IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВЕТИ МОШТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВЕТИ МОШТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака Обратен редослед
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 05:45
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во II век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во III век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
 
 
 
МОрам да те потсетам на ова од погоре!!!
 
факт е дека ништо не си прочитал....
 
 
ајт поззголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 05:01
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите. Зацарувало суеверие, по баснословни цени се продавала на пример грутка земја од Палестина, заб од “светец“, коска од некој "апостол" итн.
За време на крстоносните војни овие заблуди уште повеќе зеле замав. Католиците веруваат дека имаат глави од апостоли, капки од Христовата крв, коса од дева Марија, главата на Јован Крстителот, заб од апостол Петар, еден куп парчиња од Христовиот крст итн.
Непосредно пред реформацијата во 16-от век оваа заблуда земала толкав замав што тезгите изобилувале со некакви "парчиња" од "светците" - мошти, а луѓето ги купувале, или за да ги препродаваат (ќе го купиш од Рим за 10 златника, а ќе го продадеш некаде за 20 златника), или пак заведени од заблудата на официјалната црква, ги купувале за себе, им се молеле, им се поклонувале, ги бакнувале, ги фетиширале и мислеле дека со тоа си купуваат бонуси за своето спасение тага
Но дали ваквото обожавање на лешевите на верниците било и пракса на првите - изворните Христијани?
 
НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.
 
 
ЕВАНГЕЛОСголемо%20гушкање 
 
ЗА ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ!!!
 
КЕ ТЕ МОЛАМ  ПОТСЕТИ МЕ КОГА (год.) ОФОРМЕН БИБЛИСКИОТ КАНОН И БИГЛИЈАТА КАКО КНИГА И ОД КОГО?
 
 
 
Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.
 
"И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исус"
(Матеј 14:12)
 
Христос за Јован кажал дека е "најголемиот меѓу родените од жена" (Матеј 11:11), а сепак учениците не земале неговото тело за да го "моштифицираат", туку го погребале како што постапувале и со секое друго тело. Ако денес во католицизмот и православието имаме еден куп мошти од разно разни "светци", и ако тоа е богоугодно, тогаш колку повеќе требале учениците да не го погребаат телото на обезглавениот Јован и да направат од Него "свети мошти" пред кои потоа ќе се поклонуваат, ќе се молат, ќе ги бакнуваат, мирисаат итн како што денес се прави врз другите мошти на "светците"? Но, такво нешто не читаме во евангелијата.
 
Исто така, маченикот Стефан бил каменуван и починал, христијаните исто така не почнале да го фетишираат неговото тело, туку истото го погребале.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Истото се случило и со Христовите апостоли, истото се случило и со смртта на Авраам, на Мојсеј, на Илија, на Исак, Јаков, иста била судбината со телата на сите истакнати имиња на Божјите луѓе во Библијата - по смртта, тие не биле шетани по разно разни манастири, никој не им се поклонувал, никој не им се молел, никој не го бакнувал нивните лешеви, никој не точел "миризливо миро" од нивните безживотни тела, туку сите, сите до еден биле погребани.
 
 
 
 
Објасни го феноменот св.СПИРИДОН - еден од отците на I-от Вселенски Собор - Неговото тело после погребувашето останало НЕРАСПАДНАТО  и по БОЖЈА ПРОМИСЛА  изегло од замјата
за да СВЕДОЧИ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Зарем Бог нема да ги прослави оние кои Негпо непрекинато го слават за време на нивноит живот тука на земјата?
 
Тие се живи сведочи за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Тогаш што е тука со черепите на ПРВИТЕ МАЧЕНИЦИ ЗА ХРИСТА (ВИТЛЕЕМСКИТЕ МЛАДИЧИ - МОМЧИЊА) 
 
Нивните черепи денес денес се наоѓаат во КИЕВО-ПЕЧЕРСКАТА ЛАВРА - и испуштајќи миро сведочат за Христовите настани!!! -
 
Зарем некој 2000 години во нивните кивоти става „нешто“ ... за да течи и да мириса?
 
зарем не се нашол еден паметен да им каже: чекај те бре луѓе што правите?
 
или ова е уште еден феномен за СВЕТСКАТА НАУКА - РУСКИТЕ (УКРАИНСКИ ) НАУЧНИЦИ
 
ДНК -  анализа - интересна работа!!!
 
Каде е тука св. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ - МИРОТОЧИВ!!!
 
Неговата чудотворна моќ многу години го објавува ИМЕТО ХРИСТОВО!!! И ХРИСТОВАТА ВЕРА КАКО ВИСТИНСКА!!!
 
За неговото миро сведочат Крстоносците, (бтв -  не заборавајте дека КРСТОНОСНИТЕ ВОЈНИ БЕА ДИРЕКНО НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ЦРКВАТА НА ИСТОК!!! за ова сетете се кога покојниот папа ПАВЛЕ  јавно му се ИЗВИНИ  на Вселенскиот Патриарј Вртоломеј - за жртвите од крстоносните војни)
 
Значи самите Крстоносци кажуваат дека со мирото што излегува од главата на св Димитриј - си „пржеле јајца, си ги бришеле чевлите, ... и уште многу  други погани работи ... јасно сведочи за историската реалност (мироточивост) на Божјите слуги - кој непрестајно го слават името Божјо !!!
 
Зарем некој е луд 1700 години да си игра мајтап со нас?
 
Зарем јас и ти сме попаметни од ЖИВАТА ЦРКВА И ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ
?
 
Како можеме да ги негираме живите ХРИСТОВИ ИСПОВЕДНИЦИ - кои целиот свој живот го предале на Христа;
кои за врем на целиот свој живот и со дела и со зборови непрекинато сведочеле  за Него
 
ЗАРЕМ БОГ НЕМА ДА ГИ ПРОСЛАВИ СВОИТЕ СЛУГИ!!
 
Сети се на разбојникот!!
 
Божјите слуги кој денес се ОД ДЕСНАТА СТРАНА И НЕПРЕКИНАТО ГО СЛАВАТ ИМЕТО БОЖЈО - СЕ НАШИ МОЛИТВЕНИЦИ И ЗАСТАПНИЦИ ПРЕД СПАСИТЕЛОТ - ЗА ДА СЕ СЛАВИ НЕГОВОТО ИМЕ ВЕЧНО - СЕГА, СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ! АМИН!!
 
Тие заедно со разбојникот се молат за нас -  БОГ ДА ГИ ПРОСВЕТЛИ НАШИТЕ ДУШИ. И СИТЕ ПРЕКУ НЕГО ДА ДОЈДЕМЕ ДО ПОЗНАВАЊЕ НА ВИСТИНАТА!!!
 
АМИН!!!
 
 
 
п.с.
 
незнам колку време ке ми треба да седнам да пишувам за чудата на божјите угодници кои го слават Христа и сведочат за неговото СЛАВНО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!!
 
те чекам негогаш, негде на кафе!!!!
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 


Изменето од Tetratka - 30.Септември.2008 во 05:04
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 00:32
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите, па тие ги обожувале јунаците, им посветувале храмови, внесувале болни пред ликовите на јунаците особено пред Ескулап (татко на лекарите).
Како што се ширело христијанството, за жал тоа наидувало на веќе пагански средини кои тешко можеле одеднаш да се откажат од нивните многувековни обреди, татковски преданија, традиции, обичаи, ритуали итн.
Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите. Зацарувало суеверие, по баснословни цени се продавала на пример грутка земја од Палестина, заб од “светец“, коска од некој "апостол" итн.
За време на крстоносните војни овие заблуди уште повеќе зеле замав. Католиците веруваат дека имаат глави од апостоли, капки од Христовата крв, коса од дева Марија, главата на Јован Крстителот, заб од апостол Петар, еден куп парчиња од Христовиот крст итн.
Непосредно пред реформацијата во 16-от век оваа заблуда земала толкав замав што тезгите изобилувале со некакви "парчиња" од "светците" - мошти, а луѓето ги купувале, или за да ги препродаваат (ќе го купиш од Рим за 10 златника, а ќе го продадеш некаде за 20 златника), или пак заведени од заблудата на официјалната црква, ги купувале за себе, им се молеле, им се поклонувале, ги бакнувале, ги фетиширале и мислеле дека со тоа си купуваат бонуси за своето спасение тага
Но дали ваквото обожавање на лешевите на верниците било и пракса на првите - изворните Христијани?
 
НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.
 
Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.
 
"И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исус"
(Матеј 14:12)
 
Христос за Јован кажал дека е "најголемиот меѓу родените од жена" (Матеј 11:11), а сепак учениците не земале неговото тело за да го "моштифицираат", туку го погребале како што постапувале и со секое друго тело. Ако денес во католицизмот и православието имаме еден куп мошти од разно разни "светци", и ако тоа е богоугодно, тогаш колку повеќе требале учениците да не го погребаат телото на обезглавениот Јован и да направат од Него "свети мошти" пред кои потоа ќе се поклонуваат, ќе се молат, ќе ги бакнуваат, мирисаат итн како што денес се прави врз другите мошти на "светците"? Но, такво нешто не читаме во евангелијата.
 
Исто така, маченикот Стефан бил каменуван и починал, христијаните исто така не почнале да го фетишираат неговото тело, туку истото го погребале.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Истото се случило и со Христовите апостоли, истото се случило и со смртта на Авраам, на Мојсеј, на Илија, на Исак, Јаков, иста била судбината со телата на сите истакнати имиња на Божјите луѓе во Библијата - по смртта, тие не биле шетани по разно разни манастири, никој не им се поклонувал, никој не им се молел, никој не го бакнувал нивните лешеви, никој не точел "миризливо миро" од нивните безживотни тела, туку сите, сите до еден биле погребани.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 17:33

Преподобен Јустин Поповиќ

brjancaninov.jpg

Материјата во човековото тело, без сомнение, е претставена на најзагадочен, најтаинствен и најсложен начин. Мозок!? Какви чидесни тајни се извршуваат меѓу неговата материја и душата! Колку и да се обидуваат луѓето, нема да можат да ги разберат тие тајни. Само мал дел од нив му се достапни на човековото сетилно–разумско спознание. Исто е и со срцето човеково – сето е исткаено од небо-земни тајни. Така е исткаена и секоја клетка во човечкото тело, и секоја молекула, дури и секој атом. Сè се движи по својот таинствен пат кон Бога, кон Богочовекот. Зашто, материјата е создадена од Бога Логосот, и со самото тоа таа е богоцентрична. Со своето доаѓање во нашиот земен свет и со своето севкупно богочовечко домостроителство за спасение на светот, Господ Исус Хрстоис покажал дека не само душата, туку и материјата е создадена од Бога и за Бога; покажал дека постои Богочовек. Зашто, создадената материја од Бога Логосот со сиот свој внатрешен нерв е – богостремежна и христоцентрична.

Очигледен доказ за тоа е што Бог Словото станал тело, се вочовечил (Јован 1:14). Со самото тоа материјата била удостоена со божествено величие и влегла во благодатно-добродетелен подвиг на боговочовечување, на охристовување. Бог станал плот, се вочовечил, за да, станувајќи човек, сето тело го прими во себе Бога и се исполни со Негови чудотворни сили. Со Богочовекот Господ Христос, со Неговото тело, сета материја се упатила по Христовиот пат: пат на боговочовечување, преобразување, осветување, воскресение, вознесение кон надхерувимска слава и вечност. И сето тоа се случува преку богочовечкото тело на Црквата, која е Богочовек Христос во целосна полнота на својата богочовечка личност, полнота којашто „исполнува сè во сè“ (Ефесјаните 1:23). Со тој свој богочовечки живот во Црквата, телото како материја, како твар се осветува од Светиот Дух и со самото тоа се утројчува од Пресветата Троица. Така материјата ја достигнува својата највисока божествена смисла и цел, своето вечно блаженство и својата богочовечка бесмртна радост.

Светоста на светиите, светоста на нивните души и на нивните тела, како свој извор го има ревносниот благодатно-добродетелен живот во богочовечкото тело на Црквата Христова. Така, светоста ја опфаќа сета севкупност на човековата личност: сета душа и сето тело, сè што влегува во таинственото устројство на човековото битие. Светоста на светиите не се состои само во светоста на нивната душа, туку неминовно се распростира и на нивното тело – во светиите, свети се и душата и телото. И ние благочестиво ги почитуваме светиите, ја почитуваме нивната севкупна личност, не разделувајќи ја притоа на света душа и на свето тело. Оттука и побожното почитување на моштите на светиите – природен составен дел на побожното почитување и молитвено повикување на светиите. Сето тоа останува единствен неделив подвиг, како што и телото и душата остануваат единствена неделива личност на светиот. Во текот на својот земен живот, светиот со постојано и хармонично благодатно-добродетелно содејство на душата и телото ја постигнува светоста на својата личност, ги исполнува со благодатта на Светиот Дух и душата и телото, и така ги претвора во сад со свети тајни и со свети добродетели. Затоа е сосема природно да се оддава побожно почитување и на едниот и на другиот сад исполнети со Божја благодат. Зашто, благодатната Христова сила проникнува и ги исполнува со благодат и сите други составни делови на човековата личност, и сета личност како целина. Со постојани евангелски подвизи светите постојано се исполнуваат со Светиот Дух, така што и нивните свети тела стануваат храм на Светиот Дух (1 Коринтјаните 6:19; 3:7). Вселувајќи го со вера Христос во своето срце, со дејствена љубов и со исполнување на заповедите – Бога Отецот, и утврдувајќи се со благодатни подвизи во Светиот Дух, светите се утројчуваат, стануваат пребивалиште на Пресвета Троица, храм на живиот Бог, и сиот нивен живот протекува – од Отецот, преку Синот во Светиот Дух. Почитувајќи ги светите мошти на светиите, Црквата ги почитува храмовите на Светиот Дух, храмовите на живиот Бог, во кои Бог живее со својата благодат и по телесната смрт на светиот, и според свое премудро благоволение, твори чуда – од нив и преку нив. И тие чуда, коишто се случуваат преку светите мошти, сведочат дека нивно побожно почитување од страна на луѓето му е угодно на Бога.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 17:24

СВЕТИ МОШТИ

Свети мошти се остатоците од телата на светителите. Црквата не го вовела почитувањето на светите мошти со позитивна наредба, туку тоа го сторил народот, а Црквата само го допуштила.
Светителите се осветени како луѓе кои имале тело и дух. Оној којшто го почитува ликот на светителот, не може а да не го почитува и неговото тело, кое за време на животот било во најтесна врска со духот на светителот, а кое и по смртта, во извесна смисла, ја задржува таа врска.
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во ИИ век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во ИИИ век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
Антиминс - така се нарекува четвороаголното платно на кое е насликано погребението Христово, а во кое се вшиени мошти од маченици или светители. Неговите почетоци датираат од времињата на гоненијата, кога многу често незнабожечките гонители ги изненадувале христијаните за време на богослуженијата и на светата Евхаристија. Затоа, наместо постојан престол се користело осветено платно, во коешто, при ненадејните напади од гонителите, можеле да се завиткаат светите дарови и да не ги остават да бидат осквернети. А бидејќи најстарите цркви биле подигувани над гробовите на мачениците, подоцна се започнало во платното да се вшиваат и мошти од мачениците. Денес во секоја црква обично има антиминс, којшто за време на светата Литургија се распостелува на престолот во олтарот.  Според св. Исидор Пелусиот, антиминсот го означува платното со кое било обвиткано телото на Господ Исус Христос во гробот.
 Уште одамна, откако моштите на светителите почнале да пројавуваат чудотворна моќ, а посебно од 4 век па наваму, христијаните почнале да практикуваат и поклонички патувања на гробовите од светителите.
Нетрулежноста на телата од светителите е веќе посебен знак на Божја потврда за светоста, а често се случува од нив да излегува добромирисно миро. Тие светители, како свети Димитриј, свети Никола и др., затоа и се нарекуваат мироточиви.
Моштите на светителите се изложуваат на јавно почитување. Но, почитувањето на светителите, на иконите или моштите, всушност, е почитување на Бога, Кој е „прекрасен меѓу своите светии“.

Извор: Православен пат

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.