![]() |
|
Секс занимливости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 49> |
Автор | |
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВАГА
Вагите силно ги ценат интелегенцијата и добрите комуникациски способности, затоа немојте да мислите дека вашето убаво лице или тело се доволно за да го привлечете нивното внимание. Ја сакаат убавината и најчесто нивните домови се совршено дизајнирани. Мразат да бидат избрзувани и сакаат долга и романтична предигра. Машките претставници на вага имаат сè што една жена може да посака – богата општа култура, добро ја познаваат човечката анатомија, знаат каде се наоѓаат ерогените зони, имаат добра интуиција и еротска фантазија. Ја сакаат водата и чистотата, па секогаш пред секс се тушираат и ги одржуваат мазни своите интимните делови. Сè треба да биде идеално кога вагите имаат секс. Дури и најмалиот сомнеж дека не ве задоволуваат целосно, може да ја уништи нивната сексуална желба. Ако ова се случи, немојте да очајувате. Започнете со комплименти, кажете му дека го сакате и дека ви е многу убаво со него и тој ќе стане посмел, а вие нема да зажалите за тоа. Издржливи се во сексот и нема да престанат сè додека не ве однесат до врвот. Нивната основна цел е да го задоволат својот партнер, па макар и тоа да трае цела вечер. Сексот е исполнет со сензуални движења и наликува на секс од некоја сцена во филм. Вагите секогаш се обидуваат да најдат баланс помеѓу две работи, па така и меѓу половите, па меѓу нив можете да најдете многу бисексуалци. Оние пак кои не се бисексуалци се обидуваат да балансираат помеѓу своите желби и желбите на нивните партнери. Ерогени зони: Долниот дел од грбот и задникот. Имате партнер вага? Неговите ерогени зони се во долниот дел од грбот. Танцувајте бавно пред него и со рацете нежно галете го овој дел од грбот. Тоа ќе ја вжешти атмосферата. Ако го допрете тој дел од грбот на некое јавно место, тој со нетрпение ќе очекува да останете сами. Кога веќе сте во спалната допирајте го постојано неговиот задник – тој го обожава тоа. Масирајте го и галете го на задникот - тоа му делува како екстаза. Сака да гледа еротски сцени и многу често сака да се гледа самиот за време на секс. Поставете огледало во собата на место каде што може да се гледа додека водите љубов. Тоа ќе го запали уште повеќе, а од тоа може и вие да извлечете некаква полза. Сака да му ласкате и да му кажувате постојано колку ви е убаво покрај него. Не заборавајте да му прошепнете барем еден комплимент за време на секс. Би експериментирал буквално сè, па споделете некоја ваша фантазија со него и тој нема да одбие да ја претвори во реалност. Први зборови после секс: „Ако тебе ти се допадна и мене ми се допадна.“ Омилена поза: Мисионерската поза. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДЕВИЦА
Девиците во сексот бараат совршенство и поради тоа многу време поминуваат во потрага по совршен партнер. Некои од нив претпочитаат да се самозадоволуваат за да се ослободат од сексуалната тензија и можат да го чекаат вистинскиот партнер многу долго. Премногу се критични, аналитични и претпазливи, се плашат од болести и инфекции, па пред да имаат секс со некого треба да помине подолго време. Не се личности кои би прифатиле секс за една вечер, премногу се скромни и резервирани и според нив сексот не треба да има големо значење во врската. За девиците најважни се малите работи во сексот. Многу често магијата на сексот е токму во тие „ситници“, а девиците се мајстори за нив. Не сакаат изненадувања и експериментирања, туку сакаат сè да биде испланирано до детаљ. Најчесто девиците немаат никакво или имаат минимално сексуално искуство пред да стапат во брак. Во брак покажуваат дека знаат да бидат добри сопружници, имаат среќен брак, верни се и тактични. Но, оваа ситуација се менува кога тие ќе ја достигнат 45-50 година. Често средновечните девици одеднаш сфаќаат дека нивната сексуална фантазија е побујна отколку што си мислеле и тоа често води до нови сексуални авантури. Тогаш се обидуваат да надокнадат за „изгубеното време“ на секој можен начин. Како што поминува времето тие стануваат сè посензуални. Мажот девица е идеален за жена кај која желбата за секс се зголемува со секоја измината година. Додека мажите од другите хороскопски знаци ја губат желбата за секс и ги разочаруваат своите сопруги, мажите девици стануваат се пострасни и поиновативни. Ерогени зони: Стомакот, особено папокот. Имате партнер девица? Ако сакате тој целосно да ужива со вас, потрудете се не само за време на предиграта, но и за време на сексот да го допирате нежно неговиот стомак. Предиграта започнете ја со масажа на стомакот. Бидете нежни за време на сексот, без ненадејни потези или удари. Тоа ќе го потресе и тој ќе се откаже од идеата за секс. Додека е млад не сака изненадувања и експерименирања во кревет. Како што минува времето, така неговите сексуални желби стануваат сè поинтензивни. Направете сè што можете да го следите неговиот ритам, за да не мора друга да го направи тоа за вас. За средовечните мажи девици сексот треба да биде авантура, па вие треба да бидете подготвени да му ги исполните неговите сексуални фантазии. Голем љубител е на чистотата и на хигиената. Немојте да си дозволите да пробате да имате секс со него без претходно да сте се истуширале. Или можете да му исполните една од големите желби – заедно да се туширате. Изненадете го со масажа на неговото тело со помош на сунѓерот или тушот. Тој ќе го цени тоа. Први зборови после секс: „Дај да ги видам чаршафите!“ Омилена поза: Секоја во која има контакт со очи. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
РАК
Раковите се од оние личности кои постојано сакаат да добиваат комплименти и поддршка. Ако го добијат она што им е потребно, тие се предаваат и стануваат добри пријатели, љубовници и ваши обожаватели. Мажот рак сака да биде учителот, па неговата партнерка треба да се потруди да го убеди дека тој ѝ ги открил вистинските тајни на сексот. За раковите, емотивната врска е поважна отколку сексот. Но, тоа не значи дека не сакаат да имаат редовно секс. Напротив, тие многу го сакаат сексот, но само со својот партнер. Не сакаат да ги менуваат партнерите, а своите ги сметаат за своја сопственост и никогаш не би ги изневериле. Имаат огромна сексуална енергија, која понекогаш ги изненадува и нив самите. Предиграта секогаш е поважна за нив, отколку самиот оргазам. Раковите сакаат сè да биде романтично. Често ги идеализираат своите партнери и еден погрешен потег може да ги уништи шансите за долга и романтична врска. Со текот на времето стануваат малку пореалистични и однесувањето кое порано ги навредувало, сега станува прифатливо за нив. Но, внимавајте! Во секое време може да се вратат на старите критериуми. Тие се многу нежни и внимателни и секогаш се обидуваат да им го достават на својот партнер максималното задоволство. Поради тоа раковите се сметани за добри љубовници. Исто така, тие се идеални партнери за експериментирање и сакаат да водат љубов надвор од креветот – на маса, на машината за перење и т.н., но не и на јавни места. Дали го сакате оралниот секс? Ако вашиот одговор е да, тогаш вас ви треба маж рак. Никој друг знак нема да ви даде поголемо задоволство, затоа што ракот ги знае тајните на „она место“ повеќе од сите други. Неговиот јазик во комбинација со неговите прсти ќе направи да се чувствувате подобро отсекогаш. Ерогени зони: Градите, особено брадавиците. Имате партнер рак? Треба да знаете дека градите се неговата ерогена зона. Штипнете ги неговите гради со врвовите на вашите прсти и тоа ќе го излуди многу повеќе, отколку вашето голо тело. Нема да погрешите ако рачно или орално ги стимулирате неговите ерогени зони. Давајте му комплименти и постојано повторувајте му дека тој доминира во вашата врска, дури и да не е така. За да не го разочарате, не му кажувајте ако ви се познати оние работи во сексот на кои тој сака да ве научи. Уживајте во неговите инструкции. Избегнувајте ги перверзиите и вулгарностите за време на сексот. Посветете ѝ се целосно на романтиката. Не заборавајте, тој ви е исклучително верен, но за возврат сака да го добие од вас она во што тој најмногу ужива. Први зборови после секс: „Кога ќе правиме свадба?“ Омилена поза: Секоја поза во која тие лежат на грбот, затоа што така се истакнати нивните најчувствителни места. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЛИЗНАЦИ
Близнаците се господари на заведувањето и многу ќе погрешите ако мислите дека можете да ги имате само за себе. Не дозволуваат да бидат потчинети и имаат силна желба за слобода и независност во врската. Машките близнаци знаат да манипулираат со жените и ќе кажат сè, само за да завршите во нивниот кревет. Ако сексот е ист подолго време, близнаците запаѓаат во монотонија, па затоа треба постојано да ги изненадувате, за да воспоставите длабока сексуална врска. Сакаат постојано да експериментираат и да пробуваат нови работи, со цел да го задоволат своето сексуално его. Поради тоа честопати имаат повеќе од еден сексуален партнер. За време на сексот, љубовта и нежноста не се важни за близнаците. Сексот за нив е една голема забава. Ништо не може да ги шокира, па затоа не се изненадувајте ако помеѓу нив најдете и голем број хомосексуалци. Сакаат да пробаат сè, со секого и секаде. Брзо зборуваат, брзо мислат и имаат во нив нешто специјално што ги прави многу привлечни. Секогаш се однесуваат младешки, никогаш не стареат духовно и се активни во и надвор од креветот. На постари години близнаците се најдобрите љубовници од сите хороскопски знаци. Тие знаат да го стимулираат вашиот ум и тело и поради нивната креативност и бујна фантазија вас никогаш нема да ви биде досадно со нив „под чаршафите“. Ерогени зони: Рацете, прстите и рамената. Имате партнер близнаци? Немојте да ги заборавате неговите ерогени зони. Рацете, прстите и рамената се вашето тајно оружје со кое ќе го излудите. За да го запалите повеќе од секоја друга жена, движете ги устата и јазикот нагоре по неговите раце. Сакаат разнообразие, па постојано правете нешто ново, изненадувајте го и не дозволувајте тоа да го направи некоја друга. Пробајте со секс на светло или пред огледало. Уживајте во сексот со него. Единствено што треба да направите е да му дадете слобода да ги исполни своите сексуални фантазии. Близнаците обожаваат да ја гледаат партнерката како ужива и тоа е нивната најголема мотивација. Први зборови после секс: „Каде е далечинскиот управувач?“ Омилена поза: Позите не се многу важни за нив, сè додека им е се нуди разновидност. Но, ако мораат да избираат, ќе ја истакнат возбудливата поза 69. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БИК
Биковите се најчувствителниот знак во хороскопот, по рибите. Родените под заштитата на Венера, обожаваат да ги галат своите партнери и да им ласкаат. Но, исто така сакаат да им биде ласкано и да бидат галени, чешкани и стимулирани за време на долга предигра. Предиграта им е исто толку важна колку и самиот секс. Не сакаат да брзаат и сакаат долго, сензуално и пријатно водење на љубов. Тоа резултира со силен оргазам, каков што ретко кој друг може да достигне. Машките претставници на бик се добри сопрузи, но нивните жени често се жалат дека не се доволно активни во кревет. Тие избираат пасивна улога и очекуваат жената да ги предводи. Претставниците на овој знак не сакаат да експериментираат, ниту пак сакаат некакви перверзии. Најлесно паѓаат на нежност. Некои луѓе преку сексот се чувствуваат моќни, други пак го сакаат за да се ослободат од стресот, но ништо од тоа не важи за биковите. Тие уживаат во сексот, го обожаваат и не можат да живеат без него. За нив сексот е природна работа. Дејствуваат импулсивно и физички се силни, па поради тоа не се задоволуваат само со еден полов акт. Дури и кога нивниот партнер е исцрпен, тие сакаат да продолжат. Физичкиот изглед им е многу важен. Биковите се многу атрактивни и многу им се допаѓа изгледот на родените во двата знаци управувани од Мерк*р – девица и близнаци, кои што можат да им понудат и разнообразен репертоар. Ерогени зони: Задниот дел на главата, вратот и грлото. Имате партнер бик? Доколку вашиот партнер е бик, треба да знаете дека го обожава сексот. Можеби му треба малку повеќе време додека да се возбуди, но кога ќе се возбуди тој е многу добар љубовник. Ја обожава предиграта, па додека таа трае бакнувајте го неговиот врат и грлото. Тоа дополнително ќе го возбуди и пред вас ќе биде една неверојатна ноќ. Не брзајте, едноставно уживајте во долгата вечер. Чувствителен е на ароми, но понекогаш може да ве шокира со преферирањето на природната миризба на телото. Ако сакате да имате дополнителна стимулација, не се плашете да му предложите некаква идеја и тој со нетрпение ќе ја исполни. Патот до неговото срце е преку стомакот. Затоа, пригответе му убава вечера или однесете го во некој луксузен ресторан. Први зборови после секс: „Сакам да јадам! Подај ми ја пицата!“ Омилена поза: Мисионерската. Некои ќе ја наречат старомодна, но биковите се практични и во неа се чувствуваат најудобно. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хороскопските знаци и сексот
ОВЕН Родените во овој знак се неверојатно „жешки“ и едноставно го обожаваат сексот. За оние кои бараат страстен партнер кој го сака сексот, овните се идеални партнери. Оние пак што мечтаат за романтична врска, треба да знаат дека овните често ја мешаат страста со љубовта. Во врска влегуваат прво и основно заради сексот, чувствата не се толку важни за нив. Сакаат да експериментираат, но кога ќе го најдат вистинскиот партнер кој може целосно да ги задоволи, остануваат со него и не „мрдаат“ настрана. Оние кои сакаат долг секс, треба да имаат во предвид дека овните не се најдобрите партнери за нив. Овните сакаат краток секс, исполнет со страст, но без долга предигра. Тие сакаат директно да преминат на „главното“. Поради тоа често имаат проблеми со своите партнери. Ако имате секс со маж овен, спремете ги вашите уши за гласни „крикови“. Тие се најгласниот знак во хороскопот. Тоа за нив е начин да го искажат задоволството. Сексот со претставниците на овој знак е краток и бурен, а тие сакаат да доминираат во него, па најчесто се „одгоре“. Овните се управувани од Марс и тоа ги прави агресивни во секој поглед, особено во кревет. Ерогени зони: Лицето и главата, особено усните и ушите. Имате партнер овен? Ако сакате вашиот партнер да биде среќен со вас, најважно од сè е да бидете страсни в кревет и никогаш да не одбивате секс. Направете да се чувствува сигурен. Во спротивно, може да биде многу љубоморен. Запомнете дека овните секогаш имаат високо мислење за себе, па затоа вашето тајно оружје се ласкањата и комплиментите. Немојте да бидете тивки за време на сексот, ласкајте му и бакнувајте го неговото уво. Особено ги привлекува придушената светлина и музиката. Најдобар начин да заведеш овен е да му ја масираш главата. Ова е една од основните негови ерогени зони. Први зборови после секс: „Супер, ајде од почеток!“ Омилена поза: Секогаш одгоре. |
|
![]() |
|
TheHacker ![]() Сениор ![]() ![]() I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лето е и конечно сте на одмор со партнерот или пак сте сами, а се надевате дека сепак некој ќе „влета“ затоа што сте и повеќе од спремни за летна авантура.
Колку и да звучи примамливо, возбудливо и романтично сексот на плажа, морате да бидете внимателни. Да, ако треба да се биде внимателен тоа не е спонтано и опуштено, но подобро е да се спречи отколку да се лечи, па затоа еве неколку недостатоци при секс на плажа. Не во јавност! Мирисот на морето (езерото), звукот на брановите и полуголите тела можат да делуваат страствено и секси, но да бидете фатен на јавно место за време на сексуален чин брзо ќе ве врати во болната реалност, особено ако во непожелната публика се најде и некој полицаец. Не само што можат да ви го „изгорат“ новчаникот, туку можат и да ве приведат. А тоа дефинитивно не е во вашиот план за овој одмор. И затоа внимателно одберете некое скришно место, далеку од баровите на плажа, приватните куќи и патиштата. Да изгорите, но не од страст Иако најчесто сексот на плажа се одвива во текот на ноќта, некои се впуштаат во тој чин и во текот на денот, а тогаш постои можност да изгорите од сонцето. Не е баш препорачливо во налетот на страста вие да престанете за да се намачкате со крем за сончање. За да ја задржите спонтаноста најдобро е да најдете некое место под некоја сенка. Леле, боли! Ако можете да бирате меѓу песочна плажа и плажа со камења, одберете го она кое е по погодно да се тркалате. Во моментот тоа можеби и нема да ви биде важно затоа што треба да ја изгасите распламтената страст, но последиците ќе ги почувствувате покасно. И затоа ако при рака имате некој пешкир искористете го. Бидете внимателни со песокот На некои песочната плажа им е попривлечна за тркалање по неа, но зрнцата песок можат да предизвикаат проблеми. Дури и додека сте на пешкир (лежалка) песокот може да ви влезе под кожата на пенисот и може да предизвика болки за време и после сексот. Исто така постои и можност песокот да ја иритира осетливата кожа околу вагината. Песокот може и да го скине кондомот, а знаете кои се можните последици доколку тоа се случи. После секс на песочна плажа мокрењето (мочањето) е најлесен начин да се решите од песокот (доколку го има) во уринарниот канал. Секс во вода Доколку сакате да имате секс во вода внимавајте затоа што може да дојде до внесување на разни бактерии во вагината. Ова ве доведува до опасност од инфекции. Ако костистете кондом со спермициден гел, водата може да го измие. Како што можете да видите секосот на плажа не е едноставен. Можеби е подобро да се напиете од коктелот Sex on the beach и со тоа да се задоволите. Одлуката е ваша. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во подем еротските страни за жени
Според податоците еротските и порнографските страници опфаќаат дури 40 проценти од целокупната содржина која што може да се најде на мрежата. Иако се верува дека најголемиот број консументи се мажи и жените стануваат сè поотворени кон овој тип на содржина. Едно неодамнешно истражување спроведено во САД покажува дека еден од три консументи на еротски содржини е жена. Поради големиот интерес, но и поради недостатокот на еротски веб страни прилагодени за жени, на Интернет како печурки никнуваат нови женски страни. Типичен пример за тоа е лансирањето на нова еротска страница која со својата содржина е ориентирана кон женската популација. Сајтот VivaFem.com се состои од неколку дела и тоа Viva Fem Specials, Viva Fem HotRooms, Sexy Websites i Affiliates. Содржините се прилагодени на женскиот вкус , па затоа не очекувајте типичен еротски сајт каде уште на самиот почеток ќе налетате на експлицитни фотографии . |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Незнам за вожњата ,ама сум слушнала дека велат...мажот се познава по автомобилот,како се однесува кон него,така се однесува кон жената. Па машки.....има ли вистина во ова??? ![]() Изменето од renatax - 07.Јули.2010 во 17:09 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
How to explain sex to kid.... |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вожња и секс
Британскиот психолог Kris Burges вели дека открил дека лошите возачи се подеднакво и лоши љубовници. Затоа, тој на сите жени им препорачува пред било што, да обратат внимание на тоа како возат мажите кои ќе го привлечат нивното внимание. Доколку се покажат како грижливи и добри возачи, ќе бидат и добри љубовници, вели Kris.
Со ова тврдење се согласува и психологот од Берлин, Gizela Tideman. Таа вели дека важат овие три правила:
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
sweetpoison ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Февруари.2009 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 434 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Gledam deka Sex Forumov e eden od najposetuvanite...site zborat za sex a nemozev da vidam niedna strana kade shto ima neshto poveke za toa kako da se zashtitime od virusi koi se prenesuvaat so sexot.
Jas pred nekolku meseci gi primiv site tri vakcini HPV i mozam da gi preporacam na site devojki koi se zainteresirani za toa. Nemoj da se plash*te, nikoj ne umrel od samata vakcina, a mnogu se zashtitile od rak na grloto na matkata, shto vo deneshto vreme za zal e mnogu cesta pojava. Fakt e deka ne zashtituva 100% tuku okolu 80% megutoa sepak bolje toa otkolku nishto. I ne e samo za devojcinja shto nemale sexualen odnos, tuku za site zeni koj se HPV negativni. ![]() |
|
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
sweetpoison ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Февруари.2009 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 434 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Расте трендот на дизајнерски вагини
Британско истражување покажува дека петина од жените сакаат поубав изглед на својата вагина па затоа се подложуваат на естетки зафати со цел да ја разубават. Поради сè поголемиот интерес за „дизајнерски операции“ еден британски сајт за козметички интервенции спроведе истражување на повеќе од 1000 припаднички на понежниот пол со цел да открие колку далеку се подготвени да одат со цел да го добијат телото од соништата. Испитаничките признале дека би се определиле за дизајнерска вагина затоа што не се задоволни со спласнатиот изглед на природната вагина и веруваат дека новиот изглед ќе им го подобри сексуалниот живот. Дури 24 проценти велат дека немаат сексуален живот затоа што не им се допаѓа како им изгледа вагината. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1415161718 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |