IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 138>
Автор
Порака Обратен редослед
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 04:57
        Не кради ми...

Не кради ми го мигот
кој го имаш само за мене.
Не ускратувај ми го допирот
на твојата душа,
Оти единствено тоа го имам
во долгите бессони ноќи.
Кога само покривката од облаци
проткаена со ѕвезди ме покрива.
Не давај ми ги трошките само,
од парчето кое мене ми припаѓа.
Подај ми го слободно без страв,
како подадено парче леб на питач.
Со тебе ќе го поделам секако
И секоја трошка од него,
заедно ќе ја собереме...
ќе ја поделиме.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2011 во 21:31

http://www.strangefunkidz.com/images/content/137574.gif http://brosome.com/wp-content/uploads/2010/12/Hot-Santa-Girls-29.jpg


Новогодишен пакет


Дали тоа беше само сон

дали тоа беше само мисла

дали тоа беше само желба

дали тоа беше само посакување ???


Дали прелетав десет гори

дали видов плаво снежно небо

дали бев јас пакет  во неговата санка

дали тој ме фрли низ оџакот???


Дали тоа над мене елка украсена стои

дали тоа се илјада сијалици и лампиони

дали е црвена машната што  ми ги стега градите

дали тоа е оган од камин или од срцето  мое ???


Дали тоа е моја или негова желба

дали тој ќе ја одврзе црвената машна

дали јас ќе бидам  новогодишен дар

дали ќе останам само врзан пакет???

***

фуууу фуууууу  фууууууууууууу

дувна тој…

..may your wish come true..

[    КЛИКНИ ОВДЕ    ]   !!!

http://www.acapela-group.com/Images/PorteDoc/santaclaus.png

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2011 во 07:04
godinata gi uriva site prirodni logiki, go ragja bebeto so atributi na statrec, se podmladuva, sozreva, dava nov rod i pak ostaruva... zarem ne treba da pocnuva so prvi april...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 22:05
Ти благодарам и ти посакувам среќна и инспиративна 2011
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2010 во 17:37

МРТВА ПЕСНА

Се е мртво,

молчат моите птици волшебни

на некои други гранки

над некои други улици

по кои ги нема моите чекори.



Нови волшебници се фалаат со магии

научени од нашите книги -

ми вадат паричка од увото и велат

„Смеј се,смеј се да не мислат дека си глуп!“



Ох, јас сета глупост веќе ја собрав во куферите

пред да се вратам на плоштадот на магиите

во износени чевли што стегаат.



Немојте, не мачете го детето носач

да витка плеки под нивната тежина,

јас и мртов можам самиот себе да се носаМ

ЗБУНЕТ
ФИЛМАЏИКА
ekszi88
ТОПСЕКСИ
КЕЈТ
ЕВРИДИЧЕ
КВЕНТИН
МАРИЈА МАГДАЛЕНА
МОНУШКА
ЗАГОР
МАММА
La Ninja
КАЛИНА
ПЕПЕРУТЧЕ
и сите вие што ве испуштив а заедно чекоревме некогаш по ОВОЈ плоштад и ја создаавме најубавата магија, каде и да сте, нека ви е СРЕЌНА НОВАТА 2011ГОДИНА



Изменето од majstorce62 - 31.Декември.2010 во 17:38
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2010 во 00:01

     Сеќавања

Сеќавањата што ги имаме јас и ти
Спомените на нас и средбите
На сонцето,дождот,среќата,тагата....
Ме пречека понизно,срамежливо
Барајки само една сенка ,
Иако знаеше дека и таа ќе исчезне
Со последниот сончев зрак.

Се сеќаваш на дождот?...Ти и јас...мрак.
Или да напишам вака:
“Надвор е мрак,
Светилка во светилка,
Пат во пат в далечина се свива.
Во сив одзрак од златести крила,
Сети се пеперутке дека тука си била.
Нек дождот непробоен биде,
Нек студот брзо ни мине.
Неми двајца под лист од лијан,
Чекајки сонце,се боревме живи да сме.
Се сакавме свои да сме,
Се љубевме вечни да сме.”

Се сеќаваш...нели....
Јас знам дека сладок умор
Трепки ми галеше,
Нежен поглед тело ми милуваше,
Две фенерчиња полни љубов
Сонот ми го осветлуваа....
Подарувајќи ми ја
Песната на твоите песни,
Ми ја подари ноќта на моите ноќи.

Додека се трудеше да ми објасниш Што сме
Полека се роди Сонцето
Ти мој Буднику нестварнику
Кој знаеш да речеш Не сум јас
Ти се роди пред очи едно Пеперутче во едно Утро над ....
Со мирисот на Јоргованот заедно Бараме
Живот.....живот....цел.....
Незнаејќи дека се еднаш веќе добивме.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 21:18
NAJUBAVA E TAASOSTOJBA KOGA NEMAS STO POVEKJE DA IZGUBIS. BOLI PATOT DODEKA CEKORIS KON NEA, ISTO KAKO KOGA TREBA DA TI IZVADAT TUMOR.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2010 во 21:11
Приказна за неа и него

Тишина среде бар- скоро бордел,
ветува приказна

Темнината не ги сокрива
изветвената облека и сувата коса-
лоша слика за она што некогаш таа била.
Нема ни денар за пијалокот кој ужасно и’ треба
да и’ ја спржи утробата
да би ја почувствувала повторно таа бол и живост.
Што е човек кога нема повеќе што да изгуби?
Само пламен кој гори
Само исконска сила
само магнет кој го привлекува.

Не е таа за него-господинот, непознатото е опасно
Би му ја жигосала скапата кошула
со забранети бакнежи, а сепак.....
сепак не може да не ја почувствува нивната врелина.

Зар ќе одолее на мирисот на сексот
Зар е едноставна таа сила која ги спојува
Зар ја слушна музиката освен онаа на тишината
Зар фанфарите можат да бидат нешто друго освен страст?
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 22:48
ПЕСНА ЗА ИЗМИСЛЕНАТА ЖЕНА

Те измислив,
толку туѓа и толку нејасна
само јас да те препознавам.

Полна со мириси
на млади метафори
и бои на задоцнети утра во гласот.

Те создадов од шепот на квечерина
што свратува на починка
на пупка од планинска темјанушка-
топла и треперлива како желба на дете.

Те измислив кога беше
а не гледав дека си.







БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 09:57
ОГЛЕДАЛЦА
на Мики

Ечи зимската ноќ -
некој ковач без чувства
окови бели кови.

Зарем гајле ми било,
собата од сонца ми свети -
во твоите насмевки
лампионите се огледуваат.


Изменето од majstorce62 - 29.Декември.2010 во 10:56
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 09:51
Папи,
еднаш еден поп ми рече
Имаш тежина на душата, чедо,
дојди в црква, исповедај се!

јас се исповедам преку песните, дедо
реков.

Твоите песни се премнгу затворени.

Не, бе дедо, не е проблемот тоа
туку ти си навикнат на дрбено
а јас преферирам сам да го скршам оревот.



Изменето од majstorce62 - 29.Декември.2010 во 10:18
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 00:11
Како да ги раширам рацеве широко
Да те примам во прегратка мека
Кога тие се премногу сурови
За кревката душа твоја.

Како да ја отворам душава бесрамно
И да ти покажам каде е твоето место
Кога околу него е депонија
Спомени невредни,рани непоминати.

Како да и покажам на љубовта твоја
Дека мојата беше тука секогаш
Спремна само на еден потег твој
И како рис ќе ти рипнеше во прегратка.

Како да ти докажам дека си само ТИ
Еден и единствен во душава мала
Кога секогаш е некој друг....и нареден....
А ти си бил секогаш единствен.


Изменето од butterflyM55 - 29.Декември.2010 во 00:12
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 19:27
MAJSTORKE
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 18:47
мајсторе големо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.