|
Поплави и одрони во Македонија |
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
И не ова мислење на обичните смртници, туку на стручните лица. Зошто некој не седне не размисли да направи нешто да се искористат капацитетите до максимум.
Поплавите ни најавуваат суша ГОЛЕМИТЕ ВОДИ СЕ НЕИСКОРИСТЕНИ Во Македонија има вкупно 50 вештачки акумулации и сите се со комбинирана намена. Најмногу се користат за снабдување со вода за пиење, потоа за наводнување на земјоделските површини, а само од некои се произведува електрична енергија. Сите тие деновиве се преполни, поради наглото топење на снегот, што според познавачите, не е добро за годината. - Наглото топење на снегот не придонесува за да имаме добра хидролошка година. За жал, сега надоаѓа многу вода која немаме капацитет ниту да ја искористиме, ниту да ја задржиме, па единствено што можеме и што мораме да направиме е да ја пуштиме да истече, за да не не загрози. Но токму овие огромни количества од кои сега се ослободуваме ќе ни бидат потребни во посувите периоди. А ако снегот се топи постепено, многу е поголема веројатноста дека во секој период од годината ќе имаме доволно вода - смета Раде Неделковски од јавното претпријатие „Студенчица“, кое управува со истоимениот хидросистем што ги снабдува со вода Кичево и Прилеп. |
||||||||||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Луѓето да размислуваат ама власта (било која да е ) никако да не ја чепкаме. Кој издава дозволи за градба Кој треба да води грижа да не дојде до ’’изненадување на снегот во сред декември или пожарите во сред лето’’? Медаљата секогаш има две страни- секој нека моли бога да не се најде на местото на тие што ги снашло. Тогаш мислам дека дискусиите и одобрувањето/осудувањето ќе биде поинакво. |
||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
И за ова дан се криви властите
Карпа убила пет туристи на плажа во Португалија Пет лица загинале кога голема карпа се одронила на плажа во популарната туристичка дестинација Алгарва во Португалија. „Можеме да потврдиме дека загина еден маж и четири жени“, изјавил
претставник на локалната власт за Ројтерс и додал дека уште тројца се
повредени. Несреќата се случила на популарната плажа Албуфеира, една од
најпознатите плажи во Португалија.
Одронот на карпи на плажите на Атлантскиот океан во Португалија е
релативно честа појава и секое лето има информации за повреди, посебно
во август кога голем број на Португалци го користат годишниот одмор.
Сепак, смртните случаи се ретки, а оваа несреќа е најтешка во последните неколку години. Трагедијата веднаш предизвикала расправа за безбедноста на португалските плажи. На карпата што се одронила имало натпис со предупредување на пристапот до неа бил слободен. |
||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Tragichno e toa vo se' da se mesha politika.
|
||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Владата (на некои луѓе им е) е за се виновна
|
||||||||||||||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
A konkreten predlog sto bi mozelo da se stori vo vrska so Ohridskoto ezero ima li nekoj tuka ili samo da se pluka po lokalnite i drzavnite vlasti...
Ezeroto ne po prv pat (niz godinite) ja nadminuva maksimalno dozvolenata kota i za zal tuka ne moze da se stori mnogu, a toa sto lugeto si gradele kuki na rabot od ezeroto, trebalo so vreme da razmisluvaat, priroda e toa, a ne covecki faktor i za zal tuka ne moze nikoj da im pomogne. |
||||||||||||||||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Природата нема партиска припадност и за жал не бира кого и каде удира. Партиските несогласувања, препукувања и покажувања патриотизам во Скопје а не онаму каде треба не им помагаат на обичните смртници. Каналите изградени во младинските акции после ослобудувањето одамна требало да се исчестат, да се средат. Парите од патарините требало да с енаменат за заштитни зидишта, столбови и метални конструкции. Луѓето тунели под мориња подигнале и функциониаат кај нас со мрежи за селски бавчи автопатишта заштитуваат од одрони.
Охридското езеро поплавува куќи а партиските војници филозофираат дека се спремни или неспремни зависи кој од која партија е. Бруката се повеќе излегува на виделина. Борбата за власт им зема се што значи рационално размислување и работење за она што с еизбрани и за што народот им даде доверба. |
||||||||||||||||||||||||||
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Navistina ako prodolzi vaka toplovo vreme ke ima golemi POPLAVI
|
||||||||||||||||||||||||||
Љаеш НЕ касаш !
|
||||||||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Каква комедија:
Градоначалникот на Охрид, Алекасандар Петрески, и денеска упати забелешка до надлежните институции во државата, да излезат на терен и да се уверат дека се работи за реални закани и проблеми. „Ситуацијата е навистина критична. Проблеми има секаде, а не само на крајбрежјето. Скребатска река веќе е излеана, неколку куќи се поплавени. Меѓународниот пат кон Свети Наум е поткопан и во секој момент може да се урне“, предупреди Петрески. Тој истакна дека надојдената вода директно се заканува да ги поткопа и цевките на колекторот за заштита на Охридското Езеро, што се сместени во крајбрежјето и се на директен удар на брановите. „Постои опасност и по водоводниот цевковод и подземните електрични и поштенски кабли, кои веќе наместа се излезени на површина. Ги повикувам надлежните да излезат на терен и да видат“, рече Петрески. Пратеникот во Собранието на РМ од Охрид, Александар Николовски, пак, со смирувачки тон за актуелната состојба со високиот водостој на езерото. „Опасност од прелевање на езерото и поплавување во овој момент не постои. Ситуацијата внимателно се следи од страна на координативно тело, составено од повеќе ресорни министри и директори на институции задолжени за оваа проблематика, раководени од министерот за транспорт и врски, кое на дневна основа ја следи ситуацијата“, истакна Николоски. Потсетувајќи дека нивото на Охридското Езеро е седум сантиметри пониско од највисоката точка регистрирана во 1986 година, кога и покрај толку високиот водостој немало поплави во Охрид. Во однос со ситуацијата со Црн Дрим, Николоски рече во овој миг не постои опасност од поплави ниту за градовите Струга и Дебар, оттаму што според информациите од акумулациите со кои раководи ЕЛЕМ, во двете езера Глобочичко и Дебарско, има доволно место за водата што во овој миг се испушта од Охридското Езеро. Според податоците од Центарот за управување со
кризи, забележано е покачување на водостојот на Дебарското Езеро, како
последица на се поголемиот доток на вода од сливот на реката Црн Дрим. А1 Се поплавува струшкото крајбрежје
published - 20/02/2010 14:36:00
И покрај максималниот испуст на водата од Езерото во реката Црн Дрим во Струга, струшкиот дел од крајбрежјето на Охридското езеро денес почна да се поплавува. Според експертите настанатите поплави се последица и на високите подземни води и прекинатата абсорптивна моќност на Охридското Езеро. Езерото почна да си ги враќа плажите назад, а вода достигна и до блиските улици. Алсат |
||||||||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Формиран Кризен штаб во ЈП Македонија пат за одроните20.02.2010 - 14:02 |
Владата внимателно ја следи состојбата со одроните што се случија во изминатите денови и преку надлежните субјекти презема мерки за нивно санирање, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Одговорајќи
на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата,
Јанакиески рече дека е формиран кризен штаб во ЈП Македонија пат и
координативно тело на ниво на Влада.
- Внимателно ги следиме сите активности и
случувања. Видовте дека за многу кратко време беше исчистен патниот
правец Скопје - Велес. Во однос на патниот првец околу Дебар кога ќе се
смири малку земјиштето договорени сме со Градежниот факултет да излезат
на терен, да направат увид и доколку се покаже дека е активно свлечиште
ќе се направи проект и ќе се санира состојбата, изјави министерот за
транспорт и врски.
За тоа дали ќе се бара одговорност од некои од
раководителите во Макеоднија пат бидејќи работниците без заштита
ги расчистувале одроните, одговори дека секој што ќе го прекрши законот
ќе одговара. - Но, можам да кажам дека Македонија пат во последниот
период многу активно работи и брзо ги отстрани одроните на патиштата во
Република Македонија, посочи Јанакиески.
Сител А од кој да бара одговорност? Од партиските војници кои без грам образование и искуство се поставени на многу важни функции? Изменето од kultuzin - 20.Февруари.2010 во 15:38 |
||||||||||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||
Нивото на Охридското Езеро не се спушта, поплавени објекти во Пештани
Нивото на Охридското Езеро денеска не е променето во однос на вчера, односно изнесува 693,88 и е за 13 сантиметри над горната утврдена граница. Силниот ветер од југозападен правец предизвика силно бранување на водата која под налетите на ветрот се излева врз крајбрежните делови на езерото. Од силните удари на брановите се урна и дел од пешачкиот „Мост на желбите“ што од Света Софија водеше кон населбата Канео. Водите на Црна река ги поплавија плодните ниви и кај демирхисарските села Единаковци и Света, уништувајќи ги површините засеани со пченица и јачмен. Црна, тука многу пати ја уништувала летнината и жителите ги завивала во црно. „Само беше прашање на време, кога Црна ќе се излее во горниот тек на своето корито. Претходните години, ова се случуваше на почетокот на пролетта, сега, два месеца порано“, рече денеска Ване Велевски, земјоделец од с. Света. Нова лавина го блокира патот Маврово - Дебар
Патот
Маврово - Дебар е во целосна блокада. Нови одрони од земја, карпи и
дрва, лавини од снег, постојано се спуштаат од планината Бистра,
затрупувајќи се што досега беше расчистувано. Одрони во Вевчани и кај Македонски Брод20.02.2010 - 11:02 |
Одрон земја широк меѓу 150 и 200 метри и висок два метра синоќа се урнаа во Вевчани, на потегот од игралиштето кон Здравствениот дом, информира Центарот за управување со кризи. Сител Каква срамота ќе заврне малку снег или дожд и толку, полави и одрони на секаде... Незнам само што би правеле кога времето кај нас би било како во Словенија, Австрија, Германија или Холандија....Веројатно она што е високо би било затрупано од карпи а она пониското под вода... Секоја година иста песна и никој не превзема ништо...А штетите се многу поголеми отколку инвестициите во превентивна заштита , најпосле подобро да се спречи отколку да се лечи... Изменето од Анастеа - 20.Февруари.2010 во 16:40 |
||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 141516 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |