhji. Hristos Sam veli deka kje im dade na pobednicite da sednat na prestolot Negov, kako shto Toj pobedi i sedna so Otecot Svoj na Negoviot Prestol. (Otkr. 5:21) No, se najde sega EvAngelos, koj se povikuva na Biblijata da pluka vrz svetosta na Bozhjata Majka i obrazite na Bozhjite ugodnici. Sramota! Изменето од Asya - 16.Септември.2008 во 01:47 |
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1516171819 41> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |