IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 29>
Автор
Порака Обратен редослед
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 03:28
Да, сите христијани треба да се во Божјата милост, но не се, и не можат да бидат зашто многумина отпаѓаат од Црквата заради кривоверието и лажеучењето на сектите кои „изникнаа“ последниве два века, а отпаднаа како суви гранки од стебло зашто не беа достојни чеда на Мајката - Црква.

Светиот Јован Златоуст не поучува:

Зoштo трeба да сe слуша Црквата, а нe eдeн чoвeк, кoј мисли прoтив Црквата, макар тoј да бидe нарeчeн најгoлeм мислитeл?

Затoа штo Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и затoа штo сo вдахнoвeниe сo нeа ракoвoди Свeтиoт Дух Бoжји. Уштe, затoа штo Црквата oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја. Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe.

„Црквата e трлo“ вeли свeти Јoван Златoуст „акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат...

Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”.



Изменето од Miki_P - 04.Јануари.2009 во 03:35
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 03:10
izvoren, зарем не примети до сега дека библиските стихови за кривославните се "безбожни брборења", а доколку им цитираш некој цитат од некој "свет отец" тоа е за нив "Божји Збор" среќа
 
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:


Според тебе, пријателу, и светителите (кои се во Божјата милост)
 
Сите христијани се во Божјата Милост, а не само некои одредени христијани кои вие ги цртате со ореоли на главите. И биди Му благодарен на Бог што тоа е така, инаку тешко дека ќе се протнеш во Божјото Царство без Неговата милост.
 
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 01:45
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:


Според тебе, пријателу, и светителите (кои се во Божјата милост) немаат христијанско потекло, па и нивната силна и непоколеблива вера во Христа - Спасителот, ништо не значи, единствено значат само твоите секташки безбожни брборења.

Ашколсун.


Моите коментари не се брборења туку Библиски стихови.А верата во Христа-Спасителот се покажува со спроведување на Неговото учење, а не со некои измислени ритуали кои ги применувате за да покажете пред вашите верници дека имате неприкосновено познавање на верата, а всушност ги одалечувате од Библиската наука.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 01:37

Според тебе, пријателу, и светителите (кои се во Божјата милост) немаат христијанско потекло, па и нивната силна и непоколеблива вера во Христа - Спасителот, ништо не значи, единствено значат само твоите секташки безбожни брборења.

Ашколсун.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 01:30
Ефесјани: 6:18 со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети

МИКИ П од стихов може да забележиш дека никаде не пишува ниту колку пати треба да кажеш одредена стихотворба чиј автор е некој преподобен човек, ниту во одреден период од денотдека треба да се молиш.

Напротив пишува 'молете се во Духот во секое време'.Фактички без претходно посетување на некаква обука за молење, секој верник може да му се обрати на Бог преку молитва.

Значи тој твојот прирачник за молење нема христијанско потекло, затоа сите што се одлучиле да бидат христијани немаат никаква потреба од него и тие брошури ке си останат непродадени .
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 00:13
Покрај правилото на Св. Серафим Саровски, има и други правила

Пример:


Правило што му го даде ангел Господов на Св. Пахомиј Велики:


1. Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нè. (3)

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Свети Бесмртни, помилуј нè.

Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј нè.

2. Отче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насуштен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.

3. Господи, помилуј! 12 пати.

4. Пријдете да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог.
   
   Пријдете да Му се поклониме и да паднеме пред Христа – Царот и нашиот Бог.
   
   Пријдете да Му се поклониме и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.

5. Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене. Пред Тебе единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш справедлив кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но, Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја. Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати. Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене. Не отфрлувај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме. Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда. Господи, отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја; оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже не отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

6. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата и на сè видливо и невидливо;

И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;

Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;

И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и страдаше и беше погребен;

И воскресна во третиот ден, според Писмото;

И се вознесе на небо и седна оддесно на Отецот;

И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Неговото царство не ќе има крај;

И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отецот, на Кого Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот, и Синот и Кој говорел преку пророците;

Во една, света, соборна и апостолска Црква;

Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;

Го чекам воскресението на мртвите;

И животот во идниот век. Амин.

7. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот (грешната). 100 п.

8. Достојно е, навистина, да те ублажуваме Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме.

Светителот, ова правило, го кажувал на секој час во денот и во ноќта.

Ти кажувај го, ова правило, на секој час од кога ќе станеш до легнување.


Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:49
Ако имате духовен отец, тој ќе ви помогне (определи), според вашите духовни сили, што и во колкава бројка ќе треба да кажувате.

Еве еден пример:

КРАТКО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ ЗА СВЕТОВНИТЕ ЛУЃЕ


Станувајќи од сон, секој христијанин нека застане пред светите икони и да ги прочита следните молитви.

1. Молитвата Господова („Оче наш") - трипати.

2. Молитвата на Богородица („Богородице Дево") - трипати.

3. Символ на Верата - еднаш.

Откако ќе го изврши ова правило, нека се занимава со работата на која е поставен или повикан. А додека работи во куќата или патува, каде и да се наоѓа, тивко нека ја изговара Исусовата молитва:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)!"

или

„Господи Исусе Христе, Сине и Логосу (Слово) Божји, заради Богородица, помилуј ме!"

Ако, пак, е опколен со луѓе, нека ја извршува својата работа, а само со умот нека говори: „Господи, помилуј!"

Пред ручек нека го изврши горенаведеното утринско правило.

По ручекот, извршувајќи го своето редовно задолжение, тивко нека изговара:
„Пресвета Богородице, помилуј ме грешниот (или грешната)!" или „Богородице Дево..." И така нека продолжи се до времето за починка.

Одејќи на спиење, повторно нека го прочита посоченото молитвено правило, оградувајќи се со знакот на крстот (прекрстувајќи се), тивко или само умно изговарајќи ја „Исусовата молитва" додека не заспие.

Пазејќи го оваа правило, можно е да се достигне до мерката на христијанското совршенство, бидејќи наведениве три молитви се темел на христијанството:

првата - ни ја даде самиот Господ и таа е образец на сите молитви;

втората - ја донесе од небото архангел Гавриил како поздрав на Пресветата Дева Марија, Мајката Божја;

Символот на верата - ги содржи во себе сите спасоносни догми на православната христијанска вера.

Покрај ова молитвено правило, свети Серафим Саровски на секому му ја советувал и чудотворната молитва „Богородице Дево", секој ден внимателно да ја прочита одеднаш сто и педесет пати.

Секој што го почитувал ова правило по совет на свети Серафим Саровски, му останал благодарен за целиот живот.

По смртта на Свети Серафим, е пронајдена во неговата ќелија тетратка со опис на чуда што се случувале на оние што го држеле оваа правило.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:26
Колку често треба да се кажува Исусовата молитва? Треба ли консултација со духовен отец, ако сакаме да ја практикуваме?
Кон врв
vesnaa Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 11:42
Gospodi Boze, isceli gi nash*te duh, dusha i telo.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 05:31
Gospodi Isuse Hriste, pomiluj me mene gresniot!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 22:11
Татко наш небесен, освети не во Твојата вистина. Твоето слово е вистината!
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 21:21
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не

Mnogu ubo, spolaj ti gospodi pomiluj ne svitina
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 23:33


Господи Исусе Христе, помилуј не!


Опитен, брате, во Христа Господа - Христос помеѓу нас!!!

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 21:51
Драги браќа, не забележувате ли дека сте офф топик?

темата беше за Исусовата молитва.

Почитуван Мики, што воопчто си го трошеш времето и му даваш можност да си зема поголема сила. Нели Господ рече ако некој еднаш или двапати не те послуша остави го и нека биде како незнабожец. Светото Писмо место избор на жива вода која не ослободува го направија мртво слово на заробување и со тоа до крај го унакажаа, па дури и идол го направија. Ако тој мисли дека може да се спаси без дела, само со едно исповедување нека прави така. Ние сета наша надеж да ја положиме во милосрдието Божјо преку личното покајание и добродетелен живот.

А сега да се вратиме на темата.

Господи Исусе Христе, помилуј ме!

Господи Исусе Христе, помилуј ме!

Господи Исусе Христе, помилуј не!


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.