|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 68> |
Автор | |
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обајцата ги ракоположи апостолот Тит. Се одликуваа со голема ревност во верата и трудољубивост во придобивањето на незнабожците за Христа. За ова беа обвинети кај некој судија Ливаниј, којшто ги подложи на лути измачувања. Беа биени со камења, влечкани по камењата, лежеа во затвор и гладуваа и многу други маки претрпеа, и тоа такви што смртен човек не би можел да ги издржи ако не го крепи помош од Бога. А ним Господ им се јавуваше на разни начини, а кога беа фрлени во печка им го испрати Својот ангел за да им го разлади оганот. Најпосле од бездушните мачители беа живи закопани во гробови и затрупани со земја. Луѓето залудно убиваат кога Господ оживува и залудно бесчестат кога Господ прославува. Преподобен Јоаникиј Велики 17/11/2008 Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа го зедоа во војска, каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски, каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата смрт. Се подвизуваше над педесет години, и тоа на разни места. Имаше од Бога изобилен дар на чудотворство: лечеше секакви маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, особено имаше власт над змиите, преминуваше преку вода како по суво, беше невидлив за луѓето кога ќе посакаше, пророкуваше идни настани. Се одликуваше со преголемо смирение и многу кротост. По надворешниот изглед беше како џин, крупен и силен. Живо учествуваше во судбината на Црквата Божја. Во времето на иконоборството и самиот најпрво се опрелести, но си дојде на себе и стана ревносен поборник на иконопочитувањето. Му беше голем пријател на Методиј, патријархот Цариградски. Св. Јоаникиј поживеа деведесет и четири години и се упокои мирно во Господ, во 846 година. И после смртта остана чудотворец. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда. Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски Осумдесетгодишниот старец Акепсим, исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“ Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан епископ му пристапи некој од неговите домашни и го праша што заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал ѓакон. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабожци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј. Преподобен Илија Египетски Се подвизуваше близу Антино, главниот град на Тиваида. Во сурови и непристапни карпести пустини проживеа седумдесет години. Се хранеше само со леб и со урми, а кога беше млад постеше по цели седмици. Ги исцелуваше сите маки и болести кај луѓето. Се тресеше од старост. Се упокои во сто и десетата година од животот, кога се пресели во радоста на својот Господ. „Чувајте го вашиот ум од лоши помисли за ближните, знаејќи дека нив ги уфрлуваат демоните со цел да ви го оддалечат умот од гледањето на сопствените гревови и од стремежот кон Бога“ Изменето од Maran Ata - 16.Ноември.2008 во 08:44 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост. Светиот маченик принцот Ерминигелд Син на готскиот цар Лувигелд, којшто се држеше за Ариевата ерес. Но пред сите ласки и закани на својот татко еретик Ерминигелд не отстапи од Православието. Татко му го фрли во затвор и на Воскресение рано испрати некој епископ еретик за да го причести. Но Божјиот угодник не сакаше да прими причест од раце на еретик, за што овој го извести царот. Царот се налути и нареди, па на Ерминигелд џелатите му ја отсекоа главата, во 586 година. Подоцна Лувигелд се покаја што си го уби синот, се одрече од ереста и се врати во Православие. Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите лекари и лечења на крајот ја одвел кај патријархот за да ѝ прочита молитва. Штом патријархот ја отворил книгата за да ѝ чита, низ храмот светнала некоја небесна светлина. По завршувањето на молитвата жената оздравела. Кога слушна Јаков како Турчинот ја фали христијанската вера, го раздаде сиот свој имот и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Ивер. Се подвизуваше на Света Гора, а пострада за верата од Турците во Едрене на 1 ноември 1520 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот на Свети Анастасиј во Галачист близу Солун. Изменето од Maran Ata - 14.Ноември.2008 во 09:30 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно. Светиот маченик Епимах Родум од Мисир, во Мисир се подвизуваше, во Мисир маченички и го заврши овоземниот живот. Подражавајќи го Св. Јован Крстител уште како млад се оддалечи во пустината. Заради неговата голема љубов кон Бога Светиот Дух го поучи во секоја вистина, за тоа како треба да се подвизува. Но Епимах дозна дека неверниците ги мачат и ги убиваат христијаните во Александрија заради Христа. Па сиот распален од ревност кон верата отиде во градот и ги урна идолите. Кога незнабожците почнаа да го мачат заради ова, тој возвикна: „Удирајте ме, плукајте ме, ставете ми трнов венец на главата, дајте ми трска во рацете, напојте ме со жолчка, распнете ме на крст и потоа прободете ме - тоа го претрпе мојот Господ, тоа и јас сакам да го претрпам“. Во толпата народ што го гледаше мачењето на Свети Епимах имаше и една жена со слепо око. Таа плачеше горчливо од жал гледајќи го бездушното мачење на Божјиот угодник. И кога мачителите го стружеа телото на Светиот Христов маченик, од него прсна крв и една капка од крвта падна на слепото око на онаа жена. Одеднаш жената прогледа и слепото око ѝ стана здраво како другото. Тогаш жената возвикна: „Голем е Бог во Којшто верува овој страдалник!“ По ова на Свети Епимах му ја отсекоа главата и неговата душа се пресели во вечната радост, околу 250 година. Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2008 во 05:10 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од Седумдесеттемина. На Клеопа му се јави воскреснатиот Господ на патот за Емаус. Терциј го запиша посланието на Св. апостол Павле до Римјаните (Рим. 16, 22) и заврши маченички како епископ Икониски, после апостолот Сосипатар (под 10 ноември). Свети Марко (наречен Јован: Дела 12, 12), ѝ е син на благочестивата Марија, чијшто дом им беше засолниште на апостолите и на првите христијани. Тој е и роднина на Варнава. Беше епископ во самарискиот град Аполонијада. Јуст му е син на праведниот Јосиф. Заедно со Матиј беше избиран на местото на Јуда Искариот, но не беше избран. Како епископ пострада за Евангелието во Елефтеропол. Свети Артем беше епископ во Листра Ликаонска, а се упокои мирно. Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера и големото материјално богатство ги наследија од нивните родители. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти предлагам две - живот и смрт. Живот ако им се поклониш на боговите, смрт ако не им се поклониш“. Свети Зиновиј одговори: „Животот без Христа не е живот туку смрт, а смртта заради Христа не е смрт туку живот.“ Кога го подложија на маки, на судијата му се јави Зиновиевата сестра и му рече: „Чашата на страдањата сакам да ја испијам и јас, и да се овенчам со таков венец“. После многу маки во оган и зовриена смола, обајцата беа убиени со меч околу 285 година. Така овие брат и сестра се преселија во бесмртното Царство Христово. Изменето од Maran Ata - 11.Ноември.2008 во 23:33 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство. По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките. Анастасија и рече: „Готово е срцето мое да пострадам за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос. А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласакња, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа. На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабожците го убија. Ѝ ги отсекоа градите и јазикот. И се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј. Преподобен Аврамиј Затворник и неговата внука Марија Од родителите беше присилен да се венча, но на денот на свадбата ја остави невестата и домот на родителите и се оддалечи во самотија на голем подвиг. Се подвизуваше педесет години. За сето тоа време само двапати излезе од својата келија. Првиот пат излезе на заповед од месниот епископ за да го обрати во верата некое незнабожечко село. Вториот пат излезе за да ја спаси својата заблудена внука Марија. Се упокои мирно во 360 година, во седумдесеттата година од неговиот живот на земјата. Изменето од Maran Ata - 10.Ноември.2008 во 23:11 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро де дете, каков одговор сакаш? Та нели ти реков дека одговор на сите прашања во врска со светителите имаш на тема За Иконите. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
te zalam kje se molam za tebe...ne mozes da odgovoris lepooo pozz i'm out.{ne odgovori}
|
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5 збора: Господи Исусе Христе помилуј ме! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
cel zivot nie se povtoruvame koa kejt i postaam prasanje treperis se poznaa aj pomogni za da ne baram samo odgovorimi so 5 zbora plssssssssssssssssssssssssssssssssssssssssssssssss
|
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај да ти изџвакам за да разбереш - тоа што го пастира како заповед од Бога беше објаснето на тема за иконите што точно означува. Е сега за да не се повторуваме, оди и читај! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Shhhh nema so da odgovoris pa sea kje menjaas tema hah
|
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај прочитај си ја за домашна темата за Иконите! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj aj ne vi precam slavite si lugje
ama ISUS rece 1 zakon "ne preslikuvaj nisto od ona sto e na neboto,na zemjata, i pod zemjata" pozz od mene |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |