IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2008 во 15:25


Старец Софрониј од Есекс

Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ѝ се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:53
стрец Софрониј

За да ја зачуваме благодатта на Светиот Дух, должни сме да се држиме подалеку од секоја помисла која не Му е угодна на Бога – ни вели Старец Силуан. Ова е нашето дело. Ова е нашето духовно восовршување. Но, бидејќи станува збор за спасение во вечноста, ова восовршување никогаш не завршува. Почнуваме и повторно почнуваме, без крај!


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:50
свети Амвросиј Оптински

Молитвата на митарот Господи смилувај се на мене грешниот, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 17:48
Старец Софрониј

Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себе си како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа. Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите, не ни овозможува познание на Бога. Познанието на Бога извира од животот во Бога, кој се раѓа во внатрешноста на срцето.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 04:05

страец Софрониј

Како да го поминеме денот без грев, или поинаку речено, свето? Еве го нашиот секојдневен проблем. Како да ги преобразиме нашето битие, умот, чувствата, самите наши природни реакции, така што да не сториме грев против нашиот Небесен Отец, против Христа, против Светиот Дух, против човековата ипостас, против нашиот брат и против секое нешто на овој свет.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 04:01

свети Симеон Нов Богослов

Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
bob Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bob Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 11:22

... GOSPODI ISUSE HRISTE pomiluj ne...

Изменето од bob - 16.Декември.2008 во 07:35
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:07


Свети Силуан Атонски

Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе. И тој ти ги вметнува лошите помисли за луѓето. И ако некој не се покае и умре, не простувајќи му на братот, тогаш неговата душа ќе отиде таму каде што живее лошиот дух, што ја заробил душата. Таков е духовниот закон: ако простуваш, значи дека и тебе Господ ти простил. А ако не му простуваш на братот, значи дека и твојот грев останува со тебе. Господ сака да го љубиме ближниот. И ако размислуваш за него, дека го љуби Господ, значи дека љубовта Господова е со тебе. И ако мислиш дека Господ многу го љуби Своето создание, и самиот ја сожалуваш сета твар, и ги љубиш своите непријатели, себеси, пак, се сметаш за полош од сите, значи дека со тебе е голема благодат на Светиот Дух.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:01

Старец Софрониј Сахаров

Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста. Согласно Откровението, возможно е вечноста Божја да ни се подаде.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:28
Каква работа и да започнуваш, секогаш прашувај се: дали таа работа е согласна со Божјиот закон и дали ти е вистински корисна. Ако е согласна со Божјиот закон, почни ја без колебање и работи ја предано и со сето свое срце и со сите свои сили. Ако е, пак, спротивна на Божјата волја, отфрли ја, зашто многу лесно ќе можеш да паднеш во мрежата на ѓаволот, кој деноноќно стражари трудејќи се што повеќе луѓе да улови. Не ти е корисно се што ти се чини корисно, туку само она што е согласно со Божјиот закон и со гласот на твојата совест.

Свети Тихон Задонски

Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:11
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:20
Покажуваj љубов кон секого без разлика: и спрема пријателите и спрема непријателите. Со својата љубов најбргу и најсигурно ќе ги победиш и ќе ги поправиш сите твои непријатели.

Свети Тихон Задонски

Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:08
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:17
Во неделните и празнични денови посетувај го Божјиот храм. Во храмот спомнувај си за сите Божји дарови. Благодари Му со сето свое срце за сите Негови дарови. Вети Му дека во знак на благодарност ќе живееш според Неговата света волја. Ваквото ветување е најпријатната жртва за Него.

Свети Тихон Задонски
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:03
Секој христијанин непрестајно треба да има на ум дека постои Бог и дека Он ги гледа не само нашите дела, туку и сите наши мисли и сите наши чувства: дека никаде и со ништо не можеме да се скриеме од Него.

Свети Тихон Задонски


Изменето од Miki_P - 03.Декември.2008 во 19:11
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 16:16



Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).



Старец Ефрем Катунакиски
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.