|
Кактус |
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Историја на кактусот
Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња го испробувале плодот на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите.... Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. Важен реквизит при религиозните обреди бил мексиканскиот кактус ECHINOCACTUS INGENS. Тој служел како олтар, каде на долгите боцки на кактусот била положувана човечка жртва. Некои помали видови на кактуси истотака имале големо религиозно значење и биле употребувани како амајлии, затоа што индијанците верувале во нивната натприродна моќ. LOPHOPHORA WILLIAMSII, MAMMILLARIA LASIACANTHA, ARIOCARPUS FISSURATUS и други, имале улога на талисмани, кои ги штителе луѓето од громови, болести и други несреќи. MAMMILLARIA LASIACANTHA го штитела и имотот од кражби. Се верувало дека крадецот на работи кои биле под заштита на овој кактус, ќе го стигне казна во форма на лудило. LOPHOPHORA WILLIAMSII поради своето наркотично дејство бил неизбежен на сите свечености. Модерните хемиски анализи покажале дека тој кактус навистина содржи многу алкалоиди со силно дејство. Според ова, разбирливо е зошто и европските морепловци се заинтересирале за катусите. По враќањето во Европа тие ги донесувале со себе како подароци. Понекаде се започнало и со одгледување, кое успевало само на видот OPUNTIA. Овие кактуси брзо се одомаќиниле, најпрво во Шпанија, а потоа се рашириле по целото Средоземје. Покрај видот OPUNTIA, биле донесувани и кактуси од видот MELOCACTUS, но нивното одгледување не било така успешно. Вистинското одгледување на катусите започнало во триесетите години од деветнаесетиот век век. Кога спорите едрлици биле заменети со брзите парабродови, се појавуваат и првите собирачи на кактуси, ботаничари-специјалисти со славни колекции, стручна литература, како и соодветни комерцијални организации. Главниот центар на интересирањето за кактусите во тоа време била Франција. Ширењето на првата “кактусарска“ епоха настанала во времето на “бидермаерот“. По привременото опаѓање на интерсот, кој се случил кон крајот на деветнаесетиот век, се случува нов полет. Овојпат центар била Германија. Следниот период на големо и се посилно интересирање за кактусите е периодот пред Првата светка војна. Пионер на тогашната кактусарска грозница бил чешкиот патник и собирач на кактуси A. F. FRIČ. Собирањето на кактуси пред стотина години можеле да си го дозволат само богати луѓе. Во 1840 година се плаќало за увоз на видот ARIOCARPUS KOTSCHOUBEYANUS по 200 долари. Тоа било повеќе од тежината на кактусот изразено во злато. Некои видови на кактуси биле поевтини, но сепак биле достапни само за мал бој на луѓе. Дури кога се пристапило кон одгледување на катуси од семе, цените се намалуваат. Порано збирките на кактуси содржеле претежно “увозни“ кактуси, додека денес во најголем дел тоа се кактуси произведено од семе, а тоа е причината зошто тие денес се толку ефтини. Интересирањето за одгледување на кактуси е во постојан пораст. Не е тоа само поради нивната убавина, туку и поради можност да се одгледуваат голем број на билки на мала површина. Придонесува и тоа што за нивното одгледување може да се искористат прозорите и терасите, каде билките добро растат. Денес собирањето на кактуси е развиено во невидени размери, не само во Европа, туку и во Јапонија, Северна Америка и во многу други краеви на светот. Насекаде постојат илјадници организирани љубители на кактуси. Неорганизирани ги има уште повеќе. Во Македонија исто така има голем број
на неорганизирани одгледувачи и колекционери на кактуси....... |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Све за кактус ...
Една од најраспространети врсти - Mammillaria кактус Изменето од bijonse1 - 10.Јуни.2017 во 18:51 |
|
Внеси реплика | страница <1 151617 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |