|
КОШАРКА - новости |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 21> |
Автор | |
ariela
Група Регистриран: 15.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јуниорките пак изгубија денес од Данска со 11 негатива.
Утре во 12 на МРТ. |
|
forever in my heart,no matter what..
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПО ДЕСЕТ ДЕНА ПОДГОТОВКИ ВО БОРОВЕЦ, ДЕНЕСКА (17 ЧАСОТ), ВО СОФИЈА. СЕНИОРИТЕ НА ПРОВЕРКА ПРОТИВ БУГАРИЈА Вистинска "контрола", пред сe за Мејси Најтешкиот дел е зад избраниците на селекторот Јовица Арсиќ. Оние т.н. "висински подготовки" во Боровец завршија. Финалето е закажана за денеска, во 17 часот, но во Софија, кога црвено-жолтиот состав на Македонија ќе ја има првата посериозна проверка на сработеното. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОТКАКО ОД МОНТЕПАСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЉУБЉАНСКА УНИОН ОЛИМПИЈА
Илиевски ќе игра на турнирот во Скопје? "Доаѓам во Скопје, најверојатно на 15 август, значи ќе конк*рирам за место во селекцијата за проверките со Турција, Црна Гора и со Романија"- вели Илиевски... ... Потписот на договорот со старо-новиот клуб, од технички причини, одложен за една недела... Можеби тоа го може само тој. Да изненади, и тоа пријатно. Иако одамна најави дека ќе им се приклучи на репрезентативните другари на 18 август, Владо Илиевски ќе го направи тоа порано. Во Скопје се враќа на 15 август, ден пред почетокот на силниот меѓународен турнир кој ќе го организира нашата федерација. Согласно со тоа ќе го чека неговата репрезентативна "шестка". Но, тој и покрај својата играчка големина останува помалку скромен. Во свој стил коментира. "Доаѓам неколку дена порано во Скопје, најверојатно на 15 август. Значи ќе влезам во конк*ренција за место во националниот тим за оној турнир"- вели Илиевски од Љубљана. Самото споменување на главниот град на Словенија дава многу асоцијации, најмногу поврзани со останување на нашиот репрезентативен бек во најтрофејниот словенечки кошаркарски колектив. "Ако ме прашувате за тоа, официјално не сум го потпишал договорот со Унион Олимпија за кој толку се зборува во последно време. Да, имаме договорено најголем дел од работите, но барем засега, тоа го одоложуваме за една недела. Веројатно е дека ќе биде официјализирано пред да се вратам во Македонија"- вели Илиевски. Враќањето во редовите на "змајчеките" Илиевски би требало да го прослави и проширување на семејството. Момент кој нема да го остави во целосен мир можеби и на почетокот на квалификацискиот циклус? "Некои, како да ги наречам, прогнози, се дека мојата сопруга треба да се породи на 4 или 5 сепотември. Тоа се совпаѓа со периодот на нашето гостување во Рига и пред дуелот со Португалија, три дена подоцна во Скопје"- вели Илиевски. "Затоа е можно, макар за кратко време, да 'скокнам' до Љубљана, па оттаму да се вратам за Скопје". Полека заборава на Монтепаски и двете години во Сиена. "Мислам дека не бев доволно испочитуван, а искрено полека почна да ми биде досадно да седнам и од клупата да ги гледам игрите на Монтепаски. Добро е во целата оваа ситуација што кога ќе се вратам во репрезентацијата ќе бидам мирен во тој поглед, значи со клуб во кој знам дека ги ценат сите мои квалитети и играчки и човечки"- смета нашиот интернационалец. "Освен тоа, договорот е на две години, сосема доволно и за мене и за моето семејство. Овде сме 'дома', што е доста битно во една ваква ситуација. За мене како играч играњето повторно во Унион Олимпија е предизвик. Жал ми е што Примож Брезец не се врати тука, ќе бевме уште посилни во следното издание на Евролигата. Се одлучи за Италија, но убеден сум дека раководството ќе направи сериозни напори да се формира евролигашка екипа која ќе има своја улога во следната сезона" - се надева Илиевски во пресрет на враќањето на репрезентативните обрски. Мејси на Боровец - официјално! По неколкудневно дознење, наводно поради проблемите со 'редатумирањето" на авионската карта, стручниот штаб на нашата репрезентација конечного дочека доаѓањето на Џеремаја Мејси. Како што најавија од КФМ, новиот Македонец пристигна вчера попладне на софискиот аеродром од каде во друштво со директорот на репрезентацијата, Илија Мерџановски, брзо беше транспортиран до "базата" во Боровец. Со оглед на тоа дека има само два дена за "аклиматизација", прашање е колку селекторот Јовица Арсиќ ше може да го искористи нашиот нов Американски адут на првата "контрола" закажана за 1.1 август во главниот бугарски град против домашната селекција. |
|
|
|
ariela
Група Регистриран: 15.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска:
19:30 СРЦ Кале - Македонија - Естонија (МТВ1) |
|
forever in my heart,no matter what..
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТЕСЕН ПОРАЗ НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ ВО 2. КОЛО ОД ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б" Среќата на страната на израелките ИЗРАЕЛ - МАКЕДОНИЈА 80:76 Македонската женска јуниорска репрезентација загуби од Ирзаел со
тесни (76:80) во второто коло од ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркарки
"под 18" години. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
ariela
Група Регистриран: 15.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕЧЕР ВО 19:30, САЛА ЈАНЕ САНДАНСКИ.
МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА |
|
forever in my heart,no matter what..
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Блажевски се враќа во црвено-жолтиот дрес
Уште една, би се рекло "крилна" грижа помалку ќе има стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација откако Перо Блажевски одлучи, сепак, да се приклучи на подготовките на "црвено-жолтите". Под доста убедувања, еден од кошаркарите со најголем број настапи за сениорската репрезентација одлучи дека с$ уште не е време за репрезентативна "пензија" и е подготвен да помогне во оваа репрезентативна "акција" која треба да н$ одведе на завршницата на ЕП 2009 година во Полска. "Не сум човек кој често менува одлуки, тоа го знаат сите кои добро ме познаваат Но овој пат морам да го сторам тоа. Иако бев решен, и тоа многу одамна да не играм повеќе во репрезентацијата, сепак, ќе се приклучам на нашиот национален тим"- потврдува искусното крило. Веројатно тоа нема да биде во наредните неколку дена од проста причина што Блажевски има проблеми со патната исправа. "Пред неколку дена поднесов барање за издавање нов пасош. Доколу тоа биде решено брзо, можно е да патувам за Бугарија. Но во моментов е многу пореално да ги сочекам колегите овде, во Скопје, и да им се приклучам од почетокот на следната недела. Во меѓувреме ќе работам индивидуално за да ги стигнам во онаа физичка подготовка"- додава Блажевски. Не треба да се трошат други зборови да се објасни самото присуство на Блажевски кај "црвено-жолтите", кои веќе станува и хронично, се "најтенки" токму на крилната позиција. Во моментов селекторот Арсиќ може да смета единствено на Диме Тасовски, а по потреба, Ристе Стефанов и Војдан Стојановски може да се "качат" на позицијата "3". Тешко е дека во скоро време Марјан Ѓуров може да влезе во сериозна конк*ренција, па враќањето на Блажевски може да се оцени како "полн погодок", и се чини во вистинско време, на неполн месец пред првиот квалификациски дуел, со Летонија, закажан за 3 септември во Рига. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добар предзнак за она што доаѓа
БУГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА 100:93 (16-28, 24-22, 30-27, 30-16) БУГАРИЈА: Иванов, Радионов 5, Виденов 19, Бозов 4, Врбанов 5, Ангелов 16, С. Георгиев 12, Великов, Младенов 2, Стојков 16, З. Георгиев 4, Џабер 15; МАКЕДОНИЈА:В. Стефанов 24, Самарџиев 1, Петровски 2, Р. Стефанов 24, Соколов 3, Тасовски 5, Гоцевски, Антиќ 18, Стојановски 3, Самарџиски 14; Со некомплетен состав во кој недостасуваат неколку ударни играчи како Гечевски, Илиевски и новото американско засилување Мејси, машката сениорска репрезентација на Македонија забележа "тесен пораз" на првата контролна средба од подготовките за ЕП во Полска. Малку подобри, и тоа во финишот од натпреварот, беа нашите традиционални домаќини, селекцијата на Бугарија, која го доби првиот дуел со 100:93. Без оглед на "затвореноста" на овој меч, сепак, излегоа доста детали за оваа прва проверка на нашиот национален тим. А таа покажа дека нашата селекција има добра подлога, особено ако се знае дека "црвено-жолтите" доминирале во најголемиот дел од средбата, иако зад себе имаат само пет-шест планински тренинзи во Боровец. "Со оглед на нивото на нашата физичка подготвеност, мислам дека она што го прикажавме против домаќинот ни дава една добра слика за можностите на оваа селекција" - вели капитенот Врбица Стефанов. Токму тандемот Стефанов бил во преден план, особено во шутерските активности. И ако за Ристе тоа е можеби и за очекување, радува што и капитенот полека ја наоѓа својата шутерска форма. "Рано е да се зборува за тоа, сепак, добро е кога во еден ваков дуел, згора на тоа прв по само неколку дена работа, функционираме сосема коректно, да не кажам одлично"- смета предводникот на нашиот национален состав. Посебно што во овој момент играме со преполовена центарска линија во која Јовица Арсиќ ги има на располагање само Предраг Самарџиски и Перо Антиќ (не играше Гоцевски). Стефанов смета дека ќе биде уште подобро кога на располагање ќе ги имаме и Гечевски и Мејси, секако и Илиевски. "Ова треба да ни биде показател како да одиме понатаму. Сигурно е дека сликата ќе биде друга кога ќе се комплетираме. Би сакал да биде што е можно побрзо, како би имале увид, колку навистина можеме" - дополнува Стефанов. Конечно, Мејси! Џеремаја Мејси, конечно, во Бугарија, поточно во Боровец. Голем камен му падна од плеќите на нашиот стручен штаб кога во друштво на директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски, новиот американски адут со мак-пасош дојде во нашата база во хотелот "Самоков" на Боровец. Мејси, кој пред извесно време стана нов играч на Реал Мадирд, ќе има неколку дена за "запознавање" со своите нови соиграчи пред онаа првата официјална "пријателска" закажана за 11 август во Софија против репрезентацијата на Бугарија. |
|
|
|
ariela
Група Регистриран: 15.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
браво за напите кошаркарки. приредија многу добар натпревар.браво...
кои утакмици се за денеска каде и во колку?? |
|
forever in my heart,no matter what..
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕСКА, ВО СКОПЈЕ, ПОЧНУВА ЖЕНСКОТО ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б" ЗА СЕЛЕКЦИИ "ПОД 18" ГОДИНИ Брз "излез" од психолошката блокада "По повторената ждрепка на групите, се паднавме во најтешката група на ова првенството" - вели селекторот Костовски. "Ако се земе предвид квалитетот, и особено оној момент дека ќе се игра во Скопје, каде девојчињата играат под дополнителен притисок, важиме за аутсајдери во групата. Но ќе се бориме да одиграме што е можно поквалитетно и на едно завидно ниво да ја претставиме нашата кошарка". По точно педесет дена работа дојде момент да се види што и колку може нашата женска јуниорска репрезентација. "Дефинитивно,
ќе играме во најтешката група. Погледнете ги нашите ривали, Израел,
Словенија, Португалија, Естонија, нема друга таква група на
првенството" - смета селекторот Светислав Костовски. "Освен тоа немаме
никакви сознанија за противниците. Затоа можам да кажам дека почнуваме
како аутсајдери. Не само заради квалитетот, туку и поради фактот што
играме во Скопје. Место каде девојчињата чувствуваат, би рекол, некој
дополнителен психолошки притисок. Дали е тоа условено од присуство на
нивните најблиски, не знам"- смета Костовски. "Работевме,
до денеска, бевме заедно 50 дена. Ова е петто собирање на оваа
селекција која полека го фати оној потребен континуитет. Она неискуство
го решаваме полека. Програмата за работа ја реализиравме во целост. Од
оние базични подготовки во Виница, па с$ до седумте контролни
натпревари во текот на подготовките, последната со Луксембург, кога се
почувствуваа таа психолошка блокада, која верувам дека со добри игри на
првенството ќе ја надминеме. Верувам во нив во она што го работевме"-
дообјасни селекторот Костовски, кој не заборави да каже дека конечно
оваа селекција почувствувала дека не е, пред с$ медиумски, запоставена. ЈЕЛЕНА АНТИЌ, КАПИТЕН НА НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА ГРУПА А МАКЕДОНИЈА НА ЕП ДЕНЕСКА, ВО КАВАДАРЦИ, СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН Се "пали" Фени Индустри Со денешниот прв собир и
официјално стартува подготвителниот период на македонскиот шампион и
освојувач на двојната круна, Фени Индустри "Малинков и Андоновски ја добија програмата за работа и уверен сум дека ќе биде спроведена онака како што треба"- вели Рајковиќ. "Во оваа уводна фаза ќе се работи на физичката подготовка. Планирано е по десетина дена рабита во Кавадарци, оној втор дел да го реализираме на Маврово". Извесно е дека почетниот дел од поготовките ќе го пропуштат и новите странски засилувања, пред с$ Лоренс Мек Кензи. Во Кавадарци го очекуваат и доаѓањето ја Доналд Кол, кој има повратен билет од Америка, со кој треба да се утврдат завршните детали од новиот договор. Со подготовките треба да стартува и најголемото летно засилување за кавадарчани, повратникот во мак-баскетот, Ѓорѓи Чековски. И за крај... ГРЧКИТЕ СЕНИОРКИ ПРЕСИЛНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ Стартен пораз од домаќинот ГРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА 89:42 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНИЈА СЕ ПЛАСИРА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б" ВО РОМАНИЈА Не бевме фини со Финците МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА 79:63 Селекцијата на Македонија "под 20" години се пласираше во
четвртфиналниот дел на ЕП од Дивизијата "Б" кое се одржува во Тургу
Муреш. "Го
знаевме тоа, затоа и инсистирав топките да одат долу на центрите. Се
покажа како победничка, особено што Јанески знаеше да ја искористи
својата предност под кошот. Останавме доследни и по првата четвртина
која беше и најизедначена. Знаевме дека ќе дојдат до израз оние наши
технички квалитети"- анализира селекторот Емил Рајковиќ. Системот
е таков, па ако сакаме нешто повеќе, ќе мора да бараме победа во овој
дуел, кој ќе биде ѓаволски тешко да се добие. Досега направивме доста,
но не се задоволуваме со тоа. Јасно е дека сме во потешката половина од
'костурот' на ова ЕП, се знае и зошто ако се погледне онаа другата во
која е домаќинот. Освен нас тука е и Шведска, со која вкрстуваме во
наредното коло, исто така добра селекција. РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЛАСИС ВЛАИКИДИС ТЕШКО ГО ДОЖИВЕА РАСПАДОТ НА НЕГОВАТА СТРУМИЦА
"Благодарам" Струмица! "Сепак, последни го напуштивме бродот. И навистина е голема штета што нема да има екипа каква што беше Струмица"- констатира разочарано човекот кој ја донесе шампионската титула во Струмица. "Би се вратил да работам во некоја друга екипа, зошто да не"- вели Влаикидис. Беше подготвен да се врати, и се врати во како што вели, во неговата Струмица. Дури и повеќе од еден "обичен" шеф на стручниот штаб. Освен тренерските, да ги искористи и "блиските врски" со луѓе кои се подготвени да инвестираат и понатаму во струмичката кошарка. За жал, ниту тој, ниту претседателот Панајотис Карапиперис не можеше да се одбрани, би го нарекле, од "последниот напад". Ниту дваесетина дена подоцна откако дозна за лошото струмичко сценарио, Власис Влаикидис тешко го преживува фактот дека веќе нема да ја има Струмица. Клубот на кој му подари и шампионска титула и кој беше подготвен, кој му ја отвори вратата, да направи уште еден обид, загубеното од ланската да го врати во оваа сезона. "Се обидовме, дадовме с$ од себе да застанеме цврсто на двете нозе. Мислам дека бевме на чекор да успееме во тој наш обид. Морам да признаам дека најдовме спонзори кои беа подготвени да 'влезат' во нашата екипа. Но, некоја поголема сила го растури клубот. Некој очигледно сакаше да биде поинаку. Сепак, последни го напуштивме бродот. И навистина е голема штета што нема да има екипа каква што беше Струмица"- констатира разочарано човекот кој ја донесе шампионската титула во Струмица. Влаикидис не заборава да каже чии се најголемите заслуги што Струмица беше и шампионски град. "Морам да истакнам дека во целата оваа работа господинот Зоран Заев беше столбот на кој се потпреа, се собраа повеќемина. Искрено, пред с$ како човек, ми е жал за ова низ што поминува сега. И се надевам уште поискрено дека многу брзо ќе се ослободи од целата оваа ситуација. Човекот заслужува еден голем респект и пред с$ почитување за с$ што стори за клубот, кој стана и шампионски. Не сакам сега да се гледа низ призма на актуелната ситуација. Дека токму овој човек е причината поради која нема прволигашка кошарка во Струмица. Тие треба да се побараат на друго место, односно во неподготвеноста на поединци да продолжат онаму каде што лани застанавме" - смета Влаикидис. "Би ги одвоил, односно во оваа пригода сакам да им се заблагодарам на навивачите, на нашите 'Ајдуци' за поддршката која ја имавме од нив, и тоа цело време, на цела кошаркарска Струмица "- заблагодарува грчкиот тренер. Знае дека тука не е крајот на мак-баскетот, а најголемите надежи ги "полага" во пласманот на нашите сениори на ЕП 2009 година во Полска. "Најискрено сакам вашата репрезентација конечно да ги мине оние квалификациски пречки и да се пласира на ЕП. На мојот пријател Јовица Арсиќ му посакувам успех, исто како и на федерацијата, особено на претседателот Даниел Димевски, на Дејан Лекиќ и на директорот Илија Мерџановски. Вложија голем труд во многу позитивни работи во и околку кошарката, да не зборувам за Струмица. И ред е тоа да им се врати со еден настап на Евробаскетот во Полска". Влаикидс не "бега" од можноста некогаш повторно да работи во нашата кошарка. "А зошто да не? Ако во некое скоро време добијам понуда, која важи за сериозна, со голема радост би се вратил повторно да работам во македонската кошарка"- порачува Влаикидис. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТЕСНА ПОБЕДА НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ НА ПОСЛЕДНАТА ПРОВЕРКА ПРЕД ЕП
Се спасувавме против нејакиот Луксембург МАКЕДОНИЈА - ЛУКСЕМБРУГ 65:61 13-20; 14-12; 21-16; 17-13) МАКЕДОНИЈА: Павловска, Јаневска 6, Муса 9, Тантуровска 2, антиќ 25, Догазанска, Митрашиновиќ, Божиновска, Раденковиќ 15, Хоџа 2, Рајчиноска, Решкоска 2; ЛУКСЕМБУРГ: Ј. Шрајнер 3, Хето, Л. Шрајнер 21, Кореја, Брускин 6, Маркус 3, Анже 14, Велш 3, Де Јонг 2, Вајнант 3; Во веројатно последната проверка пред почетокот на ЕП за селекции "под 18" години, женската јуниорска репрезентација на Македонија славеше победа над соодветната селекција на Луксембруг од 65:61. Победа која во секој случај носи загриженост во нашата селекција ако се знае дека е изборена во една доста слаба претстава во која противникот, не така јак, го имаше водството во поголем дел. Избраничките на Светислав Костовски почнаа доста слабо, Лин Шрајнер најчесто знаеше да ги користи сите пропусти, пред с$ во нашата одбрана. Луксебург оствари плус 7 во првиот период (20:13), предноста која ја задржа до одморот (32:27). Сепак, во третата четрвртина се разигра Јелена Антиќ, која беше и најзаслужна за резултатскиот пресврт. Во последниот период се влезе со нерешен резултат (48:48), а и финишот се покажа како неизвесен. Антиќ, која заврши со 25 поени, доби помош од Раденковиќ (даде 15 поени), на крајот можеби и пресудна за конечниот резултат на оваа "контрола". ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ЕП ЗА ЈУНИОРКИ ВО СКОПЈЕ Денеска, прес-конференција Онака како што е редот, на ден пред почетокот на ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркарки "под 18" години, денеска, со почеток во 12. чссот во просториите на КФМ ќе се одржи прес-конференција. На истата се очекува присуство на стручниот штаб, но и на членови на организациски от одбор на ова ЕП кои ќе говорат за подготвеноста на нашата селекција но и околу организациските детали на шампионатот. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ОД НОРВЕШКА, ДЕНЕСКА (14.45 ЧАСОТ), ПРОТИВ ФИНСКА СЕ БОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРВАТА "ОСУМКА"
Колективно на чекор до четвртфинале Машката селекција 'под 20" години ја забележа и втората победа на ЕП од Дивизијата "Б" во Тургу Муреш. Во уште неизвесен натпревар, во најголемиот негов дел, сем финишот, Македонија ја победи Норвешка (91:83). Со тоа избраниците на Емил Рајковиќ направија и втор чекор до четвртфиналето. "Заверката" на пласманот во првата "осумка" треба да биде денеска (14.45 часот), кога во 4. коло за противник ја имаме Финска. Со оглед на тоа дека Португалија (со четири победи) веќе го обезебди првото место во групата "А", триумф над Финците би не оставил на второто место на кое се искачивме по триумфот над Норвешка. Како што и очекуваше селекторот Рајковиќ, Норвешка се покажа како тврд противник, кој не се предава до крајот. Но овојпат Александар Костоски не остана осамен во офанзивните активности. Сем Симоновски и Марковски, овојпат доби силна подршка и од "високите" наши играчи, како Јанески и Николовски (имаа по 12. поени)."Слабо почнавме, но како одминуваа минутите, така се 'местеше' и нашата игра"- ќе каже Рајковиќ. "Свесни бевме дека нема да ни биде нималку лесно. Ги гледавме на претходните дуели, се работи за доста жилав противник". Да, Норвешка имаше предност по 10. минути од играта (20-19), откако претходно поведоа со 5-0, па имаа и 15-10. Првата од шесте тројки на шпутерски расположениот Симоновски ни го даде првото водство на мечот (22-20), кое со одреден исклучоци не го испуштавме. Последен пат Норвешка водеше во 15. минута (32-30), а Рајковиќ изненади со внесувањето во игра на Атанасоски, па до полувремето се одеше во наша корист (43:37). Имавме и плус 9, по тројката на Марковски, во првиот напад од третата четвртина, но и пад во играта во наредните четири минути, кога противникот се доближи до (49-51), а малку подоцна и израмни на 54-54. Но капитенот Костоски уште еднаш не остави на растојание, а Симоновски со нов проектил донесе (62-58) пред почетокот на последниот дел од играта. Веројатно и најдобар за нашата селекција на ова ЕП кога се говори за колективот. Добриот шут не држеше на резултатска дистанца и покрај проблемите со "личните" на Костоски. Норвежаните "бркаа" до 35. минута, кога имаа достижни 65-71, но извореднито Симоновски беше тука кога беше потребно, да "пукне" тројка и да ги разруши сите нивни илузии за пресврт. НОРВЕШКА - МАКЕДОНИЈА 83:91 (20-19;17-24; 21-19; 25-29) Сала во Тургу Муреш. Гледачи: 200. Судии: Баница (Романија) - Барт (Германија) - Јохансон (Шведска) РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО ГРУПА А Финска - Португалија 63:76 Норвешка - МАКЕДОНИЈА 83:91 Велика Британија - слободна ТАБЕЛА 1. Португалија 4 4 0 306:277 8 2. МАКЕДОНИЈА 3 2 1 242:234 5 3. В. Британија 3 1 2 227:226 4 4. Финска 3 1 2 235:250 4 5. Норвешка 3 0 3 251:271 3 ГРУПА Б Ирска - Азербејџан 80:51 Чешка- Германија 57:100 ТАБЕЛА 1. Германија 4 4 0 426:199 8 2. Шведска 3 2 1 257:232 5 3. Чешка 3 1 2 163:235 4 4. Ирска 3 1 2 162:251 4 5. Азербејџан 3 0 3 133:304 3 ГРУПА Ц Словачка - Швајцарија 71:58 Белгија - Естонија 86:81 ТАБЕЛА 1. Естонија 4 3 1 340:300 7 2. Белгија 3 3 0 252:188 6 3. Австрија 3 1 2 223:244 4 4. Словачка 3 1 2 185:212 4 5. Швајцарија 3 0 3 179:235 3 ГРУПА Д СЛОБОДЕН ДЕН ТАБЕЛА 1. Романија 2 2 0 144:134 4 2. Полска 2 1 1 152;146 3 3. Холандија 2 1 1 146:142 3 4. Унгарија 2 0 2 124:144 2 ДЕНЕСКА НА ЕП: ГРУПА А 14.45: МАКЕДОНИЈА - Финска 17.00: В. Британија - Норвешка ГРУПА Б 12.30: Шведска - Ирска 19.15: Азербејџан - Чешка ГРУПА Ц 14.45: Швајцарија - Белгија 17.00: Австрија - Словачка ГРУПА Д 12.30: Полска - Унгарија 19.15: Холандија - Романија |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 1516171819 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |