IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 61>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 11:59
Кака од јануари во Интер!?

По релативно мирното лето, италијанскиот и европскиот првак Интер во јануарскиот преоден рок планира трансфер бомба, купување на ѕвездата на Реал Рикардо Кака. Според тврдењата на италијанскиот Кориере дело Спорт, претседателот Масимо Морати наводно го подготвува теренот за преговори во ноември, а мотив повеќе за реализација на овој трансфер е да го возврати ударот на Милан, кој ова лето го донесе нивниот поранешен играч Златан Ибрахимовиќ.

Италијанскиот весник наведува дека Морати веќе разговарал со тренерот на Реал Жозе Мурињо и добил уверување дека трансферот би можел да биде реализиран во јануарскиот преоден рок. Изданието тврди дека договорот би бил сличен на оној на Ибрахимовиќ, при што "нероазурите" би го позајмиле до крајот на сезоната, а потоа би платиле 24 милиони евра за играчот кој Реал го донесе од Милан за 68.5 милиони минатото лето. Италијанците ќе ги направат првите обиди во ноември кога Реал Мадрид ќе гостува на Сан Сиро против Милан во рамките од Лигата на шампионите.

Кака моментално се опоравува од операција на коленото, а медиумите во Шпанија соопштуваат дека со оглед на брзината на неговата рехабилитација и враќање на препознатливата форма, новите засилувања Месут Озил и Серхио Каналес ќе добијат предност во првиот тим на "Кралевите". Па Бразилецот би можел да биде продаден или евентуално позајмен до крајот на сезоната на Џузепе Меаца.

Се шпекулира дека во трката по Кака е вклучен и Челзи, но ако лондонскиот клуб се реши веднаш да ја плати отштета тогаш Интер би останал со "празни раце".

Милан во претходните години донесуваше поранешни фудбалери на Интер, како Кристијан Виери, Роналдо и Златан Ибрахимовиќ, а сега нивниот ривал посакува да им се реваншира.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 15:56
емил ме зезаш аизненадувањесмеење
да беше некаде во европа може и ќе соберев...само мислам ќе ми фалеа пак за картигазење%20од%20смеење
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 13:32
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

мечтаењевеќе сонувам за тоа, нема да можам да отидам сигурнотага
 
 
имаш доволно време да собереш пари до тогаш забава
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 12:40
Originally posted by fiks fiks напиша:

Да.
Наредното во Бразил ќе биде лудница,стадиони од по 80 и згора илјади луѓе,ќе ечи се од навивањеда
 
Да, ама ако не биде тогаш Бразил шампион, прогнозирам 10-20 самоубиства рамнодушност
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 12:14
Јуве без ѕвездите во Европа

Јувентус ги изостави Џиџи Буфон, Фабио Кваљарела и Алберто Аквилани од списокот на фудбалери кои сезонава ќе настапат во Лигата на Европа. Тоа не е сторено од каприц или желба на некој од челниците со оглед на тоа што Аквилани и Кваљарела се нови фудбалери на торинскиот клуб, туку поради неможност тие да ги бранат боите на Јуве во претстојната евро-сезона.

Поранешните играчи на Наполи и Ливерпул веќе настапија во Лигата на Европа за своите поранешните клубови и затоа немаат право да бидат регистрирани за Јувентус. Од друга страна, Буфон има тешка повреда и сигурно нема да се врати во тимот до крајот на 2010 година, па затоа не е ставен на списокот. Ако Јувентус обезбеди пласман во 1/16-финалето, тогаш сигурно ќе има место и за легендарниот голман.

На списокот на Луиџи дел Нери се најдоа и летните засилувања Арман Траоре и Леанрдо Ринаудо, но ги нема Хасан Салихамиџиќ и Фабио Гросо кои на овој начин се казнети затоа што летово одбија трансфери во некој друг клуб.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 12:43
мечтаењевеќе сонувам за тоа, нема да можам да отидам сигурнотага
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 12:35
Да.
Наредното во Бразил ќе биде лудница,стадиони од по 80 и згора илјади луѓе,ќе ечи се од навивањеда
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 12:26
среќа што се одржува секогаш на различен континентхи,%20хи...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 12:14

Конечно им текна и ова,цело Светко слушав само зуење на пчели

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 11:59
супер...нема да има повеќе зуење, само вистинско навивањезабава
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 11:46
УЕФА ги забрани вувузелите


Европската фудбалска унија го забрани користењето на навивачкиот реквизит, вувузела, на ЕП во 2012 година и на натпреварите од Лигата на шампионите.

Од УЕФА велат дека вувузелата не е дел од традиционалното навивање на стадионите во Европа. УЕФА веќе ги извести националните сојузи на 53-те земји членки да ја спроведат забраната.

Вувузелата популарноста ја стекна на СП кое од 11 јуни до 11 јули се одигра во Јужна Африка. ФИФА, со образложение дека вувузелата е дел од културата на Јужна Африка, на Мундијалот не ја забрани употребата на овој инструмент.


Изменето од mungos80 - 01.Септември.2010 во 11:47
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 19:16

Стартува Серија А – Може ли некој да го сопре Интер

 
Извор: Макфакс


Викендов на Апенинскиот полуостров ќе стартува новата сезона во фудбалскиот шампионат на Италија.

Последните пет сезони во Серија А доминираа екипата на Интер, чии член од јануари годинава е Горан Пандев. „Неро-азурите“ и во новата сезона се најсериозниот кандидати за освојување на скудетото, конк*ренти на Интер ќе му бидат Рома, Милан и Јувентус. „Старата дама“ на реконструкција на тимот во летниот преоден рок потроши речиси 100 милиони евра.

Прогнозите пред почетокот на сезоната говорат дека за опстанок ќе се борат Чезена, Лече и Бреша.

Интер одбраната на титулата ќе ја започне од Болоња, натпреварот ќе се одигра во понеделник поради вечерашниот натпревар на Интер во европскиот Суперкуп.

Комплетни двојки од првото коло:

Сабота, 28.август: Удинезе-Џенова, Рома-Чезена
Недела, 29.август: Бари-Јувентус, Киево-Катанија, Милан-Лече, Парма-Бреша, Сампдорија-Лацио, Палермо-Каљари, Фиорентина-Наполи

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:26
"Кралевите" решени да ги симнат "Каталонците" од тронот

Атрактивноста на шпанската Примера сè повеќе се зголемува, особено откако сè поголем број ѕвезди доаѓаат на Иберискиот Полуостров да играат за големите Барселона или Реал Мадрид. Двата најтрофејни клубови во Шпанија секогаш привлекувале големи имиња, а нивното ривалство е меѓу најголемите во светот. Токму овие два клуба и оваа сезона повторно се главни фаворити за престижниот трофеј, а од позадина својата шанса ќе ја бараат Валенсија, Севиља и Атлетико Мадрид. Барселона не реши да купува многу фудбалери, но затоа потроши 49.5 милиони евра за двајца, напаѓачот Давид Виља и дефанзивецот Адријано. Од клубот си заминаа тројца квалитетни играчи за врска, а Пеп Гвардиола не сакаше да носи нивна замена бидејќи реши да се потпре на младите таленти од својата школа. Инаку сезоната им тргна лошо бидејќи загубија во Севиља на гости во првиот дуел од Супер-купот, но затоа во реваншот покажаа дека повторно ќе доминираат во најсилната шпанска лига.

Меси, Чави, Иниеста и останатите се способни повторно да ја предводат моќната Барса кон нови трофеи.

Нивниот ривал Реал Мадрид на чело со Флорентино Перез и ова лето реши да троши, но поскромно од лани. Прва опција беше да се донесе големо тренерско име, а во тоа успеаја со ангажманот на Жозе Мурињо. Следеа низа засилувања како Ди Марија, Каналес, но и двајца Германци Кедира и Озил, кои осетно го засилија средниот ред на екипата. Вака подновениот Реал ќе се обиде конечно да ја прекине доминацијата на Барселона и да го врати трофејот во своите витрини по пауза од две години. Мурињо веќе воведе низа промени и очекува да ги повтори успесите кои ги имаше со Порто, Челзи и Интер. Низ пријателските натпревари испроба неколку варијанти, но фудбалерите не делуваа воиграно, меѓутоа Португалецот верува дека сето тоа ќе се поправи набргу.

Авантурата низ Примера "Кралевите" ја почнуваат на гости кај Мајорка, додека, пак, нивниот ривал Барселона кај Сантандер. Првиот гигантски меѓусебен дуел ќе го одиграат дури во 13 коло (ноември) на Ноу Камп, а реваншот следната година (април).

Реално, останатите екипи во првенството Атлетико Мадрид, Севиља и Валенсија немаат сили за шампионскиот трофеј, па се очекува да водат "војна" за третото и четвртото место за Лигата на шампионите. Атлетико ги задржа првотимците од минатата сезона и се засили со пет фудбалери, меѓу нив најзвучно Филипе за кого и платија на Ла Коруња 12 милиони евра и кој беше посакуван од Реал, Барселона, Севиља, Челзи, Манчестер Јунајтед и уште неколку европски гиганти. На чело со тренерот Кике Санчез Флорес клубот е решен да направи голем чекор кон врвот оваа сезона да биде пријатно изненадување во првенството.

Битката за опстанокот се очекува да ја водат Херкулес, Леванте, Хихон, Алмерија и Сантандер. Овие екипи, дел од нив оваа сезона влегоа во најсилната шпанска лига, според играчкиот кадар немаат големи шанси да издржат при налетот на поголемите па секој поен од дуелите меѓу себе ќе биде драгоцен за опстанокот.

Како и да е, повторно ќе бидеме сведоци на големи пресметки во највозбудливото првенство во светот исполнето со атрактивни потези, фантастични голови и да веруваме неизвесни мечеви.

ПЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ТРАНСФЕРИ

1. Давид Виља Валенсија Барселона 40 мил.евра

2. Анхел Ди Марија Бенфика Реал М. 25 мил.

3. Месут Озил Вердер Реал М. 15 мил.

4. Сами Кедира Штутгарт Реал М. 14 мил.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 18:18
Честитки и од менеда
Партизан во Лигата на Шампионите

По седум години српскиот фудбал повторно ќе има претставник во Лигата на Шампионите. Во Брисел се повтори "Сент Џејмс Парк" и Партизан по втор пат во својата историја се пласираше во европската елита.

Драматичниот реванш меч во плеј оффот за Лигата на Шампионите го одлучи пенал лотаријата, во која српскиот првак имаше повеќе среќа. Партизан можеше и многу порано да обезбеди голем триумф, бидејќи со погодоците на Клео водеше со 2-0. Сепак, домаќините успеаа да го изедначат резултат.

И покрај офанзивната игра на белгискиот шампион до крајот од регуларниот дел на мечот, а ни во продолженијата немаше погодоци, па учесникот во Лигата на Шампионите го одлучија пеналите.

Фудбалерите на рускиот прволигаш ЦСКА од Москва се пласираа во ЛШ откако вечерва во реванш мечот во Ларнака го победија Анортозис со 2-1.

Фудбалерите на Брага направија најголемо изненадување во плеј оффот за Лигата на Шампионите елиминирајќи ја фаворизираната Севиља. Португалскиот вицешампион со минимална предност отпатува во Шпанија, но не сакаше да се брани на гостувањето што повеќе пати им се исплатеше - 4-3.

Одличен меч се одигра во Џенова, каде Сампдорија го 'имаше в џеб' Вердер, но со голот на Маркус Росенберг во судиското продолжение Германците дојдоа до продолженија. Шокираните Италијани примија уште еден гол, па Пизаро ги одведе Германците во групната фаза.

Плејоф за Лигата на Шампионите:

Севиља - Брага 3:4 (0:1)

Шериф - Базел 0:3 (0:1)

Хапоел - Салзбург 1:1 (3:2)

Сампдорија - Вердер 3:2 (1:3)

Андерлехт - Партизан 2:2 (2:2) по пенали 2:3.

Среда, 25. август

20:45ч Копенхаген - Розенборг (прв меч 1:2)

20:45ч Жилина - Спарта Прага (2:0)

20:45ч Тотенхем - Јанг Бојс (2:3)

20:45ч Оксер - Зенит (0:1)

20:45ч Ајакс - Динамо Киев (1:1).

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,238 секунди.