![]() |
|
Поуки од Светите Отци |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 32> |
Автор | |
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Старец Ефрем Катунакиски |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
св.Јован Дамаскин Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Старец Софрониј
... Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2). |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Григориј Палама
О Божествена Дево! Како да Те прославам Тебе, Која Си ризница на славата? Тие што се сеќаваат на Тебе се осветуваат само спомнувајќи Те, на тие што се устремуваат кон Тебе умот им бива просветлен, зашто се вознел кон Божествените висини; со Тебе се просветлува духовното око, и Духот Божествен со Тебе слегува и го просветлува срцето на човекот, зашто Управителка на сите благодатни дарови Си, Која не за Себе ги чува, а сета вселена со благодат ита да ја преисполни. На неисцрпните богатства Управителот им е назначен само за да ги распореди. Та кој би го чувал богатството што не може да биде намалено? Затоа, Владичице, подај ни ги изобилно оние блага, а ако ние се покажеме недостојни да ги примиме, направи нѐ подготвени и за нас Сама одмери ги, зашто во Твоите раце сѐ Ти е предадено... |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Максим Исповедник
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
стерец Ефрем Филотејски
Зачестеноста на молитвата создава навика за молитва, која што набрзо станува втора природа и често ги доведува умот и срцето до повисока духовна состојба. Зачестеноста на молитвата е единствен начин да се досегне вистинската и чиста молитва. Честото кaжување ги создава најдобрите услови за ефективна подготовка за молитва и најсигурниот пат за достигнување на крајната цел на молитвата и спасенито. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Григориј Палама
Преку Неа луѓето примаат благодат. Ниту еден дар во Црквата не е примен без помош на Мајката Божја, која е првина на прославената Црква. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Старец Јосиф Спилеот
Твоите усни непрестајно нека ја изговараат молитвата: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Твоето дишење нека се приврзе за Името на нашиот Спасител. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот ќе се навикне да го изговара тоа со внатрешното слово. А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат. Така малку по малку, внатре во тебе ќе се создаде небо – рај, а ти тоа нема ни да го приметиш. Знај само дека сѐ, почеток и крај на секое добро, е Христос. Ние ништо не можеме сами да направиме ако Христос не содејствува со Својата божествена благодат. Најпрво Тој ни се откри, па потоа ние Го спознавме. Ние Го љубиме Него бидејќи Тој првин нас нѐ возљуби. Ако Тој не подејствува во нас, доброто нема да се покрене. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
свети Теофан Затворник Бог го створил човека заради блаженств, и тоа блаженство токму во Него, преку живо општење со Него |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
свети Теофан Затворник Објаснување на растројството кое низ прародителскиот грев влегло во човечката природа. Општењето со Бога служело како извор за господарење на духот над душата и телото. Преку нарушување на заповедите човек се одвоил од Бога и ја изгубил власта над душата и телото, потчинувајќи му се на владението на страстите. Слика на човекот кого после падот го растргнуваат страстите. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Старец Јосиф Спилеот
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“ Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“ А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“ А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“ Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот, барем едниот истрпете го.“ Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“ А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“ Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“ Му рече Старецот на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“ А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Треба да се молите.“
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го прашаа авва Агатон: „Што е поголемо: телесниот труд или внатрешното воздржување?“ Старецот одговори: „Човекот е сличен на дрво. Значи, телесниот труд се лисјата, а внатрешното воздржание плодот. Зашто, напишано е: „секое дрво што не раѓа добар род се сече и во оган се фрла“, па јасно е дека треба да се грижиме за плодот, односно за воздржанието на умот. А потребна е и покривката и украсот на лисјата, што е телесниот труд.“
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Исаак Сирин
Кој е просветлен во своите мисли? Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила за низ неа да не навлезе во него копнежот за овој живот и му го покраде целото богатство. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |