|
Торти и колачи што не се печат |
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Капучино колач Потребно150 грама Шеќер во прав 30 Пишкоти 650 милилитри Млеко 150 грама Маргарин 2 лажица/ци Крем 1 кесичка/ки Капучино 2 Ванила пудинг/а 100 милилитри Јогурт Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади. Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг. Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино. Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини. Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти. На крајот, одозгора ставете шлаг. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Песок торта Потребни состојки: 3 пудинга од ванила 1маргарин 10 лажици шеќер 250гр прав шеќер 750гр млеко 250гр мелени бисквити 50гр какао 1 чоколада за готвење 250гр мелени ореви Во млекото се додаваат 10те лажици шеќер и тоа се става да зоврие.Откако ќе зоврие се додаваат трите пудинга од ванила.Смесата се става да се олади.Во меѓувреме се мати маргаринот со прав шеќерот.Откако смесата со пудинг ќе се олади се додава изматениот маргарин и се мати додека не се соедини.Потоа смесата се дели на три еднакви дела. Во првиот дел се додаваат 250гр мелени бисквити.тоа се меша и се расплескува во плех бр.28. Во вториот дел се додава какаото и чоколадото,кое треба да е растопено.Таа смеса се става врз претходната. Во третиот дел се додаваат мелените ореви.Постапката е иста како претходната. Откако сето тоа ќе биде направено се става тортата во фрижидер да се зацврсти.Може да се украси по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Плазма торта со вишни Потребно: - 500 гр. слатка павлака - 300 гр. шлаг пена - 1 кисела павлака - 300 гр. плазма кекс - 300 гр. мелен плазма кекс - 500 гр. вишни - 1/2 литар млеко ______________________________________ Ја матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300 гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора филуваме со останатите 100 гр. шлаг. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кроасан торта -200 гр шеќер -150 гр еурокрем -3 пакетчиња пудинг од ванила -1 л млеко -1 пакетче шлаг крем -250 гр маргарин -100 гр чоколадо -200 гр бисквити -3 пакетчиња мали кроасани Подготовка Првин,се прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува цела торта. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За оние мрзливите Еве некои рецепти: Бисквит торта 1кг јаболки 1/2кг бисквити коцка маргарин 250гр шеќер 2 ванилин шеќер 1 голема лажица какао 2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор) Јаболките се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот шлаг. Касато 250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко 250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот. 250гр сецкани ореви 250гр суво грозје (се полива со малку рум) 250гр сецкано чоколадо 250гр желе бомбони Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг. Изменето од Valerija - 22.Септември.2013 во 19:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |